Tag Archives: Крст

Денеска се празнува Изнесувањето на Чесниот Крст

Овој празник е востановен договорно од Грците и Русите за време на грчкиот цар Мануил и рускиот кнез Андреј во спомен на истовремената победа, и тоа: на Русите над Бугарите, а на Грците над Сарацените. Во обете војни во војските беа носени крстови од кои заблескаа небесни лачи.

Затоа беше востановено на 1 август да се изнесува Крстот од Света Софија, најпрво на средината на црквата, а потоа и на улиците, заради поклонение на народот и заради споменот на чудотворната помош на крстот во претходните војни.

Ова не беше некој обичен крст туку вистинскиот Чесен Крст, којшто се чуваше во храмот на царскиот дворец.

На 31 јули Чесниот Крст бешее пренесуван од царскиот дворец во Света Софија, а оттаму потоа носен по улиците заради осветување на земјата и воздухот. Најпосле, на 14 август, беше повторно враќан во храмот на царскиот дворец.

Хуман потег на Александар кој го фатил светиот крст за Водици во Кавадарци (Видео)

Голем богојавленски водосвет вчера по повод Богојавление – Водици се изврши во водите на реката Луда Мара во Кавадарци. Најголема среќа да го извади богојавленскиот крст имаше Александар Ристески од Прилеп, кој живее во Кавадарци.

Тој по четврти пат успева прв да доплива до светиот крст. Најави дека сите подароци што ќе му бидат врачени дека ќе ги донира на момче од Прилеп, на кое му е потребна помош.

БОГ СЕ ЈАВИ! НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!

Со учеството во традицијата, тој упатува порака дека само со ширење на љубов и позитивна енергија наоколу, можеме да ги задржиме вистинските човечки вредности.

Видео:

https://fb.watch/ia9ILKi4Fq/

Ким Кардашијан ИСКЕШИРА НЕВЕРОЈАТЕН ИЗНОС за крстот на Лејди Ди

Американската ѕвезда на реалити ТВ и социјалните мрежи Ким Кардашијан го купи крстот Аталах, познатиот привезок што го носеше принцезата Дијана, на аукција во средата, објави аукциската куќа Сотби..

Принцезата Дијана во неколку наврати го носеше луксузниот привезок направен во 1920 година од познатиот британски златар Гарард.

Крстот со аметисти е продаден за 163.800 фунти (околу 187.000 евра) на аукција одржана во средата во Лондон.

Така, приврзокот што го носеше принцезата на хуманитарна гала вечера во Лондон во 1987 година, се продаде за двојно повисока цена од очекуваната. Покрај аметист, крстот е украсен и со дијаманти со вкупна вредност од 5,25 карати.

– Накитот кој што го поседуваше принцезата Дијана ретко се наоѓа на пазарот, особено кога станува збор за накит како што е крстот Аталах, кој е шарен, храбар и посебен – изјави Кристијан Спофорт од аукциската куќа Сотби пред продажбата.

Христијан Нинески го фати крстот во Вардар – трет пат од осум обиди

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление.

На овој ден, според христијанската религија, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во водите на реката Јордан.

Празникот се нарекува уште и Водици поради осветувањето на водите на овој ден.

Одбележувањето на празникот почна со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“.

Во Скопје настанот и годинава се одбележува со фрлање на светиот крст во водите на реката Вардар кај мостот „Слобода“.

Крстот го фати Христијан Нинески, кој на сите луѓе им посака добро здравје и среќа. Тој кажа и дека трет пат го фатил крстот од вкупно осум обиди во минатите години.

Во живо од пред мостот „Слобода“ во Скопје (Видео)

Крстот во Вардар ќе се обидат да го фатат околу 130 верници. Од МПЦ-ОА – Скопска епархија за МИА информираа дека сите пријавени се полнолетни и се проверени на спортска медицина, а некои учесници се спортисти.

Одбележувањето на празникот почнува со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во 9 часот, во која ќе учествува и архиепископот г.г. Стефан. Литургијата ќе заврши околу 11 часот, а потоа ќе следи голем освет на водите во припратата на црквата.

Околу 11:15-11:20 часот, г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода“. Таму веднаш ќе почне церемонијата „Водици“, каде архиепископот ќе го положи крстот во реката Вардар околу 12 часот.

Од МПЦ-ОА – Скопска епархија, посочуваат дека Богојавление е голем празник во православната црква. Верниците се поздравуваат со поздравот „Бог се јави“. Апелираат верниците да бидат присутни во храмовите, да учествуваат активно во божествената литургија со тоа што ќе се причестат.

Сите верници кои ќе се обидат да го фатат крстот тоа да го прават од верски побуди, достоинствено, со почит и со страв божји.

(ВИДЕО) Деца немојте да се борите за крстот: Инцидент во Крива Паланка

Инцидент се случи во водите на Крива река за време на фрлањето на Светиот крст. Поголема група на млади момчиња кои се фрлија по крстот, почнаа да се борат за крстот и за малку беше избегнат поголем инцидент.

И покрај апелите на свештеното лице кое го фрли крстот, младите момчиња продолжија да се тегнат и да се влечат.

Погледнете:

ИВАНОВ: Да се продаде Крстот на Водно и со парите да се закрепне ФК Вардар

Поранешниот портпарол на Владата и новинар Зоран Иванов го троши својот интелектуален потенцијал со предлози кои провоцираат широк круг на луѓе.

Новинарот Иванов, кој често ги застапува ставовите на власта, предлага провокативно „решение за Крстот на Водно и за спас на ФК Вардар“:

– Ако на аукција се продаде крстот, оној над градот, парите ќе стасаат за закрепнување на Вардар, а со градските пари да се крпат градските улици, коментира Иванов на Фејсбук.

Панзионираниот новинар Иванов, ако малку се потруди, може да смисли уште поумно решение:

Воздвижение на Честниот и Животворен Крст Господов

Денеска се празнува Крстовден (Воздвижение на Чесниот Крст)

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде што се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, којшто на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина најдоа три крста.

Додека царицата беше во недоумение како да го распознае Христовиот Крст, покрај местото поминуваше поворка со мртовец. Тогаш патријархот Макариј рече да ги полагаат крстовите редум врз мртовецот. А кога го ставија врз него третиот крст, покојникот оживе. По тоа познаа дека е тоа вистинскиот Христов крст, чесен и животворен. Потоа го положија врз една болна жена и жената оздраве. Тогаш патријархот го крена крстот за да го види сиот народ, а народот со солзи пееше: „Господи помилуј!“ Царицата Елена направи ковчег од сребро и го положи во него Чесниот Крст. Подоцна, кога царот Хозрој го зазеде Ерусалим, многумина ги одведе во ропство, а Крстот Господов го однесе во Персија. Во Персија Крстот лежеше четиринаесет години. Во 628 година грчкиот цар Ираклиј го победи Хозрој и со слава го поврати Крстот во Ерусалим.

Влегувајќи во градот царот Ираклиј го носеше Крстот на своите плеќи. Но одеднаш застана и не можеше да зачекори ни чекор. Патријархот Захариј виде ангел којшто му попречуваше на царот во раскошни облеки да оди под Крстот, по оној пат по којшто Господ одеше бос и понижен. Тоа видение патријархот му го објави на царот. Тогаш царот се слече, па босоног и во бедна облека го зеде Крстот, го изнесе на Голгота и го положи во храмот на Воскресението, на радост и за утеха на целиот христијански свет.

Тропар- Спаси ги, Господи, луѓето Твои, и благослови го наследството Твое, победи на благоверниот народ наш над непријателите давајќи му, и со Крстот Твој заштити го Твоето жителство.

Кондак- Ти, Кој доброволно на Крстот се искачи, на Твојот нов народ што го носи Твоето име, дарувај му ги Твоите добрини; дај му сила на Твојот народ набожен, давајќи му победа над непријателите, имајќи го за помош Твоето оружје на мирот, непобедливата победа.

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат.

Според народните верувања од Крстовден почнува есента. Се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува.

Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури.

На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.

На Крстовден се почитува и строг пост – не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ’родокви, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.

Се проценува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба.

Груевски: 20 години по изградбата, Скопје не може да се замисли без Милениумскиот крст на Водно

Фејсбук статус на Никола Груевски:

20 години од изградбата на милениумскиот крст на врвот на Водно, денес еден со симболите на Скопје – пишува Груевски.

Кон крајот на 2001 година бев министер за финасии кога веќе зад мене беше реформата со воведувањето на ДДВ, денационализацијата и враќањето на старите заробени девизи и со голем елан и енергија ги привршувавме последните подготовки за реформата на платниот промет која требаше да започне на 1. Јануар 2002 година.
Со нејзино целосно спроведување наместо преку тогашниот Завод за платен промет кој беше некаков остаток од социјализмот, плаќањата се префрлаа да се одвиваат преку банките, впрочем како што е во целиот свет.
Покрај ова, паралелно се создаваа уште неколку целосно нови институции кои претходно не постоеја во Македонија и каде требаше да преминат огромниот број вработени од ЗПП со потребните дообуки, на чии подготовки паралелно и темелно се работеше во голема работна група на чие чело бев јас. Тие институции беа централниот регистар (ЦР) кој подоцна во 2008 година светската банка го рангираше како најдобар во Европа и шести најдобар во светот, Агенцијата за работа со блокирани сметки(АРБС) 6-7 години припиена кин УЈП , Национална платежна картичка (НПК) која подоцна околу 2005 година владата ја продаде на позната Полска компанија , Клириншки интербанкарски системи (КИБС) преку кој се одвива платниот промет на сите плаќања во земјата до износ до 3 милиони денари (денес до 1 милион денари), а во народната банка (НБРМ) која беше дел од работната група паралелно се работеше на уредување на нов систем преку кои требаше да поминуваат плаќањата над тој износ.

Паралелно се вршеа и последните подготовки за воведување на фискалните каси во Македонија, а се спремаше и проектот PKI (public key infrastructure), кој за жал новата власт на СДСМ по 15 септември 2002 година без причина го стопираше и никогаш не се доврши, што оние кои ја разбираат оваа работа знаат дека е голема штета.

Тоа беа многу крупни и за мене лично како министер кој ја превзема одговорноста ризични реформи кои бараа огромна работа, многу знаење, силна концетрација, искусен тим и натчовечка посветеност. Во Министерството “вриеше” од активности и работа, беше многу “жешко”, се работеше по 12-15 часа без прекин.
Се менуваа многу закони, подзаконски акти и други регулативи. Се правеа и тестираа нови софтвери, набавки на хардвери, едноставно кажано “беше како во врел котел”.
Реформата имаше и скриени противници кои губеа одредени лични позиции или сакаа да создадат страв и недоверба, па мораше дополнително да се внимава на можно диверзии.
Генерално во земјата беше тешко бидејќи сеуште имаше остатоци од воените дејства поврзани со конфликтот од 2001 година, па и во тој дел Министерството за финасии имаше големи предизвици за целосно и навремено буџетски подмирување на сите вонредни финасиски потреби на безбедносните сили на земјата, што успешно и во целост го завршивме.

Ги бев мобилизирал најдобрите потенцијали во државата да помогнат во работната група/комитет за реформата на платниот промет, и во подгрупите или подкомитети како што ги викавме, од универзитетски професори, стручни и искусни лица од повеќе институции, банкари, софтверски инжињери, правници и додатно во некои делови и повремено ангажирани странски консултанти.
Најмала грешка можеше да доведе до хаос и несогледливи последици и штети, при што најмала штета ќе беше моја моментална оставка.
За разлика од времето кога се воведуваше ДДВто во април 2000 година, единствена предност ми беше што веќе беше создадена доверба во мене и мојот тим за тоа што го работиме, па јавноста, за разлика од кога се воведуваше ДДВто, беше релативно мирна.

Во таа гужва и во една таква навидум хаотична но всушност многу прецизна работна атмосфера полна со ентузијазам и адреналин, неколку дена пред новата година ми пристапи некој од соработниците и ме информира дека од сметките на расформираниот ЗПП остануваат некои слободни околу 200 милиони денари (приближно околу 3,3 милиони евра), за кои владата треба да одлучи како би се искористиле.

Тогаш се потсетив дека повеќе од една година, можеби две или три години низ неколку весници и неделници одеше јавен повик до граѓаните и фирмите за собирање донации за изградба на милениумскиот крст на врвот на Водно со анимирина фотографија од истиот како би изгледал кога би се направил.
Некоја НВО на ентузијасти и верници го водеа тоа од кои лично познавав само еден човек-поранешниот министер Ѓорѓи Наумов. Тие се немаа обратено до Министерството за финансии за финасиска помош. Веднаш го побарав по телефон Ѓорѓи Наумов, го прашав колку имаат собрано пари за крстот и колку што се сеќавам сумата беше ниска, околу 10 илјади евра од неколку годишните повици за донации. Го прашав и колку е проекцијата за да целиот се изгради и по кратко време ме информира дека дека е 72 милиони денари, без изградба на замислените ресторанти во постаментот под него кои секако можеа да се изнајмат како простор на приватниот сектор.

Со така собрани информации и со идеја да се реализира проектот за крстот, побарав средба со премиерот Љубчо Георгиевски кого го информирав за сите околу 200 милиони денари слободни средства кои треба владата со одлука да ги распредели и му предложив 72 милиони од нив да се распределат за изградба на милениумскиот крст на врвот на Водно. Тој со восхит го прими предлогот и веднаш договоривме како да се предложи на владата и да се донесе владина одлука. Стравувававме од можна негативна реакција на нехристијанските членови на владата и бевме договориле ако дојде до тоа. Неколку дена или недели подоцна, ја информирав владата за слободните средства од трансформацијата на ЗПП и воедно го дадов предлогот 72 милиони денари да се пренасочат како донација на НВО за изградба на крстот.
Премиерот по моето излагање и предлог праша дали некој бара збор, но никој не отвори некоја суштинска дискусија и предлогот помина без било какви суштински забелешки или негодувања а парите за неколку дена легнаа на сметката на невладината организација иницијатор на крстот.
Понатаму работата си ја превземаа архитекти и градежни фирми па за рекордни 8 месеци се заврши и свечено се пушти милениумскиот крст во употреба.
Нехристијанските членови на воадата излегоа коректни и фер, но низ годините што доаѓаа вклучително кога јас станав премиер помагавме и за реконструкции на џамии, некогаш и учество во изградба на некои џамии, па можам да кажам дека во тој дел на верски прашања речиси секогаш имало разбирање и толеранција со ретки исклучоци.

Милениумскиот крст денес е еден од неколкуте карактеристични и препознатливи симболи на градот Скопје и на Македонија и Скопје веќе не може да се замисли без овој симбол.

ЗНАЧЕЊЕТО НА 7-ТЕ ХРИСТОВИ ИЗРЕКИ НА КРСТОТ

БУКУРЕШТ, 26 април – Спутник, Доина Креиниќ. Велики петок е ден на пост, а верниците одат до последното негирање, кога се пее Господовата вечера. Исто така, во овој период, верниците го прочитаа акатистот на страста Господова.

Тоа е исто така период на размислување, во кој нашите мисли се претвораат, од светски грижи, кон Оној кој претрпе камшикување, потсмев од злите, страшно страдање и смрт на крстот за наше спасение.

Свети Никола Велимирович во својата книга „Одговори на прашањата на денешниот свет“ го објаснува значењето на седумте изреки што Господ ги кажа на крстот:

„Прво:„ Татко, прости им, зашто тие не знаат што прават “. Со овие зборови, Господ прво ја покажа Својата милост кон убијците, чија злоба не ја остави ниту во маките на Крстот; и второ, тој од врвот на карпата на Голгота прогласи докажана вистина, но никогаш не ставаше во главата – имено, дека злосторниците никогаш не знаат што прават. Убивајќи го праведниот, тие всушност се убиваат, додека со право го слават. Прекршувајќи го Божјиот закон, тие не гледаат како мелницата се спушта врз нив за да ги меле. Исмејувајќи се на Бога, тие не гледаат како своето лице го претвораат во муцка на животно. Пијани од зло, тие никогаш не знаат што прават.

Второ, „Ви ја кажувам вистината, денес ќе бидеш со Мене на небото“. Ова му било упатено на разбојникот кој се покајал на Крстот. Многу утешен збор за грешниците кои се каат дури и во последен момент. Божјата милост е неискажливо голема. Господ исто така ја исполнува својата мисија на Крстот. До последниот здив, Тој ги спасува оние кои покажуваат и најмала волја да бидат спасени.

Трето: „Womanена, еве го твојот син“. Така и рече Господ на Неговата света Мајка, која застана под Крстот на својот сакан Син распнат. И му рече на апостол Јован: „Еве, мајка ти! Овие зборови ја покажуваат грижата за синот, која секој им ја должи на своите родители. Ете, Оној што ја дал заповедта: „Почитувај ги татко си и мајка си“ ја исполнува својата сопствена заповед до последниот момент.

Четврто, “Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?” Овие зборови ја покажуваат немоќта на човечката природа, јасновидоста – затоа што човекот е тој што страда. Тука, сепак, под човечкото страдање лежи мистерија. Тука, дури и овие зборови би можеле да ја уништат ересот што подоцна ќе ја разниша Црквата и ќе научи погрешно дека Божеството страдало на Крстот. Но, Вечниот Божји Син се воплоти како човек токму за да може како човек, со тело и душа, во одредениот момент да страда за човекот и да умре за човекот; зашто, ако Божеството страдаше во Христа, тоа значи дека Бог умре во Него – и ова е незамисливо. Одете колку што можете подлабоко во овие големи и застрашувачки зборови: „Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?“

Петто: „irstеден сум“. Нејзината крв истече. Оттука и жедта. Сонцето што заоѓаше биеше пред нив, и еден по еден со другите измачуваше страшно. Секако дека беше жеден. Но, о Боже! – Дали сте навистина жедни за вода или, некако, сте жедни за loveубов? Дали сте жедни како маж или како Бог? Или двете? Тука, римскиот легионер ви го дава сунѓер натопен во оцет. Една капка сожалување чувствувавте од луѓето за три часа додека висевте на Крстот! Римскиот војник го намалува гревот на Пилат – гревот на римското кралство – кон Тебе, дури и со оцет. Затоа, ќе го уништите римското кралство, но на негово место ќе изградите ново кралство.

Шесто, „Оче, во твоите раце го пофалувам својот дух“. Синот го дава својот дух во рацете на Неговиот Татко. Да знаете дека тој потекнува од Отецот, а не од неговата сопствена моќ, како што го обвинуваа Евреите. Сепак, овие зборови беа изречени да ги слушнат и разберат будистите, Питагорејците, окултистите и сите оние филозофи кои раскажуваат за живеалиштето на душите на мртвите кај други луѓе, или кај животни, или во растенија, или во starsвезди и минерали. Отфрли ги сите овие фантазии и погледни каде оди духот на мртвите Десни: „Оче, во твоите раце го давам мојот дух“.

Седмо: „Тоа беше готово“. Ова не значи: „Lifeивотот е готов“. Не; но тоа значи: „Мисијата за откупување и спасување на човечкиот род е извршена“. Божественото дело на единствениот вистински Месија е извршено и запечатено со крв и смрт на земјата.

Маките беа завршени, но животот едвај е таму. Трагедијата заврши, но не и драмата. Следува последниот, голем чин: победа над смртта, воскресение, слава! “ (Свети Никола Велимирович, Одговори на прашања од денешниот свет, издавачка куќа „Софија“, 2008 година, том I, стр. 56-58)

Најпознатиот фрагмент од Проходул Домнулуи:

„Во гробот, Lifeивот,
Те ставија, Христе,
А ангелските домаќини беа преплашени
Вашиот голем поклон за лак.

Но, како умираш, Lifeивот,
И како седите во гробот?
И ќе го разбиеш царството на смртта
И ги воскреснувате мртвите од пеколот?

Ние ве величиме,
Исусе, Господи,
И погреб Ние ги почитуваме вашите страсти,
Дека не избавивте од корупција.

Во ред е, сепак,
Дозволете ни да паднеме на Тебе, Градителот,
Оној што ги испружи рацете на крстот,
Вие целосно ја смачкавте моќта на злобниот.

Во ред е, сепак,
Дозволете ни да ви дадеме слава, на сите Градител,
Зашто Ти нè извади од страстите, преку Твојата страст,
И од корупција сите избегавме.

Сонцето зајде
И земјата е исплакната, Зборови,
Те поставува, вечерното Сонце, Христос,
И со телото во гробот Те става.

Сите нации
Пофалби ngroparii
Јас те носам, Христе мој “.