Tag Archives: македонци

Македонците наведени како посебен народ во Царска Русија: Објавени документи од 18 век

Соседните држави очигледно погрешно пресметаа кога мислеа дека со газење и негирање на Македонците ќе успеат да ги асимилираат.

„Оти Македонија не е само држава. Ако беше Македонија само обична држава, денеска немаше да има ниедна прашинка од неа. Туку Македонија е икона на Балканот, Македонија е црква на Европа, Македонија е манастир на светот!“, велеше великанот Петре Мито Андреевски и вистина. Колку повеќе го газиш, Македонецот толку повеќе пушта корења, се зацврстува, па излегува на површина уште посилен.

Негирањето од страна на соседите и мекотелоста на властите во Македонија ги натераа Македонците сами да се потрудат и да најдат историски факти за посебноста на Македонскиот народ.

Еден таков податок ви пренесуваме во продолжение, каде “Полјакот од Македонија” споделува извештаи од 18 век, во кои Македонците се препознаени како засебен народ во царска Русија.

– ВЕК Во извештаи на Царска Русија од 1764-1765 г,во Елисаветската Губернија (Украина) наброени се доселениците од земјите на Балканот. Македонците се наведени како посебна нација*, покрај Бугари, Срби, Турци, Власи итн… – пишува во објавата на Твитер.

Илиноис го прогласи септември за месец на македонското наследство

Гувернерот на Илиноис Џеј Би Рицкер го прогласи септември 2023 за месец на македонско-американското наследство.

Ова, како што пренесува Гласот на Америка на македонски, е најнова прокламација од серија известувања за славење на македонската култура во САД овој месец, меѓу кои од градоначалникот на Чикаго Брендон Џонсон и од гувернерката на сојузната држава Мичиген Гречен Витмер.

-Илиноис е дом на многу македонски Американци кои придонесуваат културно, економски и филантропски, се вели во известувањето.

Во него пишува дека „бројни вредни македонски имигранти помогнаа да се одржи американскиот претприемачки дух и се дел од историјата и културата на Чикаго“.

Гувернерот наведе и успешни македонски Американци со бизнис во Чикаго, меѓу кои бизнисменот Мајк Зафировски, поранешен извршен директор на „Моторола“ и „Нортел“, Дино Делевски, основач и тренер на младинската фудбалска организација „Чикаго Инферно“, и повеќе други.

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, пак, ја прогласи минатата сабота, 16 септември, за ден на македонското наследство, кога македонското знаме се крена на Вол Стрит по повод 32 години независност, објави Гласот на Америка на македонски.

Во јули републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци.

Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат.

Гласот на Америка на македонски ja контактираше канцеларијата на сенаторот Брон за статусот на оваа резолуција во моментов, но оттаму се` уште нема одговор.

Овие резолуции и прокламации се на барање на Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

Двајца Македонци застрелани во Грција: Eдниот добил над 20 куршуми

Двајца македонски државјани ноќеска биле застрелани во Ханиоти, Халкидики. 

Овој инцидент се случил околу 3:30 часот, во нивното изнајмено сместување. Според очевидци, две непознати лица со качулки кои пристигнале до апартманот со мотоцикл биле одговорни за нападот.

На 112 се јавило непознато лице и се пожалило дека некој вика помош. Кога екипажот на патролното возило пристигнал на местото на настанот, веднаш била повикана интервентна помош и лицата биле пренесени во Здравствениот дом Касандра.

Едниот од застреланите, на возраст од 39 години, добил најмалку 20 куршуми и починал на местото на настанот.

Неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди, моментално во болницата Полигирос.

Грчките медиуми пренесуваат дека починатиот е познат бизнисмен од Скопје, сопственик на казино.

Мотивите за овој настан се засега непознати, а полицијата во Полигирос спроведува прелиминарна истрага. 

Македонци од Австралија трагаат по својот син: Веруваме дека е жив, молиме за било каква информација

Борис и Воца Гулевски, по потекло од битолско Кукуречани, кои со децении наназад живеат во Мелбурн, Австралија, повеќе од педесет години секојдневно се буделе и живееле со мислата каде е нивниот син и што се случило со него. Им останале да ги тиштат многу неодговорени прашања, и денес иако имаат по 70 години и ги живеат своите пензионерски денови, се уште не се откажуваат од потрагата по вистината за нивното дете.

Како што раскажуваат во телефонски разговор за ,,Фокус”, на 30-ти април во далечната 1971 година во битолската болница се родил нивниот син. Воца вели дека се било во ред со бебето, за да потоа од болницата им кажат дека починало.

Што се случило и која била причината за смртта, не им било соопштено. Не им било дозволено ниту да го видат и погребаат своето бебе, кое според официјалните документи починало на трети мај.

-Бев млада, имав 18 години, бев неискусна. Ми кажаа дека син ми починал, ме задржаа во болница уште неколку дена кои ги минав во солзи, а потоа ме пуштија да си одам дома. Кога го побаравме телото на синот, за да можеме да го погребаме, го немаше. Ни кажуваа дека многу деца умираат по раѓање или за време на породување, и да се помириме со судбината. Освен тврдењето на вработените во болницата дека нашиот син починал, ние никаков доказ за тоа не видовме.

Но, некој глас постојано ни кажуваше дека нешто не е во ред, дека нешто се крие зад целата ситуација. На многу прашања не добивме одговори и постојано не мачеа. Најголемиот сомнеж дека сепак нешто се случило и не ја знаеме целата вистина, ни се разбуди по шест години, кога добивме покана да го запишеме детето на училиште.

Зошто дојде таа покана? Повторно започнавме да бараме одговори, но безуспешно. Чувството дека нашето дете е живо, во ниту еден момент не не напушта, и остануваат прашањата каде е, на кој крај на светот, со кого е, кој стои зад сето ова.

По 18 години ни пристигна и поканата за синот да оди во војска. Како може за дете кое починало пред 18 години да пристигаат покани? Веќе ништо и никој не можеше да не разубеди дека синот ни е жив- тврди мајката.

Иако живеат во Австралија, далеку од родниот крај, на секое доаѓање во Македонија тие редовно го минувале патот од една до друга институција, во надеж дека ќе има некои нови вести за нивното дете, но одговорот секогаш бил ист, во документите пишувало дека синот им починал.

-Тој силен родителски инстинкт, тој внатрешен глас не може ништо да го намали. Живееме во надеж дека некогаш ќе се дознае што точно се случи со нашето дете, веруваме дека е во некоја друга земја, можеби во Америка, Канада, па дури и во Австралија. Ни останаа многу неодговорени прашања, затоа и се роди сомнежот, но постојано тука е присутно и чувството дека тој е жив. Направивме и ,,Мај херитиџ” ДНК тест, во надеж дека ќе излезе некое совпаѓање, дека можеби и синот трага по своето биолошко потекло. Не знаеме каде да се обратиме и како да ги добиеме одговорите по кои сме желни 52 години, затоа замолуваме ако било кој има некаква информација, веднаш да не извести. Имаме уште три деца, син и две ќерки, можеби некој ќе ја препознае сличноста со нив, или пак со нас. Тоа ни е голема надеж – велат родителите.

Апелираат доколку некој има било каква информација поврзана со нивниот случај, да ја контактира нивната роднина Slavica Sue Masa на социјалната мрежа Фејсбук, бидејќи таа детално била запозната со случајот и им помагала во потрагата, објавувајќи ја нивната приказна на социјалните мрежи.

Сите граѓани мора да знаат македонски јазик, Македонците не мора да знаат албански јазик (ВИДЕО)

Пратеничката проф. Силјановска во дебата во Собранието вели дека кога зборува за ситуацијата во Македонија и уставните права и обврски не ја интересира Косово и други примери туку дека за Македонија е важно дека секој македонски граѓанин мора да го знае македонскиот јазик.

Оваа обврска според уставот и законите за граѓаните не важи и за албанскиот јазик, објаснува професорката:

 Право и обврска на секој граѓанин е да го познава македонскиот јазик. Таква обврска не постои за албанскиот јазик

 Пратениците МОЖЕ да се обратат на пленарните седници и работните тела во Собранието и на јазикот што го зборуваат 20%, законите ќе се објават и на јазиците на 20%.

 „Може“ значи дека со закон ќе се одреди начинот на употребата, мора да биде во рамките на Уставот, што значи само поединците можат да одлучат дали ќе го употребуваат или не.

 Да, потсетам: во Законот за употреба на македонскиот јазик е утврдено дека : „право и обврска на секој граѓанин е да го познава македонскиот јазик“.

 Според Рамковниот договор, пратениците од заедницата што брои 20%, на пленарните седници и во работните тела може да се обраќаат и на својот јазик.

Целото експозе во видеото:

Мехмети: Македонија СЕ МРАЗИ СЕБЕСИ и бидејќи е така е осудена ДА ПРОПАДНЕ!

„Трибуна“: Во Скопје продолжуваат споровите околу вклучувањето на Бугарите во Уставот, заедно со другите етнички заедници. Албанците се наведени во Уставот, но како е да се биде Албанец во * Македонија? На што се должи македонскиот антибугаризам? Дали се Бугарите и Албанците се историски поврзани?

Ким Мехмети: Мојот народ и бугарскиот народ ги поврзува блиската соработка во минатото. Но, оваа вистина ја крие маглата на лажната српска пропаганда, која ја спречуваше оваа соработка и блискост. …Целата оваа поранешна соработка беше намерно прикриена од антибугарските и антиалбанските белградски лаборатории. Белградските „работилници“ на вистината фабрикуваа нови народи и јазици.

Овие „работилници“ произведоа и голема количина на омраза кон Албанците и Бугарите, како и лажен поглед за минатото на народите што живеат овде. Можете да ја промените и да избришете вистината на народите, што е запишана во историските книги, но не можете да ја промените нивната меморија. …

„Трибуна“: Дали е лесно да се биде Албанец во * Македонија денес?

Ким Мехмети: Горд сум што на ниту едно место населено со Албанци не сум видел пароли, кои им посакуваат несреќа на моите сограѓани Македонци. За разлика од многу ѕидови во Скопје, на пример, на кои пишува „Смрт за шиптари“. Не можеш да се чувствуваш добро во земја, која и ја финансираш, но која со истите државни пари издава „Македонска енциклопедија“, во која твојот народ е подложен на навреди. Или кога академици јавно и колективно го навредуваат мојот народ.

Понекогаш имам чувство дека Македонија се мрази себеси и бидејќи е така е осудена да пропадне. И дека во оваа земја се е минливо. Сè уште ми личи на земја, која ја тестира можноста за градење држава врз темелите на омразата кон другиот. Кога го велам ова, не му судам на македонскиот народ, туку на оние кои го легитимираат овој народ – неговите елити. И понекогаш ми поминува помислата дека ако не постоеше омразата кон Албанците и Бугарите, овие елити немаше што друго да прават и врз која основа да ја градат својата „научна“ кариера и општествен статус.

Затоа, ми се чини дека таква земја не може да има иднина, и дека во таква земја не можете да се грижите за она без кое е невозможно да опстане – освен чувството за етничка припадност, но и чувството за припадност кон државата. Ова е чувство кое според мене го нема мнозинството Македонци кои пораснале во суверена и независна Македонија. Ним, како и на нивните родители, им беше всадена српската „вистина“ дека соживот со Албанците и Бугарите не е можен, а државата чиј главен град не се вика Белград не вреди пет пари.

Во Македонија и денес антиалбанизмот и антибугаризмот не само што не се казнуваат, туку се наградуваат. Еве еден пример: многумина од денешните истакнати политичари учествуваа на протести против образованието на албански јазик, каде што креваа пароли и извикуваа „Само мртов Албанец е добар Албанец!“.

Земја која е изградена на омраза кон другите не треба да се грижи за својата иднина, бидејќи ја нема. Земја во која твоето физичко присуство му пречи на другиот, земја која се обидува да го скрие твоето постоење, бришејќи те од Уставот, или во неа навредливо ќе те нарекува „20 проценти“, таква земја еден ден ќе го смени не само името, но и „презимето“ и ќе има минато, но нема да има иднина.

Целото интервју тука

Во село Забрдени во Лерин нема да чуеш друга музика освен македонската (Видео)

За восхит се веселбите во Лерин и Воден секоја година што традиционално се одржуваат во овие краишта. Нема поголем доказ за македонското чувство на припадност од веселбата со македонска музика.

Погледнете и уживајте Македонци:

Македонците имаат најмали пениси на Балканот

Германските истражувачи анализирале повеќе од 40 неодамнешни студии кои биле спроведени на илјадници и илјадници различни мажи.

Тимот извлекол податоци за просечната големина на пенисот од речиси 90 различни земји, пишува „Дејли мејл“.

Секогаш кога беше можно, истражувачите избегнуваа да користат студии во кои мажите сами ја пријавија големината на пенисот.

Од првите 20 земји на листата, половина од нив се во Африка, додека по три се во Јужна Америка, Северна Америка и Европа. На врвот на листата се најде само една земја од Азија, односно Евроазија, а тоа е Грузија.

Европските земји каде што е измерена најдолгата машка гордост се Холандија, деветта на листата со просечна големина од 15,84 см, Франција, 11-та со просечна големина од 15,74 см и Италија, 19-та со просечна големина од 15, 24 см. цм.

Србите – најнадарени во регионот

Србија се најде на 33 место, а просечната големина на пенисот кај нив е 14,75 сантиметри. Хрватска заврши на 35 место, Албанија на 47 место и Македонија на 50 место.

Тоа значи дека на Балканот, најмали пениси имаат мажите од нашата земја.

Инаку, студијата објавена во 2015 година од „British Urology Journal“ во која учествувале 15.000 мажи од три континенти покажала дека просечната големина на пенисот на целата планета е 13,1 сантиметар.

Лекарите велат дека должината на машкиот пенис првенствено ја одредуваат генетските фактори, а не начинот на живот.

КОЦАРЕВ: Со надеж за влез во ЕУ дозволивме бришење на Македонците во Егејска и Пиринска Македонија и дивеења на владејачката елита

Посочувајќи дека излезот од оваа состојба е да се каже решително „НЕ“ на планираните и предложени уставни измени, им порачувам на Македонците да ги „чуваат тапиите од лозјата и од нивите“, нагласи академик Љупчо Коцарев, претседателот на МАНУ во својата реч при претставувањето на автобиографската трилогија на академик Божин Павловски вчера, објави весникот Нова Македонија.

– „Трилогијата на вознесот“, дваесет и четирите романи, расказите, трите тома записи и колумни и делото „Македонците отаде екваторот“ сведочат за непокорот, за спротивставувањето на разнебитувањето на Македонија и на исчезнувањето на Македонците. Македонија треба да чекори по европскиот пат – тој пат нуди сигурност, економски напредок, благосостојба и извесност за сите нас и за државата, но, на тој пат, ние треба да чекориме само како Македонци. Никогаш порано во историјата на Македонија за дел од центрите на политичка моќ надежта за полноправно членство во ЕУ не била поголема, но никогаш таа не направила толку многу штета како денес, вели Коцарев.

Никогаш не научивме, додава академик Коцарев, како да се откажеме од надежта, па затоа денес згаснуваат, изумираат македонскиот јазик, идентитетот, државата.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

„300.000 Maкедонци не се во бугарскиот Устав“ (Видео)

Историчарот Бранислав Светозаревиќ вчера во Пустец одговарајќи на прашања на бугарските новинари им кажа дека во 21-от век тие не признаваат цел еден народ.

„300.000 Maкедонци не се во бугарскиот Устав. Дали ви е познато дека во пописот од 1956 година во Бугарија имало 180.000 Македонци во Пиринска Македонија. Дали во вашите учебници се учи некаде дека постои македонски народ“, ги праша Светозаревиќ бугарските новинари.

Им кажа дека Бугарија треба да го признае македонскиот народ и да сфати дека постојат три три милиони Македонци во светот. Во дипломатијата е јасен реципроцитетот, рече тој, односно се признава македонско малцинство во Бугарија и се признава бугарско малцинство во Македонија.

„Вие го злоупотребувате ветото. Вие зборувате македонски јазик со додадени руски зборови“, рече Светозаревиќ.