Tag Archives: македонци

МАКЕДОНЦИ ВО АРГЕНТИНА – Евтим и Илинка Петко дошле во Буенос Аирес во 1917 каде живее нивната 81-годишна ќерка Ирма

Има илјадници приказни за Македонци кои бегајќи од сите делови од Македонија, кои биле под окупација, оделе и во најдалечните земји низ светот по подобар живот.

Една од тие е и за фамилијата на Евтим и Илинка Петко од селото Шула, која денес е во границите на Албанија. Тие се доселиле во Аргентина, каде продолжиле да ја негуваат македонската традиција.

МАКЕДОНЦИ ВО АРГЕНТИНА ВО 1917 г.

Евтим Петко е Македонец од село Шула, во делот од Македонија наречен Мала Преспа, којшто денес е под власт на Албанија.

Евтим со неговата сопруга Илинка, исто така по народност Македонка, се преселил во Аргентина во 1917 година. Имале четири деца, а една од двете ќерки, Ирма Елена Петко, денес на 81 годишна возраст, сведочи дека биле национално свесни Македонци.

Има илјадници приказни за Македонци кои бегајќи од сите делови од Македонија, кои биле под окупација, оделе и во најдалечните земји низ светот по подобар живот.

Една од тие е и за фамилијата на Евтим и Илинка Петко од селото Шула, која денес е во границите на Албанија. Тие се доселиле во Аргентина, каде продолжиле да ја негуваат македонската традиција.

Ја пренесуваме приказната објавена на страницата на Фејбук Macedonia : a True Endless Story … која објавува документи од историјата и животот на Македонците.

МАКЕДОНЦИ ВО АРГЕНТИНА ВО 1917 г.

Евтим Петко е Македонец од село Шула, во делот од Македонија наречен Мала Преспа, којшто денес е под власт на Албанија.

Евтим со неговата сопруга Илинка, исто така по народност Македонка, се преселил во Аргентина во 1917 година. Имале четири деца, а една од двете ќерки, Ирма Елена Петко, денес на 81 годишна возраст, сведочи дека биле национално свесни Македонци.

Ирма исто така сведочи дека Илинка зборувала на мајчиниот македонски јазик, додека Евтим покрај покрај македонски знаел грчки и албански.

Семејството Петко, со другите Македонци во Аргентина, ги негувалe народните обичаи во македонскиoт клуб во Буенос Ајрес, каде што се дружеле, „играле танци во круг“, односно ора, готвеле „питули(ци)“ и „бурек“ итн. Им помагале на Македонцитe што останале во Македонија праќајќи разни пратки, претежно со облека.

Даваме на увид еден исказ од Ефтим Петко, заверен во кафе барот „Лос Амигос“, во којшто тој сведочи дека е од Македонија и дава краток приказ на нејзината насилна поделба.

„Кафе бар ‘Лос Амигос’

Од Е. Петко и Синови

(ул.) Агуеро 1898 Саранди

Евтим Петко, роден во 1886г. во Шулин, Корча

Прво доаѓање (во Аргентина) на 17/2/1917 со Илинка Петко (од) Македонија, Европа

Во 1924г. останавме под Албанија

Во 1886г. роден сум јас и Илинка во 1896г.

Знамето турско, Турција ја напушти мојата земја. Во 19(**) г. влезе Србија, Грција влезе во 1912г., во 1913г. влезе Бугарија, во 1914г. влезе Грција до 1918г. Одново влезе Грција и остана до 1923г. Во 1924г. влезе Албанија. Цела Македонија е поделена помеѓу Србија, Грција, Бугарија, Албанија. “ —/

Зибери: Зголемен бројот на Албанци, намален бројот на Македонци во јавниот сектор

Констатација е дека речиси сите помалубројни заедници се застапени со речиси идентичен процент на вработени како и изминатите години, што значи дека институциите не ги почитуваат во целост препораките на Народниот правобранител, а со тоа и не ги спроведуваат одобрените годишни планови за вработување во кои е изразена етничката застапеност и спроведување на уставното начело на соодветна и правична застапеност“, изјави омбудсманот Насер Зибери, презентирајќи го Извештајот за следењето на примената на начелото за соодветна и правична застапеност на вработените во јавниот сектор за 2021 година.

Извештајот за 2021 година во целина покажувал дека имало одреден напредок  во спроведување на начелото за соодветна и правична застапеност.

Така што од 2007 година до 2021 година, можело да се увиди дека „застапеноста на Македонците во јавниот сектор од 83,72% во 2007 година, во 2021 година е на 72,8%, што е збирно намалување за 10,92%, додека застапеноста на Албанците во јавниот сектор од 10,8% во 2007 година, сега е 20,6%, што претставува зголемување од 9,8%“.

(Видео) 90-годишен дедо раскажува: Во Воден порано немаше Грци, ние сме Македонци, секаде има земја македонска!

Во Воден порано немаше Грци, сега ги сменија имињата. Ние си зборуваме на македонски, каде и да одиш, и во Албанија има земја македонска и во Грција, вели 90-годишен дедо од Воден во разговор со неколку мажи.

Дедото кажува дека е Македонец и објаснува дека Грците ги смениле сите топоними од македонски во грчки имиња. Исто така објаснува за поделбата на Македонија.

Македонците од Мала Преспа во Канада ја одржаа традиционалната годишна средба

Македонското друштво „Мала Преспа” од Канада ја одржа традиционалната годишна средба, во чест на големиот верски празник Свети Архангел Михаил, кој е заштитник на Македонците од Мала Преспа, пишува весникот „Македониум”.

Оттаму додаваат дека иако се далеку од својата родна грутка иселените Македонци од овој живописен крај своите традиции како светост ги чуваат и негуваат и во Канада.

– Имаат свое  друштвото „Мала Преспа” кое е  формирано со цел продолжување на македонштината и во Канада. На настанот кој се одржа на старата локација Capitol Banquet Hall во градот Мисисага присуствуваа многу  Македонци со потекло од Мала Преспа, кои денес живеат во Канада и САД, наведува весникот.

Средбата и присутните ги  благословија свештениците од Македонската православна црква, а пред присутните се претставија најмладите членови на македонското културно-уметничко друштво.about:blank

– Сплотено, семакедонски се славеше до раните утрински часови. Средбата  беше испочитувана од многу  претставници на управите во македонските православни цркви, како и македонски патриотски организации и здруженија од Канада, стои во написот.

Владимир Терпо, македонски иселеник од Мала Преспа, кој живее во Канада, за весникот „Македониум“ изјави дека македонското друштво „Мала Преспа” во Канада е формирано пред 14 години од македонски иселеници од Пустец и други делови од областа Мала Преспа со цел негување на македонската култура и традиција.

– Веќе станува традиција,  ние, Македонците со потекло од Мала Преспа, кои живееме во Канада и Америка, да се собереме по повод православниот празник Свети Архангел и Михаил. Овој ден преставува добра можност за сите нас да се дружиме, веселиме, но и да позборуваме за нашиот роден крај населен со етничко чисто македонско население, додава Владимир за весникот „Македониум“.

Изненадувачки ефект од омилената салата на Македонците – Колку повеќе ја јадете ќе ја забележите разликата

Најновото истражување открива како туршијата делува на здравјето!

Ферментираната храна како кисела зелка, кисели краставички, јогурт и кефир се сметаат за здрава храна. Подготовката на кисели краставички и кисела храна е еден од најстарите начини на зачувување и зачувување на храната. Киселите краставици го враќаат нарушениот баланс на бактериите во цревата, го подобруваат метаболизмот, варењето, имунитетот, го регулираат крвниот притисок и холестеролот, ги ублажуваат проблемите со кожата и го подобруваат расположението…

Предностите се многу. Сепак, најновото истражување дошло до изненадувачки ефект на туршијата. Не само што може да го намали стресот со смирување на вашите нерви, туку и го подобрува сонот. Лекарите ги поделиле учесниците во две групи кои следеле различни диети. Првата била ставена на диета која следела пирамидална шема, а втората била замолена да јаде „психобиотска диета“ која вклучувала голема количина на пребиотици и ферментирана храна.

Втората група мораше строго да се придржува до дневното мени кое се состои од две до три порции ферментирана храна. Тие вклучуваат кисела зелка, кефир и кисели краставички. После тоа, оваа група јадела пет до осум порции цели зрна и шест до осум порции овошје и зеленчук кои се богати со пробиотски влакна. Тие вклучуваат јаболка, банани, зелка и кромид.

Иако и двете групи забележале дека нивниот сон се подобрил, резултатите покажале дека учесниците кои јаделе психобиотска храна, исто така, доживеале намалување на количината и интензитетот на стресот под кој можеби биле во тоа време. Дополнително, нивото на воочениот стрес се намалуваше колку повеќе учесникот ја следеше психобиотската диета, која вклучува многу туршија.

Домашната туршија е фантастичен извор на витамини и растителни влакна и ја создаваат потребната рамнотежа на, во овој период од годината, трпезите кои често се обилни. витамини како што се К виматинот, Б витаминато, особено важни и ретки во растителните хранливи материи, Б12. Покрај тоа, туршијата е вистинско богатство на пробиотски култури кои прават чуда за нашиот дигестивен тракт – го олеснуваат варењето, спречуваат запек, гасови и надуеност. Природните пробиотици ќе се погрижат и за зајакнување нашиот имунолошки систем, го балансира нивото на холестерол и спречува рак на дебелото црево и други хронични заболувања.

Русјаков: Кога бев Титова измислица, небањат и лош Македонец, штом се кренев од сон, веднаш се фаќав за кафе и цигара…сега се туширам

Пред да станам добар нордистанец, кога бев Титова измислица, небањат и лош Македонец, штом се кренев од сон, веднаш се фаќав за кафе и цигара. Сега, откако ми го бетонираа нордистанскиот идентитет, менталитет и имунитет (за него добивам бесплатно здравство низ ЕУ) најпрво се туширам. Со тенок млаз вода.

Најдов доволно тенки чешми за млазот да биде три милиметри. Во моментов барам чешми што работат на системот капка по капка за миење раце. Со тушот се измачив. Не можев да најдам толку мал туш што испушта толку тенок млаз вода, па на крајот го купив онлајн од познатиот „Лилипут топ шоп“.

По туширање, детално го проверувам станот. Не дај боже, може прекуноќ да ми се вселил некој белосветски криминалец со нордистански пасош, сместен на американска црна листа затоа што го поддржува Путин. Минатата недела таков шок доживеа комшијата Перо.

Му се напика дома Штокојмојшченко, озлогласен украински кримос со нордистански пасош и тетовиран Путин на грбот, нормално, држи три места на американската црна листа. Комшиката Цеце имаше повеќе среќа. Нејзе ѝ се всели Антипутиншченко, исто така украински криминалец со нордистански пасош, ама овој поддржувач на Зеленски и американски пријател гонет од руски служби. А за целава заебанција со светски кримоси што имаат нордистанско државјанство виновни се Русите, зашто ни ги подметнаа како евроатлантски настроени гангстери со западни вредности.

По деталниот претрес си правам цивилизиран доручек. Смути, цеден сок од авокадо и тост со путер од кикиритки. Кога бев измислен и нецивилизиран Македонец, наместо доручек, палев трета цигара и пиев второ кафе. Сега, пред да јадам, го фоткам доручекот, го ставам на Инста и на сите добри, евроатлантски настроени нордистанци со западни вредности под ноктите им посакувам добро утро.

Додека јадам проверувам вести. Хмм, изгледа сабајлево некои станале на лева нога. Студентите се лути. Владата ќе им укине бесплатен оброк. Не разбирам зошто се лутат. Само што не сме влегле во ЕУ, таму некаде по 2030 година. Ама членка сме на НАТО. Нема веќе диктатура. Блескаме. Образованието ни е финска бања. Не сме на Шангајска листа, но Шангај е во Кина, Кина е партнер со Русија, а Русија е бљак. Да имаше Вашингтонска или Бриселска листа нашите универзитети ќе беа меѓу најдобрите.

И не само тоа. Нема радиодифузна такса. Нема екстерно. Не постои оној страшен закон за образование што го донесе Груевски, па студентите се кренаа на револуција и умираа по улици. А сега дигаат џева за еден оброк. Па, нели новото име на државата на сите ни ги плаќа сметките? Со парите заштедени од сметки, секој може да си купи оброк.

… Целата колумна на Александар Русјаков ТУКА

Бугари во македонски Устав кога ќе има Македонци во бугарски Устав!

Запрашан зошто не беа ниту на лидерската средба во понеделник, лидерот на Левица, Димитар Апасиев го повтори партискиот став дека ќе прифат внесување на Бугарите во Уставот ако тоа реципрочно се направи и во Бугарија.

-Цениме дека нема што да преговараме за тие прашања. Нашиот став е јасен. Бугари во Устав во Македонија може под еден услов кога ќе има Македонци во бугарскиот Устав. Тоа е непроменет став и  нема зошто да разговараме на темата, вели Апасиев.

Во врска со дијалогот за Деловник, Левица нема да учествува во дијалогот Жан Моне за измени на Деловникот, бидејќи смета дека целта на процесот не е донесување современ европски деловник за работа на Собранието, информираше денеска на прашање на МИА претседателот на партијата Димитар Апасиев

– Тоа е обична фарса. Ние во почетокот како што учествувавме, лично јас учествував со конструктивни предлози, ги симнавме сите од Југославија до денес, ништо од тоа не се прифаќа.Тие имаат своја тенденција како тоа да го направат, и не сакаме да го легитимираме веќе тој процес и наш претставник не учествува. Од средбата во Маврово па наваму ние не учествуваме – рече Апасиев на новинарско прашање зошто не учествуваа на последнта средба на Жан Моне процесот за Деловникот што се одржа на почетокот од неделава.

Тој додаде дека под постојните услови нема да учествуваат во процесот, бидејќи, како што потенцира, го смета за фарса.

– Мислам дека нема располложение да се донесе современ европски деловник и затоа што не им одговара. Овој деловник е донесен од Трајко Велјановски. Им одговара и на едните кога биле на власт, и на овие. Така што мислам дека нема искрена добра волја да се промени Деловникот – рече Апасиев.

Бугарин објавил книга “Светот на македонските Бугари” – СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗАПАДНОБУГАРСКИ ДИЈАЛЕКТ

Димитар Димитров, бугарски новинар кој работел во Би-Би-Си издаде книга “Светот на македонските Бугари”. Како што може да претпоставите се работи за извртување на историските факти.

– „Светот следи се што се случува во Бугарија уште од нејзиното ослободување во 1878 година. Борбите на македонските Бугари против Турците беа толку популарни што двајца Американци им се придружија на бугарските чети во Македонија и ги опишаа своите искуства во книги и роман за востаниците беше објавена во Велика Британија. Има дури и пијано марш за бугарското востание, објавен во Париз“.

Ова во интервју за БГНЕС го изјави Димитар Димитров. Тој е долгогодишен новинар на Би-Би-Си Лондон и прв дописник на авторитетните британски медиуми кај нас по промените во 1989 година.

Книгата „Светот за македонските Бугари“ е целосно базирана на публикации во Европа и Америка, вели авторот.

Бугарското движење

Монографијата е објавена во пресрет на 120-годишнината од избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание (Илинденското востание на кое Бугарите му го менуваат името) во 1903 година. Голем дел од неа е посветен нему. Можете да видите колку внимателно се следи борбата на македонските Бугари за слобода во Европа и Америка.

Во текот на целата 1903 година – пред, за време и по востанието – извештаите и анализите на водечките информативни списанија на англиски, француски, германски, италијански јазик известувале за востанието на македонските Бугари и нивните страдања по неговото задушување, пишува авторот.

Особено вредна е анализата на Брејлсфорд, кој објави книга и етнографска карта на Македонија. Според него, доминантно население е бугарско“, рече Димитар Димитров на промоцијата.

Еве што пишува Англичанецот:

„Беше 1893 година кога група влијателни македонски Бугари се собраа во една куќа во Ресен и ја основаа „Внатрешната организација“. Двајца од нив сè уште се водачи на движењето – Дамјан Груев, учител во Солун, кој ја напуштил сигурната кариера и добрите приходи за да стане заговорник и нелегален, и Христо Татарчев, поранешен лекар во Солун, чии префинети манири и световно знаење го направиле му ја испратил дипломата на комитетот да раководи со неговите активности од Софија…

Моментот за кој бугарското население се подготвуваше десет години, дојде за време на празникот на пророкот Илија – неделната вечер на 2 август 1903 година…

Македонските Бугари, иако ги достигнаа стандардите на моралот и цивилизацијата, не треба да се судат според нив, туку според нивната храброст и нивната решителност да се борат за нешто подобро. Со историјата на нивната десетгодишна борба, тие ги заслужија нашите симпатии“.

Оценката на шведскиот писател и преведувач на словенската литература Алфред Јенсен е кратка и јасна: „Македонските Бугари – луѓето со кои имав најмногу контакти за време на моето патување – ми оставија добар впечаток. Зборуваат западнобугарски дијалект“. – посочува Димитров.

„Документ од 1942 покажува дека во Корча живееле Македонци“

Во напис под наслов „Кога документите зборуваат и Боговите молчат, ама не и Бугарите” македонскиот весникот во Албанија „Илинден” објавува допис од 1942 година зачуван во албанскиот државен архив, во кој стои дека во префектурата Корча, во чии рамки е и Мала Преспа, не живеат ниту Бугари ниту Срби.

-Кога зборуваме за атакот кој со децении го прави Бугарија врз Македонците во Албанија со цел тие да се изјаснуваат за Бугари, а во интерес на вистината треба да посочиме дека бројни Македонци во Албанија оставиле свои сведоштва. Од нив многу јасно се гледа дека тие никогаш и никаде не пишувале дека се Бугари, стои во написот.

Напротив, стои понатаму, многу јасно сведочат за нивното македонско национално чувство.

– Во оваа прилика ќе наведеме податок кој говори многу за положбата на Македонците во различните временски периоди. Во книгата „Мала Преспа“ од Гуре Дума, објавена во Скопје во 2005 година на страницата 72 пишува: „До 1930 година, во размената на писмата меѓу печалбарите и домашните се пишувало на македонски јазик, но со грчки букви, а од 1930 до 1945 година, писмата се пишувале на македонски јазик, но со албански букви, наведува авторот на написот.

Се заклучува дека ова доволно говори дека во периодот меѓу 1930 и 1945 година, Македонците во Албанија воопшто не го употребувале бугарскиот јазик, ниту бугарска азбука.

Според весникот, за непостоење на Бугари во Албанија говорат и податоците во многуте документи а дел од нив се наоѓаат во Управата на државниот архив во Тирана.

Се посочува дека еден официјален документ од 7 октомври 1942 година, зачуван во архивот, потврдува дека немало Бугари во префектурата Корча. Во документот пишува „Кралство Албанија – Чест ни е да ве информираме дека, во околината на оваа префектура, нема Бугари, ниту Срби алогени жители, од споменатите”, и е потпишан од заменик префектот Димитер Јовани.

– Се разбира, овој и ваквите документи, како и сведоштвата на Македонците од Албанија не значат ништо за Бугарите, кои со фалсификати и од позиција на членка на ЕУ, успеа со уцени кај албанската власт да издејствуваат да се измисли непостоечко бугарско малцинство во Албанија, констатира весникот „Илинден”.