Tag Archives: македонци

Идентификувани двајцата македонски туристи што се удавија во Драч

Индентификувани се двајцата македонски туристи кои денеска на пладне се удавија на плажата Спиле, кај албанското пристаниште Драч.

Како што пренесува Топ чанел, станува збор за Ристе Дамковски (80) и Цветко Митановски(78) и двајцата од Битола, кои шест години по ред одмарале токму на оваа плажа.

Биле дел од група од 52-ца македонски туристи кои пред четири дена приситигнале во Драч.

Откако ручале тројца од групата влегле во морската вода, но само еден од нив успеал да излезе жив. Една од жртвите, Митановски, боледувал од срцеви болести, наведува телевизијата.

Трагичниот настан се случил околу 11:25 часот на јавна плажа, на која немало набљудувач. Едно до телата го забележал набљудувач од соседната плажа, по што интервенирал а откако влегол во водата го забележал и другото тело.

Најпрво присутните на плажата им дале срцева масажа, но и на брзата помош, која веднаш стигнала, не и успеало да ги врати во живот. Првичните информации потврдуваат дека причината за смртта е срцев удар

Повеќе од ПОЛОВИНА МЛАДИ Македонци сакаат да се иселат од државата!

12 август се одбележува како Меѓународен ден на младите. Голем број политички функционери денеска  упатија честитки порачувајќи дека младите во македонското општество се визијата, идејата, мотивот, силата.

За жал, младите не го делат ова мислење. Нивниот став е дека не го имаат местото кое го заслужуваат во општеството. Во прилог на тоа говори и најновата студија.

Две третини од младите (64,8%) во земјава се незадоволни од своето место во општеството, покажува студијата „Социо-политичко учество на младите: Нееднаквост, неизвесност и различни очекувања“, изработена во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Студијата покажува дека 58% од младите би се иселиле, доколку им се укаже можност. Од нив, само 6,9% би се вратиле назад во земјата.

Речиси 8 од 10 млади (77,3%) луѓе сметаат дека властите делумно или воопшто не се грижат за нив и нивните потреби.

Пандемијата не ги одмина младите, речиси на 15% им се намалила платата во текот на кризата, додека 6% ја изгубиле работата. Во поглед на образованието, младите кои се во образовен процес даваат просечна оцена 3 за квалитет на наставата за време на пандемијата.

Дефинитивно младите луѓе во потрага за подобар живот се подготвени да се иселат. Социолозите наведуваат дека една од причините е што апатијата со години се таложела, а придонес има и сликата која ја гледаат младите во своите и семејствата од околината. Затоа, како што велат дел од стручните лица, младите наједноставниот излез го гледаат во иселување.

Скопје инфо

Во тетовско Непроштено се одбележуваат 20 години од кoнфликтoт во 2001 година помен на убиeнитe и киднaпирани Македонци

Тетово, 23 јули 2021 (МИА) – Во тетовско Непроштено вечер ќе се одблежат 20 години од конфликтот во 2001 година со помен на убиените и киднапирани Македонци од ова место.

-Настанот ќе се одржи со почеток во 18 часот и 30 минути со положување цвеќе пред споменикот на киднапираните што се наоѓа во центарот на селото, информираат од Организацискиот одбор на Непроштено.

Во 2001 година беше убиен Стојан Михајловски, а Крсто Гоговски, Цветко Михајловски и Васко Михајловски се дел од 12-те Македонци кои беа киднапирани во тетовскиот регион.

Спомен-обележјето во Непроштено е изградено во 2014 година.

Српски архимандрит тврди: Македонската нација ја создал ЃАВОЛОТ (Видео)😲

Српскиот архимандрит Никодим, тврди дека Македонците ги создал ѓаволот, неговото беседење можете да го проследите на следниот линк со слични вакви бисери:

Ова се правилата за влез во Грција кои стапија на сила утрово

Правилата и предусловите за патување во Грција, што вклучуваат документ поврзан за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, а меѓу другото, важат и за државјаните на Македонија, остануваат непроменети и се продолжени за уште една седмица, јави дописничката на МИА од Атина.

Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапи во 6 часот утрово, а важи до 15 јули 2021 година и за патување кај јужниот сосед предвидува задолжителен документ поврзан со Ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или потврда за прележан коронавирус, како и пополнет PLF формулар.

Од Македонија во Грција може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, што работат 24 часа, исто како и останатите копнени гранични премини кон Албанија, Турција и Бугарија, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот по локално време.

Нашата земја и понатаму е на листата држави за кои важи исклучокот од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а освен Македонија, дозволено е патување и за државјаните на Азербејџан, Австралија, Албанија, Босна и Херцеговина, Ерменија, Обединетите Арапски Емирати, САД, Велика Британија, Јапонија, Јордан, Израел, Канада, Белорусија, Либан, Црна Гора, Молдавија, Бахреин, Брунеј, Нов Зеланд, Јужна Кореа, Катар, Кина, Косово, Кувајт, Украина, Руанда, Русија, Саудиска Арабија, Србија, Сингапур и Тајланд.

Согласно министерската одлука, сите посетители, „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ имаат две опции и една алтернативна можност, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со Ковид-19, а МИА детално ги пренесува сите предуслови за патување во Грција.

Првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени.

Втората можност е со негативен тест. Или ПЦР направен во последните 72 часа пред патувањето или антигенски (брз) тест направен 48 часа претходно. И за двете опции, тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот.

Алтернативно, посетителите на Грција, може да достават потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со ПЦР или антигенски (брз) тест. Сертификатот се издава 30 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена по позитивниот резултат.

Документот треба да биде од јавна установа или од лаборатории одобрени од државата на потекло, да ги содржи податоците од пасошот и повторно, може да биде на неколку јазици, односно на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик.

Европскиот дигитален Ковид сертификат е уште една алтернативна можност за влез во Грција.

Конкретните обврски за патување важат за лица со наполнети 12 години.

Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), кој треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr пред поаѓањето, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција.

Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот.

Доколку бидат тестирани, ќе треба да ги почекаат резултатите.

Ако резултатот е позитивен, предвиден е десетдневен, карантин, додека пак ако се работи за лица кои 14 дена претходно ја завршиле вакцинацијата, тогаш задолжителната изолација е седум дена, а на последниот ден од карантинот, потребно е да се направи ПЦР тест.

За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 евра.

Во одлуката, како што пренесува МИА, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат и за Грците.

Првата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, беше објавена на 14 мај годинава, кога по пауза од 14 месеци се отвори граничниот премин Евзони (Богородица) и беше дозволен влез во Грција за македонски државјани, а оттогаш се продолжува секоја седмица.

МАКЕДОНСКИТЕ НАВИВАЧИ го СЕКНАА ПИВОТО во Букурешт: Еве колку испиле за само четири дена!

За времена настапот на македонската фудбалска репрезентација на ЕП во Букуреш, македонските навиваши „срушија“ рекорд.

Имено, Македонија од 13-ти до 17-ти јуни во Букурешт за бодреа околу 4.000 навивачи, а како што објавуват тамошните медиуми од нивната посета на метрополата, кафеаните, кафулињата и баровите заработиле околу 450.000 евра.

Според пишувањата на медиумите, македонските навивачи испиле помеѓу 70.000 и 75.000 литри пиво, односно во само пет барови, во стариот дел од градот, македонските навивачи испиле три цистерни со пиво.

Капацитетот на една цистерна е околу 25.000 литри, а во случајот фановите на македонската репрезентација испиле речиси три цистерни пиво.

Инаку, македонската фудбалска репрезентација веќе се префрли во Амстердам каде што вчера го имаше и првиот тренинг, а во понеделник од 18:00 часот ќе го има и последниот натправар од третото коло против Холандија во рамките на групата Ц од ЕП2020.

Фото на денот 😊

Вчера се појави фотографија од грчки ресторан за гиро, веројатно некаде во Романија, полн со македонски навивачи, смешно и реално, фудбалот сплотува 😊🇲🇰

Фото:

Вучиќ побара бecплатна вaкцинација за сите Македонци со вaкцина по избор!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска побарал од Владата на Србија да им обезбеди бесплатна вакцинација на граѓаните на Македонија, дознава „Блиц“.

Тие ќе можат да добијат една од четирите вакцини од производителите „Фајзер-Бајонтек“, „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Спутник В“.

Од денес, граѓаните на Босна и Херцеговина ќе можат да се вакцинираат каде било на територијата на Србија.

Како што рече Вучиќ вчера, има доволно вакцини за сите низ Србија.

Авион од Русија со компоненти за руската вакцина „Спутник V“ слета во Белград денес околу 19 часот, јави Српската радиотелевизија. Производството на руската вакцина „Спутник V“ против вирусот корона треба да започне во Србија утре.

Во првата фаза ќе бидат произведени четири милиони вакцини, рече министерот Ненад Поповиќ.

Додека Македонците „очи си вадат”, „Илирида“ се повампири

Професорката Тања Каракамишева на социјалните мрежи коментира дека „додека Македонците „очи си вадат” и се делат по сите основи, „Илирида” се повампири и презема неуставни активности. Таа за ова го прозва министерот за внатрешни Оливер Спасовски.

Движењето Илирида, како што јави ТВ Клан, на дебата во Тетово најавува регистрирање на политичка партија.

Од Движењето „Илирида“, како што јави КланМ, велат дека веќе се прават последните подготовки за ова движење да биде регистрирано како политичка партија за учество на изборите. Доколку победат на изборите, како што велат, ќе го формираат Парламентот на Илирида.

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува идејата на таканареченото „Движење Илирида“ за создавање на партија која ќе побара федерализација и ќе прогласи автономна „Република Илирида“, како стара идеја, која циклично се реафирмира во турбулентни и чувствителни периоди за државата Македонија.

МАРКО МОРЕНО: Македонците се музички најсовршени…

– Македонците се можеби музички најсовршени во регионот според мене. Кога станува збор за продукцијата и аранжманот тука е Дарко Димитров кој постави услови како се работи продукција на сопствен аранжман, тука се i 2 Бона, Таско, Тоше Проески кој да останеше со нас сигурно македонската сцена ќе беше многу, многу поголема од што е, иако и сега е на завидно ниво, вели еден од најпродуктивните продуценти во соседството Марко Морено и додава дека многу би сакал соработка со македонските артисти.

Открива дека се чул со 2 Бона, а дали има за нив нешто брутално дознајте во видеото во продолжение:

https://youtu.be/Xv9LEC72gDA