Tag Archives: мерки

Од утре полициски час од полноќ, настани на отворено и вежбање во теретани!

Владата на денешната седница го одобри предлогот на Кризниот штаб од утре полицискиот час да се скрати и да трае од 24:00 до 04:00 часот.

Новите мерки важат од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица.

Според новите мерки што беа предложени, полицискиот час ќе трае од 24:00 часот до 04:00 часот и се дозволува користење на годишен одмор за здравствените работници.

Ивентите и настаните ќе се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 проценти од капацитетот на затворениот простор, а се зголемува и бројот на деца кои може да се згрижат во една група во градинките односно од 15 на 20 деца.

Пoвтopнo ce нaмaлyвaaт pecтpиктивнитe мepки: Oд cpeдa ce oтвapaaт тepeтaнитe, пoлициcкиoт чac ќe пoчнyвa нa пoлнoќ

Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница на Владата се препорачуваат следните мерки за усвојување:

Почнувајќи од 12 мај 2021 година, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз да почнува од 24:00 часот до 05:00 часот.

Соодветно на ова, дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.

Сите настани и ивенти може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

Наменскиот протокол за згрижени деца во детските градинки да се измени, односно се дозволува зголемување на бројот на деца од 15 на 20 во една група.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.

Се дозволува користење на годишните одмори за здравствените работници.Овие мерки ќе важат до 18 мај 2021 година.

Полициски час од 21:00 и отворање на летните тераси на угостителските објекти

Полицискиот час во следната недела да почнува од 21 часот до 05 часот, и отворање на летните тераси на угостителските објекти, е предлогот на Комисијата за заразни болести по состанокот утрово, информираат од Комисијата за ТВ21.

Одлука веќе е донесена и од страна на Кризниот штаб.

Со тоа ќе се скрати траењето на полицискиот час во целата земја, а угостителите ќе може да служат гости, но само на отворено, е ставот на Комисијата, пренесува ТВ21.

Комисијата ќе го достави предлогот до Владата, а потоа на седница треба да одлучи за прифаќање.

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок предложи полицискиот час од 28 април да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот изутрината, информираа за МИА од Комисијата.

Комисијата ќе го достави предлогот до Владата која за него треба да одлучи на седница

Владата треба да реши и дали ќе бидат отворени летните тераси на угостителските објекти.

Ќе има ли рестрикции за Велигден – Комисијата ќе одлучува денеска

Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19 истекуваат утре, а се очекува денеска Комисијата за заразни болести да ја анализира епидемиолошката состојба по што ќе биде одлучено дали ќе има нови мерки за време на претстојните велигденски празници.

Во случај на потврдување на трендот на опаѓањe на бројот на заразени и бројот на хоспитализирани лица, како што беше најавено минатата недела, Кризниот штаб ќе разгледа опција за отворање на угостителските објекти за посетители во отворениот дел од објектот, односно на летни тераси, градини. Во период од 27 април до 15 мај 2021 година, забраната за движење наместо од 20 да биде од 21 часот до 05 часот наредниот ден, да се дозволи организирање спортски тренинзи од страна на фитнес центри/клубови на отворен простор, наместо во затворена спортска вежбална/сала, како и други мерки во зависност од епидемиолошките текови и состојби во државата.

Од Кризниот штаб минатата недела наведоа дека предлог-мерки на Комисијата за заразни болести ќе се разгледуваат исклучиво доколку се задржат трендовите на опаѓање на бројките на новозараени и хоспитализирани лица, за што клучно е почитувањето на личните мерки за заштита од КОВИД-19 и активните протоколи за функционирање во услови на КОВИД-19.

Според министерот за здравство Венко Филипче, состојбата со епидемијата бележи надолен тренд, а мерките дадоа резултат.

-Сепак, искуството ни покажа дека таа многу брзо може да се дестабилизира доколку не се почитуваат мерките. Пред нас следат празници, слободни денови и убаво време. Да ги искористиме одговорно, да не се групираме и да не ги кршиме мерките за заштита, објави вчера Филипче на својот фејсбук профил.

Има, посочи министерот, многу начини да поминеме квалитетно време во кругот на семејството и најблиските, а да останеме заштитени од вирусот.

-Од следната недела пристигаат поголеми количини на вакцини и ќе ги подигнеме капацитетите за вакцинација на максимум. Ве уверувам дека брзо и ефикасно ќе вакцинираме со цел што побрзо граѓаните да стекнат имунитет. Од вас единствено барам почитување на јасно пропишаните мерки кои ќе не заштитат од евентуален нов бран после празниците, напиша Филипче.

Министерот Филипче во петокот изјави дека 200 000 дози од вакцината „Синофарм“ треба да пристигнат околу 28 април.

– Добивме листа од компанијата „Фајзер“ со која ни беше презентиран распоредот со кој ќе стигнуваат останатите количини во мај. Секој понеделник меѓу 5000 и 7000 вакцини, околу 26 000 се предвидени да стигнат во текот на целокупниот месец и тоа ќе биде една количина која ќе испланираме како ќе биде дистрибуирана ширум државата, истакна Филипче.

Досега се вакцинирани 44 974 граѓани, а за вакцинација се пријавени 192 459 граѓани. Се очекува имунизацијата поинтензивно да продолжи да се спроведува по велигденските празници.

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 314 случаи со КОВИД-19, 27 починати и 557 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во земјава изнесува 16858, од кои 7597 се во Скопје.

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1507 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот од кои 587 пациенти во Скопје.

Плата за март чекаат 55,000 работници, заради доцнење на петтиот пакет мерки

Скоро 65 илјади работници се уште немаат земено плата за февруари и март. Од нив, само во март се близу  55 илјади, објави директорката на УЈП Лукаревска. Работодавачите најверојатно  ја чекале државната помош од петтиот сет мерки, па затоа ги оставиле вработените без заработеното.  Затоа засега нема да почнат со присилна наплата.

 До законски предвидениот род до 15 април бруто плата не исплатиле 14.998 работодавачи за 54.662 вработени лица,. За разлика од март, февруарската плата не ја исплатиле 3.774 работодавачи за 9.947 работници, рече Лукаревска.

Од денеска до 30-ти април фирмите можат да аплицираат за  државната помош за исплата на плати. Објавен е правилникот за формата и содржината на барањето, на кое УЈП  треба да им одговори во рок од 3 дена дали и колкава помош им следува. Потоа работодавачите поднесуваат МПИН пресметка, а парите ќе ги добијат најдоцна за 5 дена. Ова значи дека најголем дел од работниците ќе останат без плати и за празниците. Инаку со ветената државна помош се очекуваа плати за 60,000 работници.

За оваа мерка од буџетот се издвоени 1,9 милијарди денари или скоро 31 милион евра, пари кои се наменети за исплата на плати за скоро 60,000 работници, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими

Помошта од петтиот сет мерки пратениците ја изгласаа во неделата, по  неколку месеци задоцнување.

Полициckи час и за Велигден: Ова се деталите

Новиот предлог на Главниот координативен кризен штаб до Владата е полицискиот час од 27 април до 15 мај да почнува од 21 часот, а угостителските објекти да ги отворат само летните тераси за гостите. Штабот препорачува тековните мерки со полициски час од 20 до 5 часот и затворени кафулиња и ресторани да продолжат да важат до 27 април.

Рестрикциите во движење и работа на угостителските објекти, обложувалниците, хотелите беа донесени на 6 април поради сериозната ситуација со Ковид-19 во однос на бројот на новозаболени и хоспитализирани пациенти. Таа одлука се однесува до 21 април.

Во случај на потврдување на трендот на опаѓање, Главниот координативен кризен штаб ќе ја разгледа можноста за предлог за намалување на рестрикциите, исклучиво во случај на континуитет во падот на бројот на заразени и бројот на хоспитализирани лица и тоа конкретно за:

– Во периодот од 27 април 2021 година (вторник), заклучно со 15 мај 2021 година (сабота), да се отворат угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел);

 Забраната и посебниот режим на движење да почнува од 21:00 часот до 05:00 часот наредниот ден;

– Да ги разгледа можностите при намалување на рестриктивните мерки да се дозволи организирање на спортски тренинзи организирани од страна на фитнес центри/клубови на отворен простор (наместо во затворена спортска вежбална/сала);

Комисијата за заразни болести, денеска препорача полицискиот час да продолжи да важи од 20 до 5 часот и кафулињата и рестораните да останат затворени и во наредните седум дена.

Владата утре на седница ќе ја разгледа донесената препорака од Комисијата за заразни болести и од Главниот кризен штаб.
Според последните податоци од Министерството за здравство, на Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 1.663 пациенти.

Уште една недела рестриктивни мерки

По денешното заседавање, комисијата за заразни болести донела одлука, досегашните рестриктивни мерки да продолжуват уште една недела поради непредвидливоста на вирусот и се уште високата трансмисија, велат извори за Канал 5 телевизија.

Според изворите, наредниот понеделник ќе има повторно заседавање на комисијата за заразни болесни каде што повторно ќе се разгледува епидемиолошката ситуација, па согласно и ќе се одлучува, а на тој состанок тема ќе бидат и мерките кои што ќе бидат на сила за претстојните празници.

Граѓаните кои што ги анкетиравме сметаат дека мерките се уште треба да бидат на сила, а прокоментираа и што очекуваат за празниците.

Угостителските остануваат затворени за гости, и ќе продолжат само со достава, обложувалниците и понатаму ќе работат со едно-шалтерски систем, а под клуч остануваат фитнес центрите. На сила останува и полицискиот час од 20 до 5 часот наутро.

Властите очекуваат постојните мерки да ги намалат бројките на новозаразени, а кон тоа ќе придонесе и вакцнинирањето кое се одвива. Денеска Македонија ќе ја добие првата од двете пратки Фајзер вакцини, каде што земјава ќе добие 10.00 дози.

Вакцинирањето на повозрасните тече и понатаму, а денеска се очекува и првата, од двете пратки Фајзер вакцини, каде што земјава ќе добие 10.000 дози. Вторите 10.000 вакцини треба да стигнат наредниот понеделник, а само два дена потоа според најавите и доколку се тече како што треба ќе пристигнат и 200.000 дози од кинески синофарм.

Кај дел од граѓаните се уште има дилеми во однос на безбедноста на вакцините, па на оваа тема разговаравме со биоинженерот Д-р Горан Кунгуловски.

Деновиве се очекува да пристигнат и останатите 76.000 дози Астразенека преку ковакс системот. Досега во земјава се вакцинирале речиси 39.000 граѓани, а заинтересираност за имунизација според официјалните информации пројавиле преку 175 илјади лица.

Платите за февруари и март ќе ги добиете на 15 април

Предвидовме буџет кој мислевме дека ќе ги следи економските прилики. Имаше многу дискусии дали тие бројки се реални или не. За среќа, за нашата економија, тие проекции за првиот квартал се покажаа не како амбициозни, туку како реални, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој очекува Законот за поддршка на плати од петтиот пакет на економски мерки да се донесе брзо и парите да им бидат распределени на компаниите кои ќе аплицираат за мерката.

Бесими рече дека за побрза реализација на мерката, се реагира со амнадман двете плати да бидат дадени одеднаш.

– Законот е почнат да се носи и се надевам дека брзо ќе биде донесен. Предвидуваме и олеснување на мерката преку амандман со кој се утврдува на 15 април работниците да ги добијат двете плати – февруарската и мартовската. За да се намалат административните постпаки предвидено е со една апликација да се аплицира за за двете плати. УЈП е подготвена да ја реализира мерката – рече Бесими.