Tag Archives: Оставка

Ѓорѓиевски: Арсовска наместо да брка вештерки, да си даде оставка (Видео)

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски вели дека длабоко се кае за политичката поддршка што тој и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и ја дале на минатите локални избори на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Тој по состанокот на градоначалниците на Скопскиот регион изјави дека по случувањата со неколку дневната криза со натрупаното ѓубре во градот посочи дека очекува одговорност од раководството на градот Скопје.

Ѓорѓиевски исто така истакна дека скопската градоначалничка попусто „брка вештерки“ наместо да го среди проблемот со Комуналната хигиена и побара нејзина оставка, кој како што вели има одговорност пред граѓаните.

„Длабоко се каам и не го кријам тоа дека сум дал политичка поддршка за госпоѓата Арсовска, на човек што го девастираше градот. Но ова што се случува сега ниту било ниту ќе биде видено во Скопје. Јас лично како човек чувствувам длабоко каење што во даден момент сум дал поддршка. Секој човек може да направи грешка, нашава е фатална, и тоа не треба да се заборави, но се надевам и верувам дека нема да се повтори“, изјави Ѓоргиевски.

Градоначалниците од Скопскиот регион бараат од Владата да се вклучи во решавањето на кризата со ѓубрето. По денешниот состанок тие ја повикаа градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да ги го реши проблемот, ако не може таа Владата да им помогне со делегирање на надлежности и со сите ресурси за да се реши проблемот. Тие бараат да се расформира Комунална хигиена и да им се предадат ингеренциите и механизацијата на скопските општини.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска по дводневаната кризна ситуација со ѓубрето низ улиците во недела доцна навечер одржа прес-конференција, на која за проблемот го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Погледнете ги овие политички стаорци кои излегоа на улиците, вчера ниту институциите не можеа да реагираат и тоа е доказ дека правната држава не функционира. Сакам да му порачам на Христијан Мицкоски дека е разобличен вечерва затоа што бескрупулозно создава проблеми за граѓаните кои сака да прикаже дека тој ги решава. Ваквите политичари се најголемо ѓубре. Ние вечерва со чистењето на улиците ќе почнеме со чистењето на ѓубрето, ќе ги чистиме и нив“, рече Арсовска – порача вчеравечер Арсовска.

Таа кажа дека проблемот со несобирањето на ѓубрето го прават мафијашки структури кои веќе неколку дена ја блокираат работата на „Комунална хигиена“ поради лични интереси.

Граѓаните на социјалните мрежи со бројни реакции:

Meрко се јави: Не давам оставка!

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој се најде на црната листа на САД, првпат се огласи во јавноста. Тој посочува дека ќе биде отворен за секој процес пред правосудните органи. Додава дека на располагање ја става и документацијата.

„Од претседателот Вилсон, па сè до ден-денес, Соединетите Американски Држави се наш сојузник во секој предизвик и заедно реализиравме многу значајни проекти за државата, градот и за граѓаните на Струга. Секогаш ја поздравувам и ја поддржувам континуираната американска поддршка за нашата земја и граѓаните на Струга. По најновиот развој на настаните во врска со одлуката на американскиот Стејт департмент, не сакав да комуницирам во корист на процесите за кои ќе бидам отворен, како и секогаш за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи. Од страна на институцијата Општина Струга, како и од моја страна, ќе ја доставyвам навреме и што е можно побргу секоја потребна документација бидејќи секогаш сум бил транспарентен за органите на правдата и за сите други институции.

Притоа, во интерес на процесот, решив да ја замрзнам секоја активност во партиските структури до затворање на важните процеси за сите“, додава Мерко.

Тој уште посочува: „

На крајот, сакам да му се заблагодарам на секој граѓанин за поддршката во текот на годините, но и за поддршката што не ја штедевте и овие денови, а за кои убеден сум дека ќе ги надминеме заедно за да создадеме услови за подобар живот на стружани и за Струга што ја сакаме“.

Сопругата на директорот откако поднесе оставка: На кое семејство ќе му се посвети?

Поранешната сопруга на Васко Ковачевски, кој денеска објави дека се повлекува од функцијата генерален директор на АД ЕСМ, како едвај да ја чекаше неговата прес-конференција и со статус на социјалните мрежи побрза да му одговори.

„На кое семејство ќе му се посвети??? На децата кои се возрасни и последните 15 год ги гледаше по 2 часа во неделата… Официјално разведен на 6 март 2023год… Татко не можиш да се правиш на 27 и 21 годишна возраст,татко си цел живот… Твојте лазни филмови рекламирај ги на друго место,а не по сите портали…Ти одамна го напушти оваа семејство…“, напиша Мери Ковачевска Димовска.

Денеска на прес-конеференција Ковачевски објави дека се повлекува од функцијата во АД ЕСМ, каде останува и натаму меѓу вработените, од лични причини, односно дека сака да му се посвети на своето семејство.

Советникот на Зеленски ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Рече дека НИВНА УКРАИНСКА РАКЕТА СРУШИЛА ЗГРАДА

Алексеј Арестович, еден од советниците на украинскиот претседател Володимир Зеленски, познат по своите толкувања и анализи, поради кои Украинците во неколку наврати беа жестоко бомбардирани, поднесе оставка.

Арестович рече дека ја поднел својата оставка од функцијата советник во кабинетот на претседателот.

Постапката ја нарече чин на „пристојност“.

Претходно, голем број функционери и активисти во Киев повикаа на казнување на Арестович, кој рече дека зградата во Днепар била уништена како резултат на украинската противвоздушна одбрана.

Таа изјава предизвика гнев во Украина, а наиде на одобрување во Москва и кај руските корисници на каналот Телеграм.

Инаку, пред два дена пратениците на Врховната Рада на Украина испратија официјално барање до шефот на СБУ со барање да се оценат постапките на Арестович за соработка со претставниците на „земјата агресор“ и создавање закани за безбедноста на Украина.

На изјавата на Арестович бурно реагираше градоначалникот на Днепар, Борис Филатов.

Тој додаде дека „очигледно некој се обложува на него“ во кабинетот на Зеленски. Филатов истакна дека СБУ и контраразузнавачките служби се „должни да одговорат“ на таквите изјави.

https://twitter.com/zoranceran2/status/1615291586685931520?t=qoyjQTefYqYC89-13S-LoA&s=19

Најака оставка – Османи: Шефот на протоколот дал оставка, но заминува во амбасадата во Москва

Македонија

Оставка од морални или амбасадорски причини? Османи: Шефот на протоколот даде оставка, но заминува во амбасадата во Москва

Автор:Светлана Унковска01/11/2022 19:31,/center>

Првиот човек на Протоколот на МНР со барањето за негово разрешување поради тоа што беа погрешени знамињата при посетата на словенечката министерка Тања Фајон, нема многу да има влијание во неговата кариера бидејќи тој сепак заминува како амбасадор во Москва. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека неговото назначување за амбасадор во Русија е уште од март годинава и дека тоа нема никаква поврзаност со функцијата што ја вршел како шеф на Протоколот.

„Тоа е одделено комплетно од прашањето на амбасадорското позиционирање во Москва. Дали и кога ќе пратиме амбасадор во Москва, тоа ќе биде политичка одлука во зависност дали ќе процениме дека за ОБСЕ треба да имаме комуникација и со Руската федерација. Меѓутоа тоа не е поврзано на ниту еден начин со овој процес во функција на Протоколот.“, рече Османи.

Од Македонскиот дипломатски синдикат уште претпладнето стигна соопштение во кое остро се напаѓа министерот Османи дека не ја зборува вистината околу оставката на шефот на дипломатијата.

„Без срам господинот Бујар Османи вчера јавно пред телевизиски камери излажа дека поради грешка со поставување знамиња оставка поднел директорот на Протокол во МНР. Лагата околу наводната оставка да биде уште побескрупулозна, споменатиот колега за една недела заминува на амбасадорска позиција во една голема земја, за каде што картите му се извадени уште пред инцидентот со знамињата. За каква оставка зборува господинот Османи?“, се вели во соопштението од Македонскиот дипломатски синдикат.

Прв пат во историјата на Скопје КОЛАПС НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ – Арсовска не смета дека треба да поднесе оставка

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска не смета дека треба да си поднесе оставка, откако Скопје денеска за првпат во својата историја остана без јавен превоз.

По новинарско прашање од СДК.мк до Арсовска за тоа дали ќе си поднесе оставка од фунцкијата бидејќи граѓаните останаа без автобуси, таа вината ја префрли кон партијата со чија поддршка победи на локалните избори минатата година – ВМРО-ДПМНЕ.

„Оставка треба да си поднесат одговорните за управување со ЈСП, односно Управниот одбор на претпријатието изгласан од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Арсовска.

Милевски потврди: Си заминува од министерската функција

Министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП, Горан Милевски за 4NEWS.mk потврди дека следната недела се повлекува од министерската функција.

„Во текот на следната недела се повлекувам од министер“, рекол Милевски.

Во ЛДП веќе започнале да разговараат и бараат човек за наследник на Милевски.

Тој се уште ќе остане претседател на партијата, но во моментов е незивесно до кога.

Што е со денов? Торнадо во Неготино, Русковска е суспендирана, а падна и Арафат…

Јовески ја суспендираше Рускоска, а Муареми се повлече од директор во финансиска полиција.

Случајот „Претреси во Управата за финансиска полиција“ добива нов расплет.

Русковска суспендирана од работа, Муареми си поднесе оставка од директорската функција- случајот со претресот кој се случи пред еден месец во финансиската полиција сега добива нова димензија. Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска за Канал 5 потврди дека е времено отстранета од работното место, но повеќе од тоа вели дека не сака да коментира.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески пак објаснува дека освен суспензијата има поднесено и предлози за дисциплински постапки за неа и за две други обвинителки.

„Денеска поднесов предлог до дисциплинската комисија заради тешка дисциплинска повреда во вршење на јавнообвинителска функција за тројца јавни обвинители. Една обвинителка со решение е оддалечена од вршење на јавнообвинителската функција за да се избегнат штетните последици за постапувањето по кривичните предмети и во раководењето со обвинителството. Оддалечувањето од извршувањето на функцијата е донесено откако се утврдени фактите и основите за носење на такво решение.– вели за Канал 5 државниот обвинител Јовески.

Другите две дисциплински постапки се за обвинителките Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева. Токму Трајчева е заменик на Русковска во обвинителството, која според решението за суспенција за шефицата, треба да ги преземе сите нејзини предмети.

Експресно по информацијата дека Русковска доби суспензија и дисциплинска, се огласи и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, кој вели дека по своја волја се повлекува од позицијата, како што писмено образложува, со цел да нема сомнеж за какво било влијание врз предметот кој се води во Обвинителстото.

„Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката која што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денешната одлука на Јавниот обвинител на Македонија дава јасна порака дека законите мора сите да ги почитуваат и дека злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви. – се вели во соопштението од Муареми.

Претходно Муареми поднесе кривични пријави против трите обвинителки инволвирани во претресот во финансиска, за делата злоупотреба на функцијата, фалсификување и соизвршителство. Инаку, неофицијално при претресот обвинителството ги барало сите предмети поврзани со финансиски криминал што ги работела Финансиската полиција од 2018 година досега. Од обвинителството не открија повеќе детали, освен дека постапувале по пријава на група граѓани.

Сега кој ќе го чисти снегот: Самка си даде ocтавка од диpeктop на “Македонија пат”

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимовски вчера најави оставка од функцијата заменик-директор на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат”, образложувајќи ја ваквата одлука со тврдењето дека како партија не им биле остварени ветувањата за нивно учество во извршната власт. Оваа одлука е донесена по денешниот состанок на Централното претседателство на ПЦЕР што се одржа во Тетово.

– Утре ќе ја депонирам мојата оставка од причини што не се исполнети ветувањата кои требаа да се исполнат кон нашата политичка партија. Втората одлука е сите едногласно по барање на повеќе ромски политички партии утре да имаме лидерска средба со сите ромски партии – да се донесе ромска платформа каде што ќе настапуваме заеднички на следните парламентарни избори. И тоа беше усвоено едногласно. Трета работа остануваме во коалиција со СДСМ се до средбата со новиот мандатар Ковачевски, да видиме кои се неговите мислења во делот на нашата коалиција, односно дали ќе има парче колач од она што е ветено да се даде на ПЦЕР, истакна Ибраимовски по состанокот.

Единствено добро што направи Заев во 5 години е неговата оставка

Часовникот почна да чука по заминувањето на Заев, бидејќи очигледно не чукаше додека беше Заев, времето беше застанато некаде во 1948 на Информбиро, судење, Голи оток, на малтретирање луѓе, на нерасчистени убиства, на политичка лага, на диктатура. Тоа време завршува, часовникот почна да чука, изјави за „Само вистина“ на Канал 5, новинарот Драган Павловиќ Латас.

Латас истакна дека единствено добро што Заев го направил во неговиот петгодишен мандат е неговата оставка.

– А најлошото меѓу еден куп работи е злоупотребата на правниот систем и на СЈО. По тоа ќе го паметиме најмногу и ко корупција општа и по корупција во правниот систем. Ќе го паметиме како премиер и шеф на партија кој си оди од власт како најомразен политичар кој Македонија го памети од 1990 година досега, рече тој.

Латас посочи дека заминале многумина и подобри и полоши од него, но никој не бил омразен како Зоран Заев кој дури и во сопствената партија околу 37% не сакаа да гласаат на овие партиски избори за неговиот нов лик.