Tag Archives: Оставка

Директорите на ЈЗУ со писмо до Заев: Не ја прифаќаме оставката на Филипче

Директорите на Јавните здравствени установи, коишто инаку ги именуваат владејачките партии, испратија во саботата писмо до премиерот Зоран Заев во кое наведуваат дека не ја прифаќаат понудената оставка на министерот за здравство и потпретседател на владејачката СДСМ,  Венко Филипче“ и посочуваат дека “му даваат безрезервна поддршка да продолжи да ги води“.

„Почитуван премиер, во екот на четвртиот бран од пандемијата со корона вирусот, кога бројките на хоспитализирани и, за жал, починати пациенти не стивнувнаат и кога целиот здравствен систем се бори не само со короната, туку и со сите останати хронични и акутни болести, ни се случи една голема трагедија. Тетово не погоди сите нас, пред се како луѓе, лекари и како менаџери на здравствените институции во нашата држава. Секој изгубен живот е трагедија. Како за семејството, така и за нас, лекарите. Не сме имуни на болката по изгубениот живот, иако работиме во систем каде секојдневно се спасуваат и гаснат човечки животи. Болката ја носиме со себе. И Тетово е болка на сите нас. Изразуваме длабоко сочуство до семејствата и до најблиските на починатите. Нашите мисли се нив и нема зборови со кои може да ги утешиме, стои во писмото од директорите.

Пандемијата, посочуваат тие, се уште трае и болниците се преполни со тешки пациенти.

Потенцираат дека во моментов 1.112 пациени со тешки симтоми се лекуваат во ковид одделенијата, околу 30 пациенти се на респиратор, а близу 700 се на кислородна маска.

„Триесетина пациенти денес се борат да преживеат. Се лекуваат во систем кој го постави и секојдневно го менаџира заедно со сите нас д-р Венко Филипче. Тој е всушност столбот на овој систем, систем кој докажа дека спасува животи. Благодарение на тој систем успеавме да ги лекуваме ковид болните, но во исто време да ги згрижиме сите останати пациенти со други болести од почетокот на пандемијата. Се донесоа тешки одлуки, одлуки кои беа пресудни и помогнаа да излеземе од вториот, третиот и да се справуваме успешно со четвртиот бран на пандемијата. Уморни, истрошени понекогаш и деморализрани, соочени неретко со гневот на јавноста. Во сето нашиот стожер беше и е д-р Филипче. Човекот кој секогаш го превземаше товарот на заедничките одлуки. Тоа е водач и конструктивен партнер. Тој е човекот кој не водеше низ тешките и помалку тешки моменти, кој никогаш не престана да верува во системот и во неговите колеги. Тој го познава здравениот систем, неговите недостатоци и можности. Во изминативе 18 месеци слоганот „Слушај го Венко”, не беше само слоган, беше начин на живот, не само за нас, туку и за цела држава, нагласуваат директорите на јавните здравствени установи.

Според нив Филипче го врати дигнитетот на професијата лекар.

„Наместо руинирано здравство, сега имаме реновирани и достоинствени услови за работа, по современ европски терк. Тој знае дека секоја инвестицијата во здравството е инвестиција за иднината. Кога целиот свет се бореше за парче заштитна опрема, тој ја обезбеди за нас. Успеа да ги помери границите и да набави терапии за пациентите со ретки болести и современа терапија за пациентите со малигни болести. Тој го укина паралелен увоз на лекови. Се воведоа нови методи за лекување во нашето здавство, услуги за кои порано нашите граѓани патуваа во странство. Кај илјадници лица успеа да поттикне свеста за донирање на органи и коскена срцевина. Затоа, во име на сите директори на јавните здравствени установи во земјава, категорично ја одбиваме оставката на министерот за здравство, д-р Венко Филипче и му даваме безрезервна поддршка да продолжи да нѐ води“, стои во писмото.

Неоправданиот страв, стигма и дискриминација, посочуваат тие, не придонесуваат кон напредокот на кој целиме.

„Почитуван премиер, не ја прифаќајте оставката на министерот Филипче, само сфатете ја како длабоко морален чин на човек кој демонстрира висок степен на етика, морал, ематија и алтруизам. Почитуван д-р Филипче, продолжете да не мотивирате, за да можеме да ги претвориме емоциите во иницијатива за уште подобар здравственот систем. Нема оставка за министерот Филипче!“, стои во писмото од директорите на јавните здравствени установи упатено до премиерот Заев.

Заев НЕ ЈА ПРИФАТИ ОСТАВКАТА на Филипче!

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се обраќа до јавноста и до претставниците на медиумите со соопштение кое се однесува на започнатата експертска истрага и на поднесените оставки за несреќата во ковид-центарот во Тетово.

Обраќањето ви го испраќаме во целост:

„Почитувани граѓани,

Огромни се тагата и жалоста низ кои поминуваме овие денови заедно со семејствата и блиските на загинатите при несреќата во тетовскиот ковид-центар. Веќе трет ден сведочиме дека трагедијата која се случи на 30-годишнината од денот на независноста ги покрена на највисоко ниво солидарноста кај граѓаните, респонзивноста на институциите и одговорноста на политичарите.

Поднесените оставки од министерот за здравство Филипче, од заменик-министерот Хасани и од директорите на тетовската болница Бесими и Етеми ги примив и ги разбирам како висок морален и етички чин и како демонстрација на интегритет и одговорност која е неминовна при вакви големи несреќи.

Истражните и правосудните органи спроведуваат исклучително темелна, професионална и брза истрага која мора да ги утврди до детаљ причините за избувнувањето на смртоносниот пожар. Кон стручноста и кредибилноста на истрагата ќе придонесат и форензичарите од Германската федерална криминалистика, за што веќе се реализираат подготвителни извидувања и активности и за што упатувам огромна благодарност до нашиот НАТО сојузник, Германија.

Во овие моменти на национална трагедија и на целосна мобилизација на сите државни и општествени капацитети околу целосно расветлување на случајот, упатувам благодарност до сите чинители кои во исклучително краток рок спасија човечки животи, обезбедија сериозни информации и анализи при истрагата, обезбедија врвна стручна странска експертиза, покажаа огромно чувство на солидарност и сочувство и демонстрираа највисоко ниво на одговорност.

Имајќи предвид дека истрагата се спроведува со висока динамика и дека истата е обезбедена со највисоко ниво на стручност и професионалност, мојата проценка и одлука по однос на поднесените оставките ќе ја базирам исклучиво на фактите кои ги добивам од истрагата односно исклучиво согласно утврдените причини за избувнувањето на пожарот. Очекувам тоа да се случи брзо во следниот период за што уште еднаш апелирам до сите институции за брза и темелна истрага.

Одговорност има и ќе има, јасно утврдена врз основа на непобитни форензички факти, а не врз основа на политички пресметки.

Апелирам до целиот народ, до јавноста и до претставниците на медиумите, сите да останеме фокусирани на истрагата и на фактите, да го одржиме силен националниот дух, иако сме облеани во тага, да бидеме ангажирани, но и трпеливи, да ја поминеме оваа трагедија заедно и да помогнеме за никогаш повторно да не ни се повтори.

Најавувам дека во текот на следната недела, во првиот момент откако експертската истрага ќе покаже нов посериозен напредок, ќе ги соопштам ставовите на Владата базирани на фактите од истрагата, на прес-конференција на која ќе одговарам на сите прашања од медиумите. Во меѓувреме, Владата, министерствата и сите надлежни институции остануваат отворени и достапни за сите ваши прашања.

Овие денови, внимателноста при јавните комуникации е исклучиво заради потребата на ниту еден начин да не се влијае врз темпото и квалитетот на истрагата, но целиот процес се води целосно транспарентно и според највисоките институционални стандарди и протоколи.

Ви благодарам.“

Со почит,

Дали оставката на Венко е ДОВОЛНА ❓

Бура на реакции следеа три дена по трагичниот настан во Тетово, но вистинското прашање се поставува: Дали оваа оставка на Венко Филипче е доволна за да ја „покрие“ трагедијата?

Имено Филипче на вчерашната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека не бега од одговорност, но ќе почека да заврши истрагата, па по тоа ќе донел одлука за тоа дали ќе даде оставка од функцијата.

За 24 часа Венко Филипче, со стилот на премиерот Зоран Заев, „рекол-порекол“, се предомисли и на денешното обраќање објави дека поднел пишана оставка до премиерот.

Логично тука се поставува прашањето – Зошто Филипче се предомисли, дали поради притисокот од страна на јавноста или пак интерен договор за обид за прикривање на целосно настанатата ситуација со трагедијата?

Самата оставка можеше да биде неотповиклива, но Филипче како да му го даде целиот свој „интегритет“ на Зоран Заев кој сега е на потег да одлучи дали Венко треба да си замине од функцијата министер.

Граѓаните треба сами да проценат дали оставката на Венко е доволна или пак треба и оставка од првиот човек на Владата. Но јасно е дека одговорност мора да има, а надлежните институции да сработат професионално, без притисоци и прикривања затоа што ова е една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија, а семејствата на починатите најмалку што заслужуваат е да да ја најдат правдата, а виновниците да одговараат.

Филипче: Многу жалам за загинатите, понудив пишана ОСТАВКА до премиерот!

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната вонредна прес конференција си поднесе оставка поради морална одговорност за пожарот во Тетово.

– Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, многу жалам за загинатите. Сочувствувам со нивните семејства. Нема зборови што тоа можат да го опишат, ниту пак начин да се надомести загубата. Почитувани како лекар и министер имам интегритет затоа денес од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев, изјави Филипче.

Инаку, пред оставката на Филипче, попладнево оставки од функцијата поднесоа и заменик министерот за здравство д-р Илир Хасани, директорот на болницата во Тетово д-р Флорин Бесими, како и економскиот директор на тетовската болница Артан Етеми. Сите како причина за поднесување оставка наведуваат морална одговорност за пожарот во тетовската модуларна ковид болница каде загинаа 14 лица.

(ВО ЖИВО) Обраќање на министерот за здравство, Венко Филипче

Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче по завчерашната трагедија во Тетово во модуларната болница каде во пожарот загинаа 14 лица.

Прес конференцијата може да ја проследите на следниов линк:

(Видео) Пендаровски му го зададе пocледниот yдap на Филипче: Да бев на негово место ќе поднесев ocтавка уште веднаш

Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува претседателот Стево Пендаровски, се емитува вечерва (10 септември 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат

Македонија тагува за 15-те животи што згаснаа во стравотниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово и ги чека одговорите на прашањата: што го иницирало огнот, како толку брзо изгорел целиот монтажен објект, имало ли пропусти при неговата изградба или при неговото одржување, што барале лица од надвор во објектот, ќе понесе ли некој одговорност за трагедијата… Овој настан, кој временски коинцидираше со одбележувањето на 30-годишнината од независноста на земјава, како да ја потврди пораката од говорот на претседателот Стево Пендаровски по тој повод – дека јубилејот е можност и за колективно преиспитување на нашата совест.

Или, како што рече Пендаровски, цитирајќи го Мисирков – што направивме и што треба да направиме во иднина? Искрениот и реален одговор е дека ова е прашање за секој еден од нас, но најмногу за сите досегашни политички раководства, порача шефот на државата. Шефот на државата Стево Пендаровски вечерва е гостин во „360 степени“.

Тасевски брутален: Не е време за оставки, време е да ви *беме м*тер!

Бегаат од одговорност со мантрата: Не е време за оставки!
Во право се. Не е време.. Време е да ви *беме м*тер,
пишува актерот Сашо Тасевски за целокупната состојба која настана со пожарот на модуларната болница во Тетово.

Реакциите и нервозата кај граѓаните и јавните личности е се поприсутна, се бара одговорност од надлежните.

Видно револтиран Тасевски за надлежните напиша:

Луѓе слики праќаат со кревети на кои уште има остатоци од изгорени луѓе.
А ти Обиџуко пичкетино една вчера се пуваш по медиумиве и се закануваш со казни ако некој не се попише.
Ќе казнувал
?
Вас треба јавно живи да ве запалиме на клада.
Има и пострашна казна.
Да ги слушаш секоја ноќ врисоците на оние кои гореа живи во тетовската болница.
И така до крајот на животот да те следат тие вресоци.
И тебе и оној Горњи Милановац и хер Хитлерче.
Па уште одма манипулирате со информации, порталине ваши посрани почнаа да ве бранат, да ви ја намалуваат одговорноста, бројките на загинати, а телата на настраданите уште чадат.
На Илинден изгоре пола Македонија.
На она што беше Ден на државноста гореа живи луѓе во болница во Тетово.
Не ви кажува ова ништо, бандо велепредавничка.
Ќе дојдат клетвите по сите вас.
До вашите најблиски.
Ќе се уверите дека тие не се бабини деветини, уште за време на вашите мизерни животи
, пишува тој.

Во друга објава пак вели:

Хер Хитлерче си му потпишал нешто на Кочо да гради болница под стандарди. Теута исто.
Не само оставки денес, туку треба да ве приведат и пред судија. Одма.
Ако после ова не поднесеш оставка, ќе викнеме жири од рубриката верувале или не.

Филипче длабоко потресен: По истрагата ќе донесам одлука дали ќе дадам ОСТАВКА! (Видео)

Министерот за здравство Венко Филипче одржува прес конференција по страшната трагедија во модуларната болница во Тетово , каде животот го загубија 14 лица, а 12 се борат за живот. 

Во моментов трае истрагата , рече Филипче и замоли да се сочекаат официјалните наоди . Експерти од странство ќе помогнат во истрагата рече Филипче и додаде дека никој нема да ја избегне казната. Во моментот на пожарот имало 26 пациенти , од кои 12 биле евакуирани .

Филипче рече дека ја има целата документација за модуларната болница , која е изградена по стамндарди на Светска банка.

Министерството ќе соработува со истражните органи , зашто во наш интерес е да дознаеме што се случуи , рече Филипче.

То истакна дека ќе го почека завршувањето на истрагата за да донесе одлука дали ќе си поднесе оставка.

Becна Бejби: Да одиш да се лечиш и жив да изгориш,бидете доблecни, ОДГОВОРНОСТ и ОСТАВКИ!

Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска преку социјалните мрежи повика на одговорност и оставки по вчерашниот пожар во модуларната болница во Тетово.

-Одговорност и оставки!!! Еднаш само еднаш бидете доблесни, нема разбирачка за ова, да одиш да се лечиш и жив да изгориш. Јас сум згрозена за оваа неодговорност! Лицемерни и жедни за власт ….до кога ? Ни се распаѓа цел систем, пишува Петрушевска на Фејсбук.

Според досегашните официјални информации во пожарот животот го загубија 14 лица.

Министер фатен на дело како се бакнува со соработничка! Си поднел оставка

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска поднел оставка, откако во јавноста протекоа фотографии на кои тој се бакнува со соработничка во ходник. Јавноста посебно го критикуваше дека со бакнежот не само што ја изневерувал сопругата, туку ги прекршил анти-ковид правилата за физичко растојание, неопходни за борба против пандемијата на Ковид-19.

Ханкок за оставката денеска го известил и премиерот Борис Џонсон. Во образложението за својата оставка, Ханкок изјавил дека е негова должност да им признае на сите луѓе, кои толку многу жртвуваа за време на пандемијата, дека ги изневерил.

Претходно беше фатен од камерата за надзор во моментот кога страсно се бакнуваше со неговата асистентка, додека неговата рака беше под нејзината половина. Жената на видеото е Џин Коледејнџело, која започнала да работи како негова советничка во март минатата година