Tag Archives: Оставка

Филипче: Не размислувам за оставка

Министерот за здравство Венко Филипче не размислува да поднесе оставка поради актуелните случувања во СДСМ.

Одговарајќи на новинарското прашање, кусо одговори дека не размислува во таа насока.

Во врска со одговорноста за пожарот на модуларната болница во Тетово, тој рече дека одговори треба да се бараат кај Обвинителството, бидејќи тоа не била во негова надлежност.

Се уште нема конкретна информација за можноста да се набави вакцината „Спутник“, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Оваа вакцина, истакна Филипче, во одреден период не беше на располагање. Сепак, во овој момент, како што напомена, има доволна количина од другите вакцини.

-Заклучно со денеска имаме 200.000 вакцини „Фајзер“ со различен рок. Има доволно вакцини, најавени се и донации од европските земји, потенцира министерот.

Според него, нема конкретна информација кога ќе стигнат најавените 250.000 вакцини на „џонсон и џонсон“ од Данска.

-Беа најавени во два наврата – еднаш како информација и можност која ја прифативме и пред неколку недели со дефинитивна потврда дека може да се наменат за нашата земја. Рокот на тие вакцини е до 2023 година, но конкретен датум се уште не ни е јавен, рече Филипче.

Во врска со лекот на „Фајзер“, истакна дека се уште е во фаза на клиничка студија и затоа засега нема да се набавува.  

Заев ја одложува ОСТАВКАТА, додека не се сределе состојбите во земјава (Видео)

ИО и ЦО на СДСМ вечерва донесе едногласна одлука да се одложи оставката на претседателот на партијата, Зоран Заев.

Се разгледуваа актуелните случувањеа во Републиката и во партијата , рече вечерва Перо Костадинов, градоначалник на Валандово.

„Генералната одлука е донесена е дека моментумот пред кој е исправена Македонија е голем и затоа е решено да се одложи оставката . ЦО едногласно донесе одлука за одложување на оставката додека не се средат состојбите во државата.“

Во врска со парламентарното мнозинство било решено да продолжи по патот што е најбитен за земјава , рече Костадинов. Не смееме да си дозволиме фатализам , затоа ЦО ја донесе одлуката што е важна за граѓаните и за државата.

Видеотот од прес конференцијата:

ЗАЕВ ЈА ПОДНЕСЕ ОСТАВКАТА во СДСМ!

Премиерот Зоран Заев денеска во Социјалдемократскиот сојуз поднел оставка од лидерската функција. Согласно статутот на партијата, со оставката на претседателот Заев во оставка е и целото раководство на СДСМ.

Заев, како што најави, ќе остане одредено време на премиерската функција, дури не се осигура и натаму ова парламентарно мнозинство, бидејќи како и коалиционите партии, и тој не смета дека сега треба да има вонредни парламентарни избори.

Партијата денеска оопшти дека во тек се секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство на СДСМ.

Претставниците на сите партии од парламентарното мнозинство потврдиле дека мнозинството во Собранието е стабилно и изразиле подршка на влада од актуелното парламентарно мнозинство на чело со СДСМ.

Aпасиев: Калето го дава, Груби не го дава

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев вечерва во негов стил со доза на сарказам повторно ја коментира оставката на премиерот Зоран Заев. 

„Калето го дава, Груби не го дава“, напиша Апасиев на социјалните мрежи.

Тој вчера го нарече Заев пишман аџија. 

Инаку, вицепремиерот Артан Груби рече дека оставката на Заев била избрзана. Коалиционите партнери на СДСМ вчера потврдија дека мнозинството е стабилно и дека на Македонија не и се потребни предвремени избори. 

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев се уште не ја доставил оставката од лидерската позиција ниту од партијата, дознава „Фокус“.

-Органите на партијата, заедно со претседателот, работат на решенија и одлуки со кои СДСМ се реорганизира со единствена цел да продолжи да му служи на својот народ на највисоко можно ниво и секако да биде водечка партија во парламентарното мнозинство кое го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата, велат од СДСМ.

Одлуката за распишување предвремени партиски избори ја носи Извршниот одбор на СДСМ, а со носењето на таа одлука се одредува и датумот за нивно одржување.

Вонредните избори се спроведуваат на начин и процедура како редовните избори, а се распишуваат во случај на поднесување оставка на претседателот на СДСМ, со изгласување недоверба или со престанок на функцијата по кој било друг основ.

Одлука за распишување на предвремени избори донесува Извршниот одбор на СДСМ, најдоцна во рок од 15 дена од денот на престанок на функцијата.

Бугарија жaли зa ocтaвкaтa нa Заев

Вториот круг од локалните избори во Македонија е главна тема во бугарските печатени изданија и електронски медиуми.

Темата со локалните избори по кои уследи оставката на премиерот на  Македонија Зоран Заев, беше објавена во сите медиуми, без да се даваат коментари за тоа.

Софиското издание „Дневник“, по информацијата дека Зоран Заев поднел оставка од премиерската функција, наведува цитат од Заев од пред неколку дена, според кој, зад победата на ВМРО-ДПМНЕ стојат надворешни сили.

Изданието „24 часа“ објавува дека Данела Арсовска, која е прогласена за „Бугарка“, станала градоначалник на Скопје, а премиерот Зоран Заев поднел оставка.

БНТ објавува дека од половината преброени гласачки ливчиња од ДИК во Македонија, се утврдило дека кандидатите за градоначалници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаат огромна предност пред тие од владејачката СДСМ на премиерот Зоран Заев, како и оти партијата на Али Ахмети го изгуби Тетово и Гостивар.

На истата тема пишуваат и весникот „СЕГА“, информирајќи кусо за оставката на Заев, а националното радио БНР исто така информира за вториот круг од локалните избори во државава, што завршија синоќа.

Ахмети: Заев никако не смее да даде оcтавка, тoј има договор со мене, со коалициските партнери..

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва во дебатното издание „Click Plus“ на ТВ21 се осврна и кон најавената оставка на премиерот Зоран Заев доколку го загуби Град Скопје.

Според Ахмети, Заев не треба да даде оставка, односно не може да се повлече сега кога се пред сериозни предизвици.

„Зоран Заев има договор со коалициските партнери. Јас имам договор со него. Нема никаква смисла и логика Заев да даде оставка ако се изгуби Скопје. Не дека ќе го изгуби, но не е добро така да изјавува. Тој е премиер, не е градоначалник на Струмица. Никако не смее да даде оставка. Државата има многу сериозни предизвици. Заев има мандат и не може да се повлече. Имаме владина програма. Имаме сериозни проекти кои сме ги ветиле. Затоа, не верувам дека ќе даде оставка“, порача Ахмети.

“Лично ќе ти се одмаздам”: Закани за професорот што ја напушти комисијата со Бугарија

Закани од владин претставник кон проф.д-р Ванчо Ѓорѓиев кој вчера си даде оставка од заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања што предизвика вистинска бура на домашната политичка сцена и во севкупната јавност.

За заканите пишува порталот пресингтв.мк.

На крајно сериозните обвинувања од страна на проф.Ѓорѓиев за мешање на висок функционер на МНР во работата на комисијата и напуштање на ставовите во Резолуцијата на Собранието за македонските црвени линии во преговорите со Бугарија од сдтрана на нејзините членови, следуваа, најблаго речено, безлични реакции од засегнатите институции, а министерот за надворешни работи, Бујар Османи, најави и истрага за случувањата и целиот настан.

Во потрага по дополнителни информации, со цел да му помогне на министерот Османи во истрагата, Пресинг ТВ го контактирале професорот Ванчо Ѓорѓиев кој поради чувствителноста на политичкиот момент се воздржувал од коментирање на сите изјави но сепак за „Пресинг ТВ“ открил дека е згрозен и загрижен поради постапката на „високиот функционер“.

“Притоа откри дека вчера (22.10.2021), час и половина по неговото заминување од МНР, откако им соопштил на неговите колеги дека ја напушта работата на Комисијата, во 10,25 часот му се јавил „високиот функционер“ при што настојувал да го разубеди да го преиспита својот став и да се врати и да продолжи со работа во Комисијата, токму поради чувствителноста на политичкиот момент. Според професорот Ѓорѓиев, овој разговор траел точно 18 минути и 30 секунди.

Подоцна, откако професорот Ѓорѓиев го објави своето Соопштение до македонската јавност, во 12,51 повторно му заѕвонил „високиот функционер“. Овој пат разговорот траел само 43 секунди. Во овој краток период „високиот функционер“, меѓу другото, на професорот му рекол „Да знаеш, за ова лично ќе ти се одмаздам“, пренесува порталот.

Професорот Ѓорѓиев, смета дека „високиот функционер“ не настапува лично, туку дека е пренесувач на инструкции и пораки од повисоки инстанци.

Повеќе детали на овој ЛИНК

Заколи до Заев: Не мора да падне цела Влада, само ти мораш да заминеш

Екс дипломатот и политички аналитичар Арсим Зеколи му порачува на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека има начин како да се спаси падот на владата по неколкуте крупни скандали кои и се случија за само триесетина дена.

“Не мора цела Влада да даде оставка, Премиере. Мораш само ти. На прво место за живи луѓе во пламен. На второ за пожарите додека се сончаше. На трето, скандалот со разузнавачи дипломати.
И сето ова во рок од еден месец.
Оставка! Оди си!”, пишува некогашниот амбасадор на Македонија во Виена.

Д-р Шопова: Директорите бараат Филипче да остане? Да ви кажам нештo…

Прим. д-р Жаклина Шопова е инфектолог, вработена на ЈЗУ „Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби“ – Скопје. Таа во статус на Фејсбук пишува за барањето на директорите на сите ЈЗУ министерот за здравство Венко Филипче да остане на функцијата.

Ако директорите бараат од премиерот да остане Филипче, јас ќе се потрудам да го кажам спротивното:

1. Велите: пандемијата трае, болниците се преполни… ЗОШТО!?
Заради Венко и неговата/вашата неспособност за менаџирање.

2. 1112 пациенти со тешка клиничка слика се лекуваат, 30 пациенти се на респиратор (само не кажувате на кои респиратори, тие што требаше да ги добиеме, да ги набави Венко или …),

700 пациенти се на кислородна подршка со маска. ЗОШТО!?

Заради Венко и сите вас кои не ги припремивте и не ги дистрибуравте протоколите за третман на секое ниво во здравството низ целата Република, бидејќи не направивте план за белиот мантил, бидејќи преку ноќ ги претворате болниците во ковид центри, бидејќи им го одземавте со закон загарантораното право на сите останати пациенти со други хронични болести да се лекуваат во јавното здравство, па мораа на сопствен трошок да се лекуваат по приватните болници.

Ќе ве прашам, бидејќи горе го имате одговорот:

За каков систем зборутате за кој столб во здравството зборувате? … ако сте тоа вие и Филипче тогаш оддамна требаше да се повлечете!

Го споменувате слоганот “Слушај го Венко ” кој го користевте/ користите за политички маркетинг на Венко, на вас, како што ги користевте здравствените работници кои ги нарекувавте херои …
Велите дека дигнитетот на професијата лекар е вратена. Со што?:
*со билбордите кои без дозвола на лекарите ги објавувавте се со цел да си го зголемите рејтингот
* со одлевање на здравствените работници, медицински сестри по приватните болници заради вашата добра здравствена политика… па и со нив се фотографиравте за да ги прикрие Венко своите и вашите неспособности за менаџирање!?

Лекарите не ги добија ветените 100 000 ден. Не ги добија 5 отсто покачување на плата за 9 месеци, им ги оддземавте годишните одмори за една година…не добија многу од ветувањата на Венко, но тоа е…

НИЕ: Лекарите, медицинските сестри, лаборантите, болничарите, хигиеничарите, сервирките, административните работници како и се што е во сектор здравство, иако сме деградирани од ВАС продолживме и се уште сме со нашите пациенти, се бориме во услови такви какви што сте ни обезбедиле, за секој човечки живот секое деноноќие…

И на крај велите руинираното здравство го подигнал Венко, Вие!?
Дали тоа се модуларните болници кои наместо по светски стандарди за што земавте кредит ги изградивте по стандарди
Заев- Филипче-Анѓушев!?

Дали е сега јасно зошто задоцнетата оставка на Филипче, која ви ги доведе во прашање и вашите директорски места треба и со вашето и без вашето писмо, и без директивите за зголемувањето на рејтингот на Филипче по социјалните мрежи, со постирање на неговата слика како профилна слика на статусите (можеби за да се оддолжите за вработување унапредување или сл. што ви ги обезбедил Филипче), г-динот Зоран Заев ТРЕБА ДА ЈА ПРИФАТИ за доброто на народот!

,,He cyм чул нeкaде во свeтoв дa ce спpoвeдyва тeмeлнa иcтpaгa дaли нeкoj има МОРАЛ или не”

Го кажа истото што и министерот пред два дена. Ќе ја чекал истрагата.

Не сум чул некаде во светов да се спроведува темелна истрага дали некој има морал или не. Впрочем, таа истрага и кај нас заврши пред два дена, денешново е само потврда.

И се уште го нема да се појави пред камера, пред микрофон и пред прашањата на јавноста. Јак лидер, коментира Богдан Илиевски.

Објавата може да ја погледнете ТУКА.