Tag Archives: Паркинг

Каква глупост ! – Велешанка со инвалидност казнета на паркинг во Скопје

Велешанка со инвалидитет казнета во Скопје зашто паркирала на место обележано за инвалиди. Билјана Гаврилова-Станковска морала да плати 3 илјади на ЈП Градски паркинг денари да го отстрани блокаторот од нејзиното возило, бидејќи местото, според надлежните, било наменето само за возила со скопски регистрации.

За лицата од внатрешноста не следувал бесплатен паркинг, па и покрај ознаките за инвалидитет, биле обврзани да платат со СМС порака.. Се шокирала од објаснувањето дека нема право на паркингот зашто е од друг град па Гаврилова-Станковска, прашува дали кога доаѓаат во Скопје, исчезнува нивната инвалидност?

Од здружението мобилност велат дека Скопје е единствениот град во Европа кој има двојни аршини за лицата со инвалидност. Паркингот за нив е секаде бесплатен без разлика од каде доаѓа возилото.

Својот проблем Билјана и јавно го сподели на фејбуск па како што вели за него дознал и директорот на Градски паркинг. Ветил враќање на парите од казната и смена на правилникот за кој сега не постојат лица со инвалидитет надвор од Скопје.

Првиот човек на градски паркинг, Крсте Петревски, не одговараше на телефонските повици, па за јавноста останува непознато зошто е забрането паркирање на обележаните места за лица со хендикеп од другите градови.

Апасиев се пожали дека некој му ја изгребал Алфата на собраниски паркинг и си отишол!

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, на Фејсбук објави фотографија и кажа дека неговото возило било оштетено додека стоело на паркинг за време на седницата во Собранието.

Како што информира Апасиев, “Алфата” била изгребата на собранискиот паркинг.

“Ми ја изгребал Алфата на СОБРАНИСКИОТ ПАРКИНГ и си отишол!? 

Ете, така заврши еден прекрасен пратенички ден. 

#ПаркинготДаГоВратитеТаљате“- напиша Апасиев на Фејсбук.

Додека ти бараш место за паркинг во Клинички, Кинезите болница изградиле

Да се најде паркинг место во комплексот клиники во Скопје е чест проблем. 

Еден твитерџија се пошегува, но во шегата има и многу вистина!

Додека ти бараш место за паркинг во Клинички, Кинезите болница изградиле. 

Додека ти бараш место за паркинг во клинички И ПЛАЌАШ ПЕНАЛИ ЗА НЕИЗГРАДЕН НОВ КЛИНИЧКИ, Кинезите а БОГАМИ И СРБИТЕ НАПРАИЈА НОВ, коментира друг твитерџија. 

Арсовска испрати допис за поевтинување на ГРАДСКИОТ ПАРКИНГ, еве колку ќе поевтини

Скопската градоначалничка Данела Арсовска доставила допис до раководството на јавното претпријатие „Градски паркинг“ да се изготви нов ценовник, односно да се намали цената на паркирањето, известува Град Скопје.

Поевтинувањето треба да биде 25 отсто, односно за 10 денари. Намалувањето на цените е како резултат на изборната програма на градоначалничката во која вети поевтин паркинг.

До крајот на неделава треба да биде усвоен новиот ценовник на седницата на УО на „Градски паркинг“, а потоа одлуката да биде прифатена на седница на Град Скопје.

Во катните гаражи наместо 30 паркингот треба да биде 20 денари по час, а на зонските паркинзи во зона А од 50 денари паркирањето ќе се намали на 40, во зона Б од 40 на зо денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе биде 20 денари наместо 30.

Српските туристи ова лето ќе бидат ослободени од плаќање ПАРКИНГ во Охрид

Оградата од ковано железо што ја красеше вилата „Билјана“ му е вратена на српското Собрание. Станува збор за зачуван фрагмент од оградата што се наоѓал пред парламентот во Белград, во периодот од 1936 до 1956 година, по што бил демонтиран и пренесен во Охрид.

Сите српски туристи во Охрид ова лето ќе бидат ослободени од плаќање паркинг, а ваква одлука ќе биде донесена на следната седница на совет, најави вчера од Белград градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Дачиќ напомена дека со овој гест ќе посветат внимание на оваа зграда и ќе одбележат 85 години од почетокот со работа и одржување на првата седница на српското Собрание.


– Јас им се заблагодарувам на министерот Бујар Османи, на градоначалникот на Охрид Константин Георгиески и на Амбасадата, што така бргу реагираа. Во последно време имавме низа чекори кои севкупно сочинуваат една коцка во мозаикот кои ја покажуваат вистинската слика како нашите односи треба да бидат братски и пријателски и би сакал така да останат и понатаму, изјави Дачиќ.

Градоначалникот Георгиевски, изјави дека примопредавањето на дел од оградата е знак на пријателство меѓу двата народа и ги покани граѓаните на Србија да го посетат Охрид.

извор: ОхридПрес 

Охрид ли е Монте Карло ли е: 100 ДЕНАРИ ПАРКИНГ ЗА ЕДЕН ЧАС ако сакате да паркирате во центарот на Охрид летово

Ако сакате за време на летната сезона да паркирате во строгиот центар на Охрид ќе треба да платите 100 денари за еден час.

Ова е одлучено на Советот на Општина Охрид.

Согласно одлуката на Советот за утврдување на цени за користење на паркинг-просторот во летниот период, ЈП „Билјанини ивори“ започна со наплата на паркирањето според сезонска тарифа на јавните паркиралишта во градот.

Сезонската тарифа предвидува поскапо паркирање, а цената за паркирање на јавните паркиралишта во зона А ќе изнесува 40, во зона Б – 30 денари, додека паркингот во т.н. „премиум-зона“ во строгиот центар на градот чини сто денари за час.

Сезонската тарифа на паркирањето трае до 1 септември.

Се ,,испотепаа” дури 5 државни функционери да сечат лента за ПАРКИНГ

Петмина државни функционери, ,меѓу кои еден вицепремиер, министер и негов заменик, градоначалник и директор, денеска дојдоа во тетовското село Лешок, за да ја сечат црвената лента на пуштањето во употреба на новиот паркинг во познатиот Лешочки манастир.

Тие го пуштија во употреба новоизградениот паркинг од 2300 квадратни метри, кој се наоаѓа помеѓу манастирскиот комплекс и специјалната болница за белодробни заболувања.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, директорот за Бирото за рамномерен регионален развој Рамиз Реџепи, градоначалникот Исен Асани и директорот на болницата Исмаил Ваити ја пресекоа лентата за да означат пуштање во употреба на паркингот. Присутен на настанот беше и заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски.