Tag Archives: работник

Чудо во невремето: Работник паднал од 20 метри со се кран и преживеал (Видео)

Во страшното невреме што во средата попладне го зафати Загреб и неговата околина, а подоцна и Славонија и остатокот од Хрватска, а во кое загинаа четири лица, се урна огромен градежен кран со човек внатре – пишуваат хрватските медиуми.

Кранот падна на улица која е затворена за секаков сообраќај, додека не ја отстранат огромната конструкција која е длабоко потоната во бетонот.

Утрово, хрватските медиуми објавија снима на која се гледа како колегите го извлекуваат работникот кој бил во кранот во моментот на падот.

Според информациите, станува збор за индиски работник кој за чудо преживеа бидејќи падна од дваесетина метри.

Работникот е сместен во болница, а утрово го посети министерот за здравство на Хрватска Вили Берош.

Во Дубровник претепан сезонски работник од Македонија од петмина Хрвати

Петмина млади мамчиња од Дубровник се обвинети дека со дрско однесување на јавно место ставиле четворица мажи во понижувачка положба преку насилство, злоупотреба и напад.

Поради основано сомнение дека сториле кривично дело насилничко однесување врз четворица мажи, еден Хрват, двајца државјани на БиХ и еден државјанин на Северна Македонија, истражниот судија на Кантонскиот суд во Дубровник им одреди едномесечен притвор.

Како што соопшти судот во Дубровник, притворот е одреден со оглед на начинот и околностите на извршување на кривичното дело насилничко однесување, бидејќи при физичкиот напад врз сезонските работници покажале крајна агресивност, несовесност и бруталност, како и поради опасност од повторување на кривичното дело.

Притворот е одреден за 22 годишно момче од Водоваѓа, двајца од селото Груде како и двајца со по 18 години од Дубровник.

Полицијата веќе извести дека четворица сезонски работници од синџирот хотели „Валамар Ривиера“ биле брутално претепани по ноќно излегување и вербален конфликт во Пила.

Наводно било околу 5 часот пред ноќниот бар „Еликс“, кога сезонските работници за да избегнат понатамошен конфликт со такси го напуштиле местото и отишле во нивниот сместувачки објект во месноста Бабин кук.

Но, група осомничени ги следела и откако работниците се симнале, физички ги нападнале и на тројцата им нанеле полесни физички повреди.

Валидна истрага во Истражниот центар на Жупанискиот суд во Дубровник утврдила дека петмината насилници ангажирале такси за да го следат другото такси во кое биле сезонските работници.

Врз основа на снимките од надзорните камери, било утврдено дека ги мавале со тупаница во пределот на главата и задниот дел од главата, шрво со раце, а откако паднале на подот ги мавале и со нозе.

Додека физички се изживувале, осомничените ги навредувале на национална основа, со што според судот кај жртвите се создавало чувство на страв, понижување и нарушено достоинство.

Младите насилници се уапсени и предадени на надзорникот на дубровничко-неретванската полициска управа, по што се изведени пред дежурен истражен судија, кој им одредил мерка притвор, пишува Слободна Далмација.

МАКЕДОНСКИ ПЛАТИ: Дури 306.944 работници или близу 60 отсто од вработените земаат помалку од просечната со која се фали Владата

Овој износ е далеку од потребите за задоволување на минималната синдикална кошничка за четиричлено семејство, за која Сојузот на синдикати на Македонија пресмета дека за април 2023 изнесува 49.384 денари.

Како што објави еконосмкиот портал Пари, процентуално пресметано ова значи дека 59 отсто од вработените се за 4.925 денари под просекот за нето-плата што го пресмета Државниот завод за статистика.

Целата статија за „сармата, месото и расолот“ со македонските плати може да ја прочитате ТУКА.

Саатницата на европскиот работник изнесува 30,5 евра, на македонскиот – 4,5 евра

Просечните бруто-трошоци за вработените во ЕУ за еден работен час во 2022 изнесувале 30,5 евра. Најниски трошоци за работна сила има во Бугарија и во Романија, а највисоки во Луксембург. – Работникот во Бугарија за еден час работа добива 8,2 евра (бруто), во Романија – 9,5 евра. Најскапи работни часови има во Луксембург – 50,7 евра, Данска 46,8 евра и во Белгија 43,5 евра – соопшти „Евростат“. Македонија не е на оваа листа, бидејќи не е членка на Европската Унија, но последните податоци за нашата земја покажуваат дека македонските работници се најконкурентни во Европа и ги чинат работодавците најмалку пари. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2023 година, изнесувала 50.837 денари. Имено, газдите во Македонија плаќаат во просек по 4,5 евра за час работа – пишува Вечер прес.

Просечните бруто-трошоци за вработените во ЕУ за еден работен час во 2022 изнесувале 30,5 евра. Најниски трошоци за работна сила има во Бугарија и во Романија, а највисоки во Луксембург.

– Работникот во Бугарија за еден час работа добива 8,2 евра (бруто), во Романија – 9,5 евра. Најскапи работни часови има во Луксембург – 50,7 евра, Данска 46,8 евра и во Белгија 43,5 евра – соопшти „Евростат“.

Трошоците за работна сила по час во индустријата во ЕУ лани изснесувале 30,7 евра, во градежништвото 27,3, а во услужните дејности – 30,2 евра.

Во пресметаката на трошоците за работна сила се вклучени две главни компоненти – платите и социјалните придонеси што ги плаќаат работодавците за работниците.

Македонија не е на оваа листа, бидејќи не е членка на Европската Унија, но последните податоци за нашата земја покажуваат дека македонските работници се најконкурентни во Европа и ги чинат работодавците најмалку пари.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2023 година, изнесувала 50.837 денари. Имено, газдите во Македонија плаќаат во просек по 4,5 евра за час работа, додека во Европа овој просек е 30,2 евра.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, изнесувал 113.6.

– Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање (24,1 %), градежништво (21,5 %) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,3 %). Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: градежништво (5,0 %), преработувачка индустрија (4,9 %) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2,6 %) – покажуваат податоците на ДЗС.

Најголем месечен просек на издатоци има за работниците во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 137.804 за вработен, што е повеќе од два и пол пати од државниот просек. Во овој сектор, саатницата изнесува 749 денари или 12,2 евра. На пример, во рестораните за подготовка на храна во Германија, на студентите им се исплаќаат по 12 евра за час сезонска работа.

Најниска е цената на трудот во секторот заштитни и истражни дејности, каде што работникот го чини работодавецот 28.137 денари месечно, што е 52 отсто од просекот во земјава, а, пак, саатницата во овој сектор е најниска и изнесува 153 денари или 2,5 евра.

Кај нас, и работното време е фиксно, односно се смета 40-часовна работна недела, иако многу често има случаи кога работниците остануваат на работа прекувремени работни часови, кои не се исплаќаат секогаш дополнително, односно законски.

За преживување, на едно четиричлено семејство во 2016 година му требале 1,5, а сега 2,5 минимални плати

Во декември 2016 година, вредноста на минималната синдикална кошничка била 32.102 денари. Според Државниот завод за статистика, во декември во 2016 година минималната плата била 8.800 денари, а просечната – 23.457 денари. За да се задоволи минималната потрошувачка кошничка за едно четиричлено семејство, тогаш биле потребни речиси четири минимални плати, односно 1,5 просечни плати.

Сега, вредноста на минималната кошничка е 51.514 денари. Минималната плата од овој месец е 20.175 денари, а просечната, објавија од ДЗС, изнесува 34.364 денари. За да се задоволи минимална потрошувачка кошничка сега, за едно четиричлено семејство се потребни 2,5 минимални плати, односно 1,5 просечни плати.

(С.Бл.)

Младата мајка Филимена која ја избркаа од работа додека беше на породилно и ѝ ги бараа парите назад – победи !

Младата мајка Филимена Бошковска Мишевска, која доби отказ среде породилно отсуство и барање да ги врати на државата парите од породилното, извојува победа во спорот, со помош на здружението Гласен текстилец.

„По увидот од доставените списи од страна на Државниот Трудов инспекторат ја задолжил Агенцијата за вработување да направи исправка во М1/М2 образецот и да се промени основот на отказ. Односно со истек на определено време е известен и Фондот за Здраствено Осигурување за неправилностите во одјавата од страна на работодавачот, за што Филимена треба да го продолжи своето породилно одсуство и да не врати ни денар на Фондот за Здраство како што беше наложено во решението на ФЗО,“ велат од здружението.

Бошковска работела речиси до крајот на бременоста, а нејзиниот газда од компанијата „ЛДИ Димотранс Македонија-Дооел Скопје“ бил информиран дека таа ќе замине на породилно отсуство. Жената поднела документи до Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за исплата на деветмесечниот надоместок за плата додека е на породилно. Таа прво се соочила со подолго доцнење на исплатата за два месеци, за откако парите конечно и легнале на сметка, да добие барање од ФЗО да ги врати назад за последниот месец, бидејќи била одјавена со отказ.

„Јас се збунив. Беше шок затоа што знам дека законски не смее да има отказ. И се јавив таму, они – тоа ти е, не можеш ништо. Секаде (ми велеа) не можеш ништо и почнав да праќам мејлови…Тоа е лавиринт. Еден ти вели повреден е Законот за работни односи, оди во Трудова(инспекција). Трудова – до тука ни се ингеренциите и заглавуваш. Добиваш совети- плати адвокати и оди на суд ќе добиеш. А поената да докажуваш право кое е основно, нема логика“, рече Бошковска кога случајот излезе во јавноста.

Од Гласен текстилец велат дека се надеваат оди и останатите институции, како што е АВРМ и ФЗО, ќе бидат претпазливи и ќе ги заштитат работниците и работничките од одредени работодавачи.

„Воедно случајот со Филимена е еден од многуте каде се укажува на потребата од заштитата на бремените жени и жените на породилно отсуство од страна на Државата“, велат од здружението, пишува Слободен печат.

Како шалтерски работник во семејната фирма на Груби станал сопственик на вносен бизнис

Очигледно криминогеноста е главнаа врска на СДС и ДУИ во владата. ДУИ и Груби наместо нервозно да реагираат треба на јавноста да и објаснат како тоа шалтерски работник во семејната фирма на Груби станал сопственик на фирма за баждарење на бензиски пумпи Метролаб и истата таа фирма 4 месеци од нејзиното формирање добила акредитација од Бирото за метереологија раководено од Мерита Мустафи, кадар на ДУИ? Како сопственикот на оваа фирма која влегува во вносен бизнис останал да работи уште извесно време како шалтерски работник во туристичката агенција на Груби? Дали Груби стои зад оваа опрација, а неговиот вработен е само параван?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

– Дополнително нешто коешто треба Груби и ДУИ да го одговорат е како истата таа дирекорка на Бирото за метереологија Мерита Мустафи се секнала со луксузна хациенда на Попова Шапка со големина од 150м2 и истата не ја пријавила во анкетен лист? Како со чиновничка плата некој во Македонија може да се стекне со таков луксуз и зошто притоа тој луксуз не го пријавила? Дали не е пријавен тој имот затоа што тешко може да се докаже како е стекнат?

Ги повикуваме надлежните институции да го проверат целиот овој октопод кој се врзува со Артан Груби. Ковачевски очигледно молчи и се плаши било што да прокоментира, бидејќи функцијата му е дадена под кирија. Одговорност за криминалите на оваа власт на ДУИ, поддржана од СДС мора да има, се вели уште  во партиското соопштение.

Синот работник го пријавил татко му работодавач за поврат на К-15

Синот – работник го пријавил таткото – работодавач. Парите од К-15 му ги барал назад. Се работи за сопственик на штипска фабрика откри претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски.

-Минатата недела, синот го вратил регресот на неговиот татко и синот се охрабрува и пишува на нашата мејл адреса сснм.орг и вика јас бев тој, спремен сум да одам во полициска станица, ќе го повикаме. Да не ја кажувам фирмата. Таму ќе мора да интервенира Основното јавно обвинителство (ОЈО) бидејќи детето во овој мејл што го пишува е сериозно и тоа претставува документ кој детето ќе го потврди и со тешко срце вика, „јас бев тој што ги вратив парите“, вели Димовски.

К-15 мора да исплатат сите компаниите за сите свои вработените. Некои вработени веќе го добија регресот од своите работодавци, но тие се во многу помал број, а најзначајните исплати се очекуваат во деновите пред нас.

РЕКОРДЕР: ФЗОМ откри случај на отсуство од работа поради боледување од три и пол години

Работник бил три и пол години на боледување, што е рекорден период откриен од Фондот за здравствено осигурување, објави Сител.

Фондот случајно го открил овој случај на злоупотреба на системот, по што за осигуреникот дал препорака да оди на проверка на работната способност.

Ова еден од многуте случаи на злоупотреби, особено за време на пандемијата. Извештаите за пост-ковид компликации биле посебно често злоупотребувани, велат од Фондот.

Инаку, пред неколку дена во Црна Гора беше објавено дека тамошен осигуреник го држи рекордот од шест години на боледување, а има и други случаи на повеќегодишно отсуство од работа со изговор – лажна болест.

Примал плата 8 години како вработен во општина Тетово, а се наоѓал во Германија

„Претседателот на општина Тетово Билал Касами денес откри еден скандал од претходното владење, каде што едно лице 8 години добивало плата како вработено во општина Тетово, додека престојувало во Германија.“ – јави информативната агенција на албански јазик ИНА.

ИНА пишува: „Градоначалникот Касами нагласи: ‘Од пред два – три дена се соочувам со една ситуација каде што еден вработен, што прима плата редовно од општина Тетово, а работи во Германија, и за 8 години никому не се сетил зошто ова лице ги зема парите на даночните обврзници од Тетово’. Според него, од минатата администрација фигурирале речиси 340 вработени, од кои значителен дел ниту доаѓале на работа, но добивале многу пари. Меѓу нив се и некои што се блиски на поранешни општински функционери.“

„Касами истакна дека успеал да прекине значителен дел од овие фиктивни договори.“

Мурал од Штип со моќна порака: Трудот треба да се вреднува, не дозволувај работата да ти биде затвор ! (Фото)

Мурал од градот на текстилот со моќна порака Трудот треба да се вреднува. Не дозволувај работата да ти биде затвор, – пишува граѓанин на социјалните мрежи.