Tag Archives: СлавјанкаПетровска

,,Кое војување мори овцо една неписмена!“

Според Славјанка Петровска, сајбер нападите се дел од една голема хибридна војна која и се случува и на Македонија, пишува ИТ експертот Роберт Милески реагирајќи на ставот на министерката која хаосот со заштитата на државните дигитални податоци и заканите за бомби во училиштата ги поврзува со хибридна војна.

„Очигледно дека зборуваме за најсовремениот начин на војување, односно војување со неконвенционални средства“, вели Петровска, на што Милески реагира со предлог во кој Петровска непристојно ја нарекува по животно кое дава млеко и волна.

,,Кое војување мори овцо една неписмена! Само што ги спроведовте моите инструкции како да се постапи во ваква ситуација, ВЕДНАШ прекинаа сите закани. Еве вложете во мене, дајте ми 5 милиони евра што со едно напаствие ви го решив проблемот со кој бевте немоќни да се соочите повеќе од 6 месеци.

Овчички комуњарски.. блееееее..”, пишува Милески за чија реакција нема никаков демант од Министерството за одбрана, владата или Петровска.

Милески е ИТ експерт чија фирма работи во повеќе странски држави и соработува со глобални играчи во овој бизнис.

Автомобил експлодирал покрај Славјанка Петровска, се огласи министерката

Автомобил експлодира на булеварот „Кочо Рацин“ во близина на гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ додека во непосредна близина се движела министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Информацијата за „А1он“ ја потврди Петровска која што го забелажала настанот.

Прашана дали се сомнева дека е загрозена нејзината безбедност, таа за „А1он“ негираше.

„Се е океј, чиста случајност. Јас одев пешки од спротивната страна на булеварот и во тој момент експлодираше возилото. Нема никаква врска со мене и колку што знам нема повредени, возачот на возилото е добар“, вели Петровска за “А1он”.

На терен е испратена и увидна екипа на МВР, а откако е изгаснат пожарот од противпожарната бригада на Скопје.

Стани моме да заиграш …. – Не запираат реакциите за хитот со премиерот и министерката за одбрана (ВИДЕО)

Не запираат реакциите по вчерашниот настан во кој премиерот ја повика министерката за одбрана да стане пред поддржувачите од СДСМ.

Премиерот Ковачевски ја прозва и ја натера министерката Петровска да стане за да ја види целата сала на митингот на СДСМ, со зборовите: Стани Цаци да те види цела сала ….

Богдан Илиевски смета дека хитот на денот доаѓа од настанот на кој Ковачевски ја злоупотреби Славјанка Петровска која меѓу другото ја нарече Слављанка.

Компилацијата на Бетмен Велит содржи и други настани каде министерката игра во јавност.

https://twitter.com/zverkamala1/status/1594724434237181955?s=20&t=6xBVceFJUohfGBb9sMeY9g

Петровска криела ЛУКСУЗНА ХАЦИЕНДА со базен во Радишани – Ковачки бара имотот да го подари на здруженијата на бранители, а таа да си поднесе оставка веднаш

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, крие луксузен имот. Како што кажав во дуелот со Министерката во средата таа во својот Анкетен лист до ДКСК пријавила само долгови, два кредити и една кредитна картичка, но не и луксузна хациенда во Радишани, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Ковачки:

Во дуелот ја прашав Петровска дали крие имот во Скопско, по што таа негираше и рече дека се што поседува е во нејзиниот Анкетен лист, односно дека не поседува имот. Петровска е фатена во лага како крие имот.

Одиме со ред.

Анкетниот лист на Петровска кој ви го покажав потврдува дека таа лаже.

Вистината е дека Славјанка Петровска поседува огромна хациенда со базен во Радишани.

Ова е хациендата на Петровска. Во таа хациенда има голем базен, целиот имот е ограден со голема двометарска ограда, што може да се види од следните слики.

Ова е евидентниот лист на Петровска од Катастарот на недвижности. Овој имот на Петровска е евидентиран и во Агенцијата за Катастар на недвижности, прибележан во евидентен лист во катастарската општина Радишани. И се наоѓа на улица Радишанска.

Жителите од тој дел на улица Радишанска според избирачкиот список гласаат во избирачкото место 2948/1 кое се наоѓа во ОУ Ацо Шопов. Тоа е истото избирачко место каде гласа и Славјанка Петровска. По што може да се заклучи дека адресата на луксузната хациенда на Славјанка Петровска е и адреса на живеење која истата ја има во личната карта.

Дополнително според нашите информации хациендата на Петровска, покрај тоа што не е пријавен како нејзин имот во ДКСК, таа е и дивоградба, односно истата не е легализирана.

Ги повикуваме надлежните институции да постапат, а Славјанка Петровска наместо на ВМРО-ДПМНЕ како што вети, оваа луксузна хациенда да ја донира на здруженијата на бранители од 2001 година.

Очекуваме Петровска да остане на зборот, и овој имот во најкраток можен рок да го подари на здруженијата на бранители, лица кои во 2001 година не ги штедеа животите за ние денес да живееме во слобода.

Дополнително ја повикувам Славјанка Петровска веднаш да си поднесе оставка. Функционерите треба да бидат отчетни и чесни. Лажењето дека не поседува имот кој не пријавен во нејзиниот Анкетен лист не е одраз на чесност.

Ако Петровска крие имот, што друго можеме да очекуваме дека ќе крие? Личност без морална димензија како Петровска не смее да биде на чело на МО и да седи заедно со министрите за одбрана на нашите стратешки сојузници во НАТО, рече Ковачки.

Во сред криза – МО се пофали дека ја платиле првата рата за системот за противвоздушна одбрана од 66 МИЛИОНИ ЕВРА

Министерството за одбрана ја плати првата рата од договорот со француското МО за набавка на системот за противвоздушна одбрана на мали височини „Мистрал“. Првата рата во висина од 695 милиони денари, или околу 11,5 милиони евра, е исплатена на 3 ноември. 

„Ви потврдуваме дека износот за кој прашувате се однесува на првата рата од набавката на Систем за противвоздушна одбрана, а останатите рати ќе се исплаќаат во текот на 2023, 2024 и 2025 година“, потврди Министерството за одбрана за „Фактор“.

Од претходно е познато дека вкупните финансиски импликации од овој договор се 66 милиони евра. Министерката за одбрана Славјанка Петровска реферираше дека не постои конкретна закана за напад врз нашата држава, меѓутоа инвестициите во одбраната се дел од стратегискиот одбранбен преглед и дел од сите долгорочни планирања.

Системот за противвоздушна одбрана на мали височини треба да ја унапреди борбената готовност на Армијата, а истиот е предвиден согласно Планот за опремување и модернизација на Армијата.

„Како НАТО членка, безбедноста на нашето небо ја гарантираат сојузничките воздухопловни сили, а набавката на системот за противвоздушна одбрана е комплементарна во целокупниот одбранбен систем на државата“, гласеше претходното објаснување од министерството за потребата за купување на оваа воена опрема.

Од Министерството тогаш посочија дека во изминатите две децении не е извршена набавка на систем за противвоздушна одбрана кој е потребен пред сè за поддршка и заштита на припадниците на Армијата, заштита на институциите, и зголемување на безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Петровска, посочи дека замената на противвоздушниот систем кој го имаме е една од обврските и тоа е проект којшто е започнат пред неколку години.

„Станува збор за финализирање на договорот, за кој веќе неколку години се следи постапката на преговарање со различни производители, испитување на понудената опрема од стручен тим од Армијата и она што во петокот беше презентирано пред собраниската Комисија за одбрана и безбедност, практично е финалниот документ“, појасни тогаш Петровска.

Ковачки „ја потепа“ Славјанка: Вработувате лица приведени за тешка кражба и трајна ограниченост како ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ

Драган Ковачки, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија во дебата со министерката за одбрана Славјанка Петровска и достави документ во кој што стои дека во армијата се примени професионални војници, а се некомпетентни и со законски пречки, порачувајќи и дека и самиот генерал на Армијата на Република Македонија во дописот се сомнева во приемот на истите.

-Изнесов информации дека се дава 3500 евра, односно 5000 евра за мисии односно за прием на професионални војници како и унапредување, односно војници во под офицери. По моето објавување на јавниот настап во собранието каде што не беше министерката за одбрана, таа сума по наши сознанија беше зголемена на 6000 евра. Во министерството за одбрана постои една организациона единица која се нарекува воена служба за безбедност и разунавање, чија што законска надлежност по член 135 е да гони сторители на кривични дела во одбраната, и тие лица ги овластува министерот за одбрана, истакна тој.

„Ова пред мене е документ е од Генерал штабот неквалифициран документ потпишан од генерал, изработен од подофицер, контролирал потполковник, го одобрил полковник, а е согласен друг полковник со тој документ. И ова е документ за завршена обука на професионални војници, и врз основа на овој документ после тоа овие професионални војници се примени во Армијата или им е продолжен договорот. И сега генералот на Армијата си доставил документ со прилози. Во првиот прилог стои список на примени професионални војници кои ги исполнуваат сте критериуми за прием. Во прилог два вика список на новопримени професионални војници за кои предлагаме да не им се продолжат договорите поради законски ограничувања, значи има лица кои што имаат законски пречки да бидат примени односно да им се продолжат договорите за работа. Во прилог три се вели, список на новопримени професионални војници во Армијата за кои практичните тестови се под сомнение дека ги поминале успешно. Значи генералот се сомнева дека овие тестови се поминати успешно. Прилог четири список на новопримени професионални војници во Армијата кои што отсуствувале повеќе од 10 проценти од обуката, итн“, изјави Ковачки.

Ковачки вели дека во Армијата се примаат лица со трајна ограниченост за служба во Армијата како што е и премиерот Димитар Ковачевски, лице приведено за тешка кражба, како и лице со судска постапка, додавајќи дека е навистина срамота за држава која е дел од НАТО Алијансата да има војници кои не се професионалци.

-Значи генерал на Армијата со негова комисија се сомнева и тврди дека се примени војници во Армијата со законски пречки. За какви законски пречки станува збор? Имаме лице приведувано за тешка кражба од МВР, имаме судска постапка, имаме предлог за престанок на договор заради трајно ограниченост за служење во војска, нешто слично како премиерот Димитар Ковачевски, имаме судска постапка, имаме наод од воено лекарска комисија значи тричлена комисија утврдила дека имаме ограничено способни за служба. Ова е документ 2021 година, сега сме 2022 година и ова е документ во ваш мандат на СДСМ и ДУИ. И овој документ јас ќе ви го дадам и доколку сме сериозна држава очекувам веднаш да се постапи, и уште вечерва да имаме апсења. Срамота е во една НАТО членка, во една Армија која што претендира да го подигне своето ниво на обученост и на професионализам да ни се случуваат вакви испади. Има луѓе кои со своето знаење и компетенции не се влезени на овие списоци, а има луѓе кои што се гонети од МВР поради тешки кражби и ограничено способни а се примени во Армијата, и порача Ковачки на Петровска.

На прашањето дали тој се сомнева дека ова се луѓето кои што давале мито за да влезат во армијата, Ковачки потенцираше дека единствен начин за вакви лица да влезат во Армијата тогаш е или преку партија или преку плаќање на работното место.

-Значи нема друг начин тоа да се случи ако тоа не е направено преку партија СДСМ или ДУИ или ако имаат дадено пари, односно да ги имаат дадено парите во партијата, рече Ковачки.

Владата бара штедење, министерка спонзорира пост со оружје и музика а граѓаните ја ,,расчеречија”

Во време кога нејзината валда бара граѓаните да штедат министерката за одбрана на социјалните мрежи спонзорира односно плаќа за пост во кој промовира воена промоција и многу музика.

За овие двојни стандарди кои одат во комбинација со неспоменување на Македонија и македонска/и граѓаните имаат свој став кој не може да се избрише или промени со платени постови на Фејсбук.

,,Воена опрема, воени вештини и многу музика! Ве повикуваме заедно да го прославиме Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“!
 Среда, 17 август
 18.30 часот
 Воен стадион (Градски парк)
Ве очекуваме!!!”
, пишува министерката за одбрана Славјанка Петровска на што добива за неа неочекувани и непосакувани реакции од граѓани кои не се плашат јавно да коментираат.

Дел од коментарите:

Спонзориран пост? Ептен сте удриле на штедење!

За 30 години Армија (на Република Македонија) се организира воена парада, ама уште комбето од воена болница остана, се дониравте и фрливте, така да нема смисла за парада… Ако имаше парада ќе незнаевте на која Армија и се обраќате и пак некој говор за добрососедство со фашистиве и соживот со балистиве….
Залудно е се овдека.

Пошто не напишавте за која армија се работи, еве јас ќе пишам – Армија на Република МАКЕДОНИЈА.

За грев  Има институции побарајте се 

Чија армија бре алооо?!!
Важно многу музика ќе имало.. Ццццц
Не знае човек дал’ да плаче или да се смее

Има ли еден со мозок шо воде оваа држава??? Месни заедници и куќни совети подобро се организирани!!!

30 години Армија …. чија? … Патетични сте!

Што се и пишувааат граѓаните на министерката во своите искрени и директни коментари прочитајте сами во постот.

Извор: Експрес.мк

Петровска: „Јовано Јованке“ е мојата омилена песна

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ гостува министерката за одбрана Славјанка Петровска, со која разговаравме околу нејзината посета во Обединетото Кралство каде беше пречекана со поздрав на македонски јазик и изведба на песната „Јовано, Јованке“ од страна на британскиот воен оркестар.

Министерката вели дека ова е нејзина омилена песна, а настанот го оцени како добар гест на домаќините.

„Не знаев дека на толку добар начин и со ваков пријатен гест ќе бидам изненадена“, вели Петровска.

Инаку, Петровска подоцна истакна дека неколку дена претходно му соопштила на британскиот колега за омилената песна, а потоа тој се погрижил оркестарот да ја научи и интонира.

„На местото од Славјанка ќе ја порачав Месечина, нема више сунцааааа…”

Министерството за одбрана соопшти дека министерката Славјанка Петровска била пречекана со добредојде на македонски јазик и со изведба на македонската народна песна „Јовано, Јованке“ на Воениот оркестар на Обединетото Кралство.

На социјалните мрежи се пошегуваа дека министерката му оставила бакшиш на оркестарот,  прочитајте ги и останатите коментари.

https://twitter.com/MartianfromMKD/status/1501289883192733697?t=nChTgq90f9pkzo1sJw9Bzw&s=19