Tag Archives: смрт

Почина ТВ водителот кој ја имаше најтешката задача да соопшти дека: „Умре другарот Тито“ (ВИДЕО)

На 79 годишна возраст почина Мирослав Лилиќ, кој имаше 43-годишна телевизиска кариера.

Остана забележан по тоа тоа што нему му припадна должноста да ја прочита веста за смртта на Јосип Броз Тито.

Во 15 часот и 5 минути на 4 мај 1980 година во загрепското студио тој соопшти:

„Умре другарот Тито“.

Иако што отсекогаш се опишувал себеси како тремнаџија, и тогаш бил многу нервозен, толку многу што облекол погрешна облека – јакна од еден колега, вратоврска од друга.

„Во 17 часот почнав да се облекувам, во 19 часот требаше да има вести…“ велел Лилиќ за настанот од пред 43 години…

Трајко Тарцан, легендарниот првоборец – осудуван 5 пати на смрт од бугарските воени фашистички судови за Македонија!

На денешен ден, на 12 јуни во 1918 година во селото Голем Радобил, Прилепско, е роден легендарниот првоборец и национален деец за слободата на Македонија Трајко Бошкоски – Тарцан. На 8 јануари 1943, откако во една колиба ќе биде опколен од бугарските фашисти и ќе ја потроши целата муниција во борбата со нив, со последниот куршум се самоубива и ќе ја положи својата младост на олтарот на слободата на својот поробен македонски народ и во темелите на идната македонска држава.

Основно училиште и прв клас гимназија завршил во Прилеп. На 14 годишна возраст, од 1932 почнува да работи како дрводелец. Кон крајот на летото 1937 година заминува за Белград. Се вклучил во тамошното студентско-работничко движење и почнува да се дружи со напредните Македонци, кои студирале во Белград во тоа време. На 26 ноември 1938 година станува член на КП.

Во 1940 година Трајко Бошкоски – Тарцан се вратил во Прилеп. На 2 август 1940 година Тарцан ќе биде учесник во Илинденските демонстрации,  одржани во Скопје, Прилеп и Охрид, кои биле организирани од Методија Андонов Ченто, Орце Николов и Кузман Јосифовски Питу. Со Илинденските демонстрации Македонците барале реформи и поголеми права за Македонците во тогашното кралство Југославија (претходно познато како кралство СХС), а едно од главните барања било македонските деца да учат на македонски јазик, не на српски, на кој што дотогаш учеле.

Тарцан ќе одржи два забележителни говори на демонстрациите, по што ќе биде уапсен од тогашната српска власт. Во декември 1940 година е осуден на шест месеци затвор. Ослободен е пролетта 1941. По фашистичката окупација на Македонија, српскиот режим бил заменет со бугарски фашизам.

Трајко Бошкоски – Тарцан е меѓу првите борци против бугарските окупатори и еден од седумте први прилепски партизани, кои на 12 септември 1941година во месноста Будимаш на Селечка Планина ја формираат првата партизанска чета во Вардарскиот дел на Македонија. Тој е избран како политички комесар на четата. Подоцна бил политички комесар и на Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“.

На 8 октомври 1941 година Тарцан е опколен во една куќа во Прилеп, но успева да се пробие низ непријателскиот обрач, при што убива еден бугарски полицаец. Тој е еден од организаторите и водачите на нападот врз бугарскиот полициски участок во Прилеп на 11 октомври 1941 година, со што започнало востанието на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор на Македонија.

Кон крајот на 1941 работи активно на теренот на Скопје, каде пропагира и ја јакне организираноста на македонскиот народ за борба против окупаторот. Од скопскиот терен, тој се префрлил во Тетовско-Дебарскиот регион каде исто така успешно работел на оформување на нови партизански одреди. Бил член и инструктор на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија од декември 1941 и политички комесар на Покраинскиот оперативен штаб од април 1942.

Бугарските воени фашистички судови 5 пати ќе го осудат на смрт Трајко Бошкоски – Тарцан. Почнала потрага по него и под дрво и под камен. По формирањето на Велешкиот одред „Димитар Влахов“ во септември 1942 година Тарцан бил избран како негов политички комесар. При една организирана потера на окупаторот тој е тешко ранет на Божик 1943. Соборците го оставиле во една колиба кај селото Сливник, Велешко, мислејќи дека тука ќе биде на сигурно додека дојде помош, затоа што не можел да се движи. Но бил предаден.

На 8 јануари 1943 бугарските фашисти ја опколиле колибата, но Тарцан почнал да пука и не им дозволувал на напаѓачите да се приближат. Во нерамна борба ги испукал сите куршуми освен последниот. Со него Трајко Бошкоски Тарцан се самоубива и ги положува своите 25 години на олтарот на слободата на тогаш поробената Македонија.

Извор. Експрес.мк

Македонец убиен во Бугарија – Избоден со колец до смрт

Министерството за надворешни работи се огласи откако во јавноста беше објавено дека македонски државјанин е избоден со колец до смрт во Бугарија.

Од МНР велат дека според првичните информации кои Амбасадата на Македонија во Бугарија ги добила од надлежните институции во текот на вчерашниот ден е пронајдено безживотно тело на И.Н. (49 години), државјанин на Република Македонија.

-Амбасадата на Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста. Воедно Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби, информира МНР.

„Ми должи 200.000“: Сестрата на водителката која ја лажираше сопствената смрт откри скандалозни детали во јавноста (Фото)

Срамниот потег на поранешната водителка и учесничка на „Парови“, Слаѓана Петрушиќ, која ја лажираше нејзината смрт, наиде на осуда од  јавноста, но и од корисниците на социјалните мрежи, каде што самата ја објави веста за нејзината наводна смрт, а сега се огласи нејзината сестра и даде скандалозни детали.

Сестрата на Слаѓана Петрушиќ, Драгана, која живее во Шведска, тврди дека поранешната водителка и должи 200.000 марки.

– Гледам дека сестра ми се чуди каде биле нејзините роднини пред дваесет години. Па, она што се случи беше дека на моето семејство должеше околу 200.000 марки во тоа време. Таа го знае тоа, но се преправа дека е луда. Затоа со години не контактирала со мене. Кога почина нејзиниот татко, таа престана да контактира со нас. Ние и помогнавме бидејќи живееше во село во близина на Прњавор. Таа е од мешан брак, се преселиле во Хрватска, а ние ги финансиравме. Јас сум во Шведска и таа требаше да се сети да го врати на семејството или барем да каже дека нема, но молчи и поради тоа ја прекина комуникацијата. Не ги барам тие пари. Не ми треба, но кога таа самата ќе постави прашања после лажната смрт каде сме, тогаш да и одговорам. Ние сме тука, но нејзе ја нема! Да не бевме ние, таа немаше што да јаде. Но, тоа е заборавено. Мајка ми ја вработи. Ме болеше, тоа што е неблагодарна. Бевме со неа и нејзиното семејство. Тоа е одговорот на нејзиното прашање, па тогаш им дававме пари и им помагавме. И кога ги преселивме од Босна во Хрватска, бевме добри, но сега не сме добри. Па не оди така – изјавила Драгана за Курир.

Слаѓана Петрушиќ, која се прослави со учеството во реалното шоу „Парови“, се обиде да се оправда дека ја лажира својата смрт, преправајќи се дека тоа е само добар трик.

– Медиумскиот молк е прекинат. Можеме повторно да играме – заклучила таа „infomedia.hr“.

Фото: Принтскрин/Хепи тв/ Дејан Бриза

Средношколец почина во Скопје, неофицијално – причината за смртта е дрога во пијалок

Средношколец, матурант од скопската гимназија „Георги Димитров“ завчера починал неофицијално како последица на дрога ставена во пијалок во кафуле. Неговите другар и сооченици, вчера на градските гробиште во „Бутел“ го испратиле Јован во своето вечно почивалиште. 

 Веста за починатиот матурант на социјалните мрежи ја објави професорката Виолета Ачковска. Во еден од коментари се огласи и мајката на Јован која ја потврди смртта на младиот тинејџер. 

Професорката Ачковска во нејзината објава тврди дека има неколку сомнителни смртни случаи на млади луѓе, ученици, на кои наводно им била ставена дрога во кафуле.

„Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцинација се фрлат од 5-ти спрат и слични самоубиства. Можеби некој знае, но не оваа јавност која се’ уште е „траурна“ од смртта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите“, напиша професорката на социјалните мрежи.

Сузаната Тренчевска, мајката на Јован во еден од коментарите ја потврди информација за смртта, без дополнителни детали за причината.

Ужасна смрт на млад поштар – Го нашле со врзани раце, носел 15.000 евра за пензии

Црногорските медиуми јавуваат дека тело на млад поштар од Црна Гора, Милош Стаматовиќ било најдено со врзани раце на брегот од реката Морача во населбата Ботун.

Момчето тргнало на терен и со себе имало 15.000 евра, кои требло да ги подели за пензии.

Управата на полицијата и поштата на Црна Гора ја потврдиле информацијата дека младиот поштар е најден во водата, со врзани раце, објави порталот „Прес“.

Во возилото на поштарот најдени се две до три илјади евра, а остатокот од парите се бара.

Телото, вчера во 10 часот, го забележале мештание од Ботун.

Инспектори, во соработка со надлежен тужител, ја истражуваат смртта на црногорскиот поштар.

Прострелна рана во главата е причина за смртта на инфлуенсерката Јанеска

Полицијата потврди дека познатата инфлуенсерка и мејк-ап артистка која потекнува од Македонија, Маја Јанеска, во петокот била пронајдена со прострелна рана во главата, пренесува еден јужноафрикански портал
Како што пишува порталот, Јанеска во моментот на нејзината смрт  била во врска со Кајл Филипс, ко-директор на компанија за цигари.
-Полицијата не ја третира смртта на Јанеска како сомнителна, но семејството и пријателите за „News24“ изјавиле дека не можат да веруваат дека таа сама би си го одзела животот. 

Африканската полицијата изјавила дека извшриле увид во врска со смртта на Јанеска, а во оваа фаза, органите на прогонот не го третираат случајот како сомнителен. 
„Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило во имотот Басонија. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Смртта ја потврдил лекар“, изјавил портпаролот на полицијата Масондо.

Порталот пренесува дека нејзиното момче за време на настанот било во домот.

Маја Миа беше позната инфлуенсерка, а на Инстаграм имаше околу1,2 милиони следбеници. Неодамна престојуваше во Македонија.

СВЕТОТ ВО ШОК – кралицата Елизабета втора не починала од природна старост туку од пеколна болест

Кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември во замокот Балморал во Шкотска. Таа имаше 96 години.

Уверението за смртта на кралицата пред два месеци го објави Шкотскиот национален регистар. Елизабета Александра Мери Виндзор беше најдолговечниот британски владетел и најстариот монарх во светот. На почетокот на оваа година таа прослави седумдесет години на тронот.

Кралицата почина од старост, објави „BBC“, повикувајќи се на потврдата за смртта на монархот. Според уверението кралицата починала во 15:10 часот по британско време во замокот Балморал во Шкотска на 8 септември. Документот го потпишала нејзината ќерка, принцезата Ана.

Со објавувањето на биографска книга „Елизабет: интимен портрет“ на телевизискиот водителот Гилс Брандрет, светските медиуми пласираа „нови вистина“ за причината за смртта на кралицата.

Британската кралица во последните месеци од животот се борела со мултипен миелом, кој се карактеризира со оштетување на коскената срцевина, објави весникот „Independent“ повикувајќи се на новата книга на телевизискиот водителот Гилс Брандрет.

Гилс беше пријател на сопругот на покојната кралица Филип.

Според потврдата за смртта објавена од шкотскиот архив, причината за смртта на Елизабета Втора била староста.

„Слушнав дека кралицата има некаква форма на миелом – рак на коскената срцевина – што ќе го објасни нејзиниот замор, губење на тежината и „проблеми со движењето“ за кои честопати ни кажуваа во последната година од животот“, напиша Брандрет во нова неговата биографска книга „Елизабет: интимен портрет“.

Брандрет истакнал дека најчест симптом на миелом е болката во коските, особено во карлицата и долниот дел на грбот, а постарите луѓе често страдаат од мултипен.

Кралицата Елизабета Втора , која владееше со земјата повеќе од 70 години, почина на 8 септември во Шкотска на 96-годишна возраст. Нејзиниот најстар син принцот Чарлс стана крал, земајќи го името Чарлс III, а неговата сопруга Камила доби статус на сопруга на кралот.

Ова е СМРТ за автомобилот – Не вклучувајте греење пред да почнете да возите!

Во текот на зимските месеци, повеќето луѓе сакаат прво да го вклучат греењето во автомобилот, да почекаат малку да се загрее и потоа да почнат да возат. Професионалните возачи велат дека ова никогаш не треба да го правите, без разлика колку е студена надворешната температура, бидејќи тоа го оштетува возилото. Секако, попријатно е секој да седи во топол автомобил и да вози без да се тресе од студот, но всушност се прави повеќе штета отколку корист.

Експертот за возење Џејсон Фенске објасни како вклучувањето на топлината без движење на автомобилот всушност го продолжува времето на загревање.

Повеќето мотори денес имаат вбризгано гориво во нив, така што нема потреба да работи во „празен од“.

Возилото ќе се загрее при бавно возење и ќе достигне удобна температура. Дополнително, претходното загревање може да предизвика разредување на моторното масло, каде што суровиот бензин навлегува во маслото, ги разградува неговите својства и резултира со зголемено абење.

Отстранете го мразот или снегот од прозорците за да можете безбедно да возите и веднаш почнете да возите – за само неколку минути внатрешноста на автомобилот ќе се загрее, пренесува Мирор.

„Ова е најтажната објава што некогаш сум морала да ја објавам“ – почина познатиот пејач, неговата сопруга во солзи сподели со светот!

Ден Мекаферти, долгогодишниот пејач на шкотскиот хард – рок бенд „Назарет“, починал на 76-годишна возраст. Колегата од бендот на Мекаферти, басистот Пит Егњу, ја објавил смртта на пејачот во вторникот преку објава на „Фејсбук“ што беше споделена на страницата на групата истиот ден.

Музичарот, кој беше ко-автор на многу од песните на групата во текот на 1970-тите, е најпознат по неговите прекрасни вокали на Топ 10 хитови на Назарет, обработката темата „Love Hurt“ на „Everly Brothers“.