Tag Archives: свадби

Кај нас НЕ СЕ ПУКА САМО НА ПОГРЕБ

Рафалите од оружјето станаа главен белег на заедничките семејни собирања Свадби и разни други прослави проследени со пукотници се доста честа слика во земјава.

За жал, ова претставува навистина сериозен проблем за граѓаните, кои, од друга страна, и покрај тоа што сите овие пукотници од огнено оружје предизвикуваат општа опасност за нив, сепак, се плашат да пријават бидејќи не сакаат да си навлечат дополнителни проблеми. И покрај кампањите на Министерството за внатрешни работи, и покрај казните за некои од „пукачите“, населението никако да се откаже од овие примитивни навики.

Од она што екипата на Нова Македонија го констатира на терен, но и од многубројните поплаки на граѓаните, се чини дека ниту една превентивна и репресивна политика не е доволна причина „пукачите“ да се откажат од примитивното славење со вадење огнено оружје и негово употребување.

Во Арачиново, Чаир, Сарај, Бутел, па и во други градови и села во земјава, пукањето на прослави станува рутина без која не може да се одбележи свечен настан.

Екипата направи обиколка во неколку населени места и она што го забележавме е поразувачко. Нема прослава каде што не се употребуваат најчесто пиштоли, а поретко и автоматски пушки.

Граѓаните со кои разговаравме, а кои не сакаа да ни дадат податоци, поради тоа што се плашат да не им замерат соседите што вообичаено пукаат, велат дека се плашат за своите животи.

– Живеам во Бутел 2 и изминатиов период во нашата населба имаше доста прослави. Имам мали деца што си играат во дворот од семејната куќа, кои, за жал, секогаш кога ќе почнат соседите да пукаат, ги прибирам дома, затоа што се плашам од заскитани куршуми. Не сакам да излезе дека набедувам или измислувам информации, меѓутоа, јавна тајна е дека тука кај нас нема прослава без пукање од огнено оружје – вели нашата соговорничка.
Таа вели дека нема никаква слобода да седне со децата во двор, бидејќи пукотници има речиси секој ден во кој било период од денот.

– Не пријавувам, затоа што се плашам за мене и за моето семејство. Знаете какво време е дојдено, не сакам да пријавам затоа што може потоа да си имам проблеми со соседите. Тој што има пиштол дома, тој е подготвен и да го употреби. Навистина се плашам од реваншизам, се плашам да не ми се закачат на глава, па да имам уште поголеми проблеми. Нема друг спас, освен да трпиме – вели друг соговорник од Чаир.

Преземено од Vecer.mk

Ајдеее…УЈП ќе оделе по СВАДБИ да бројат пари

 Се воведува данок на свадбен поклон во плик кои ќе треба дополнително да го наполни буџетот.

Министерот Бесими и неговиот тим веќе подолго време го разгледувале овој иден начин за прибирање на даночен доход во државната каса.

„ Како што сите добро знаете ние како влада работиме исклучиво за доброто на народот, но за да продолжиме со добрите дела мораме преку даноци да ги зголемиме приходите во државната каса. Затоа решивме да воведеме данок на СВАДБЕН ПОКЛОН ВО ПЛИК! Што тоа значи тоа значи дека инспекторите на УЈП ќе дремат пред секој ресторан и ќе чекаат свадбата да заврши, откако ќе заврши свадбата инспекторите одат заедно со младите на првата брачна ноќ и заедно ги бројат парите што ги добиле младите! Сумата што ја земале младоженците ќе биде оданочена симболично односно данокот ќе изнесува само 99,99% оданочување од собраната сума но младите исто така ќе добијат и фискална сметка која ќе можат да си ја скенираат и да си имаат повраток на ддв, на овој начин ќе има придобивки за сите.“ -истакна Бесими.

Сатирична вест на Think.mk.

ЌЕ СЕ КАЗНУВА ПУКАЊЕ НА СВАДБИ во Тетово

Полицијата во полошкиот регион во наредниов период значително ќе ги засили контролните активности за откривање и санкционирање пукање од огнено оружје, правење на огномети и користење на пиротехнички средства. Деновиве се одржуваат состаноци на советодавните групи на граѓани и на месните и урбаните заедници во Полог за да се намалат и спречат ваквите нарушувања на јавниот ред и мир.

Од СВР Тетово појаснуваат дека во наредниве два месеца, (јули и август), на поширокото полошко подрачје закажани се и ќе бидат организирани голем број свадбени и други свечености.

– Ваквите свечености минатите години, повеќе или помалку, се карактеризираа со повремени нарушувања на јавниот ред и мир, најчесто со пукање од огнено оружје или неовластено приредување огномети, односно употреба на разновидни пиротехнички средства, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

Тој упати апел до граѓаните да се воздржат од пукање со пиштоли или друго огнено оружје, како и од неовластено организирање огномети, кои во последно време стануваат задолжителна свадбена содржина, односно практика на ова подрачје.

Неовластеното пукање на семејни веселби може да биде санкционирано како прекршок, но и да биде кривично дело.

– Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, согласно член 31 се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик), вели полицискиот портпарол.

За да се избегнат непријатностите и казнувањата, од СВР Тетово потсетуваат дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а нивните организатори навреме да ги спроведат пропишаните превентивни мерки. Истото се однесува и на други свечености кои ќе се организираат по различни поводи.

Од полицијата потсетуваат дека нивни службеници ќе бидат зачестено на терен и ќе вршат контроли на планот на откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир.

УРНЕБЕСНО: Елмас игра во соблекувалната на Наполи, соиграч му коментира: „Роден за свадби“ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас важи за еден од оние кои прават добра атмосфера во соблекувалната на Наполи. Тоа Елмас го пренесува и во македонскиот национален тим, а пред неколку дена се појави ново видео во кое се гледа како Елмас ги забавува своите соиграчи.

На видеото се гледа како Елмас игра, а потоа се појави и на инстаграм профилот на неговиот соиграч Амир Рахмани кој му коментираше: „Роден за свадби“.

Погледнете го видеото со кое Елмас ги забавува своите соиграчи од Наполи:

Купување Албанки повеќе не е во мода, на сцена стапуваат Русинките – Цените ќе ве изненадат

Како што е познато во изминатиот период како во Србија, така и во Македонија е доста актуелно купувањето невести од соседна Албанија. Но, модата полека се менува и на сцената стапуваат Русинките.

Сопствениците на агенција за посредување ги открија картите и разговараа за новиот тренд на склопување бракови.

Во продолжение откриваат колку чинат овие услуги, какви се искуствата на мажите со Русинки, зошто ги сакаа за сопруги и што велат жените од Русија за бракот со мажи од балканските простори.

Стотици  жени од Русија изјавиле дека би сакале Србин за сопруг, откриваат од агенцијата.

Меѓу Русинките кои бараат брак во Србија, повеќето се на возраст од 29 до 35 години. Најчесто бараат маж кој е финансиски стабилен, не повеќе од 50 години и висок.

Тие немаат проблем да се откажат од работата и кариерата, и да се вселат и да живеат во Србија. Тие сакаат да се посветат на своите семејства, а тоа е она што Србите најмногу го ценат “, изјави сопственикот на агенцијата.

Постојат неколку можни понуди и клиентите треба да изберат што најмногу им одговара. Целиот износ на цената се плаќа по бракот, но секако дека нема гаранција.

За сопруга која е на иста возраст со мажот се потпишува договор, се плаќа годишна членарина од 700 евра и по бракот, се плаќаат уште 300 евра.

Доколку клиентот сака невестата да биде помлада шест или повеќе години треба да ја плати ВИП услугата која чини вкупно 1.500 евра.

,,Една од причините за барање сопруг во Србија е тоа што во Русија има многу повеќе жени отколку мажи и „конкуренцијата е огромна“. Друга причина е што скоро сите наши мажи се високи, впечатливи црни, „вистински мажи“, велат Русите.

Друга причина која ја наведуваат жените од Русија е дека тие повеќе се сложуваат со Србин отколку со Холанѓанец или Германец.

Иако ретко се случува, сепак има и голем број од оние кои имале лошо искуство со балканскиот народ.

Бев во брак со Србин седум години. Можам да кажам дека Србите се генерално многу темпераментни, премногу емотивни, разгалени и љубоморни.

Повеќе Скопје 24 мк

Oвa ce НОВИТЕ МЕРКИ: Ha зaтвopeнo дoзвoлa зa кoнцepти и ceминapи дo 1.000 пoceтитeли, зaбpaнa зa cвaдби

Владата на вчерашната седница донесе измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19.

Се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено со 30% од капацитетот на просторот, а на отворено до 50% од капацитетот, со почитување на протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19, со поседување сертификат за примена на најмалку прва доза вакцина или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Останува забраната за одржување свадби, родендени и други приватни прослави во затворените делови на угостителските објекти, како и сите други мерки согласно одлуката од 99-та седница според која за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:

– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
– Сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, како и за влез во затворениот дел од моловите.

Дополнително, во сите угостителски објекти, кафулиња и барови опфатени со оваа мерка каде капацитетот е поголем од 30 посетители/гости/лица, задолжително e воспоставување редарска служба од страна на правниот субјект за контрола и спроведување на мерката.

Додека пак во угостителските објекти со капацитет помал од 30 лица контролата на поседувањето на КОВИД-19 сертификатот на посетителите е должност на редовно вработените лица.

Останува и забраната за организација на свадби, веселби и прослави во објекти од затворен тип, додека друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30% од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители со задолжително поседување, приложување и проверка на еден од задолжителните КОВИД-19 документи.

Ако сакате да одите по „кафиќи“ вакцинирајте сe, свадби само со вакцинирани сватови – угостителите збунети

Сите  ќе мора да покажат сертификат дека примиле барем една доза на вакцина.

Во летна бавча во кафеана ниту кафе нема да може да пие лице кое е невакцинирано.

“Од 16-ти август нема да има свадби, прослави, веселби на затворено. На отворено ќе биде дозволено. Како што се бара потврда, сертификат за вакцинација за сите угостителски објекти и за тие угостителски објекти кои што организираат свадби и прослави и таму гостите треба да покажат потврда за вакцинација за да може и надвор да одржуваат свадби и прослави. Секој граѓанин кој сака да посетува угостителски објекти треба да биде вакциниран” – појасни Бектеши.

Редарска служба на влез ќе мора да имаат само угостителските објекти со капацитет од над 30 гости.

На една маса ќе може да седат 4-ца гости и треба да се почитува мерката за дистанца. Од наредната недела ќе се заострат и контролите на инспекторите.За непочитување на оваа мерка граѓаните нема да бидат казнети, ќе се казнуваат угостителите.

Но, мерките кои ги донесе владата се нејасни дури и за нив.

Пазарните инспектори чекаат прво да се објават во Службен весник, па потоа да побараат дообјаснувања како да постапуваат.

“За да се седне во кафич тоа ќе треба да го допрецизираме. Онака како што во моментов го гледам значи дека е при организација на настани каде што има повеќе од 30 гости, присутни лица. Меѓутоа доколку тоа подрзабира дека и во кафетерии каде што има присутни повеќе од 30 лица, нормално дека и во тој случај ќе се бара сертификати. Значи овој дел ќе треба да го допрецизираме” – вели Анета Симеска Димова , директорка на ДПИ.

Казните за непочитување на протоколите завист од големината на фирмата – се движат од 2.500 до 30.000 евра.

Угостителите се затечени и реагираат за обврската да постават редари на влезот на објектите.

Ниту редар ниту било кој вработен во угостителски објект нема право да го идентификува гостинот дали е вакциниран или не, велат од Независната угостителска комора. Одлуката на Владата е апсурдна и невозможно е да се спроведе без законски измени за кои нема време до 16ти август.  Во спротивно се крши Законот за заштита на лични податоци, велат угостителите.

-Факт е дека идентификација на гостин за лични податоци и податоци од медициснки карактер согласно законите утврдено е дека може да го прават службени лица односно МВР и доктор да врши контрола. По ниеден закон по ниеден основ ниту редар, ниту вработен ниту било кој во угостителскиот објект нема право да го идентификува гостинот со име презиме односно со сотојбата дали е вакцинирано или не, вели Здравко Јосифовски сопственик на угостителски објект и претседател на НУК.

Угостителите велат дека мерката не е удар врз нив, туку удар врз граѓаните и кршење на нивните основни права. Нејасни се многу работи. Една од нив е и што со вработените  во угостителските објекти кои не се вакцинирани, дали тоа значи дека после 16ти не треба да доаѓаат на работа. Угостителските објекти со капацитет под 30 гости немаат обврска за редари вели министреот за економија Бектеши. Но тоа не значи дека и нивните гости не треба да се вакцинирани.

Да се укинат свадбите во затворено за да се запре ширењето на Делта сојот ❗

Микробиологот д-р Никола Пановски смета дека за да се забави ширењето на Делта сојот потребни се навремени мерки.

Тој во изјава за Телма рече дека свадби во затворен простор не смее да има, а потребни се и рестриктивни мерки на границите.

-Треба контрола на границите од земјите во кои тој доминира. И на Аеродром и на границите. Треба да се размисли со исто со нашите луѓе што одат масовно во Грција. Меѓутоа, особено на иселениците кои понатаму во домовите, во затворен простор, овој вирус уште побрзо да го прошират. Треба да се повлече одлуката за одржување на свадби, барем во затворен простор бидејќи иселениците доаѓаат баш на тие места и исто така да се прекинат какви било прослави во затворен простор. Тоа е минимум што би требало да се направи, вели Пановски.

Усвоен нов Пpoтокол: Од 1-ви јули свадби на затворено 👰🤵

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи организирање на свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Оваа одлука ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година. На предлог на Комисијата за заразби болести од 1 јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата.

Ова е дополнително олабавување на мерките откако бројките на нови случаи со коронавирус во последниот период во земјава драстично паднаа.

Оваа одлука ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.

Владата пресече: Полицискиот час е УКИНАТ, дозволени се концерти и забави!

Владата и официјално одлучи да го укине полицискиот час ноќеска од полноќ.

Укината е и забраната за најмногу 100 гости на свадба, а дозволени се концерти и забави.

Попрецизно, дозволени се манифестации, концерти и забави во отворени клубови, со капацитет до 50 отсто од објектот, но не повеќе од 1.000 луѓе .

Одлуката следи по препораката на Комисијата за инфективни болести, која оцени дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на коронавирус и зголемување на бројот на вакцинирани.