Tag Archives: Украина

Падна Бахмут: Путин најави награди за војниците

Русија соопшти дека го освоила целиот украински град Бахмут, што, доколку се потврди, ќе го означи крајот на најдолгата и најкрвавата битка од 15-месечната војна. Додека официјална Москва најави награди за најхрабрите, украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека не знае дали во градот се присутни се уште украинските сили.

Прашан дали се уште е под контрола на Украина, Зеленски рече: „Мислам дека не е“. За денес тоа е само во нашите срца“, додаде тој.

Инаку нападот на веќе речиси израмнетиот град до земја го предводеше руската платеничка воена група Вагнер, чиј водач Евгениј Пригожин претходно истиот ден изјави дека неговите сили го зазеле целиот град и секоја куќа.Пригожин, кој постојано ја осудува руската редовна војска за напуштање на теренот заземен претходно од неговите луѓе, рече дека неговите сили за пет дена ќе се повлечат од Бахмут за да се одморат, предавајќи ги урнатините на градот на редовната војска.„Денес, во 12 часот, Бахмут беше целосно заземен“, рече Пригожин во објавено видео, „Целосно го зазедовме целиот град, од куќа до куќа“, вели тој.

Заземањето на Бахмут, кој Русите го нарекуваат Артјомовск уште од советската ера, би значело прва голема руска победа во битка која трае повеќе од 10 месеци.

Руското Министерство за одбрана накратко објави „дека ослободувањето на Артјомовск е завршено како резултат на нападот на јуришните одреди Вагнер, со поддршка на артилерија и воздухопловни сили“.

Киев ги отфрли тврдењата на Пригожин пред објавувањето на Русија, но веднаш не се повика на тврдењето на руското министерство.

Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на војниците за заземањето на градот, велејќи дека најзаслужните ќе бидат наградени, пренесоа руските агенции.

Предходно британското воено разузнавање на 20 мај соопшти дека се чини оти Москва ја удвојува битката околу Бахмут, преместувајќи повеќе војници таму, иако на друго место им недостигаат.


Москва долго време тврди дека заземањето на Бахмут ќе биде отскочна даска кон напредување подлабоко во регионот Донбас, за кој тврди дека го анектираше од Украина. Тешката битка достигнува кулминација токму во моментот кога Киев ја подготвува својата контраофанзива.


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пак, отпатува во Јапонија на Самитот на Г7- Групата на седум економски најразвиени земји во светот.

(Видео) Бункер ли е, хотел ли е – Зеленски му покажа на светот каде живее од почетокот на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на телевизиските новинари им го покажа привременото сместување во кое вели дека живее од почетокот на војната, пишува ДПА.

„Јас живеам овде“, рече Зеленски во филмот на новинарот Дмитро Комаров, кој во петокот беше емитуван на украинската телевизија 1+1. Зеленски рече дека бил таму и кога започнала руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

Клип од филмот на Твитер објави и Антон Герашченко, советник за внатрешно-политички прашања на украинскиот претседател.

Прозорците на импровизираното сместување се покриени со дебели завеси. На креветот има перници и ќебе со цвеќиња за едно лице, а може да се видат и телевизорот, столот и работната маса.

Зеленски во филмот на камерманите им го покажува и неговиот плакар, каде што висат маслинесто зелени и маскирни јакни, а на подот се војнички чизми.

Ова е мојата „редовна облека“, рече Зеленски. „Во моментов не носам одела“, додаде тој.

Меѓутоа, Зеленски потоа вади одело од левиот агол на плакарот. „Тоа е симбол дека војната наскоро ќе заврши, ќе победиме“, рече Зеленски низ насмевка.

Oсмани и се „развика“ на Русија: Итно да се повлечете од територијата на Украина!

На една година од руската инвазија врз Украина, министерот за надворешни работи Бујар Османи се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации на отворената дебата за Украина на тема „Зајакнување на одговорноста и правдата за прекршување на меѓународното право“.

Оваа отворена дебата доаѓа по вчерашната 11-та Специјална итна седница на Генералното собрание на ОН, каде Претседавачот Османи исто така имаше свое обраќање. На седницата на ОН беше усвоена Резолуцијата за праведен и траен мир во Украина. Во тој контекст, пред Советот за безбедност Османи истакна дека Северна Македонија ја поддржува оваа резолуција и е меѓу нејзините главни ко-спонзори. За зачувување на мирот и безбедноста, рече тој, потребна е максимална акција за придржување кон меѓународното право и меѓународното хуманитарно право.

Тој во своето обраќање уште еднаш се осврна на нашата поддршка за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, во нејзините меѓународно признати граници. Ја обвини Русија за постојаните напади во урбаните области, оставајќи ги цивилите и градовите без пристап до основни човечки потреби.

„Досегашните истраги во повеќето нападнати градови во Украина водат до заклучок дека се извршени воени злосторства и злосторства против човештвото“, рече Османи, споменувајќи и извршена сексуална злоупотреба и насилство врз жени и девојчиња, што е сериозно кршење на меѓународните човекови права и меѓународното хуманитарно право.

„Сторителите на овие злосторства мора да одговараат и да бидат изведени пред лицето на правдата“, потенцираше Османи. Тој нагласи дека како Претседавач со ОБСЕ сака да стави акцент на Московскиот механизам на ОБСЕ како важен извор, со цел да се утврдат фактите за можните воени злосторства и злосторствата против човештвото. Ова е, рече Османи, со цел извршените злосторства да се презентираат пред релевантните механизми за одговорност, како и пред меѓународните судови или трибунали.

„Го делиме ставот дека Меѓународниот кривичен суд е составен дел од мултилатералната архитектура која го поддржува владеењето на правото. Таа е централна институција во борбата против неказнивоста и потрагата по правда“, рече Османи во своето обраќање.

Тој додаде дека целосно ја поддржува истрагата што ја започна Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд и ги поздрави и привремените мерки на Меѓународниот суд на правдата со кои ѝ се наложува на Русија веднаш да ги прекине воените операции.

Османи повика и на целосно искористување на постоечките механизми за човекови права како клучни за поддршка на процесите на одговорност, зборувајќи тука за Советот за човекови права. Овој Совет, согласно своите специјални процедури, треба да ги истражи повредите и злоупотребите на човековите права и поврзаните злосторства во контекст на руската војна против Украина.

На крајот на своето обраќање, Османи ја повика Руската Федерација да ја прекине војната и го повтори барањето за итен прекин на воената агресија врз Украина, како и за целосно и итно повлекување на нејзините сили од територијата на Украина.

„Мора да го вратиме мирот и мора да надвладее одговорноста! Тие што направиле злосторства мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, заклучи Османи.

ПОПУСТО се избираат претставниците за Евровизија 2023 – Во обложувалниците УКРАИНА Е ВЕЌЕ ПРВА (Видео)

Во текот на февруари повеќето европски земји ќе избираат свои претставници за Евровизија. Досега само Холандија, Израел, Белгија, Албанија и Украина избраа песни да ги претставуваат, а Словенија и Кипар го имаат само името на уметникот, пренесува Индекс.

На четири месеци пред почетокот на Евровизија, обложувалниците се отворени, а убедливо води Украина. Букмејкерите и даваат на украинската група ТВОРЧИ и песната Heart of Steel дури 16% шанси за победа, иако повеќето од песните се уште не се познати.

Шведска, која исто така не избра песна, има импресивни 10% шанси за победа.

Украина избра претставник за Песна на Евровизија во декември во подземната станица во Киев претворена во воено засолниште.

ТВОРЧИ е електро поп дуо, основано во 2018 година во Тернопил. Музичарите се запознале додека студирале фармација во западна Украина. Тие беа избрани да ја претставуваат Украина на Евровизија и ова е нивниот најголем успех досега.

Победник на минатогодишниот Избор за песна на Евровизија беше оркестарот Калуш од Украина. Киев го доби правото да го емитува Изборот за песна на Евровизија во 2023 година, но поради безбедносни грижи предизвикани од руската војна, Британија ќе биде домаќин на настанот.

Ахмети до украинска делегација: Ќе победите како што УЧК победи во Македонија 2001, не се предавајте

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на украинска делегација со која разговарал ѝ дал совет Украинците никогаш да не се предаваат, како што не се предала УЧК во 2001 година во војната во Македонија, пренесуваат медиуми на албански јазик.

– Војната Русија-Украина и натаму претставува жешка зона. Се сретнав со една делегација од Украина и им реков: ‘Вие ќе ја добиете оваа војна. Бидете силни и не предавајте се никогаш, така победивме и ние, бидејќи ние не се предадовме никогаш!’ – рече синоќа лидерот на ДУИ Али Ахмети на партискиот собир во шарпланинското село Шипковица“ – објави телевизијата на албански јазик „Шења“.

За Украина тој рече дека „како земја сме се солидаризирале со оваа држава, која се наоѓа во војна, но немаме повеќе можности да сториме, освен да им испратиме музичка група“.

– Ние сме се солидаризирале со Украина морално, но само толку можеме. Бидејќи оние оружја, што ги имаме, тие не ѝ требаат на Украина. Или можеме да им испратиме музичка група, друго нешто не можеме да им однесеме – рече лидерот на ДУИ на партискиот собир во Шипковица.

Бездруго инспириран од Украина, потоа Ахмети, како поранешен врховен командант на УЧК, а сега претседател на ДУИ, евоцирал спомени од партискиот собир во Шипковица, а потоа дел и од своите „послевоени спомени“, велејќи: „ДУИ е дом на војници, бидејќи 10 илјади војници потпишаа за создавањето на овој дом со име ДУИ.“

(Видео) Папата плачеше на молитва кога ја спомна Украина

Папата Франциско плачеше додека зборуваше за страдањата на украинскиот народ за време на молитвата на Шпанските скали во Рим, објави „Ројтерс“.

Во моментот кога зборуваше за Украинците, гласот на папата затрепери и мораше да застане околу 30 секунди, наведува британската агенција.

Кога неколку илјади собрани, меѓу кои и претставници на црквата и обични верници, сфатија дека папата го совладаа емоциите, почнаа да му аплаудираат, охрабрувајќи го да продолжи со говорот.

По долга пауза, поглаварот на Римокатоличката црква ја продолжи молитвата, пренесе „АП“.

„Денес сакав да ја споделам со вас благодарноста на украинскиот народ“, рече папата пред да го прекине својот говор обземен од емоции, по што продолжи:

„Наместо тоа, уште еднаш морам да ви ги пренесам молбите на децата, постарите, татковците и мајките, младите од оваа напатена земја, која толку многу страда“.

Македонија ќе ѝ донира ветровки, џемпери и ќебиња на Украина

Владата на денешната седница донесе одлука за донација на Министерството за одбрана на Украина.

-Станува збор за зимска опрема: ветровки и џемпери, како и ќебиња – донација од Министерството за одбрана на Македонија, информираат од Владата.

Претходно Македонија и донираше на Украина воена опрема.

(Видео) Зеленски доби ОСКАР – Холивудскиот актер Шон Пен му го поклони својот оскар

Видеото објавено на социјалните мрежи исто така, прикажуца дека претседателот на Украина Володимир Зеленски му доделува Орден за заслуги на Пен Украина.

Пен, кој е познат по својот политички активизам исто како и по неговите филмови, избега од Украина во март додека снимаше документарен филм за конфликтот.

Тој подоцна рече дека размислува да им се придружи на украинските сили за да се бори против Русија.

Претставниците на Кремљ претходно ги додадоа Пен и неговиот колега Бен Стилер на руската „црна листа“, што значи дека сега им е забранет влезот во земјата.

„Славјанке сега греалки ќе донираш, 80 отсто од Украина нема струја, твоите греалки се оружјето на Судниот ден …“

„Славјанке сега греалки ќе им донираш на Украинците после тенковите што им ги уништија Русите за три дена?Греалки ќе им дадеш? Оние на струја? Стварно?

Па 80 посто од Украина нема струја Киев е во целосен мрак со денови.И ти греалки на струја ќе им пратиш? Што ќе им прават на греалките? Ќе ги гледаат колку се џиџани?

Видете луѓе шо убави греалки ни пратиле нашите сојузници и Славјанка. Немаме струја да ги вклучиме ама убави се за гледање, да си ибат векот. И како вака бе Славјанке до победа? Од тенкови на греалки спадна?

Што е следно? Термофори? Па и вода немаат. Тоа дека вие од НАТО ги потепавте Русите и ја добивате војната. Тек сега тешко на Русите.

Твоите греалки се оружјето на Судниот ден, будало една. Ти како лидер на НАТО сила, греалки им прати???

Те молам Славјанке покажи ми некако дека не си толку глупа.На глупомер да те стават, ќе прегори.“ – пишува актерот Сашо Тасевски на социјалните мрежи.

Владата не ни даде нам, ама затоа ЌЕ И ДОНИРА ГРЕАЛКИ НА УКРАИНА

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба се заблагодари за тоа што Македонија му дава поддршка на украинскиот народ во тежок период.

„Македонски фирми во соработка со Владата ќе донираат генератори, греалки и други грејни тела на Украина за да може земјата да ја преброди зимата“, вели Кулеба.

Договоривме набавка за опрема од 12 земји, меѓу кои се Израел, Шпанија, Италија, Литванија, Германија, Македонија, Полска, Република Кореја, Словачка, Словенија, Франција и Финска, кажа министерот.