Tag Archives: Украина

Зеленски истропа глупост ? Украина ја уништува втората армија на светот, Русија отсега ќе биде ПРОСЈАК!

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека чекор по чекор продолжуваат да ја ослободуваат украинската територија.

„Донбас, Харков и Керсон се ослободуваат. Ќе дојде време и цела Украина ќе биде слободна“, рече Володимир Зеленски во видеото на Телеграм.

Тој истакна дека Украинците ја бранеле независноста на земјата и дека Русија повеќе не може да направи ништо во врска со тоа.

„Украина ја уништува таканаречената ‘втора армија на светот’, а Русија отсега ќе биде само просјак. Потенцијалот на Русија сега се троши на ова лудило, на војна против нашата земја и целиот слободен свет “, додаде Зеленски.

Тој посочи дека Русија порано имала влијание во однос на природниот гас, воената моќ и политичката тежина, но веќе не.

Тој додаде дека е многу важно да се промени конфигурацијата на моќта во Евроазија.

„Колку повеќе од својот потенцијал Русија губи сега, толку повеќе вистинска слобода ќе добијат сите народи и покрај Русија и во нејзините граници. Украина пред сè“, рече украинскиот претседател, пренесуваат медиумите.

Американска војска пред украинската граница – “СПРЕМНИ СМЕ ЗА ВЛЕЗ ВО УКРАИНА“!

Американската 101-та воздушна дивизија е распоредена во Европа, поточно во Романија, во близина на границата со Украина. Ваква одлука е донесена за прв пат по 80 години, поради зголемените тензии меѓу Русија и НАТО.

Лесна пешадиска единица е обучена да се распореди на кое било бојно поле во светот за неколку часа, подготвена за борба. CBS ги посети заменик-командантот на дивизијата, генералот Џон Лубас, и полковникот Едвин Матејдес, командантот на вториот борбен тим, на само пет километри од романската граница со Украина.

Американската команда објаснува дека заканата во околината на територијата на НАТО е причината поради која е испратена најелитната дивизија за воздушен напад, со одредена тешка опрема.

„Подготвени сме да ја одбраниме секоја педа од територијата на НАТО. Ја носиме единствената способност на нашата дивизија за воздушен напад. Ние сме лесна пешадија, но носиме мобилност со нас, за нашите авиони и воздушни напади“, рече Лубас за CBS.

Се додава дека околу 4.700 војници од 101-та дивизија во Форт Кембел, Кентаки, биле испратени да го зајакнат источното крило на НАТО.

Матаидс изјави за CBS News дека тој и неговите војници се најблиските американски сили до борбите во Украина. Од нивна гледна точка, тие „внимателно ги набљудуваат“ руските сили, „градат цели против кои треба да делуваат“ и спроведуваат вежби.

„Тоа не држи во готовност“, рече тој.

Командантите на „Screaming Eagles“  изјавија за CBS News дека секогаш се „подготвени да се борат уште вечерва“ и додека се таму за да ја бранат територијата на НАТО, доколку борбите ескалираат или има каков било напад врз НАТО, тие се целосно подготвени да преминат границата во Украина.

Вечер.мк

Уништени македонските тенкови во Украина (Видео)

Руската армија уништи баталјон од украински војници кој беше опремен со македонски и словенечки тенкови.

Станува збор за првиот механизиран баталјон на 28-та бригада на украинската армија кој дејствувал во правец на Криворож.

Имено, агенцијата Спутник дошла до снимка од уништени тенкови кои пристигнале до украинската армија од Македонија и Словенија заедно со тенковите Т-72 на НАТО.

На снимката се гледаат и единици на самоодни хаубици МТЛБ и борбени извидувачки возила БРДМ, исто така уништени.

НАТО достави до Македонија листа за потребна воена помош за Украина

НАТО минатата недела на Министерскиот состанок на министри за одбрана што се одржа во Брисел до Македонија доставил листа на воена опрема што ќе биде потребна за Украина, откри денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Македонија засега нема донесено нова одлука да испрати воена помош за Украина, но во консултации со Генералштабот, ако има можност да се излезе во пресрет на дел од потребите, тоа ќе биде направено.

–Минатата недела се одржа Министерски состанок на министри за одбрана во Брисел. Меѓудугото, имаше и сесија посветена на Украина, како центар на случувањата во овој подолг временски период. Беше поделена поголема листа на опрема која и е неопходна, а која заради сензитивноста е класифицирана. Во консултација со ГШ на АРМ доколку има простор и можност да се одговори позитивно на дел од тие побарувања, апсолутно ќе биде предложена до Владата повторно таква одлукаа, а за тоа ќе бидат известени медиумите и јавоста. Сега засега ја согледуваме нивната листа на побарувања, рече министерката во одговор на новинарско прашање.

Украинска снајперистка се омажи за соборец, свадбата во шума кај Харков (Фото и видео)

Украинската снајперистка Евгенија Емералд, попозната како украинска Јованка Орлеанка, се омажила за војник што го запознала на почетокот на руската инвазија, пренесува Odessa Journal.

Евгенија и нејзиниот партнер Евгениј Стипањук се венчаа во петокот во близина на фронтот во шума кај Харков. Датумот на венчавката за нив имаше посебно значење – петок беше Денот на ветераните, национален празник во чест на ветераните и загинатите припадници на вооружените сили на Украина, а му било и роденден на Стипањук.

Церемонијата ја водел воен генерал.

Двојката се вљубила веднаш по почетокот на инвазијата во Украина, а се верила во август.

-Сфаќаме дека секој ден може да биде последен и не сакаме да го одложуваме животот за подоцна, напиша Емералд на Инстаграм.

На фотографиите кои ги споделија на социјалните мрежи, се гледа дека Евгенија носела долга бела венчаница, а нејзиниот сопруг се одлучил за војничка униформа.

Таа сподели фотографии од нејзиниот посебен ден на Инстаграм и напиша дека „не можела да замисли поидеална венчавка“.

– Денеска и официјално станав сопруга на војник. Тоа се случи на линијата на фронтот и генералот на вооружените сили на Украина ја предводеше церемонијата, напиша таа.

(Видео) Нема сон за Украинците: Воздушни напади во Харков, Виница и Белгород

Во Харков се слушаат звуци од експлозии, јави украинската новинска агенција УНИАН.
„Властите известуваат за звуци на експлозии во Харков“, се вели во пораката на каналот UNIAN Telegram.


Украинските медиуми во понеделникот и вторникот јавија за експлозии во неколку региони на Украина. Ударите биле нанесени на украинските инфраструктурни објекти.

Како резултат на ракетни напади врз ТЕ “Ладижинска” во областа Виница во Украина, забележано е оштетување на електричната опрема. Покрај тоа, една од најголемите рударски компании во Украина, Ферекспо, ја прекина работата поради прекини на струја.

На социјалните мрежи се појави видео и од денешните напади на Белгород.

ТРАМП: САД се одговорни за конфликтот и наместо Украина да ја пумпаат со оружје веднаш да се пристапи кон мировни преговори со Русија

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп сугерираше дека САД се одговорни за почетокот на конфликтот во Украина, пишува Њусвик.

Трамп во интервју за „Вистински глас на Америка“ изјави дека „глупавата реторика“ на американскиот претседател Џозеф Бајден „го принудила“ претседателот на Русија да испрати војници во Украина.

– Нашата земја и нашето таканаречено раководство го исмеваа Путин. Реториката беше толку глупава. Го натераа да почне, рече Трамп, тврдејќи дека војната во Украина немаше да се случи ако тој беше претседател.

Трамп, исто така, нагласи дека, кога бил на чело на Белата куќа, се обидел да одржува добри односи и со рускиот и со украинскиот лидер, пренесува Њузвик.

– Додека гледаме дека на Бајден му треба џебна листа за да ги каже дури и најосновните работи, се чини дека тоа не е случај овде, како што вели поранешниот претседател на САД, мораме да пристапиме кон мирни преговори за ставање крај на војната во Украина, додека сегашната американска администрација продолжува да пумпа во Киев оружје, но повторно можеби Бајден сè уште не добил инструкции од џебната листа да бара мир, изјави поранешниот американски претседател Трамп.

Спасовски: Подготвени сме да ги прифатиме беглаците од Украина

Државата е целосно подготвена доколку има каква било потреба за прифаќање на укр аинските бегалци, тврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски посочи дека државата има активирано Директива за привремена заштита и покрај тврдењата на Здружението на млади правници дека Македонија, заедно со Косово и Босна и Херцеговина ја немаат активирано таа директива.

– Не, ние имаме активирано таков механизам како држава. Целосно сме подготвени. Имаме влез на околу 21 илјада украински државјани на територијата на државата, пред се, кои се во роднински или пријателски врски со наши државјани, а дел од нив работат во ИТ компании кои доаѓаат тука. Има мал број на лица коишто поднеле барање и им се издава престој од хуманитарни причини. Меѓутоа, како држава сме целосно подготвени доколку има каква било потреба за прифаќање на украинските бегалци, изјави Спасовски.

Зоран Дранговски од Македонско здружение на млади правници посочи дека располагаат со бројка од неколку илјади украинци, кои претстојуваат и оти се соочуваат со сериозни потешкотии во земјава.

– Земјите од ЕУ ја активираа т.н Директива за привремена заштита која ја има и во нашиот Закон за меѓународна заштита, меѓутоа Република Македонија не ја активираше таа заштита и практично бегалците од Украина се оставени сами да се снаоѓаат со решенија во однос на нивниот статус. Еден дел од нив веќе аплицираа за привремена заштита, еден друг вид заштита кој се дава согласно Законот за странци, не е заштита од типот како за бегалци наменета, бидејќи со оваа заштита тие неможат да работат, да користат здравствено осигурување, освен ако не си плаќаат сами приватно, не можат да добиваат бесплатно образование итн, рече Дранговски.

Најголем дел од нив државава ги третира како туристи.

– Тие се влезени тука согласно тој престој од три месеци, немаме информации дали сите регулирале престој или не, но нема државата посебен систем кој ќе овозможи заштита на бегалците од Украина. Иако постои редовната постапка за добивање на право на азил, мал број се одлучиле да побараат азил, според информациите со кои ние рапсолагаме, и не знаеме од кои причини, можеби се уште се во очекување на една ваква колективна заштита која Македонија треба да им ја пружи на овие бегалци, додаде Дранговски.

Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити информира дека во Република Северна Македонија се присутни околу 250 до 300 лица од Украина.

– За нив комплетно се грижи Црвениот крст во смисла на помош и поддршка во делот на хуманитарните потреби и здравствената грижа. Подготвени сме имаме обезбедени средства и луѓе, до крај да им излеземе во пресрет. Работиме на проширување на нашите услуги кон нив, подготвуваме просторија за децата укра инци да пристапиме на еден поинаков начин, да ги задоволиме нивните потреби на таа возраст, рече Саити.

Во однос на бројката од над пет милиони бегалци, кои се наоѓаат на територијата на Турција, министерот за внатрешни работи Спасовки посочи дека се потенцијален проблем и за нашата држава, но и за регионот и за Европската унија.

– Затоа е од исклучителна важност како ќе функционира договорот ЕУ и Турција. Јас се надевам дека како и досега успешно ќе се менаџираат тие односи се со цел да не се предизвикаат поголеми предизвици пред сите нас да стојат во делот на справувањето со миграцијата. Сакам да напоменам дека сите овие мерки коишто ние ги преземаме се мерки за справување со последици од миграцијата. Ова не се мерки за решение на проблемот. Проблемот со миграцијата треба да се решава од изворот, нагласи Спасовски.

Според министерот, низ територијата на нашата држава од 2015 до јануари 2016 година поминале околу 1.100.000 лица.

Украинците објавија снимки од злосторствата (Вознемирувачко видео)

Украинската служба за безбедност денеска сподели видео на Твитер на кое се гледа „сцена на воено злосторство од страна на руските војници“.

Тие рекоа дека руските војници неодамна пукале врз конвој цивили меѓу окупираниот Сватов во областа Луганск и ослободениот Купјанск во регионот Харков.

„Нападот на конвојот за евакуација на цивили е суровост за која нема оправдување“, изјави денеска украинскиот регионален гувернер.

Украинската безбедносна служба објави дека руските сили гранатирале седум возила од конвојот меѓу окупираните Сватов и Купјанск, кои ги држат Украинци.

Гувернерот на Харков, Олех Синехубов изјави дека се пронајдени 20 тела и дека тоа е „суровост за која нема оправдување“. Засега не се знае кога се случил нападот, но властите претпоставуваат дека се случил во септември.

Османи: Македонија нема да ги признае манипулативните руски референдуми во Украина

На прашање дали Македонија ќе ги признае резултатите од референдумите во четири украински региони за приклучување кон Русија, министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека Македонија никогаш нема тоа да го направи.

Тој додаде дека е важно Украина да победи во војната со Русија, која преку манипулативни референдуми сака да си обезбеди алиби за анектирање на украинска територија.

Важно е Украина да победи во оваа војна, а Македонија нема да признае манипулативни референдуми. Тие се манипулативни за да имаат алиби за своеволно анектирање на туѓи територии – кажа Османи на денешниот брифинг за новинарите.

Референдуми за приклучување кон Русија се одржуваат во регионите Донецк, Луханск, Запорожје и Херсон.