Tag Archives: Украина

Телеграф: Украина ќе победи – Русија ќе се распадне

Станува сѐ појасно дека Украина ќе победи во оваа војна и дека Кремљ се соочува со историска криза во довербата, пишува британски „Телеграф“.

Постои реална можност дека откриените слабости на претседателот на Русија Владимир Путин се толку сериозни што може да бидат почеток на крајот – не само на неговиот режим, туку и на самата Руска Федерација/

Оваа огромна земја опфаќа повеќе од 120 етнички групи на неодржливи основи, пишува британскиот весник и додава дека нејзиниот колапс во почетокот може да биде постепен, но брзо може да стане ненадеен. насилен и неконтролиран настан. Ако Западот не се подготви за оваа можност, како што порано не се подготви за распадот на СССР, тоа може да внесе голема нестабилност во светската геополитика.

„Телеграф“ наведува три фактори кои може да доведат до распад на федерацијата. Првиот е потполн распад на довербата во војската, која традиционално беше сржта на легитимитетот на кремљ. Нејзиното понижување во Украина сега е речиси потполно, а гордата Црноморска флота и понатаму се крие зад Крим, но е премногу исплашена за да преземе акција против земјата која речиси и да нема морнарица.

А руските мажи масовно избегнуваат регрутација знаејќи каква судбина ги чека на бојното поле. Ова несразмерно го зајакна регрутирањето на етничките малцинства од Чеченија и другите региони на работ на федерацијата – група која најлесно се користи како топовско месо – што предивика незадоволство кое Москва не може лесно да го потисне.

Второ, штетата која ја претрпе руската економија е премногу разора за да издржи популација од 144 милиони луѓе, пишува „Телеграф“. Губитокот на енергетскиот пазар, кој го компензираше недостигот на модерна индустрија во земјата, не може да се надмине. Европските влади нема повторно да се потпираат на Северен ток 1.

Русија, исто така, се потпираше на извозот на оружје, но која земја сега ќе биде заинтересирана за купување на нејзината опрема или вооружување? Таква економска криза може да се одржува со месеци во погрешна надеж дека ситуацијата повторно ќе се стабилизира – но, дури и во Русија изворот на стоицизам има свои граници. Ова доведува до третиот фактор, а тоа е ретката густина на населеност. Затоа што, покрај тоа што поседува 70 пати поголема копнена површина од, на пример, Велика Британија, Руската Федерација има само двојно повеќе жители. Овие бројки го отежнуваат постигнувањето на граѓанска солидарност и во најдобри времиња, а сега, со престолнината во слаба позиција, секое чувство на национален идентитет може брзо да се влоши.

Западните санкции ќе ги принудат московските елити да направат тешки економски компромиси. Тие неизбежно ќе ја спасат средната класа во престолнината, која претставува непосредна закана за режимот, на штета на малцинското население во конститутивните покраини.

Идејата за потреба од „деколонизација“ на Русија веќе некое време се спомнува на Запад. „Телеграф“ пишува дека сега треба да се постават тешките прашања за потенцијалниот крај на Руската Федерација, за таа да не се случи до никаде.

На пример, како ова може да се одигра во земја која има значителни залихи на нуклеарно оружје и неколку центри на моќ? Кој би ги „извлекол“ нуклеарките? Како да се избегне протекот на оружје и милитанти во балтичките држави? Дали големиот внатрешен судир е неизбешен или колапсот може да се заузда во политички контекст?

Заедно, овие дилеми претставуваат многу значаен предивик пред Западот. Еден погрешен чекор и може да се соочат со катастофа.

(Видео) Обид за атентат на Зеленски ?! Доживеал сообраќајка во Киев

Претседателот на Украина Володимир Зеленски учествувал во сообраќајна несреќа во Киев, не е тешко повреден, изјави неговиот портпарол Сергеј Никифоров.

„Во Киев патнички автомобил се судри со автомобилот на претседателот на Украина и возилата на неговата придружба. Лекарите кои го придружувале шефот на државата му пружиле итна помош на возачот на автомобилот и го предале на брзата помош. Претседателот бил прегледан од лекар, кој не констатирал сериозни повреди“, напиша Никифоров на социјалните мрежи.

Тој додаде дека полицијата ги истражува околностите на инцидентот.

Видео од местото на несреќата во Киев стана вирално и брзо се прошири на социјалните мрежи.

Возачот на вториот автомобил кој учествувал во инцидентот бил однесен со возило на брза помош, јавуваат локалните медиуми

https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2022/09/video-5.mp4

Зеленски ќе ја легализира порнографијата во Украина

Володимир Зеленски нареди ревизија на легализацијата на порнографијата и еротиката. Овој потег доаѓа како одговор на петицијата со која се собраа потребните 25.000 потписи за прашањето да биде разгледано од властите.

Коментирајќи ја иницијативата во петокот, Зеленски сигнализираше дека го задолжил премиерот Денис Шмигал „да го обработи прашањето покренато во електронската петиција… и да го информира нејзиниот автор за резултатите од разгледувањето“.

Зеленски истакна дека националниот Устав им дава на украинските граѓани право на слобода на мисла, говор и изразување. Меѓутоа, оваа одредба е ограничена, меѓу другото, со закон за заштита на јавниот морал, кој забранува производство и дистрибуција на експлицитни материјали.

Авторот на петицијата, Тарас Сиромски, рече дека украинското законодавство во оваа област има многу празнини кои „даваат простор за нејзино толкување“, особено во однос на тоа како всушност се дефинира еротизмот. „Законодавството не објаснува добро каде е еротизмот во уметноста, а каде еротизмот е порно“, пишува тој.

Авторот, исто така, рече дека забраната на порно исто така може да промовира корупција. Во исто време, легализацијата на порно претставува „идеална можност да се донесат пари во украинскиот буџет, рече тој.

Одговорот на Зеленски на петицијата доаѓа откако тој го повика премиерот да размисли за легализирање на истополовите бракови по друга петиција минатиот месец.

Тој, сепак, тогаш истакна дека уставните одредби за брак во моментов не можат да се променат поради воената состојба објавена на 24 февруари, истиот ден кога Русија ја започна својата воена офанзива во земјата.

Македонија донира тенкови на Украина (Фото)

Донирани се тенкови на Украина кои се од третата генерација и кои со оглед на развојот на технологијата се неконкурентни и некомпатибилни, соопшти вчера попладне Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија. Од Министерството без да ја споменат бројот на донираните тенкови, за МИА информираа дека дополнително во наредниот период би требало да се трошат и ресурси за уништување на тенковите, што според нив е нецелисходна активност за нашата Армија.

– Согласно донесените Одлуки од страна на Владата на Република Северна Македонија во неколку наврати донираше воена опрема за Украина во согласност со нивните барања и потреби, а во координација со сојузниците. Република Северна Македонија како кредибилна членка на НАТО, во линија со сојузниците и партнерите, почитувајќи го територијалниот интегритет, суверенитет и правото на самоодбрана на Украина, притоа строго осудувајќи ја агресијата на Русија на Украина, ги донесе овие Одлуки да упати помош на Министерството за одбрана на Украина, со одредена количина на материјални средства, наведува МО.

Се наведува дека врз основа на извршените анализи, препораки и усвоени планови за опремување на Армијата на Република Северна Македонија во наредниот период ќе се изврши трансформација, односно расформирање на тенковскиот баталјон, која како што велат оттаму веќе е во тек, и ќе се пристапи кон воспоставување на модерни и современи противоклопни способности и капацитети во Армијата.

-Имајќи ги предвид, НАТО-одбранбено планирање, планот за модернизација и опремување на Армијата, во тек е проект „Набавка на лесни оклопни возила на тркала”, согласно договорот со американската Влада, кој е започнат во 2019 година со склучување на Договори помеѓу Владите на Република Северна Македонија и САД. Пред некој ден пристигна и испораката на првите 6 ЛОВ ЈЛТВ во рамките на овој проект. Оваа испорака претставуваат сериозен исчекор во процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно НАТО стандардите и ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е наша НАТО единица како и замена на застарените тенковски капацитети кои нема да бидат дел од армиската формација појаснуваат од Министерството.

(Видео): Украинка од Мариопол го попари: Зеленски е дворски шут, греота е да го колнам ама да се удави во здравјето што му го посакувам

Руските медиуми објавија видео на кое се слуша како гневна жителка на Мариупол го нарекува Володимир Зеленски “дворски шут”.

Може да се забележи дека госпоѓата е видно вознемирена и гневна на постапките на украинскиот претседател.

“Секогаш сум била горда што живеам во Украина, до 2014, од 2014 сакам да живеам во Русија. За Зеленски, греота е да го колнам, му посакувам толку здравје што ќе се удави од него, дворски шут!”

Претходно во неколку наврати жителите на Марупол апелираа да се организираат хуманитарни коридори за евакуација на цивилите во градот.

Русија тврдеше дека украинските војници не дозволувале евакуација на цивилите.

Русија употреби ТРЕНИРАНИ ДЕЛФИНИ ЗА БОРБА ПРОТИВ УКРАИНЦИТЕ

Русија донесе обучени, тренирани воени делфини во својата поморска база во Црното Море, веројатно за да ја заштити својата флота од подводни напади.

Американскиот поморски институт (USNI) анализираше сателитски снимки од поморската база во пристаништето Севастопол и заклучи дека две засолништа за делфини биле преместени во базата во февруари, кога Русија ја започна инвазијата на Украина. Поморската база во Севастопол е од клучно значење за руската армија, бидејќи се наоѓа во јужниот дел на Крим, кој Москва го окупираше во 2014 година. до напади на подморници.

И Украина тренирала делфини и во аквариум во близина на Севастопол, во програма која датира од советската ера, но била напуштена во 1990-тите. За време на Студената војна, и Соединетите Американски Држави и Советскиот Сојуз развија употреба на делфини чиишто способности за ехолокација овозможија откривање на подводни објекти како што се мини.

Соединетите држави потрошија најмалку 28 милиони долари за одржување на сопствените трупи на делфини и морски лавови, кои исто така можат да бидат обучени да помагаат во конфликти.

Украинската морнарица ја рестартираше програмата во Севастопол во 2012 година, но делфините паднаа во рацете на Русија по анексијата на Крим во 2014 година. Украина неуспешно бара враќање на животните, а РИА Новости пренесува дека Москва планира да ја прошири шемата.

„Нашите експерти развија нови уреди кои го претвораат откривањето на цели делфини со сонар во сигнал на мониторот на операторот. Украинската морнарица немаше доволно средства за да развие таква програма и некои проекти мораа да бидат затворени“, изјави украинки воен извор за новинската агенција.

Две години подоцна, руската морнарица објави дека планира да купи уште пет делфини и објави тендер за договор вреден 1,75 милиони рубли – околу 21.000 долари – за испорака на делфини во базата во Севастопол до крајот на летото. Не се знае дали делфините за кои се верува дека денеска се во Севастопол се истите за кои беше распишан тендерот.

Сателитските снимки од 2018 година открија дека Русија користела делфини и во својата поморска база во Тартус во Сирија за време на сириската војна.

Делфините не се единствените морски животни обучени од руската војска. Се верува дека китот белуга забележан на брегот на Норвешка во 2019 година исто така бил обучен од руската морнарица. Рибарите пријавиле дека китот белуга носел чудни појаси, на кои можеби имало камери и дека им пречи на чамците влечејќи ги за јажињата.

(Видео) Џафери со панцир ја посети Украина, ја спореди со Косово и Сребреница

На покана на претседателот на Собранието на Украина, Руслан Стефанчук, претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска е во посета на Украина, каде што допатувал со воз преку Полска во раните утрински часови, информира неговиот кабинет. Истовремено, во посета на Украина денес се и претседателите на Парламентите на Романија и Швајцарија.

Џафери ги посети градовите Буча и Ирпин и пистата во Хостомел, кои се разурнати од воените дејствија, по што заедно со другите претседатели на Парламенти дадоа заеднички изјава.

„Секако особено ми е задоволство и ја прифатив поканата и лично да ги посетам Буча и Ирпин за лично да ги согледаме последиците од она што е инвазија на Руската федерација врз Украина. Секако, моето присуство е симбол на лична, институционална и поддршка на граѓаните на Република Северна Македонија за народот на Украина и институциите на Украина. На нас од Западен Балкан ни се свежи сеќавањата од ваквите слики што ги гледавме не подолго од две децении претходно, свеж ни е Речак во Косово, свежа ни е Сребреница во Босна и Херцеговина и секако мислам дека ние најдобро ве разбираме и знаеме што значат овие слики што ги гледаме овде“, рече Џафери.

„Јас оттука можам да порачам дека лично ќе се залагам институциите и граѓаните на Република Северна Македонија да ја пружат сета можна поддршка која што ќе стои на располагање заедно со нашите партнери од Европската унија и меѓународната заедница. Секако, лично ќе се залагам овие слики да го добијат правото име што им следува, а тоа е геноцид и ништо друго.“ Оваа посета на претседателот Џафери е прва од овој вид на висок претставник од регионот и прва посета од сите нивоа на власт во Република Северна Македонија. Во рамките на посетата Претседателот Џафери ќе има и обраќање на Конгресот на локалните и регионални совети под претседателство на Претседателот на Украина, Володимир Зеленски“, додаде спикерот на македонскиот парламент.

96 годишна баба побегнала од Украина: Не ме убија ни Хитлер ни Сталин, ќе го преживеам и Путин

Пред два месеци, на 24 февруари, започна руската инвазија на Украина. Иако е неизвесно колку долго ќе трае, Украинците немаат намера да се предадат. Една од нив е и деведесет и шестгодишна баба која била во кампот во исто време со Ана Франк, а вети дека ќе го преживее и Путин.

Анастасија Гулеј морала да избега од Украина откако земјата била нападната од руските војници. Четири месеци била затвореничка во логорот Берген-Белзен на северот на Германија, а била и во Аушвиц во исто време со познатата Евреинка Ана Франк, пишува британски „Метро“.

„Не ме убија ни Хитлер, ни Сталин и ќе го преживеам и Путин“, изјавила Анастасија, која работи и на својата биографија.

Бабата која го преживеала холокаустот ги спореди потезите на Путин во Украина со нацистите, а на почетокот на месецов по повод 77-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Берген-Белсен, злосторствата на Путин ги нарече „геноцидни“.

„Немам зборови за тоа што хитлеровите послушници од Кремљ го направија во Буча и Мариупол“, вели таа.

За да биде безбедна, бабата решила да побегне во Германија со своите возрасни деца, бидејќи нејзината куќа се наоѓала во близина на аеродромот, што бил една од воените цели за руските ракети.

Нејзината биографија требало да биде објавена минатиот месец, но тоа е одложена за да биде вклучено и дополнителното ново поглавје за нејзиното бегство од Украина.

Жесток говор во Европскиот парламент: Ми се гади од лажната емпатија за Украина, со оружје нема крај на војната

Клер Дејли, членка на Европскиот парламент од Ирска, обраќајќи се ова тело изјави дека историјата не научила дека со санкции не се става крај на воените конфликти и дека треба да се разговара со Русија за да се стави крај на војната.

Таа го критикуваше и бугарскиот европарламентарец, Ангел Џамбаски, кој истакна став дека антивоените ставови се неморални.

Санкциите прават луѓето да страдаат, а не олигарсите, луѓето. Народот на Русија, народот на Европа… – истакна таа

Дејли го критикуваше постојаното вооружување на Украина, затоа што со тоа, како што истакна, само се продолжува војната и се предизвикува се повеќе Украинци да умираат.

Таа порача и дека лажната емпатија за Украина е шуплива приказна.

Ми се гади од тоа, да ви кажам искрено – истакна Дејли.

Таа праша и кога НАТО имал продуктивна улога и некаде донел мир.

Кинески новинари во околината на Киев не нашле докази за руски злосторства

Кинески новинари кои биле во околината на Киев во истражување за руски злосторства против цивилите, велат дека не нашле докази за такво нешто.

Како што велат во извештајот, наместо злосторства, локалните жители им кажувале дека Русите им дале храна.

https://t.me/intelslava