Tag Archives: Украина

(Видео) Огромна експлозија во Киев: За што станува збор?

Огромна експлозија се случи во Киев вечерва, а причините за истата се уште не се познати.

На видеото може да се види дека станува збор за експлозија од огромни размери, а се уште нема информации за повредени или жртви од експлозијата.

Видео:

Евакуирани македонски граѓани од Украина: Обезбеден коридор од Одеса, се бараат нови конвои за евакуација

Македонски граѓани кои се уште се наоѓаат во Украина се евакуираат преку безбедни коридори. Од Министерството за надворешни работи апелираат сите македонски државјани кои се уште не оставиле свои податоци, веднаш да се јават на телефонскиот број +389 75 273 732, кој е постојано активен и да остават прецизни податоци за нивната локација и состојба.

Вчера, две семејства од Одеса преку коридор обезбеден во координација со Владата на Бугарија се евакуирани, а шест други македонски граѓани се наоѓаат на безбедно во Молдавија од каде треба да продолжат кон Бугарија, а оттаму кон земјава.

-Активностите продолжуваат, се прават сите напори за да бидат евакирани сите граѓани кои ќе побараат помош, напиша вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи на „Фејсбук”.

Од МНР апелираат оние македонски граѓани, кои се во можност, да се упатат кон Одеса и да се јават во просториите на Генералниот конзулат на Бугарија од каде се уште има активни коридори за евакуација.

Остварена е соработка и со властите на Романија и Унгарија и се апелира до граѓаните, кои се во можност, да се упатат во западниот дел на Украина, кон конзулатите на Романија во Солотвино и Чернаути, како и кон конзулатите на Унгарија во Узгород, Берегове и Мукачево.

На овие локации, како што соопшти вчера МНР, ќе им биде пружена дополнителна помош и асистенција во насока на нивна евакуација од Украина кон овие земји.

– Во постојан контакт сме и со властите во Молдавија, од каде исто така имаме добиено потврда за вклучување на нашите државјани во евентуалните нивни коридори за евакуација, информираше МНР.

Оттаму посочија дека се прават напори да се обезбедат и други безбедносни коридори за евакуација на наши државјани за што дополнително ќе информираат.

Во саботата беа евакуирани и македонските дипломати од Киев и беше почнат процес за евакуација на 30 наши монитори во рамки на Специјалната мониторинг мисија. Дел од нив беа упатени кон Молдавија, а дел кон Полска.

– Одлука за евакуација на нашите дипломати имаме донесено на денот на руската агресија во Украина, но поради отежнатите околности тие не беа во состојба да ја напуштат Амбасадата. Целиот овој период беа во скривница. Потоа преземавме неколку координации со наши партнери и успеавме пред половина час да ги извлечеме нашите дипломати преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија, изјави шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во саботата.

Од МНР во саботата информираа дека имале јавувања и од македонски превозници кои се заглавени на украинско-полската и украинско-романската граница и дека се прават напори да им се помогне да ја напуштат украинската територија без да трпат економски последици. МНР апелира и до сите транспортни превозници да се воздржат од проток и патувања кон Украина затоа што, како што наведуваат, состојбите се крајно непредвидливи и нашите институции не можат да ја гарантираат нивната безбедност.

Од почетокот на воениот конфликт во Украина, како што соопшти УНИЦЕФ, во соседните држави избегале околу 368.000 бегалци и нивниот број продолжува да расте.

– Тој број се заснова на податоците што ни ги дадоа националните власти, соопшти вчера УНХЦР во порака на Твитер. Претходно, агенцијата на ОН објави дека во соседните земји има повеќе од 200.000 бегалци.

Забранет влез на руски авиони во воздушниот простор на земјава

Македонските власти уверуваат дека безбедносната состојба во земјава е стабилна и дека во моментот нема дирекна закана по нејзината безбедност. На највисоко ниво е подигнато нивото на заштита поради можните закани од кибер напади. Се апелира на прекин на воените дејствија во Украина и решавање на конфликтот по мирен, дипломатски пат.

Од вчера земјава се приклучи на групата европски држави кои забранија влез на авиокомпании од Русија во нивниот воздушен простор. Одлуката беше донесена на владина седница, а од неа се изземаат хуманитарните летови и летовите во случај на итност.

-Владата ја задолжи АД во Државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ да ја отпочне постапката за спроведување на оваа одлука и да ги извести Европските воздухопловни власти за забраната за влез во воздушниот простор на Северна Македонија за авио превозници регистрирани во Руската Федерација, соопшти владината прес-служба.

Со оваа одлука, како што информираа од Владата, земјава се приклучува кон препораките на ЕУ и на земјите членки кои имаат донесено таква одлука.

Петти ден војна во Украина: Воздушни напади во две области (Видео)

Вчеравечер, воздушни напади беа извршени во киевските области Житомир и Запорожје, објавија украинските медиуми.

11 транспортни бродови на Руската федерација, секој со по еден баталјон, се упатуваат кон Одеса, ќе има обид за напад.

Меѓу цивилното население, загинаа 352 лица, меѓу кои 14 деца, според Министерството за внатрешни работи на Украина. Статистиката е за изминатите пет дена.

(Видео) Украинската делегација пристигна со хеликоптер на разговори со Русија

Кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски потврди дека украинската делегација пристигнала на украинско-белоруската граница на разговори со Русиjа.

Делегација од Украина на местото на средбата пристигнала со хеликоптер, се вели во видеото што го објави РИА Новости.

(Видео) Огромна колона тенкови на пат кон Храков

Огромна колона тенкови се движат кон границата кај Харков во Украина, јави Си-Ен-Ен.

-Во Русија и Украина падна ноќта додека украинските сили продолжуваат да го држат центарот на главниот град на Киев. Западните власти предупредуваат дека ни претстои ‘долга борба’, се наведува во извештајот на Си-Ен-Ен.

Дописникот известува дека денеска се слушале повеќе звуци на ракетни фрлачи отколку изминатите денови.

Претходно денеска, висок американски функционер рекол дека руските сили се соочуваат со досега најжестокиот отпот на нивната инвазија на северниот дел од Украина кон Киев и Харков.

(Фото) Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко со оружје во раце: Руски воени бродови е**те се!

Поранешната украинска премиерка, Јулија Тимошенко денеска на својот Инстаграм профил објави фотографија со автоматско оружје во рацете.

На фотографијата Тимошенко позира со пет вооружени мажи.

Пораката со фотографијата е исто така многу јасна: „Украина ќе пружи отпор. Руски воени бродови, е*ете се!“

Да потсетиме, Јулија Тимошенко од Судот во Киев беше осудена на седум годишна затворска казна.

Судот во Киев ја осуди Јулија Тимошенко на седум години затвор поради злоупотреба на службена должност, па во 2014-та година после соборувањето на Виктор Јануковиќ од власт, украинскиот Парламент ја одобри измената во Кривичниот кодекс, со што и беше овозможено ослободувањето на експремиерката Тимошенко, по повеќе од две години минати во затвор.

Трет ден вистински пекол во Украина: Некои бегаат од земјата, други копаат по урнатините и тагуваат

Животите на обичните луѓе во Украина се претворија во пекол, пишуваат дописниците на светските медиуми.

Опишуваат дека звукот од пукотници одекнува во главниот град на Украина, Киев, додека руските тенкови се снимени како за првпат влегуваат во градот.

Министерството за одбрана на Украина ги повика оние кои живеат во северните предградија на Киев, Облонск – каде што се снимени тенковите – да направат запаливи бомби за да го неутрализираат непријателот, пренесуваат медиумите.

Анализираат дека во текот на втората ноќ од нападот, градот беше погоден од експлозии, оштетен е најмалку еден станбен блок, а има и мртви меѓу цивилите.

Photo: Times of Israel

Градските власти им порачаа на граѓаните во северната област Оболонск да останат дома за да избегнат активни воени операции.

Бројни семејства беа засолнети во метро станиците во Киев во текот на ноќта додека се изведуваа воздушните напади врз градот.

„Путин, сакаме да те видиме заклан како животно“, изјавил жител на Киев за Би-Би-Си.

„Како е можно сега да го доживуваме ова?“, вели Оксана Ѓуленко чистејќи го скршеното стакло од експлозија.

„Што да мислиме? Путин треба да биде изгорен во пеколот“, изјавила таа, пренесуваат светските медиуми.

Додаваат дека некои Украинци ги пребаруваат урнатините, додека други тагуваат.

Во пристанишниот град Мариупољ, една млада девојка по име Влада посакува да престане нападот.

„Не сакам да умрам. Сакам сето ова да заврши што е можно поскоро“, вели таа.

Извор: МАКФАКС

Што значи симболот „З“ на руските тенкови и воената опрема? (ФОТО)

Мистериозна буква „З“ која се гледа на руските тенкови и вооружени автомобили би можела да означува „нема назад“.

Повеќе теории за значењето на симболот беа споделени после инвазијата на Путин и од снимките кои се појавија од тенковите со буквата.

Руските сили беа видени пред украинската граница денови пред нападот.

На објавените снимки на интернет се гледаат тенкови, самоодна артилерија, ракетни фрлачи, камиони за снабдување кои се движат на дистанца од 6 до 25 милји од украинската граница.

Сите се обележани со сличен симбол со буквата „З“ во коцка.

Извори од армијата велат дека симболот покажува дека војската е спремна за напад.

Извор во Киев за „The Sun“ изјавил дека симболот значи дека последните подготовки се при крај.

Рускиот аналитичар Роб Ли има теорија дека симболот реферира на контингенти на инвазивните сили во украинските региони.

„Изгледа дека руската војска остава маркери близу границата, во овој случај буквата „З“ на нивните возила за да ги идентификува различните работни групи или ешалони“, напиша тој на Твитер.

Други теории кои што кружат онлајн се дека симболот е кратенка од „Одредот на Зоро“, името на инвазивните сили, или пак е тајно име за нова единица.

Дел од мистеријата е и фактот што буквата „З“ е на латиница а не е на кирилична азбука која се користи во Русија и Украина.

Поранешниот офицер Дејвид Кајм смета дека „З“ би можело да го означува името на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Вели дека информацијата ја добил од групата Вагнер, која е брутална паравоена организација која Путин ја користи за црни операции во странство.

Кајм додава и дека некои извори во армијата веруваат дека „З“ означува „нема назад“.

Извор: Сител ТВ

(Видео) „Мамо и тато, ве сакам“ – Емотивно видео на војник од фронтот во Украина

Русија започна инвазија на Украина од копно, воздух и море, што е најголемиот напад на друга земја во Европа од Втората светска војна и потврда на најголемите стравови на Западот.

Руски проектили ги зафатија украинските градови. Украина тврди дека колони војници ја минуваат границата во источните региони Чернихив, Харков и Луганск и дека слетале на бреговите на градовите Одеса и Мариупол на југ.

Жителите на вториот по големина украински град Харков, најблискиот поголем град до украинската граница, велат дека експлозиите ги тресат прозорците на нивните станови, а во градот владее паника.


На социјалните мрежи се прошири видеото на еден украински војник во моментот на рускиот напад. Тој беше снимен како вели: Мамо, тато, ве сакам …

https://twitter.com/90t95/status/1496875501293555712?t=NCagd95o7D53FZ3IVCtyMA&s=19

(Видео) Руски авиони и хеликоптери го напаѓаат Киев: Уништен центарот за разузнавање на Украина

Социјалните мрежи се преполни со видеа од руски авиони и хеликоптери кој го напаѓаат главниот град на Украина.

Неофицијално целосно е уништено седиштето на украинското разузнавање во Киев.

Во близина на Киев е забележана и неидентификува воена машинерија, само откако беа објавени снимки дека руски извидници и авијација се наоѓаат на 20 километри од главниот град Киев.

Според неофицијалните информации вториот по големина град во Украина, Харков веќе е освоен од страна на руските трупи, а Украина објавува дека досега се срушени 7 руски авиони од страна на противвоздушната одбрана.

На видеата се гледаат голем број хеликоптери и авиони кои наводно приѓаат на руската армија.

Погледнете:

https://twitter.com/spectatorindex/status/1496811298872786945?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1496811298872786945%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Finfomax.mk%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d180d183d181d0bad0b8-d0b0d0b2d0b8d0bed0bdd0b8-d0b8-d185d0b5d0bbd0b8d0bad0bed0bfd182d0b5d180d0b8-d0b3d0be-d0bdd0b0%2F

https://infomax.mk/wp-content/uploads/2022/02/video_2022-02-24_13-11-32.mp4?_=5