Tag Archives: Украина

Русите ја срамнија со земја украинската фабрика за тенкови (ВИДЕО)

На видеото кое го пренесе Си-Ен-Ен, кое вчера е објавено на социјалните мрежи, се гледа како дел од фабриката за тенкови е срамнет со земја по нападот на руските сили.

Си-Ен-Ен пишува дека ја потврдиле автентичноста на видеото кое прво беше објавено на Телеграм.

На видеото се гледаат украински војници како ја проверуваат штетата во фабриката и се чини дека едниот кажува како преживеале, бидејќи многу од фабричките згради биле срамнети со земја. Се гледа и уништената зграда, на земјата куп скршено стакло, метал и бетон.

„Да ви кажам искрено, денеска бевме навистина исплашени“, рече војникот.

https://twitter.com/ASBMilitary/status/1500159624544198657?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1500159624544198657%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fvesnik.com%2Fnode%2F245798

Украина: Соборивме руски хеликоптер (Видео)

Украинските вооружени сили тврдат дека утринава собориле руски воен хеликоптер.

Оперативната команда на земјата објави снимка од ракета како погодува хеликоптер на ниско ниво, кој се урна неколку секунди подоцна.

Сите за Украина, а Србија на пpoтecт со поддршка за рускиот нapoд и Пyтин (Видео)

Белграѓани пред споменикот на цар Николај на улицата Крал Милан во главниот град на Србија започнаа „протест за поддршка на рускиот народ“.

На протестот во непосредна близина на Претседателството на Србија се собраа голем број граѓани, така што улицата Крал Милан беше затворена за сообраќај.

Насобраните извикуваат пораки за поддршка на Русија, која минатиот четврток започна воена инвазија на Украина.

На учесниците на протестот од бината им се обратија претставници на екстремно десничарските организации – Дамњан Кнежевиќ од Народната патрола и Младен Обрадовиќ од Образ.

Тие порачаа дека доколку Србија по изборите воведе санкции кон Русија, двојно повеќе луѓе ќе излезат на улица од вечерва.

Обрадовиќ рече дека „Русија го ослободува целиот свет од заканите на НАТО“ и дека денеска „Путин покажа кој е најсилниот и најхрабриот државник на светот“.

Собирот започна со интонирање на химните на Србија и Русија, граѓаните носат руски и српски знамиња и извикуваат „Русија, Русија“, „Србите и Русите се браќа засекогаш“, „Предавство, предавство“ и „Вучиќ Шиптар, ти ја предаде Србија“.

Демонстрантите потоа отидоа на прошетка до руската амбасада, пренесува N1.

Неколку загинати во пожарот во нуклеарната централа – доколку русите ја гранатираат катастрофата ќе биде поголема од Чернобил, еве зошто

Неколку лица загинаа или се повредени во пожар што избувна за време на руското гранатирање на украинската нуклеарна централа, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

Вработените ја надгледуваат електраната во Запорожје за да се уверат дека таа работи безбедно и дека нивото на радијација во моментов е нормално, се вели во соопштението на Министерството на Фејсбук.

Но, ако процесот на ладење на нуклеарното гориво во енергетските единици е нарушен, може да дојде до радиоактивно оштетување од големи размери.

„Илјадници луѓе – вклучително и цивили кои во моментов не можат да ја евакуираат областа во близина на електраната поради континуирано гранатирање и борби – ќе бидат погодени од ова“, се вели во соопштението.

Во согласност со реакцијата на украинскиот претседател, министерството вели дека нуклеарната катастрофа во Запорожје би можела да биде полоша од претходните несреќи во нуклеарните централи – како Чернобил и Фукушима.

„Русија свесно презеде вооружен напад на локацијата на нуклеарната централа, акција што ги прекршува сите меѓународни договори во рамките на МААЕ (Меѓународната агенција за атомска енергија)“, се додава во соопштението.

Министерството ја повика меѓународната заедница да помогне во отстранувањето на руските војници од областа за да се обезбеди нејзината безбедност.

Зеленски го предизвика Путин: Не гризам, од што се плашиш?

„Но не на 30 метри, како со Макрон, Шолц – јас сум сосед! Не касам. Јас сум нормален човек, седни со мене, разговарај со мене, од што се плашиш?“ , му порача украинскиот претседател Володимир Зеленски на неговиот руски колега, Владимир Путин .

Украинскиот претседател потсети дека Украина  никогаш не нападнала ниту заземала туѓи земји, за разлика од Руската Федерација.

Уништен руски конвој тенкови, тела расфрлани на патот (Вознемирувачко видео)

Воени експерти велат дека станува збор за колона од оклопни возила долга 27 километри која станала лесна цел за украинската армија.

Фотографиите направени во градот Бача, 24 километри северозападно од Киев, ги покажуваат крвавите последици од една од најбруталните заседи во оваа еднонеделна војна, пишува Телеграф.

На видеата снимени од мобилни телефони се гледаат остатоци од тенкови и други оклопни возила. Во реонот на градот Бача уништени се околу 15 тенкови, како и голем дел на улиците. Во експлозиите исчезнаа дрвја и куќи покрај патот. Некои снимки покажуваат тела на руски војници.

„Погледнете што ми направија дома, но ние така возвративме и сега од нив остана само резервни делови“, изјавил жител.

Оваа победа ја прослави градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук, иако местото е уништено.

„Вооружените сили на Украина ја запреа непријателската колона. Ова се резултатите од нивната инвазија и одговорот на нашите вооружени сили. За жал, оштетени се и куќи, но ние повторно ќе ги изградиме. Им посакуваме се` најдобро на нашите вооружени сили кои одлично си ја завршија работата“, објавил Федорук.

По патот од Буча, на мостот кон Киев украинските сили уништија уште еден руски конвој со противтенковски ракети што им ги доставил Западот. Уништена е руска колона возила, а покрај патот можат да се видат трупови.

Рускиот конвој што се заглавил на пат кон Киев превезувал војници и опрема. Американската технолошка компанија прва го снимила преку сателит. Во неделата, конвојот се протегаше на околу 6 километри, а набрзо порасна на 27. Бил толку долг што сателитите не можеле да го фатат со една снимка.

Руската војска го освои градот Херсон и се построи на главниот плоштад

Јужниот украински град Херсон, потврдено е во рацете на руската војска.

Руски воени возила се построија на Плоштадот на слободата, цебтралниот плоштад во градот со околу 350 илјади жители.

https://twitter.com/BabakTaghvaee/status/1498790761625702406?t=6sqzhbD_8sn-zR43KvdurA&s=19

Харков гранатиран, конвој долг 65 километри се приближува кон Киев

Центарот на Харков е уништен. Русите утрово брутално нападнаа, употребувајќи тешко вооружување против циливи, обвинува украинската армија. 

Шефот на регионот Харков соопшти за најмалку 10 загинати цивили. На Твитер се појави снимка како проектил паѓа на централниот Плоштад на слободата, каде што се наоѓа зградата на регионалната админситрација. 

Напад врз град каде што нема воени цели е воено злосторство, рече претседтелот Зеленски и побара Русија да биде исклучена од Советот за Безбедност на ОН.

-„Руските сили денеска брутално го гранатираа Харков. Ова е воено злосторство. Мирно место, мирни граѓани. Нема воени објекти. Ова е намерно уништување на луѓе. 

„Поради ова злосторство тој дефинитивно ќе оди пред Меѓународниот суд на правдата. Ова е кршење на сите конвенции. Никој во светот нема да ви прости што убивте мирни Украинци, Русите добро знаат што гранатираат. Злото, вооружено со ракети, бомби и топови, мора веднаш да престане. Мора да покажеме дека човештвото е способно да се заштити себеси“, рече Зеленски.

Нападите врз Харков, главниот технолошки центар на Украина и дом на 1,4 милиони луѓе се засилија откака вчерашната прва рунда преговори Киев – Москва за запирање на руската инвазија заврши без резултат. На 6-тиот ден од војната,  руските ракенти напади се интензивираат и врз други украински градови, а најновите американски сателетиски снимки покажуваат како руски воен конвој долг 64 километри  напредува кон Киев од северозпад. Конвојот според снимките се наоѓа на околу 25 километри од украинската престолнина. 

Киев и ноќеска повеќе пати беше бомбардиран, а погодени биле и нафтени депоа. Меѓународниот кривичен суд во Хаг најави дека ќе испита дали има воени злосторства во руската инвазија. Досега 660.000 луѓе, претежно жени и деца ја напуштиле Украина и спас побарале во соседните земји соопштија ОН. 

Официјална Москва засега не даде коментар за нападот во Харков. Од почетот тврди дека не се напаѓаат цивилни објекти и дека нивна цел е демилитаризација на Украина. Првиот човек на руската армија рече дека не напаѓаат цивилни објекти.

Првиот руски дипломат истакна дека Русија ги презема сите мерки за да ја спречи Украина да поседува нуклеарно оружје. 

Американското нуклеарно оружје во европските земји мора да се врати во САД рече Лавров и ги повикува САД и и нивните сојузници да се приклучат на мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел во Европа.

– Опасностите што режимот на Зеленски денеска ги претставува за соседните земји и општо за меѓународната безбедност значително се зголемија откако властите формирани во Киев почнаа опасни игри, поврзани со плановите да се здобијат со сопствено нуклеарно оружје. Украина сè уште има советски нуклеарни технологии и средства за испорака на такво оружје. Не можеме да не одговориме на оваа реална опасност. Крајно време е да го вратиме американското нуклеарно оружје дома и целосно да ја демонтираме поврзаната инфраструктура на Европа, рече Сергеј Лавров.  

Во меѓувреме Францускиот министер за економија Бруно Ле Мар изјави дека санкциите кои светот ги воведе против Русија се неверојатно ефикасни и дека ќе доведат до колапс на руската економија. Ќе водиме тотална економска и финансиска војна против Русија рече Ле Мар, а Моксва експресно возврати- „Не заборавајте дека економските војни во историјата на човештвото често ескалира во вистински, предупреди  поранешниот претседател и втор човек на рускиот советот за безбедност Дмитриј Медведев.

(Видео) Траорни снимки од Киев: Луѓе бегаат на сите страни, градот се евакуира со воз

Нови сателитски снимки од Maxar Technologies покажуваат огромен руски воен конвој на пат кон Киев. Конвојот, кој, според Максар, е долг повеќе од 64 километри, се движи кон главниот град на Украина од северозапад.

Си-Ен-Ен пишува дека конвојот, кој вклучува стотици тенкови, ракетна артилерија, оклопни и логистички возила, пристигнал од Белорусија, каде Русија ги акумулирала своите сили неколку недели пред инвазијата на Украина.

Претходно се шпекулираше дека конвојот е долг околу 27 километри, но сега се покажа дека станува збор за многу подолг воен конвој.

Должината на конвојот сведочи за количеството воена сила што Русите ја собраа во обид да го заземат Киев, но и за белоруската поддршка во инвазијата на Украина.

Во моментов во Киев дел од жителите се обидуваат на секаков можен начин да се евакуираат од градот. Редакцијата на Инфомакс е известена за најмалку две македонски семејства во околината на градот кои бараат од државата да бидат евакуирани.

Најчесто граѓаните се евакуираат со воз, а во моментов на железничката станица во Киев е центарот од каде граѓаните се евакуираат.

Погледнете како изгледаат овие траорни сцени во Киев.

Генерал-мајор Конашенков: Русија не започнува војни, Русија ги завршува

Русија не започна воени операции во Украина, туку ги завршува. Војната во Донбас траеше осум години, при што загинаа повеќе од 14.000 луѓе, меѓу кои и деца. Ова го соопшти официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

Русија не започнува војни. Русија ги завршува. Воените акции на режимот во Киев и систематското истребување на жителите на Донбас траат веќе осум години“, рече тој.

Според генерал-мајорот, неопходно било да се стави крај на бескрајните закани од режимот на Киев против Русија.