Tag Archives: вакцинација

(Видео) Интepвенирала и полициjaта: Гyжви пред сите вakцинални пунктови

Турканици, голем метеж и нервоза кај граѓаните – ваква беше сликата во сите поликлиники во Скопје каде започна вакцинацијата против Ковид без закажани термини. Во скопската поликлиника „Јане Сандански“ поради големи гужви дури интервенирала и полицијата.

Од поликлиниката Букурешт смируваат дека има доволно вакцини за сите, и апелираат дека граѓаните не треба да се однесуваат како да е прв ден од вакцинацијата.

Министерот Филипче рече дека гужвите се веројатно поради тоа што граѓаните сакаат во раните утрински часови да се вакцинираат, најави и можно вклучување на Армијата за да се направи ред за вакцинација.

“Претпоставувам дека граѓаните сакаат да завршат работа порано додека е студено. Не знам дека имало инцидент. Се надевам дека нема да има. Мислам дека е добар систем да продолжиме без закажување за да биде што поголем интересот, пристапот, граѓаните во кој било дел од денот да можат да дојдат и да не бидат вратени и да се вакцинираат. Ќе разговарам со директорите на сите здравствени домови да видиме како да се организира редот. Ние се уште ги користиме ресурсите на Армијата и имаме механизми со кои можеме да направиме таков ред. Ќе видиме денешниот ден како ќе помине па кај треба ќе интервенираме”, потенцираше Филипче.

Граѓаните кои ќе се решат да се вакцинираат немаат право на избор, и ќе бидат боцкани со вакцината, која ја има во моментот во установата. Во опција се Синовак, Фајзер и Астра Зенека за лицата над 60 годишна возраст.

Од денеска почна и теренската вакцинација која ќе се одвива по руралните населени места. Пријавувањето за вакцинација на деца ќе може да се врши на официјалниот сајт до четврток, а потоа ќе се закажуваат термини. Децата ќе се вакцинираат со „Фајзер“. Комитетот за имунизација донел одлука да го скрати рокот за ревакцина со „АстраЗенека“ од 12 на 6 недели.

Пaдна првото запpocување на вакцинација (Фото)

Среќен ден во Регионалниот вакцинален пункт во Охрид. Успешна ревакцинација и прво запросување.

Регионалниот вакцинален пункт Охрид им посакува многу убави моменти, среќа, берикет и многу дечиња и успеси во животот на новиот млад брачен пар Кристина Андреска и Јордан Мојсоски од Охрид.

Извор: Охрид Скај

Паѓа бројот на заболени, а се зголемува на вакцинирани: Ќе имаме ли лето без рестрикции?

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 10 до 16 мај 2021, тестирани се вкупно 16.773 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,3 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 674 нови позитивни случаи од 31 град во државата со намалување од 48,3 отсто во однос на минатата недела, информира Министерството за здравство.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=280; 41,5 отсто), со неделна инциденца – 45,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 94,1/100.000 е регистрирана во Кратово.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 1,8 отсто до 7,2 отсто, просечно 4,0 отсто.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=240, 35,6 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=114; 16,9 отсто), 30-39 (n=114; 16,9 отсто) 40-49 (n=111; 16,5 отсто), и 20-29 (n=56; 8,3 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=6; 0,9 отсто) и 10-19 години (n=33; 4,9 отсто).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.646 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 36,0 отсто во споредба со минатата недела.

Пријавени се 65 смртни случаи од 15 градови, 38,1 отсто помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 56 лица биле над 60 години, 7 лица на возраст од 50-59 години, 1 лице на возраст од 40-49 години и 1 лице на возраст од 30-39 години.

Колку луѓе се вакцинирани?

На 17.02.2021 во Македонија започна вакцинацијата против ковид-19.

Заклучно со 16.05.2021, аплицирани се 28.594 дози на Pfizer/Biontech (19.691 со прва доза и 8.903 со втора доза), 44.890 дози на Sputnik V (22.871 со прва доза и 22.019 со втора доза), 24.995 дози на AstraZeneca и 108.740 дози Sinopharm.

Заклучно со 16.05.2021 вакцинирани се вкупно 207.219 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 31.599 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со ковид-19 за периодот од 10 мај до 16 мај 2021 година, како и кумулативната состојба со ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Скопје Вакцинација, една романтична фотографија😊

Фотографот за AFP News Agency, Роберт Атанасовски на Фејсбук објави романтична фотографија, која ја прогласуваме за најромантична фотографија од вакцинацијата и фото на денот, неговата објава:

Направија журка: Македонци во маици „Благодарам Србија“ во Врање славеа со песна

По билбордите на повеќе локации во градот во кои им се заблагодаруваа на Србија, луѓето од Македонија кои примија доза против болеста во Врање преку здружението „Спона“, денес во знак на благодарност настапија пред Спортската сала и им поделија на официјални лица и новинари, подароци и бонбоњери, пишува Нова.рс.

Како што е најавено, над 200 граѓани на Македонија, вклучително и здравствени работници и новинари, денес ја примаат втората доза во Спортската сала Врање, а од почетокот на акцијата во април, неколку стотици Македонци кои се јавиле во Српски културен информативен центар Спона, добиле некои од достапните дози.

Десетина се собрале, облечени во маици „Благодарам Србија“, изведоа кратка „културно-уметничка програма“ на скалите на влезот во Спортската сала, додека другите членови им делеа чоколадни бонбони на присутните функционери и новинари.

Сè уште не е можно да се вакцинираат Македонци кои самоиницијативно и без претходна регистрација и потврда од надлежните здравствени установи во Србија се појавуваат на место за имунизација.

Според Милутин Станчиќ од „Спона“, кај Македонците има голем интерес за примање на дозата, а на нивниот список имало 800 лица во различни периоди во текот на четирите дена во април.

Како прво, станува збор за Македонци. Се пријавија кај нас, а списоците ги испративме до Министерството за здравство, кое испрати писмо до Здравствениот дом во Врање. Има многу малку српски граѓани, ги упативме да аплицираат преку е-влада – вели Станчиќ.

Сепак, здружението на својата официјална страница на Фејсбук објави дека поради „голем притисок, акциите засега ќе бидат суспендирани“.

Друга група луѓе кои ја примиле првата доза на крајот на април ќе бидат имунизирани во Врање на 20 мај – додаде Станчиќ.

Kолони возила на граничните премини кон Cрбија, се брза за ваkцинација (Фото+Видео)

Колони возила чекаат на граничните премини за влез во Србија поради почетокот на бесплатната вакцинација на странски државјани во Белград за време на викендот, а најголема гужва има на премините со БиХ, но и на граничниот премин од Македонија Прешево.

Камерите на МУП покажуваат колони возила на влезот во Србија на премините Мали Зворник, Сремска Раца и Трбушница.

Колони со возила се исто така на преминот Хоргош, на влезот во Србија од Унгарија, но исто така и на Батровци и преминот Сид кон Хрватска.

Вакцинацијата на странски државјани ќе започне викендов, што ќе се одржи во Белград и Нови Сад.

Видео: