Tag Archives: Влада

Владата ќе има 21 член: Кој останува, а кој заминува?

Неколкумина од клучните полтиички фигури, по 5 години учество во владите на Заев, заминуваат од зградата на Илинденска истовремено со него.

Од ресорот одбрана, заминува една од политичарките со најдолг стаж – Радмила Шекеринска. Ќе биде запаметена дека за време на нејзиното министерување, Македонија оставри една од двете стратешки цели – стана членка на НАТО. На нејзино место сега доаѓа Славјанка Петровска.

По 5 години заминува и Никола Димитров, кој ги извршуваше функциите министер за надворешни работи но и вицепремиер за европски прашања. Тој ќе остане запамтен како потписник на Преспанскиот Договор од македонската страна, но и по кавгата на крајот со досегашните владини колеги. На негово место доаѓа Бојан Маричиќ.

Заминува и еден од министрите што беше во центарот на вниманието последниве 2 години по избувнувањето на пандемијата со Ковид – министерто за здравство Венко Филипче. Оценките за справувањето со кризата се поделени, а ќе остане запаметено дека во неговиот маднат се случи и катастрофата во тетовската модуларна болница.Нов минстер за здравство ќе биде Беким Сали од Алтернатива.

По 5 години заминува и Мила Царовска. Прво беше министерката за труд и социјала, а досега министека за обрзование. Најголемите контроверзи предизвика со новата т.н. Концепција за основно образование, чија судбина останува нејасна. Нејзин наслендик ќе биде досегашнито миинстер за администрација, Јетон Шаќири..

-Усвоивме нова Концепција за основно образование со која се промени целосно пристапот во наставата и таа стана поинтересна, интерактивна и креативна. Започнавме со етапно воведување на нови наставни програми и современи материјали за учење базирани на интеркултурализам, еднаквост, недискриминација кои, освен печатени, достапни се и во дигитален формат, во аудио верзија, а се напишани и на Брајово писмо.- Мила Царовска.

Од Илинденска број два си заминуваат и министерките за труд Јагода Шахпаска, и за култура Ирена Стефоска. За време на 16 месечниот мандат на Шахпаска, се изгласа Законот за недела- неработен ден. Додека пак Стефоска ќе остане запамтена по започнувањето на проекти за реставрација на културното наследство но и експресните разрешувања на директорите во театар “Комедија”. На нивно место сега доаѓаат Јована Тренчевска и досегашната пратеничка Бисера Костадиновска Стојчевска.

Гласањето за новиот владин кабинет, кој брои 21 министерско место треба да заврши до утревечер на полноќ.

Мандатарот Димитар Ковачевски на собраниската седница која започна претпладне со единствен дневен ред – избор на нова Влада, ја претстави програмата.

Пораст на БДП со удвојување на стапките на економски раст од 2,5 на 5 отсто просечен раст, потоа зголемување на пензиите, но и намалување на стапката на невработеност до 11,4% во 2024 и достигнување едноцифрена зона од 8,6% до крајот на 2026 година, ќе бидат во фокусот на Ковачевски кој најави пораст на минималната плата и раст на просечната.

Новата Влада ,,ќе срка” од нови тањири вредни 37.000 евра

Новиот премиер и неговиот министерски тим во Владата ќе биде дочекан со нов прибор за угостителство.

Службата за општи и заеднички работи ја подновува владината кујна. Покрај бела техника набавува и нови прибори за јадење, со највисок квалитет, порцелан, инокс и кристал, јавува порталот ммс.мк.

Договорот вреден над 37.000 евра го добија три фирми -„Еурефи Инжинеринг“, „ДЛ Конкорд“ и „Дидакс“ сите од Скопје. Тие треба да достават до владината сужба, висококвалитетна бела техника- софистицирани електрична и плинска скара, витрина, шок фрижидер од инокс, фрижидер за замрзнување храна, апарат за пеглање, стик правосмукалка, машина за пакување храна…Но, и повеќе комплети на најразлични прибори за јадење за владината кујна.

Повеќе детали на mms.mk

Владата дозволи – Смее да се пушат ЕЛЕКТРОНСКИ ЦИГАРИ во затворени јавни простории

Уредите за загревање на тутун и електронските цигари смеат да се користат во затворени јавни простории согласно важечките законски прописи.

На вeчерашната седница на Владата беше прифатено мислењето на Министерството за здравство за доследна примена на Законот за заштита од пушењетокаде несогорливите тутунски производи и уредите за нивно загревање, како и електронските цигари не спаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, односно истите може да се користат во затворени јавни простории согласно важечките законски прописи.

Според Министерството за здравство, користењето на несогорливите производи од тутун, уредите за нивно загревање и електронските цигари не претставува пушење и следствено овие производи не потпаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, односно истите може да се користат и во затворениот дел од јавните простории, а имајќи ја предвид одредбата од членот 3 став 1 точка 3 од Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи. Ова оттаму што, според оваа одредба пушењето е дефинирано како „поседување или користење на тутунски производ кој согорува, без оглед дали чадот активно се вдишува или издишува“. Во мислењето, се имаа предвид и членовите 3, став 1, точка 4, 19, 20, Глава IX и X од Законот за тутун. Имено, според член 3 став 3 точка 19 при користењето на несогорливите тутунски производи и уредите за загревање на тутунот не настанува процес на согорување. Понатаму, според членот 81 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи производителите и увозниците треба да обезбедат мислење од наставно-научна институција дека при користењето на уредите за загревање на тутунот не настанува процес на согорување кое што мислење понатаму се доставува на увид до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Државниот инспекторат за земјоделство. Министерството за здравство учествуваше во изготвувањето на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи и како закон со понов датум на донесување од Законот за заштита од пушењето, истиот е усогласен со ЕУ Директивата за тутун 40/2014 година.

ДУИ го добива Одбрана, Петровска МВР, Шилегов транспорт или правда…

Министерот за правда Бојан Маричиќ ќе биде нов вицепремиер за евроинтеграции на местото на Никола Димитров, за кого ќе нема место во новата влада, а Маричиќ ќе остане на функцијата секретар во СДСМ, дознава 24 ИНФО од партиски извори.


Вицепремиерот Љупчо Николовски се враќа во министерството за земјоделие, кое ДУИ ќе го отсапи на СДСМ во замена за министерството за одбрана, од кое Радмила Шекеринска најави дека ќе се повлече.

Директорката на УЈП и заменик претседател во СДСМ Сања Лукаревска ќе остане на партиската функција но можно е да ја добие вицепремиерската функција за борба против корупција.

Фатмир Битиќи останува потпретседател во Владата за економски прашања, како и на едно од потпретседателските позиции во СДСМ. Нов потпретседател на партијата ќе биде Перо Костадинов.

Венко Филипче освен од министерската си заминува и од потпретседателската функција во партијата, исто како и министрите Оливер Спасовски и Мила Царовска. Царовска нема да биде дел од новата влада, како што самата најави денеска.

Пратеничката Славјанка Петровска ќе биде исто така нов потпретседател во СДСМ, а најверојатно ќе го добие МВР, ако Димитар Ковачевски одлучи да го замени Спасовски.

Според партиски извори, поранешниот градоначелник Петре Шилегов е во игра за прв човек на транспорт и врски, но и за правда. Владиниот советникот за труд и социјална политика Милан Живковиќ ќе биде нов министер за труд и социјала на местото на Јагода Шахпаска.

Со парични награди, но и рестрикции Владата сака да ги мотивира административците да се вакцинираат

Владата на Република Македонија на денешната редовна 121 седница темелно и сеопфатно ги разгледала предложените мерки и препораки на Комисијата за заразни болести за интензивирање на КОВИД-19 вакцинацијата и за зголемување на бројот на вакцинирани граѓани во Македонија.

Тргнувајќи од неприкосновениот факт дека масовната вакцинација е најефикасен одговор за заштита од последиците и за спречување на ширењето на пандемијата со КОВИД-19, Владата заклучила да побара од Комисијата за заразни болести дополнителни анализи и компаративни студии за предложените мерки, но и предлози за дополнителни мерки за поттик за масовна вакцинација.

Во очекување на дополнителните анализи, Владата ги задолжи ресорните министерства и инспекциски служби да ги вложат сите капацитети и да ги зајакнат примената и контролата на спроведувањето на сите активни мерки за заштита од КОВИД-19, а особено на системот на проверка на сертификатите за вакцинација, ПЦР тестовите и потврдите за прележана инфекција со КОВИД-19 низ ригорозна проверка на идентитетот на лицата кои ги прикажуваат овие документи за пристап во објектите каде што е тоа задолжително, информираат од Владата.

Во насока на поттик за масовна вакцинација, Владата ги задолжи сите министерства, јавните претпријатија, акционерските друштва и агенциите во државна сопственост, да спроведат скрининг за да се утврди процентот на вакцинирани во државната и јавната администрација, како и да ги утврдат можностите за стимулација за поголем до целосен опфат со вакцинацијата, како и правната основа за рестрикции на правото на дежурства, прекувремена работа, службени патувања и други опции за дополнителни приходи за вработените во јавната администрација.

Владата ќе ги разгледа и употреби сите реални можности за економски стимулации, но и за рестрикции по однос на финансиски бонуси и друг тип на надохнади кои се надвор од основиците, со цел да ги мотивира и упати граѓаните кон единствената и најефективна мерка за заштита на здравјето и за спас на сопствениот живот од опасната пандемиска болест КОВИД-19.

Македонија ќе ЖАЛИ ТРИ ДЕНА, Владата прогласи тродневна жалост

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 120-та седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава, информираа од Владата.

За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 ноември заклучно со 25 ноември (вторник, среда и четврток), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјата во странство, ќе биде истакнато на половина копје. Се одлагаат сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост.

Кој ја ЧИСТИ ВЛАДАТА за 4 МИЛИОНИ ЕВРА?

Фирми за чистење и тековно одржување прават милионски суми преку македонската влада, односно преку тендери кои ги добиваат од државните институции и претпријатија. Девет од десет најголеми компании кои се занимаваат со овој бизнис, милионите ги прават генерално преку договорите кои ги склучуваат со државните институции.

Иако звучи чудно или неверојатно за овој бизнис, сепак реалноста е дека има многу пари, огромни милионски суми, особено ако добиваш државни тендери и нејасно за јавноста е како се одредуваат сумите и зошто точни тие компании добиваат милиони.

Според анализата на БизнисМрежа.мк и Пари десетте најголеми компании кои се со шифра „останати дејности на чистење на згради и објекти“, лани направиле вкупен приход од 16,3 милиони евра (2,2 милиони евра повеќе отколку во 2019 година)  и тоа им донело добивка од 780.000 евра (220.000 евра повеќе отколку во 2019 година). Заеднички именител на сите нив (освен на „Хаус мајстор домување“) им е учество на тендерите за јавни набавки на државни институции и претпријатија.

Како добиваат толку пари говори на пример тендерот за одржување хигиена за една година во државните органи и подрачните едници на министерствата за кој се плаќа 4 милиони евра, МВР и Агенцијата за национална безбедност имаат склучено двегодишни договори за 3,4 милиони евра, Пошта, исто така двегодишен договор за 770.000 евра…

Како што може да се види од табелата, рекордер во ова друштво е „Серта“ која ги чисти сите органи на државната управа и подрачните единици на министерства. Според последниот договор со Службата за општи и заеднички работи на Владата, склучен на 21 октомври 2021 годин, (објавен на Бирото за јавни набавки) „Серта“ ќе добие 256.132.930 денари, или над 4 милиони евра (вредност на Договорот со ДДВ).

За овие пари, во текот на една година, „Серта“ треба да биде на располагање 24 часа, да чисти внатрешни површини, пристапни асфалти, фасади, снегови од кровови… Годинава „Серта“ склучила и два договори со Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), едниот во вредност од 4,5 милиони денари, а другиот за 5,8 милиони денари, како и со ЈП „Водовод и канализација“ за 2,6 милиони денари. Дирекцијата за ТИРЗ и Водовод ги има и и во 2020 и во 2019 година. А, според известувањата за склучени договори, „Серта“ чисти и во Агенцијата за електронски комуникации, на Универзитетот „Кирил и Методиј“, Националната арена „Филип Втори“.

Службата за општи и заеднички работи на Владата има склучено договор за одржување на хигиена и со „БАПАЛ Благој“, исто така на 21.10.2021 година. Со оваа фирма договорот е 208.781.734 денари, или околу 3,4 милиони евра. И ова е едногодишен договор и се однесува на одржување на објектите на државната управа и на подрачните единици на министерствата, но овој пат за одржување на водовод, електрика, градежно занаетчиски работи, столарски работи. Годинава, оваа компанија склучила и двегодишен договор со Државна видеолотарија за одржување на хигиена на деловните простории со месечен надомест до 49.292 денари. Договори за тековно одржување и одржување на хигиена има и со Агенција за храна и ветеринарство, Агенција за аудио и аудиовизулни медиуми, Факултет за ветринарство, Државен завод за статистика…

И „Хауз мајстор плус“ годинава има склучено договор со Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, но за  „услуги за сервис и одржување на електрични апарати и тековно одржување на ТИРЗ“. Овој договор е 1,4 милиони денари, или околу 23.000 евра. На Е-набавки има уште само еден договор со оваа фирма, а тој е со Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер при УКИМ,склучен на 371.809 денари.

„Техно-чист“ последен договор ( на 23.09.20121 година) има склучено со Пошта за одржување на хигиена во деловните простории во текот на 2 години. Овој договор, тежи 44,5 милиони денари, или околу 720.000 евра со ДДВ! Договори има и со Државна комисија за жалби по јавни набавки, ЈП Колекторски систем….

За хигиената и тековното одржување на работните и други простории на Министерството за внатрешни работи (МВР) и на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на 10 јули годинава,  склучени се договори за наредните 2 години во висина од 3,4 милиони евра со три компании: „Инфинити  клининг“ за околу 2,2 милиони евра, „Ланд сервис“ за околу 1 милион евра и  „Сити логистика 2011“ за околу 170.000 евра. Но, пребарувањата за компанијата „Бигор клининг“ на системот за електроски набавки покажа дека МВР има склучено договор за хигиена и со оваа компанија, на 24.09.2021, во висина од 94.000 евра.

Покрај договорот со МВР, „Ланд сервис“ склучил договор и со ЈП за државни патишта, за одржување на хигиена во нивните објекти, исто така за две години, за околу 160.000 евра, а „Бигор клининг“ се договрил за 10.000 евра да го чисти Медицинскиот факултет, а хигиената во Институтот за радолологија ќе ја одржува една година за 14.000 евра.

„Стед комерц“ склучил договори со МАНУ, со Службата за општи и заеднички работи на Владата, со Министерството за здравство, со Царинската управа… Поголем дел од договорите на оваа компанија се водат како „набавки со мала вредност“ и станува збор за одржвање на теписони, перење завеси и слично.

„Перпетуумобиле“, на официјалната страница на Бирото за јавни набавки се јавува со склучена само една јавна набавка, и тоа со Министерството за финансии во 2019 година во вредност од 51.000 евра.

Извор: Пари

Таравари: Имаме замена за пратеникот Кастриот Реџепи, Владата ќе падне

Генералниот секретар на АА Арбен Таравари излезе со изјава откако пратеникот Кастриот Реџепи не се појави на собраниската седница.

Таравари изјави дека имаат замена за пратеникот Кастриот Реџепи, кој во последен момент го смени ставот и нема да поддржи рушење на Владата.

Тој изјави дека до 7:30 се било во ред, притоа додавајќи дека „тоа се комунистичките методи на власта“.

Сигурно има притисок, разговаравме во 7:30 со пратеникот и се беше во ред. Мислам дека имаме замена и ќе има решение за оваа работа. Не можам да ги кажам имињата на пратениците, како што знаете имаше голем притисок синоќа. Но, нема каде, оваа влада ќе падне“, рече Таравари, пренесува Тетовасот1.

ВО ЖИВО – Седницата на која се гласа недоверба на Влада

Најавен почетокот на собраниската седница на која најдоцна пред полноќ треба да се гласа за доверба на Владата на премиерот Зоран Заев.

Иницијативата за гласање доверба на Владата со 61 потпис ја поднесоа опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Беса, која беше во коалиција со СДСМ. По реакција на пратеникот Скендер Реџепи Зејд од Алтернатива, својот потпис вчера од иницијативата ги повлече претседателот на Левица Димитар Апасиев, но и 16 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете во живо на следниот линк

Ќе падне ли утре Владата?

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски тврди дека е најдено решение со потписите на иницијативата за гласање недоверба на Владата и убеден е дека утре ќе падне Владата.

Пред истекот на работното време, денеска во архивата на Собранието 17 пратеници ги повлекле потписите од иницијативата за гласање доверба на Владата поднесена во понеделникот. Ситуацијата е следна: Иницијативата останува во живот, 17-мината пратеници се повлекле само од потписници, за да не бидат заедно на ист список, а сите притоа ќе гласале за недоверба на Владата.

Меѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои ги повлекле потписите се и Александар Николоски и Владо Мисајловски, а потписите ги повлекле и двајцата пратеници од Левица, Димитар Апасиев и Борис Крмов, со што е задоволено барањето на Скендер Реџепи неговиот потпис да не стои до потписите на Левица.

Утре почнува седницата за Барање за гласање доверба на Владата.

По повлекувањето на дел од пратениците потпишани на иницијативата, претседателот на Алтернатива Африм Гаши попладнево на прес-конференција рече дека тој и уште тројцата пратеници од негова партија утре ќе гласаат за недоверба на владата.
Тој додаде дека не треба да има брзи избори, туку нова влада избрана од актуелниот парламентарен состав.