Tag Archives: Влада

Владата донесе одлука поврзана со пензионерите

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за формирање Работна група за разгледување предлози за прашањето за најниската пензија во Република Северна Македонија, како и пакет мерки за помош и поддршка на пензионерите и го донесе Решението за формирање на Работната група.

Работна група за разгледување на предлози за прашањето за најниската пензија во Република Северна Македонија, како и пакет мерки за помош и поддршка на пензионерите е задолжена да достави до Владата соодветен и финансиски издржлив предлог за најниската пензија и предлог мерки за помош и поддршка на пензионерите.

Има ли Владата начин да го запре новиот бран поскапувања? Млечните производи, зеленчукот и овошјето уриваат рекорди..

Дел со полни ќеси, дел само загледуваат на тезгите со овошје и зеленчук по пазарите. Некои поретко купуваат поради високите цени и ниските плати и пензии, додека пак дел успеваат да си дозволат на трпезата да имаат овојше и зеленчук.

Тоа го забележуваат и продавачите, кои велат дека прометот варира на дневно ниво и заработувачката е отежната.

За да се олесни колку-толку живеачката кај граѓаните и да се зголеми приходот, од Министерството за труд и социјална политика најавија мерки, кои веруваат дека ќе им бидат од помош за граѓаните.

„Во зимскиот период на сите семејства ни се зголемува потребата за повеќе средства во буџетот, затоа што најголем дел се греат на струја. Ние ќе гледаме барем на социјално ранливите семејства, да обезбедиме повеќе приход во семејствата“

Цените на пазарите секојдневно варираат, па така популарно наречената голатпраска, грозјето, кајсиите и доматот се продаваат по цени од околу 100 денари, пиперките се движат од 60 до 120 денари, додека пак во маркетите надминуваат и 150 денари.

Лубеницата се продава за минимум 35 денари кило, додека пак дињите ја надминаа стотката.

Инаку, според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јули 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4.3 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 16.2 %.

https://youtu.be/vAgkd7VEIRk

Бремени жени и лица над 60 години да не одат на работа од утре: Препораки за заштита на граѓаните од жештините

Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство за високите температури што се очекуваат во следните четири денови и усвои соодветни препораки.

Државата, како што извести Министерството за здравство, по добиени информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, од утре, 13 јули 2023 година, ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза.

Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза.

Поради тоа, почнувајќи од утре, 13 јули 2023 година (четврток) почнуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

Согласно усвоеното, Владата препорачува:

Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години;

Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, a со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Согласно добиените информации, Владата одлучи:

Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките;

Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот;

Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници;

Градинките треба да го организираат работното време во периодот од седум до 17 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11 часот.

Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од четири дена, од 13 – 16 јули, односно во текот на следните два работни дена, четврток и петок, како и за двата дена од претстојниот викенд, сабота и недела, до натамошно одлучување.

Владата потврди: Од септември за 10 % повисоки плати за административците

Владата и синдикатите по успешните преговори и отворен дијалог дојдоа до заедничко решение кое трајно ќе го реши прашањето за платите на вработените во јавниот сектор, соопштија од Влада, додавајќи дека на вчерашниот работен состанок, двете страни договорија 10 отсто раст на платите од септември 2023, како и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година од 10.000 денари, кој ќе биде исплатен до крај на годината.

Како што информира владината прес-служба, постигнат е и договор за системско покачување на платите во јавниот сектор, преку методологија која ќе го реши овој децениски проблем.

Новата методологија за пресметка на плати во јавниот сектор, која ќе биде дел од општиот колективен договор, ќе се добива од просечната плата помножена со коефициент и ќе се пресметува од март 2025 година.

Со ова, по 17 години ќе се донесе нов Општ колективен договор со кој се внесува системско решение за платите во јавниот сектор, кое ќе гарантира раст на платите без политички калкулации. Во општиот колективен договор, според вчерашниот договор, ќе биде дефинирана и исплата на минимум износ на регрес за годишен одмор во износ од 30 отсто од просечната нето плата, стои во соопштението.

Постигнатиот договор меѓу Владата и синдикатите, како што се наведува, е резултат на посветеноста на Владата за примена на политики коишто се во интерес на правата на работниците и заштита на стандардот на граѓаните, со што се влијае и врз растот на домашната економија.

Утврденото решение ќе биде доставено до Економско-социјалниот совет, каде во текот на наредните денови се очекува да биде усвоено. Владата на Република Cеверна Македонија и понатаму ќе продолжи да работи во насока на обезбедување на подобри услови за работници, подобар животен стандард, како и овозможување на просперитетна и европска иднина за државата, се вели во соопштението од Владата.

Колку сѐ министри и директори има со диплома од универзитетот на Мерко?

Дали сега и дипломите од универзитетот на Рамиз Мерко се ставени на црната листа на САД? Колку сѐ министри и директори има со диплома од универзитетот на Мерко? – се само дел од прашањата на граѓаните кои имаат реакции по вчерашната објава на амбaсадата на САД во Македонија.

МАКЕДОНСКИ ПЛАТИ: Дури 306.944 работници или близу 60 отсто од вработените земаат помалку од просечната со која се фали Владата

Овој износ е далеку од потребите за задоволување на минималната синдикална кошничка за четиричлено семејство, за која Сојузот на синдикати на Македонија пресмета дека за април 2023 изнесува 49.384 денари.

Како што објави еконосмкиот портал Пари, процентуално пресметано ова значи дека 59 отсто од вработените се за 4.925 денари под просекот за нето-плата што го пресмета Државниот завод за статистика.

Целата статија за „сармата, месото и расолот“ со македонските плати може да ја прочитате ТУКА.

„Ќебап за работникот, бифтек за власта“ – синдикалците од КСС вчера јадеа скара пред Влада

Под мотот „Ќебап за работникот, бифтек за власта“ синдикалците од Конфедерацијата слободни синдикати одржаа протестен марш во Скопје вчера.

Маршот го почнаа пред канцеларијата на КСС, а завршија пред Владата каде симболично запалија скара. Претставниците на КСС негодуваат на енормното покачување на платите на избраните и именуваните функционери од 80% што го овозможи Уставниот суд.about:blank

-Имаме барања од Владата. Пет години ги имаме истите барања. Бараме почитување на законите, барање подобар животен стандард, бараме почитување на работникот и неговиот труд, бараме зголемување на платите согласно законот за минимална плата, бараме К-15 согласно стандардите, бараме спроведување на колективните договори, рече Зоран Антовски од КСС.

Синдикалците ниту оваа година не беа обедините.

Фото: Маја Јаневска-Илиева за Нова Македонија

Владата призна дека направи грешка: Од вторник нови цени на овошјето и зеленчукот

Министерот за економија, Крешник Бектеши информира дека имале конструктивен состанок со увозниците на овошје и зеленчук, по што било одлучено да се направи мала корекција на цените на овие производи.

-Генералниот нашиот увоз е од Турција, Грција, Србија и Албанија и повикувајќи се на новите цени во Царинската управа, наредниот вторник ќе ги ревидираме замрзнатите цени, нема да има поскап зеленчук и овошје од 100 денари за килограм. Ќе има многу мало намалување како највисока цена на овие производи, но никако нема да има цени од пред неколку дена кои се движеа до 130 и 140 денари, рече Бектеши на брифинг со новинарите.

Ние нема да отстапиме од вакви одлуки во време на криза. Месец април секогаш бил проблематичен за цените на овошје и зеленчук, затоа што немаме домашно производство. Нема да толерираме маржи од 100 и 200 отсто- додаде Бектеши.

Во однос на евентуалните двојни фактури од увозниците, министерот ги потсети дека затајување на данок над 10.000 евра е кривично дело и тој очекува дека Царинската управа докрај ќе постапи согласно нејзините надлежности.

Автомобил експлодира пред Влада

 Автомобил во движење експлодираше на булеварот Илинденска. Нема повредени патници. Возачот кој веројатно беше сам, успеа навреме да го напушти автомобилот, а потоа се слушна уште една експлозија.

Пожарникарите интервенираат во гаснењето на пожарот, а полицијата го обезбедува местото.

ПРОСЛАВАТА на Ковачевски за една година Влада чинела 168.000 ЕВРА!

Граѓаните од државниот буџет за дводневната конференција насловена „Година на нови можности“ по повод една година од формирање на владата на чело со премиерот Димитар Ковачевски платиле 168.000 евра, објави Сител.

Парите завршиле во две компании и тоа за три ставки. Најголем дел од парите биле дадени за организацијата на настанот, односно за озвучување, осветлување, паноа и слично. Организатор била компанијата „Фонолукс“ која за овие услуги наплатила 148 000 (148 277) евра.

Угостителските услуги и закупот на конференциската сала одело преку компанијата „Ноа турс“ за што биле платени речиси 20.000 евра (19 705). Од кои 6.800 (6 812) за угостителските услуги, а остатокот (12 893) за закуп на конференциската сала.