Tag Archives: Влада

Падна иницијатива за одземање на Универзална сала од Арсовска – не сакала да ја направи?

„Денеска до претседателот на Советот на Град Скопје доставивме Барање за дополнување на дневниот ред за 26тата седница на Советот.“, велат од СДСМ.

„Поднесуваме Иницијатива за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Јавната установа Универзална сала од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија.

Реконструкцијата на Универзална сала повеќе од една година стои во место, откако градоначалничката Данела Арсовска реши овој проект да не продолжи.

За реконструкцијата на овој важен објект за Скопје но и за целата држава, обезбедени се средства во износ од 120 милиони денари од Владата, од кои искористени се само околу 40 милиони, што значи дека за овој проект на располагање се уште 80 милиони денари.

Ако веќе Арсовска не сака и не може да ја доврши реконструкцијата, Владата која е и финансиер на овој проект, има и волја и можност тоа да го стори.

Универзална сала е симбол на Скопје, симобл на солидарноста кој е изграден по земјотресот преку донации од десеттици држави. Генерации скопјани израснале со настани во Универзалната сала.

Затоа, ги повикуваме и советниците од сите останати советнички групи да ја поддржат оваа иницијатива, со цел реконструкцијата на Универзална сала да заврши што побрзо и овој објект повторно да им биде вратен на скопјани.
Ние како советничка група продолжуваме да бидеме конструктивна опозиција во Град Скопје која се бори за интересите и потребите на градот и сите негови жители.“, стои во соопштението на СДСМ.

ЧУДО во Македонија – ТРАЈАНОВ излезе од Владата, за прв пат е во опозиција !

Демократски сојуз излегува од владината коалиција и ќе делува како опозиција истакна претседателот на партијата Павле Трајанов по состанокот на Централно собрание во партиското седиште на партијата.

– Демократски сојуз нема да ја поддржи реконструкцијата на Владата и нема да биде дел од парламентарното мнозинство, кажа Трајанов.

Се работи за коренити промени на изборните правила, преку укинување на системските предности за четири партии (две од власта и две од опозицијата), како и клучната промена Македонија да биде една изборна единица. Потоа, за борбата против корупцијата преку департизација на институциите кои работат на откривање на криминалот и донесување Закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, реформа во правосудниот систем преку ревизија на работата на судиите и донесување Закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка (преиспитување на монтираните полициско-судски процеси). Меѓу приоритетите се и донесување закон за формирање Фонд за младите од 2% од Буџетот, како и вработување на сите студенти по дипломирањето во јавниот или во приватниот сектор на година дена со просечна плата остварена во претходната година и други-велат во партијата.

Општинските организации на Демократскиот сојуз имаат и сериозни забелешки на соработката со СДСМ на локално ниво.

Демократскиот сојуз истакнува дека е против најавите за наводен фронт, сојуз за Европа и поделба на граѓаните и партиите кои се „за“ а кои се „против“ ЕУ, поради тоа што и Демократскиот сојуз, но и сите партии и граѓани се за Македонија што побрзо да стане полноправна членка на ЕУ.

Пратеничката Садики откри дека македонската влада ја составувале луѓе од Косово и Албанија (ВИДЕО)

Пратеничката на Алтернатива Сафије Садики од собраниската говорница откри дека македонската влада ја составувале луѓе од Косово и Албанија.

На Собраниската седница за реконструкција на владата Садики откри дека Алтернатива пред една година влегла во владата затоа што се јавувал албанскиот премиер Еди Рама и семејството на албанскиот херој од Косовската војна Адем Јашари.

Садики вели дека актуелниот и екс премиерот Ковачевски и Заев барале луѓето од Косово, Албанија и меѓународни пријатели да ја убедуваат Алтернатива да влезе во владата за да ги откочат европските перспективи.

Изјавата на Садики е прва официјална изјава на македонски политичар дека македонската влада била формирана со директни влијанија од Албанија и Косово.

https://www.expres.mk/wp-content/uploads/2023/02/VID_20230214_111502_461.mp4?_=1

Линк до видеото: https://fb.watch/iH9S4eFHHD/

Апасиев до Гаши: „Друже, ај да ти набацам една каурска – Кој со ѓаоло тикви сади, ѓаоло му очи вади“…

Лидерот на Левица и пратеник во македонското Собрание, Димитар Апасиев, се шегува со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во врска со новото владино мнозинство.

Гаши објави дека излегува од Владата, откако официјално Таравари и Ковачевски се договорија Алијанса за Албанците да стане дел од владината коалиција, а за сметка на тоа на Алтернатива да ѝ бидат земени сите министерства кои ги водеше.

– Гаши, друже, ај да ти набацам една каурска: „Кој со ѓаоло тикви сади, ѓаоло му очи вади“

p.s. Идете сега, нека ве гласа „меџународната“.

#ЏабеПлачење – напиша Апасиев на Фејсбук.

ЛИНК од објавата

Со минута молк и венец пред Влада се збогуваа од нивниот соборец Благојче (Фото)

Со едноминутно молчење, членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза пред Владата денеска се збогуваа со починатиот Благојче Илиевски, кој не го дочека лекот Трикафта…

Бура на социјалните мрежи и повици за одговорност денеска од страна на јавноста.

Смртта на 45-годишниот Благојче „ги разбуди“ надлежните. Иако ниту премиерот Димитар Ковачевски, ниту Министерот за здравство Беким Сали не кажаа дека се чувствуваат одговорни за загубениот живот на првиот пациент со цистична фиброза, ден откако тој почина, се знае и од каде ќе се најдат пари и кој првично ќе ги набави терапиите за оние што се на кислородна поддршка. За седум пациенти, Фондот за здравствено осигурување со ребаланс оддели 2,2 милиони евра за Клиниката за детски болести, која, како што посочија надлежните, со интервентна постапка, ќе го набави лекот. Првпат пациентите се сретнаа и со првиот човек на Владата, Ковачевски, кој, како што кажаа од Асоцијацијата за цистична фиброза, им ветил и програма за набавка на „Трикафта“ за наредните три години.

Премиерот Ковачевски пред да се сретне со пациентите, изјави дека вината за тоа што Благојче не го дочека лекот е во бирократија поради која Македонија патела 30 години. Кажа оти лично се заложил за итните набавки, а одговорност побара и од Министерот Сали, па го праша…

Сали, пак, на фејсбук посочи дека преку трагедија се прави евтин трик за политички поени, а на прашањето одговори со контра прашање.

Дали некој, кој и покрај барањето на МЗ, не одобрил средства за лек на пациенти, смета дека може да си го продолжи мандатот? Би можеле да прашуваме и дали премногу време и внимание се потроши на коалициски преговори, додека пациентите чекаа. Инаку пациентите со цистична фиброза, нивни блиски и родители на деца со ова заболување, додека во Битола траеше погребот на Благојче, пред Владата, со цвеќе, очи полни солзи и едноминутно молчење за последен пат се збогуваат од својот соборец.

На здравје бричење >>> Алијанса ги добива Правда, Здравство, вицепремиер, УЈП, Царина…

Челните места во министерствата за правда и за здравство, вицепремиерско место, заменик-министри во ресорите земјоделство и одбрана и директори на Царинската управа, на Управата за јавни приходи и на Финансиската полиција.

Ова е пленот на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари од преговорите за влегување во владата на СДСМ и на ДУИ, тврди ТВ21. Ковачевски потврди дека разговорите со Алијанса „во добар дух и во атмосфера насочена кон постигнување договор“ се приведуваат кон крајот.

Таравари, сепак, дава претпазливи изјави:

– Верувам дека денеска или утре договорот ќе биде конечно финализиран и тогаш официјално ќе го објавиме. Мислам дека договорот треба да биде целосно завршен за потоа да го презентираме. Сметам дека би било некоректно да кажеме нешто, а утре да се промени – вели тој.

ТВ21 шпекулира дека партијата Алтернатива на Африм Гаши сѐ уште нема одлучено дали ќе остане или ќе се повлече од мнозинството, поради, како што велат, непочитување на договорот.

Но, добро упатени извори велат дека ако ДУИ го одобри конечниот договор меѓу Таравари и Ковачевски, што е речиси завршена работа, Гаши нема друг избор освен да остане во Владата.

ВЛАДАТА ЌЕ УВЕЗУВА РАБОТНИЦИ

Дојдено е времето да ја отвориме дискусијата за потребата од увоз на работна сила, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на гостувањето на регионалната телевизија Блумберг Адрија.

Битиќи рече дека недостигот на работна сила се решава со доквалификација и преквалификација на одредена група невработени за да се прилагодат на потребите на пазарот, но оти дополнително ќе мора да се најде начин да се надополни одливот на работници.

„На пазарот на труд има недостиг на работна сила и мора да одговориме на тој предизвик ако сакаме да имаме забрзан економски раст“, посочи Битиќи.

Стапката на невработеност во Македонија е околу 14 отсто. Според Агенцијата за вработување, во земјава има над 113 илјади активни невработени и уште други 46 илјади луѓе кои бараат работа. Бизнисмените, пак, долго време се жалат дека овие невработени ги немаат потребните вештини кои им се потребни.

Битиќи вели дека тие невработени не одговараат на потребите во некои сектори кои бараат специфични квалификации.

4-ти февруари ПРЕД ВЛАДА – Протест ЗА ЗДИВОТ КОЈ НИ НЕДОСТИГА!

Асоцијацијата за цистична фиброза повикува на протест на 4-ти февруари (сабота ) пред Владата со надеж дека иснтритуциите ќе имаат слух за овие пациенти, чија борба значи борба за здив.

Нашата борба продолжува во надеж дека ќе се ослободат нашите бели дробови од бодликавата жица и ќе пораснат 65 рози. Нашата борба продолжува во надеж дека ЦФ ќе значи Целосно Функционални наместо Цистична Фиброза.4 февруари (сабота) 12 часот пред Влада, дојдетe, поддржете не, да ни се даде здивот кој ни недостига! – пишува на социјалните мрежи Асоцијацијата за цистична фиброза.

Владата воведува нов данок – Бесими потврди: Ќе има данок за екстра профит

Фатмир Бесими, министерот за финансии, во денешниот разговор со Радио Слободна Европа потврди дека ќе има еднократно вонредно оданочување на големите компании. Данокот на екстра профит, по примерот на неколку други земји кои го воведоа во кризата, ќе се наплати кога ќе се добијат пресметките за приходите и добивките за 2022. Посебен зафат ќе има само кај оние кои оствариле за над 20 отсто поголема добивка оваа година во однос на просекот од претходните четири.

Дискусијата што сега се води со коморите е во однос на посебен, нов вонреден данок, а тоа е данок на дополнителна екстра добивка, што значи дека по примерот на другите земји, како Велика Британија, Италија, Унгарија, Хрватска итн, значи дури има и директива, препорака од земјите членки на ЕУ, земјите да оценат и да го користат тоа во вид на солидарност. Тоа што ние сега го дискутираме со стопанските комори е дека во последните четири години оние компаниите што имаат над 10 милиони евра приходи на годишно ниво и ќе се спореди нивната добивка во текот на 2022 година и делот што е остварен над 20 отсто во последните четири години, само тој дел ќе биде предмет на оданочување со овој нов данок, еднокатен, само за 2022 година, и нема да се повтори. Годините каде што немаат остварено добивка не се земаат предвид за оданочување. Ние сме во фаза на дебата и доколку наидеме на разбирање, иако секако ќе има реакции, може тоа да придонесе – изјави Бесими.

Министерот додаде дека во моментов со стопанските комори се води дискусијата за нов, вонреден данок на екстра добивка, по примерот на европските земји. Тоа, како што вели тој, значи дека ќе се оданочуваат екстра и големите.

Занаетчии, фризерници, мали трговци, семкарници, се само мал дел од бизнисите и дејности кои ќе мораат од следната година да плаќаат данок поради даночните промените кои се планираат во Законот за данок на добивка кој е веќе во Собрание.