Tag Archives: Време

Невреме во Мека: Ветерот соборувал луѓе и превртел тешки метални конструкции (Видео)

Силно невреме ја погоди Мека во Саудиска Арабија. Ветерот соборувал луѓе и превртел тешки метални конструкции.

Националниот метеоролошки центар (НКМ) и за денеска издаде црвено метео предупредување во покраината и некои области на Кралството.

Голем број видеа споделени на социјалните мрежи покажуваат како аџии брзаат да се засолнат, додека вработените во Големата џамија се речиси преплавени од налетите на ветерот кој носи големи канти за отпад.

На снимките исто така се гледаат и поплавени улици и автомобили кои речиси целосно се потопени.

Пресврт со времето – Подгответе се за невреме

До петок ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа и во форма на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.

Прогноза за 04.08.2023
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 34°C до 40°C

Сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=9

Прогноза за 05.08.2023
Минимална температура: 15°C до 23°C
Максимална температура: 30°C до 38°C

Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. UV=8

Прогноза за 06.08.2023
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 26°C до 31°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. UV=8

Силно невреме со град во Македонија, температури над 36 степени

Од денеска попладне и во недела времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

И во Скопската Котлина од попладнево и во недела, повремено ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Прогноза за 02.07.2023
Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 25°C до 33°C

Променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. UV=7

Прогноза за 03.07.2023
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 34°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. UV=8

Прогноза за 04.07.2023
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 28°C до 36°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне претежно во западните делови ќе има развој на локална нестабилност со услови за пороен дожд и грмежи. UV=8

Издадено предупредување за невреме со град

Променливо облачно, од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. UV=6

Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.

Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Потоа во текот на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време, а само на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Прогноза за 27.06.2023
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 25°C до 32°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. UV=8

Прогноза за 28.06.2023
Минимална температура: 11°C до 18°C
Максимална температура: 26°C до 33°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. UV=8

Прогноза за 29.06.2023
Минимална температура: 11°C до 18°C
Максимална температура: 26°C до 33°C

Променливо облачно, наместа со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. UV=8

Попоски со временска за летово: Ќе имаме доста нестабилно лето без поголеми топлотни бранови (Видео)

Нестабилното време што го имаме подолг период наназад ќе продолжи и понатаму, изјави денеска во гостувањето во емисијата „Охриде не бери гајле“ на Супер радио метео прогнозерот Славчо Попоски.

Атмосферата ќе биде нестабилна, со честа појава на попладневен локален, на некои места пороен дожд, грмежи и засилен ветар – пренесува Охрид прес.

ЦЕЛА НЕДЕЛА ДОЖД – Ова е најновата прогноза на УХМР (Фото)

Времето во следните денови:

Од вторник следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југоисточен правец. Врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа) во вторник во југоисточните делови.

Сончево и топло до 36 степени, УВ индексот 9

Времето денеска ќе биде сончево и топло, а попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне со мала локална облачност. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на многу топло време. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Од УТРЕ летно СМЕТАЊЕ на времето, стрелките ОД 2 ги ПОМЕСТУВАМЕ НА 3 ЧАСОТ

Летното сметање на времето започнува ноќва кон недела на 27 март во два часот со поместување за еден час нанапред. Времето во два часот ќе се смета како три часот.

Со оглед на тоа што земјите-членки на ЕУ не се договорија за предложеното укинување на часовникот, овој режим останува на сила.

Иако Европската комисија пред неколку години предложи да се укине сезонското поместување на часовникот, земјите-членки се уште не се договориле за тоа, а се чини дека нема да се договорат во догледно време.

Европската комисија испрати предлог до Европскиот парламент и Советот на Европската унија во септември 2018 година според кој земјите-членки би можеле самостојно да одлучуваат за понатамошниот постојан избор на нивното стандардно време, односно дали трајно ќе го задржат зимското или летното сметање на времето, но ќе бидат обврзани да ја известат Комисијата за нивниот избор најмалку шест месеци пред промената да стапи на сила.

Во дебатата започната во есента 2018 година, земјите-членки истакнаа дека примената на хармонизиран и добро координиран пристап низ ЕУ, во однос на изборот на стандардно време, ќе биде од клучно значење за да се избегне поделеноста и нееднаквоста на временските.

Не заборавајте – Ноќеска во 3 часот почнува зимското сметање на времето

Скопје, 30 октомври 2021 (МИА) – Ноќеска во три часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад, односно времето во три часот ќе се смета како два часот.

Специфика за земјава е што промената на времето случуva во предвечерието на вториот круг од локалните избори.

Освен кај нас, зимското сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европскиот континент, освен во Исланд, Русија и Белорусија.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Поради екстpeмните темпеpaтури – вонpeдни мерки: Овие лицa се ocлободуваат од работа од утре

Министерството за здравство објави препораки за заштита согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи целата територија на Република Македонија во следните пет дена ќе биде зафатена од високи температури (од 29.07-01.08.2021 година – четврток до недела) во портокалова фаза.

Согласно добиените информации од УХМР, почнувајќи од четврток (29.07.2021 година), шесте региони од Републиката, Скопскиот (северно од Вардар), Осоговско-Малешевскиот, јужно од Вардар, Пелагонискиот и Охридско-Преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза, при што состојбата на Топлотен бран почнува да важи на целата територија на Републиката, и соодветно препораките на Владата од среда до недела (29.07-01.08.2021 година) важат следните препораки:

1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Согласно добиените информации Владата на Република Северна Македонија одлучи:

1. Државните органи и јавните претпријатија и установи, да ги почитуваат препораките.

2. Во исто време, Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел за заштита од директна сончева изложеност на работниците, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

3. Владата одлучи оваа мерка да биде со времетраење од 4 дена, до понатамошно одлучување. Владата и надлежните органи будно ја следат состојбата и доколку има потреба ќе бидат преземени мерки согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, врз населението во Република Македонија.

4. Истовремено, работното време градинките треба да го организираат во периодот од 7 до 17 часот. Градинките не треба да практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено после 11 часот.

5. Владата зазема став сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници.

Од Министерството потсетуваат дека населението во целиот летен период потребно е да ги почитува следните општи мерки за заштита на здравјето како што се:

1. Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред сé климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

2. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.

3. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.

4. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

5. При влегување во возило, потребно е истото тоа одреден период да се проветри.

6. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, препораките се:

1. Задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба.

2. Термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиус, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени Целзиус.

3. Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.

Исто така, од МЗ информираат дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури.

Исто така, по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици, посебно за најранливата категорија на граѓани во деновите кои доаѓаат.