Tag Archives: забрана

На Бугаринот Виктор Стојанов изречена му е доживотна забрана за влез во Македонија

„На претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, изречена му е доживотна забрана за влез во Македонија, Ова го потврди тој за порталот „Лупа.бг“. Тој веќе имаше забрана од една година и 3 месеци. Кога му завршила се упатил кон Скопје, но бил вратен назад на граница бидејќи забраната му била продолжена на неодредено време.

„Добив доживотна забрана за влез во Македонија. Нема причина да не ми биде дозволен влез во земјата. Немам ни казна за непрописно паркирање таму, но непожелен сум. Во РСМ имам спроведено над 500 хуманитарни иницијативи, се обидов да му помогнам на Скопје побрзо да влезе во ЕУ, како и да ги зближам двата народа. Наместо благодарност, добив забрана. Ќе ја запознаам со ова Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) на Советот на Европа. На овој начин работите нема да останат незабележани“, рече Стојанов.

Тој потсети дека поради омраза кон бугарскиот народ, влезот на Северна Македонија во ЕУ беше одложен. Оваа одлука беше донесена на Самитот на Берлинскиот процес во понеделникот во Тирана. Зелено светло на патот кон евроинтеграциите добива само Албанија, за која во јануари следната година се отвора преговарачко поглавје.

„Некои опозициски партии се виновни за заостанатоста на Северна Македонија, како и претседателот Стево Пендаровски. Наместо да гради мостови меѓу двете земји, тој постојано ги уништуваше“, истакна Виктор Стојанов.

Според него, Албанија целосно заслужува да го продолжи својот пат кон европската интеграција. Има многу добро законодавство за малцинските права. Во земјата живеат 100.000 Бугари, а во Тирана 12.000. Од Бугарите таму има советници на министри, Бугарите се и директори на претпријатија.

Фондацијата „Македонија“ е активна и во Албанија. Обезбедуваме учебници, алатки, таблети. Таму сме добредојдени и не чекаат“, истакнува Стојанов.

Општина Струга забрани шетање низ центарот со костими за капење

Општина Струга забрани да се шетаат туристите со костими за капење низ центарот на градот. За таа цел веќе имаат поставено знаци низ централното шеталиште, а одлуката Општина Струга ја објави на официјалниот фејсбук профил.

Заради почитување на јавниот ред, особено за време на летната туристичка сезона, низ централното шеталиште (од Чаршискиот мост до Зелениот пазар), се забранува шетање во бикини и гаќички за плажа во текот на целиот ден.Ги замолуваме сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или на Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори.Вашето однесување е слика за градот, затоа сите заедно треба да се обидеме да ја зачуваме позитивната слика на една туристичка дестинација како што е Струга, стои во фејбук објавата на Општина Струга.

Под објавата, од коментарите може да се заклучи дека дел од граѓаните ја одобруваат одлуката, некои не се согласуваат.

Линк од објавата: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=667396472099487&id=100064874192476&mibextid=Nif5oz

Забрането со закон: Италија им кажа НЕ на синтетичкото месо, млеко и вештачката храна!

Италија им кажа НЕ на синтетичкото месо, како и млекото и вештачката храна за животни произведена во лабораторија. Италијанската влада одлучи да го забрани производството и комерцијализацијата на синтетичка храна и за луѓето и за животните, што е спротивно на она што се случува во Америка и Сингапур, земји каде е дозволена употребата на оваа храна.

Италијанскиот министер за земјоделство, храна и шуми, Франческо Лолобриџида, вели дека Италија е првата слободна нација кога станува збор за ризикот од јадење синтетичка храна.

Тоа е, како што истакнува, првиот закон во светот кој забранува комерцијализација и лабораториско производство на храната што ја јадеме.

-„Синтетичката храна не гарантира квалитет, здравје или култура и еногастрономска традиција на нашата земја. На овој начин би ризикувале и поголема невработеност бидејќи таа храна би се произведувала онаму каде што трудот чини помалку во општество каде богатите би јаделе добра храна, а сиромашните не“, објаснува министерката Лолобриџида.

На ист став е и италијанскиот министер за здравство Орацио Скилачи:

– „Забраната за производство се заснова на мерки на претпазливост, бидејќи до денес немаме јасни податоци какви ефекти би имала оваа храна врз нашиот организам“. На прво место е здравјето на граѓаните, како и зачувување на нашата кулинарска традиција која се заснова на медитеранската исхрана“.

Прекршувањето на овој закон повлекува многу ригидни казни од 10.000 до 60.000 евра и до 10 отсто од заработката.

Барањето на Ѓоковиќ за влез во САД ОДБИЕНО бидејќи тенисерот не е вакциниран

На светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ му е забранет влез во САД бидејќи нема примено вакцина против ковид-19, па затоа изгледа ќе ги пропушти мастер турнирите во Индијан Велс и Мајами.

Ѓоковиќ поднел документација и побарал посебна дозвола за влез во САД бидејќи не е вакциниран, но сенаторот Рик Скот од Флорида денеска на твитер-профилот објави дека неговото барање било одбиено.

„Ни беше кажано дека барањето на Ѓоковиќ е одбиено и тој нема да може да учествува во Мајами следната недела. Претседателот Џо Бајден мора веднаш да го поправи тоа и да му дозволи да игра во нашата земја“,

Приведените бугарски државјани на „Деве Баир“ казнети со 300 евра и тригодишна забрана за влез во земјава

Судот вчера вечерта им изрече парична казна во износ од 300 евра и мерка протерување од земјава и забрана за влез во државата за период од три години на тројцата бугарски државјани, кои беа приведени денеска на граничниот премин „Деве Баир“ поради нарушување на јавниот ред и мир.

Бугарските државјани, 35-годишниот Г.З., 50-годишниот А.Х., и 54-годишниот Р.Х (54), како што соопшти МВР, биле приведени околу 12:45 часот откако се однесувале дрско и недолично и прво вербално, со најпогрдни зборови, а потоа се обиделе и физички да нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства.

На преминот „Деве Баир“, на нашата граница кон Бугарија од утрово беа воведени засилени полициските контроли, поради најавите за доаѓање на организирани групи бугарски државјани за посета на гробот на македонскиот револуционер, Гоце Делчев, на одбележување на 151-та годишнина од неговото раѓање.

Во еден период од денот, поради пад на системот за контрола на граничниот премин „Деве Баир“ за влез во земјава се чекаше неколу часови.

ЏАМБАСКИ ДО ПЕНДАРОВСКИ: Со забрани за влез нема да ја избришете вистината – Македонија била и ќе биде бугарска!

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски денеска се јави со реакција на вчерашната изјава на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на непожелни личности и забрана за влез во Македонија.

– Македонија била и е бугарска! С. Македонија е друга работа. Заслугата тука е на Тито. Со забрани за влез во државата нема да ја избришете вистината – објави европратеникот Џамбаски на својот профил на Фејсбук.

Токму Џамбаски неодамна среде Скопје ја провоцираше Македонија и Македонците со изјави за „бугарскиот карактер на Македонија“ што предизвика револт кај граѓаните на социјалните мрежи.

Пендаровски предложува до Владата – ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАВА НА ЏАМБАСКИ и неколку други лица! (Видео)

Претседателот Пендаровски се обрати на јавноста по состанокот на Советот за безбедност во вилата Водно.

Советот за безбедност со предлог до владата да се забрани влез во Македонија на еден европратеник и неколку други лица. Според претседателот Пендаровски постојат сомневања дека дел од овие лица се поврзани со руската разунавачка служба.

Тој изјавата на бугарскиот министер Милков за репресиите во Македонија, ја нарече страшна и како што кажа единствено може да е точна ако мисли за времето 1941-44 година, а бугарскиот технички премиер го повика да ја посети Ваташа, местото каде се стрелани 12 младинци.

Поради присуство на канцерогена супстанца овој чипс се повлекува од пазарот!

Серија на „Аро чипс“ со вкус на пиперка во пакување од 300 грама, со рок на користење до 30 април 2023 година, се повлекува од хрватскиот пазар поради зголемено количество на штетната и канцерогена супстанца акриламид, известија хрватските власти.

Производител на чипсовите е Kanaan d.o.o. од Доњи Михољац, а на пазарот е пуштен од познатиот дистрибутивен синџир за храна „МЕТРО“, пишуваат хрватските медиуми. Чипсовите се LOT број 5745 и EAN код: 3856024703703.

Производот не е во согласност со Регулативата (ЕЗ) бр. 178/2002 за воспоставување на општите принципи и услови на законот за храна, основање на Европската агенција за безбедност на храна и воспоставување процедури во областите на безбедноста на храната и Регулатива на Комисијата (ЕУ) 2017/2158 за воспоставување мерки за ублажување на ефектите и нивоата на референца вредности за намалување на присуството на акриламид во добиточната храна.

НЕМА КАПЕЊЕ НА 12 ПЛАЖИ ВО ГРЦИЈА: Опасно било по здравјето на луѓето

Грчкото министерство за здравство забрани влез во морето на 12 плажи во регионот на Атика.

Кога го истражувале квалитетот на морската вода во областа, властите откриле дека има области со сериозно загадување на водата, што е опасно по здравјето на луѓето. По овој основ, министерството за здравство изрече забрана за влез и капење во море на опасни места.

Во регионот на Атика, капењето е забрането на плажа во близина на сите пристаништа и места каде што може да се поправаат пловните објекти. Во морето не смее да се влегува по целата должина од пристаништето Пиреја до Перама, како и по целата внатрешна должина на пристаништето Рафина. Забраната се однесува на вкупно 12 локации. Поставени се знаци кои укажуваат на причината за ограничувањето.

Иако има парична казна за прекршителите, локалните власти не очекуваат дека луѓето нема да послушаат бидејќи тоа е поврзано со нивното здравје.

ЗАБРАНЕТ ЛЕТ ЗА РУСКИ АВИОНИ НАД МАКЕДОНСКА ТЕРИТОРИЈА

„Владата на Република Македонија на денешната 18-та седница донесе одлука да се приклучи на препораките на ЕУ и на земјите членки кои веќе донесоа таква одлука, да воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Македонија за авио компании од Руската Федерација. Од оваа одлука се изземаат хуманитарните и летовите кои се во случаи на итност.

Владата ја задолжи АД во Државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ да ја отпочне постапката за спроведување на оваа одлука и да ги извести Европските воздухопловни власти за забраната за влез во воздушниот простор на Македонија за авио превозници регистрирани во Руската Федерација“ стои во соопштението на македонската Влада.