Tag Archives: Заев

ДРЖАВАТА ГО ДАРУВА СОВЕТНИКОТ НА ПРЕМИЕРОТ: Верушевски покрај 344 дневници по 5.000 денари добил и два стана, од 100 и 47 мкв

Зоран Верушевски кој работи како советник на премиерот Димитар Ковачевски, станал сопственик на стан кој го користел додека бил функционер.

Како што објави ТВ Алсат, Верушевски, станот го користел во периодот 1995-2002 година, поради службената должност која ја извршувал, а потоа наводно ги овластил своите адвокати да се откажат од станот од 47 квадратни метри на улицата Рузвелтoвa и да го вратат на државата, врз основа на морална одговорност и добри намери.

Сепак, 18 години подоцна, преку тужба против државата, успеал да ја врати сопственоста на станот.

ТВ Алсат успеале да ја обезбедат првостепената пресуда во Граѓанскиот суд, која датира од 1 ноември 2021 година.

Одлуката на судот се заснова на повлекување на изјавата што Верушевски ја дал по 18 години, и врз основа на оваа постапка судот го презема имотот на државата и го пренесува во сопственост на физичкото лице.

Образложението на Верушевски, за повлекување на изјавата се темели на фактот дека, според него, адвокатите не биле овластени да постапуваат во овој случај, и непотпишување на актот од негова страна дава основа за враќање на станот.

Дополнителна причина, според Верушевски, бил фактот што тој инвестирал во станот даден од државата поради неговата службена должност, додека законските застапници немале овластување за прашањата директно поврзани со неговата сопственост и финансискиот аспект, туку само општо законско овластување за застапување.

Од станот од 47 квадрати, Верушевски се откажал бидејќи преку службена должност обезбедил уште еден стан од 100 квадрати. До денот кога ја тужел државата, тој го користел станот за кој станува збор.

Како што објавивме вчера, Верушевски ќе наплати од државата и за притворот кој што го минал поради аферата Пуч, односно по 5.000 денари за секој изминат ден во притвор.

Заев му се закани на австрискиот амбасадор дека ќе го ТУЖЕЛ, Пендаровски контра Заев – КАША ПОПАРА !

Целосно се оградувам од  каква било моја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во судовите, изјави бившиот премиер Зоран Заев по вчерашното јавно обраќање на австрискиот амбасадор Георг Вуцас.

Австрискиот амбасадор преку соопштение до медиумите во кое на невообичаено директен начин упати критики до македонското правосудство затоа што австриска компанија не може да наплати отштета од фирма во Македонија, со реакција се јави експремиер и екслидер на СДСМ Зоран Заев, чиј член на фамилијата, но и самиот тој се споменуваат во дописот на амбасадорот.

Покрај оградувањето од  каква билоинволвираност во деловниот спор, Заев во реакцијата упатува и порака до австрискиот амбасадор дека ќе се видат на суд, ако повторно го спомене неговото име на ваков начин.

– Целосно се оградувам од  каква биломоја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во судовите. Колку што гледам и читам од соопштението на амбасадорот, овој судски деловен процес е јавен и транспарентен како и сите други судски процеси. Законите важат еднакво за сите и убеден сум дека судот ќе донесе законита одлука како и впрочем се очекува без разлика за кој грагјанин или правен субјект се однесува. Јас можам само да апелирам судот и правосудните органи, како и која било друга институција да си носат исклучиво законски одлуки и да не дозволат никој да им влијае на работењето и одлучувањето. Ако амбасадорот и амбасадата го споменат уште еднаш моето име во ваква негативна конотација нема да можам ништо друго да превземам освен што ќе морам да ги тужам за нанесена штета врз честа и угледот, наведува Заев во реакцијата, пренесува порталот „Независен“.

– Следното споменување на моето име на ваков начин ќе значи дека ќе треба да се видиме на суд со амбасадорот на Австрија за да покаже и докаже било каква моја инволвираност, во спротивно ќе барам јавно извинување, надомест на штета за нарушени чест и углед и лично ке го известам австриското МНР и Владата на Австрија за ваквиот однос на амбасадорот на Австрија, вели Заев во реакцијата.

Пендаровски контра Заев

Го следам случајот и слушнав коментари дека австрискиот амбасадор наводно се меша во нашите внатрешни работи. Но, тука не станува збор за никакво мешање во нашите внатрешни работи, оти секој амбасадор има легитимно право и обврска да си ги штити интересите на својата земја.

Вака претседателот Стево Пендаровски ја искоментира вчерашната реакција на австрискиот амбасадор во земјава Георг Вуцас, кој истакна дека фирма од Австрија не може да си наплати 4,5 милиони евра долг од зетот на Заеви.about:blank

– И нашите амбасадори кои ја претставуваат нашата држава во странство имаат обврска да ги штитат интересите и на приватните бизниси на нашите граѓани во странство, а не само на институциите. Вчера видовме реакција и од поранешниот премиер Зоран Заев кој упати на институционална разврска, па очекувам македонските институции да утврдат дали навистина имало непочитување на меѓународна арбитража – рече Пендаровски.

(ВИДЕО) Заев: Да гласаме гордо и достоинствено за Рамиз Мерко!

Среде правот што го крена Стејт департментот за ставањето на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, на проширената „црна листа“ на САД, твитерџијата Македонец #Бојкотира потсетува како поранешниот лидер на СДСМ и експремиер Зоран Заев повикуваше „гордо и достоинствено“ да се гласа токму за високиот функционер на ДУИ посочен од официјален Вашингтон за „вмешаност во голема корупција“.

„Прашање за 1 милион евра???Што побара Гаши од Заев дури од Струмица?!“

Независниот пратеник Скендер Реџепи објави фотографија од средба на претседателот на Алтернатива Африм Гаши и поранешниот премиер Зоран Заев за која тврди дека се одвивала изминатиот период во Струмица.

„Прашање за 1 милион евра??? Што побара денес Африм Гаши од Зоран Заеви, и зошто мораше да оди дури до Струмица? Активистите на Алтернатива, како и пошироката јавност заслужуваат да ја знаат вистината за оваа средба“, напиша на Реџепи на Фејсбук.

Тој е поранешен сопартиец на Гаши од Алтернатива. Оваа партија повеќе не коалицира со власта, откако СДСМ и ДУИ одлучија на нивно место да биде поканета Алијанса за Албанците на Арбен Таравари.

Плусинфо: Заев се обидува да го урне Ковачевски, имал „дил“ со Мицкоски

Плусинфо: Заев се обидува да го урне Ковачевски, имал „дил“ со Мицкоски Можна ли е широка коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и брзи парламентарни избори напролет?

Според пишувањата на Плусинфо, ваков е планот кој наводно го договориле екс-премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Ваквиот план не бил прифатлив за актуелниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, па, како што се додава во текстот, Заев му подготвувал соборување на Ковачевски од партискиот трон. Тоа би било возможно преку пратеници од редовите на социјалдемократите блиски до Заев, кои ќе откажат поддршка на раководството на партијата.

Целиот текст на Плусинфо

Освен сопругата на Ковачесвки, синот на Заев и СИНОТ НА АХМЕТИ ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА

Името на синот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е запишано како управител на новорегистрирана фирма за производство на електрична енергија во кичевски Зајас, објави Фактор.

Шкумбин Ахмети од Зајас е одговорното лице на Друштвото за производство, трговија и услуги „Тхеас Енергу ДООЕЛ“. Сопственик на претпријатието кое извршило упис во изминатите денови е друштвото за консалтинг, посредување, проектирање, инжинеринг и услуги „Архитектас Пројоект Студио“ од Зајас.

За синот на Али Ахмети практично нема никакви информации во јавноста, ниту во медиумите на албански јазик. Единствено е познато дека е архитект кој дипломирал на тетовскиот универзитет и дека не покажал никаков интерес за политика. Исто така, познато е и дека Али Ахмети го крие семејниот живот подалеку од јавноста.

Ланското лето ДУИ објави дека се ребрендира во зелена партија која ќе се грижи за чистата животна средина, во која меѓудругото, приоритет ќе им се даде на обновливите извори на енергија.

Претходно опозицијата го обвини Ахмети дека во орманот за струја има диво приклучен кабел за електрична енергија, што беше демантирано од ДУИ.

Инаку изминатите денови операторот за пренос на електрична енергија МЕПСО објави дека во изминатиот период добил барања од инвеститори за изградба на фотоцентрали и ветерници со капацитет од неверојатни 8.000 мегавати.

ГРУЕВСКИ му одговори на ЗАЕВ: Земаш МИТО, менуваш ИМЕ, Устав, продаваш ИСТОРИЈА,па кога ќе ти загусти ТИ СЕ ПОЈАВУВААТ БЕЛИ КОЊИ

Белиот коњ како метафора на ноќна мора, објави поранешниот премиер Никола Груевски како одговор на денешната реакција на неговиот наследник во Владата и некогашен политички ривал Зоран Заев за одлуката на Апелациониот суд за укинување на пресудата за случајот Таргет-Трврдина.

-Ова е она кога цел народ и цел свет на видео снимка прибавена законски со одлука на обвинител и судија, те гледа и те слуша како најдиректно и отворено бараш мито, бараш поткуп, бараш пари од локален бизнисмен, му објаснуваш дека сите други како него во градот редовно и безпоговорно си плаќаат мито, па жртвите ги редиш и по име, и отворено објаснуваш дека парите од митото се за тебе лично, користејки ја својата политичка моќ која ти ја доверил народот во општината, напиша Груевски.

Поранешниот премиер цитираше зборови од австрискиот невролог и основач на психоаналитичката школа за психологија, Зигмунд Фројд – „Првиот знак на човечката глупавост е целосно отсуство на срам“.

-Потоа ти средуваат со судот (кај Добрила Кацарска) да се погазат доказите против тебе кој самиот суд ги обезбедил и да се погази правдата пред очите на цел народ за да се овозможи да го направиш националното предаство кое си го договорил однапред, со насилна и со недозволени средства промена на името на државата, името на нацијата и на јазикот како и одкажување од историјата, како онаа од античкиот период, така и сета друга македонска историја до пред 75-76 години.

За награда те оставаат да продолжиш ти и твоите блиски да бараш поткуп и да ја пљачкаш државата и народот уште неколку години, најбрутално да ги прогонуваш твоите конкуренти во политиката за политички да не те загрозат и подолго да владееш, со злоупотреба и притисок на правосудниот систем и паралелно на сето тоа да глумиш “чесен” човек што искрено се бори против криминалот и корупцијата.

И по некое време од кога ќе отслужиш и ќе ти кажат „доста ти беше”, оддеднаш кога не ти е се под контрола и ти се појавува и најмала НЕИЗВЕСНОСТ, те фаќа таква НЕРВОЗА и ти одеднаш ти излегуваат “БЕЛИ КОЊИ” пред очи, па притисок врз правосудниот систем кој до тогаш си го правел колку што си можел потајно и подискетно, одеднаш губиш контрола врз себе и го претвораш во јавен притисок на правосудниот систем и нова лична и на оние кои те подржуваат бламажа, а слугите кои си ги задолжил од најниско ниво па до врвот во државата те следат. Само ќе видиме до кога…, му порача Груевски на Заев.

Заев денеска ја коментираше одлуката на Апелациониот суд за укинувањето на пресудата за случајот „Таргет-тврдина“.

-Стотици илјади граѓани со години се боревме да ги срушиме алчните арамии од режимот и успеавме. Сега, некој се исмева со таа борба и се обидува да ја ништи освоената правда. Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам. Ги повикувам сите надлежни од и околу правосудството, сите со грам одговорност за иднината на нашата земја и нашиот народ, да не дозволат да застарат делата на Мијалков и да направат сѐ виновниците да одговараат бидејќи за нивните злодела има докази чисти како ден, побара Заев.

Заев и Шилегов пукаат сеир – си објавија селфи фотка насмеани до уши

По драмата денеска во Град Скопје, со селфи фотка на социјалните мрежи се јави поранешниот градоначалник Шилегов. На фотографијата на која е заедно со поранешниот лидер на СДСМ Заев насмеани до уши.

„Без никакви обврски, онака, незадолжително …“- напиша Шилегов.

Заев по повод Денот на демократијата: Денес одлучуваат тие кои гласаат, а не оние кои бегаат (Видео)

Поранешниот премиер Зоран Заев го честита Денот на демократијата на својата Фејсбук страница.

– Ова е време на соочување со пандемија и со војна. Време кое автократите сакаат да го искористат за уште поцврсто да завладеат со народот, држејќи го во страв и неизвесност. Но, нашиот народ е мудар и храбар. Со демократски глас ги спречивме оние кои сакаат со насилство и крв да ја убијат демократијата, вели Заев во видео-пораката.

Денес, продолжува тој, одлучуваат тие кои гласаат, а, не оние кои бегаат.

-Демократијата е глас. Гласот на секој еден поединец. Глас слушнат, разбран, уважен, испочитуван. Гласот на сите групи во нашето општество. На волонтерите, на извидниците, на земјоделците, на лекарите, на рударите… Секој еден од нив е важен во демократија. Го запревме Владеењето СО народот. Денес имаме Владеење НА народот, наведува Заев.

Натаму додава дека „и кога го почитувате гласот на граѓаните, демократијата останува запишана како победник во историјата“.

-Горд сум на нашите граѓани кои не само што ги освоија слободата и демократијата, туку и ги негуваат и развиваат. Токму затоа – и кога бев тоа што бев, и кога сум тоа што сум, демократијата била, е и ќе биде мојот најголем идеал. Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата, додава Заев во видео-пораката.

Видео:

https://fb.watch/fyW6rY5PbN/