Tag Archives: Заев

Боки 13 до судијката: Oваа пресуда е доказ дека си слуга на Заев, но Господ казнува не казнуваш ти !(Видео)

На денешното судење за случајот „Меѓународен сојуз“ беа изречени 4 казни за физички и една за правно лице. Судот на Боки 13 му изрече 9 години затвор, Јасна Мандиќ доби 4 години затвор, таткото на Боки 13 Миле Јовановски доби условна казна, Ременски е ослободена од обвинение, на асистентката на Боки 13 Кристина Блажевска и е изречена казна од една година и „Меѓународен сојуз“ треба да плати еден милион денари.

На оваа Боки 13 без да добие збор и порача на судијката дека предудата е доказ дека е слуга на Зоран Заев.

„Не, ослободени беа по налог на Зоран Заев, по негова интервенција за да ги лапнат парите. Мене ќе ме судиш 9 години. Најголемата хиена, слуга на Зоран Заев. Оваа пресудата е доказ дека ти си слуга на Зоран Заев, но Господ казнува не казнуваш ти“, рече Јовановски по што ја напушти судницата.

Заев се израдува за минималната плата од 18.000 денари

Новата Влада е правична и одговорна, работи за интересите на граѓаните, ова го искоментира поранешниот премиер Зоран Заев, на социјалната мрежа Фејсбук во врска со донесената одлука покачување на минималната плата на 18.000.-Ова е доказ дека новата Влада е правична и одговорна, работи за интересите на граѓаните, за интересите на работниците. Сега заедно, и работниците и работодавачите ( приватен и јавен сектор) да си земат обврска да ја подигнат продуктивноста. Мораме сите повеќе да работиме ако сакаме повисоки примања и повисок економски стандард.

Честитки до Владата и Премиерот.

Ова е важна и значајна одлука.

Голема работа.

Браво, стои во Фејсбук статусот на Заев.

Чао 3aeв – Последната фотографија од Влада (Фото)

Зоран Заев утринава се збогуваше од функцијата премиер на Република Македонија. Тој и официјално ја предаде функцијата на новиот премиер Димитар Ковачевски во просториите на Владата.

Џафери: Конечно успеавте Заев веќе не е премиер – доби бурен аплауз (ВИДЕО)

Она што не успеавте да го направите на седницата за доверба на Владата денеска ви успеа – резигнирано коментираше Претседателот на Собранието Талат Џафери веднаш откако ја констатираше оставката на Премиерот Заев и целата негова Влада.


Опозицијата целиот негов коментар го проследи со бурен аплауз.

3aeв е иcтoријa – Cобранието ја констатираше неговата оcтавка и на Влaдaтa

Собранието денеска на седницата за пратенички прашања ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев. Оставката беше констатирана без премиерот Заев усно да ја образложи. Оставката на премиерот повлекува оставка и на целата Влада.

Оставката на премерската функција Заев ја поднесе вчера до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Во доставената оставка Заев наведе дека ваквата одлука ја презел како логичен чекор кој произлегува од исходот на локалните избори и како израз на преземената одговорност за изборните резултати.

На премиерската функција Заев беше од 31 мај 2017 година, а втор премиерски мандат освои на изборите на 15 јули минатата година.

Со констатирањето на оставката почнуваат да течат уставните рокови за избор на нова Влада.

Уставот на Република Северна Македонија и собранискиот Деловник ја регулираат постапката во случај на оставка на претседателот на Владата.

Во членот 93 од Уставот е наведено дека „Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. Владата која поднела оставка или на која мандатот и престанал, останува на должност до изборот на нова Влада“.

Во член 219 од Деловникот на Собранието, пак, стои дека „Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи… Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“.

Во член 220 понатаму се вели дека „Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“.

Потоа, според член 90 од Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена да го довери мандатот за состав на Влада на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

По констатирањето на оставката, се очекува парламентарното мнозинство за мандатар да го предложи новиот лидер на СДСМ и актуелен заменик министер за финансии Димитар Ковачевски.

По добиениот мандат Ковачевски во првата половина на следниот месец до Собранието би требало да ги достави програмата и предлогот за состав на новиот владин кабинет, по што би уследил избор на неговата влада на собраниска седница.

Кумашинот на Заев отвора фабрика за одгледување канабис и млекарница

Кумашинот на премиерот Зоран Заев, Горан Митров – Гна, во еден ден основаше друштво за одгледување на канабис и млекарница со адреса во Сушица во општина Ново Село, открива „Фактор“.

Податоците од Централниот регистар покажуваат дека струмичкиот бизнисмен на 13 декември поднел пријава за основање на друштво за производство, трговија и услуги „Канабис ГНА“. Дејноста е одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија и на растенија за употреба во фармацијата.

На истиот ден Митров поднел пријава за основање на „Млекара ГНА“, за преработка на млеко и производство на сирења, исто така во Сушица.

Бучковски ДОБИ УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ како специјален преставник за Бугарија

Владо Бучковски кого владата минатата година го назначи за специјален претставник за Бугарија, доби уште еден мандат.

Тоа беше одлучено на вчерашната владина седница на предлог на Комисијата за именување.

Неговото назначување дојде во период кога македонската влада преговара со Бугарија за изнаоѓање решение да се тргне блокадата за датумот за почеток на преговори со Европската Унија.

Бучковски во последното негово појавување во јавноста пред неколку дена, изјави дека мора да се биде претпазлив кога се подгреваат очекувањата на јавноста во однос на можноста за деблокада на пристапниот процес на земјава во ЕУ веќе во декември.

Инаку Бучковски беше убеден дека ќе се најде решение до крајот на оваа година и често го спомнува патоказот кој се уште македонските граѓани не знаат што содржи, но и го користи терминот заедничка историја, и покрај фактот што за Бугарија тој термин означува македонска историја во склоп на бугарската.

„Заедничката историја не може да ја смениме ниту јас, ниту Захариева, но можеме да ги промениме работите за посилна соработка во инфраструктурата, во образованието, културата и во зближување на дватаа народа и тоа искрено ќе го правиме“, рече тој на средба со поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.

Бучковски: Заев е најдобриот лидер што го имал СДСМ, тајната за неговиот успех е тоа што не е совршен

Заев е најдобриот претседател што го имал СДСМ во изминативе 30 години, вели во изјава за неделникот Фокус поранешниот лидер на СДСМ и премиер Владо Бучковски.

-Заев е најзаслужен за враќањето на СДСМ на власт, по 10 тешки опозициски години. Тој е најзаслужен за влезот на Северна Македонија во НАТО. Тајната на неговиот успех е неговиот карактер и неговата „несовршеност“, но, пред се, неговата храброст, изјави Бучковски.

Тој смета дека има 3 етапи од развојот на СДСМ, при што првиот е поврзан со Бранко Црвенковски, вториот со него и Радмила Шеќеринска и третиот со Заев

Заев: Зборот си е збор, во вторник повеќе не сум лидер на СДСМ и на Влада

Премиерот Заев во вторник ќе го свика Централниот одбор на СДСМ за да му биде ефектуирана оставката.

Премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на Алтернатива, изјави дека во вторник ќе го свика Централниот одбор на СДСМ за да му биде ефектуирана оставката и со тоа да почне постапката за избор на нов претседател на партијата и мандатар на владата.

– Органите и телата на партијата ќе го кажат тоа. СДСМ нема донесено одлука. Мојот личен став од досегашното искуство и минатото во нашата држава кога еден човек бил премиер, а друг претседател на владејачка партија, е дека лидерот на партијата треба да биде и мандатар затоа што во тој случај и одговорноста и легитимитетот е комплетен, рече Заев.

Нагласи дека останува на неговата јавна објава за оставка и од функцијата претседател на Владата и лидер на партија и дека ќе ги депонира оставките до надлежните институции веднаш штом биде осигурно парламентарното мнозинство.

– Ако се гледа како се поставките по Устав, до 14 декември не се стига за изборот на нова влада и нов мандатар. Логично е СДСМ да го искористи овој период и да го избере својот претседател. Затоа ќе побарам од органите и телата на партијата да биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да се констатира мојата оставка и веднаш да почне постапката за избор на нов претседател на партијата. Зборот е збор и ќе се радувам да дочекам ваква големина и даден збор од други политичари. Ако се успее во целиот овој период, а верувам дека може, СДСМ да има избрано претседател тој би требало да биде идниот мандатар односно да предложи нова Влада. Кога имате нов мандатар, треба да имате и нова влада, а не реконструкција на влада, нагласи Заев.

Во однос на информациите објавени во дел од медиумите дека Димитар Ковачевски ќе биде новиот лидер на СДСМ и новиот мандатар, Заев рече дека претстои процес на избор од страна на членството на СДСМ и оти партијата преку непосредни избори ќе одлучи кој ќе биде идниот лидер.

За денешното присуство на Ковачевски на состанокот со Алтернатива, Заев рече дека тој е член на Извршниот одбор на СДСМ и претседател на партиската Комисија за финансирање и буџет, како и докажан кадар кој комплетно е подготвен да помогне во денешните разговори.

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши прашан колку за неговата партија е прифатливо да има нов мандатар и комплетно нова влада, рече дека не сака да се меша во внатрешните работи на партијата и оти очекува идниот наследник на Заев да го продолжи континуитетот на разговорите.

(Фото) Заев одма да ми најде работа, метла по општинските – Еве што напиша хонорарката вработена во Општина Тетово

Членка на СДСМ си ја отвори душата на социјалните мрежи откако остана без работа во општина Тетово.

Извесна Силвана Антовска е гневна на својата матична партија бидејќи останала без работа откако новиот градоначалник на Тетово, Билал Касами се реши да им ги раскине договорите на сите хонорарци во општината.

Таа сега бара одговорност од општинските организации на СДСМ, а од Заев бара да и најде работа.

-И така моја СДСМ кога ви кажував дајте ни решение и саглам работа! Вас воопшто не ве допираше тоа. Ете од денеска, после 3 години работа во општина Тетово, Билал Касами ни ги поништи договорите, а договорите ни се до 31 декември, сега сме на улица без работа. Премиере Зоран Заев веднаш метлата по општинсиве. Веднаш. И веднаш да не згрижите. Да ме вработите, пишува таа.