Tag Archives: Заев

Заев е промената која генерации ја чекаа да им ги исполни соништата на своите деца!

-Зоран Заев е промената во општеството која генерации граѓани ја чекаа за да ги исполнат соништата на своите деца. СДСМ продолжува сигурно напред со човекот кој донесе големи промени и храбри одлуки за иднината на земјата. Тој ја обединува партијата, но и граѓаните на целата држава и затоа е вистинскиот избор за лидер на СДСМ. Му посакувам успешен мандат. – напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук, по објавата за победа на Заев на партискиот избор во СДСМ.

Заев ќе ги внесе Бугарите, Австријците и Романците во Уставот

Премиерот Зоран Заев, во врска со понудата на министерот Бујар Османи да се внесат Бугарите во Уставот како етничка заедница, потврди дека тоа не е само негов став туку и на Владата.

„Отсекогаш наш став бил пред влезот во ЕУ да го отвориме Уставот за останатите помали етнички заедници кои живеат тука, не само Бугарите, туку и Хрватите, Торбешите, Египќаните, Австријците и Романците. Тоа го направи Хрватска пред влезот, а ние сме отворено општество, европска земја, и ќе го следиме примерот на европските земји“, рече Заев. 

Тој  нагласи дека граѓаните треба да знаат дека прашањето на пописот е „На која етничка заедница припаѓате?“. И тоа, како што рече е едноставно, дури во електронската верзија граѓаните можат да бираат се што е во кодната листа. Според него, не треба во моментот какво било уставно надополнување за секој граѓанин а се изјасни на пописот така како што се чувствува етнички. 

„Секој може недвосмислено, прецизно, јасно да си каже на која етничка заедница припаѓа или, доколку припаѓа на некоја верска група, да се изјасни дека припаѓа на таа верска заедница или ја практикува таа вера“, рече Заев и како пример ја наведе средбата со преставници на Торбешите во Македонија кои, како што рече, ќе можат слободно да се изјаснат така на пописот бидејќи во моментов не е потребно никакво  уставно определување за да го сторат тоа. 

„Јаc имам информација kога ќе cтигнат првите ваkцини ама kаkо да ја kажам, што ако не cтигнат?“

На новинарско прашање за тоа кога ќе стигнат првите вакцини премиерот Зоран Заев кажа дека секој момент очекуваат информација кога ќе стигнат првите вакцини. Тој кажа дека има информација дека во недела ќе пристигнат првите 3.000 вакцини преку ДХЛ. 

Се очекува министерот за здравство заедно со амбасадорот да ги пречекаат и веднаш да ги пуштат во промет.

Премиерот напомена дека вчера се потврдени 21.000 вакцини од Фајзер, договорот е стигнат и се очекува првата пратка да пристигне до крајот на месецот.

Во меѓувреме и од КОВАКС системот е пристигната информација дека до крајот на првиот квартал ќе стигнат првите количини вакцини, најверојатно меѓу 20.000 и 30.000. Со ова во март месец почнува масовната вакцинација во која покрај здравствените работници како што е по протоколите ќе се вакцинираат и возрасните граѓани и граѓаните со хронични болести, кажа Заев.

Премиерот доби игра на Гугл, cо фаќање ваkцини „3оки ваkcајнc“

Не изостанува креативност и шегата на нашиот народ и во најлошо ситуации. Премиерот доби игра. Во истата тој се обидува да фати колку што е можно повеќе вакцини, а позадината на видео играта е фонтаната кај споменикот Воин на коњ или Александар Велики во центарот на Скопје.

Играта се вика „Зоки ваксајн“, а наверојатно така е наречена затоа што премиерот во еден свој јавен настап вакцините на англиски јазик ги нарече ваксајнс.

Линк до играта:

https://play.google.com/store/apps/details?id=org.godotengine.zokivaksajn

Ова се дел од коментарите за апликацијата: