Tag Archives: Заев

Заев: Парите ги вративме кај граѓаните!

Го реализиравме концептот „парите назад кај граѓаните“ ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, а денес таа изнесува 15.200 денари.Платите почнаа да растат во сите сектори, просечната плата константно расте до денеска и стигна до над 28.000 денари, истакна во своето обраќање на 26-от конгрес на партијата, претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Во продолжение интегрален текст од обраќањето на Заев:

На 1 јуни 2017 со конституирањето на новата коалициска Влада предводена од СДСМ започна ново, светло поглавје во македонската историја, во првите 100 дена од мандатот ги поставивме контурите на политиките на оваа Влада на граѓаните за која зборо е збор, порача претседателот Зоран Заев во своето обраќање на 26. Конгрес на СДСМ.

Заев посочи дека концептот „Парите назад кај граѓаните“ е првиот успех на СДСМ, но и првата суштинска разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партија која 11 години парите на граѓаните се трошеа на барок и споменици и завршувале кај неколкумина од тогашниот режим.

„Го реализиравме концептот „парите назад кај граѓаните“ ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, а денес таа изнесува 15.200 денари.Платите почнаа да растат во сите сектори, просечната плата константно расте до денеска и стигна до над 28.000 денари.

Ги покачивме пензиите, ја зголемивме социјалната помош за 300%, го решивме проблемот со стечајците, а невработеноста ја намаливме на рекордно најниски стапки од независноста до сега.

Земјоделието и земјоделците ги поддржавме со рекордно највисоки 429 милиони евра. Немало подобри откупни цени и немало повисоки субвенции до сега.

Ја укинавме радиодифузната такса, воведовме евтина дневна тарифа на струјата и поврат на дел од ДДВто за физички лица. Наместо на барок, споменици и криминални тендери парите ги насочивме кон проекти важни за граѓаните.

Заев се вaкцинираше со вaкцината на Синофapм

Премиерот Зоран Заев денеска во скопската сала „А1 арена Борис Трајковски” се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм”. Премиерот вели дека ја примил вакцината кој што била на располагање кога му дошол редот, согласно Националниот план за имунизација.

„Се чувствувам добро и ќе ги продолжам работните обврски. Ги повикувам граѓаните да се пријават за вакцинација за да може летово што поголем број лица да бидат имунизирани”, рече Заев.

Досега во С. Македонија се вакцинирани 74.076 граѓани. Последните податоци укажуваат дека 25% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Вчера се аплицирани 9.123 вакцини од кои 7.963 прва доза, а останатите се ревакцина.

„Пораката од Заев до Пауновски е јас сум те поставил, јас ќе ти кажам што ќе правиш“

Пораката од Заев до Стојко Пауновски е јас сум те ставил, јас ќе ти кажам што ќе правиш. Ставањето на функционер не значи дека тој ќе биде ваш послушник, тој треба да има интегритет, доколку таа институција има скандали или проблеми, одговорен е тој човек, но не да се разрешува за невработување на луѓе кои смета дека не се потребни, рече во вечерашната дебата на ТВ 24 универзитетскиот професор и аналитичар Владимир Божиновски.

Сега и да не го сменат Пауновски штетата е направена, Заев ја направи штетата. Доколку именувате некој, тој треба да го оставите да си ја води институцијата, треба да му вршите контрола, но не да се меша, особено не во решенија за кои функционерот има против аргументи, вели Божиновски,

Дали ова е обид за дефокус или ќе има реални процеси како оној за Драги Рашковски, висок владин функционер, ќе треба да помине време за да видиме дали и каква завршница ќе има, од тоа ќе се знае дали имало старт на борба со корупцијата и криминалот, рече Божиновски.

Денеска Заев рече дека ги чул ставовите на инспекторите, и дека ќе ги презентира на Влада, која ќе донесе конечен став околу негово разрешување.

„Ги слушнав аргументите на инспекторите, нивните аргументи ќе ги презентираме на владата, и владата ќе донесе одлука за Пауновски. Јас ќе оставам Владата да одлучи. Да не излезе дека преку медиумите носиме одлука. Ќе ги кажам моите ставови, ставови на вработените во ДПИ, на Стојко Пауновски, ќе ги кажам сите аргументации на одговорно владеење. Секако дека согласно етичкиот кодекс имаме плеада на можности како да постапиме, но согласно и законските регулативи. Зборувам и за предлог за разрешување, и предлог на останување. Важно е да се почитува законот, одлуките, ефикасност во работењето и етички пристап во нашето делување. Ќе го кажам тоа на влада“, рече Заев кој одговори на новинарско прашање што биле аргументите на инспекторите утрово:

„Дека бил добар човек, го унапредил работењето на ДПИ и други аргументи“, рече Заев.

Заев ли е Лепа Брена ли е – со хеликоптер од Скопје до Прилеп

Заев во посета на Прилеп пристигнал со хеликоптер.

Премиерот Зоран Заев во посета на општина Прилеп пристигнал со хеликоптер, објави на својата Фејсбук страница пратеникот Петар Ристески.

-Заев во Прилеп дојде со хеликоптер!!!

А,како поинаку???

1.Патот Градско- Прилеп го прекина и е сега небезбеден,поради тоа што фирмата Рубау си замина бидеј ќи Заев и Сугарески му барале провизија?

2.Да ги избегни ТУТУНАРИТЕ кои го чекаа да му се “заблагодарат” за најкатастрофалниот откуп на тутун во последниве 30г.Тутунот земен за беспари.Тутунарите излажани и ограбени.

800 -1.000тони тутун остана неоткупен.Прв пат после 30ина години.

3.Вработените во општинската фирма ЈПЗ за ПУП кои го чекаат “пресреќни”, зеле вчера 5.000 денари февруарска плата,за мартовската ќе почекале!

4.Вработените од Еурокомоозит кои “само што не почнале” со работа, излажани со неисплатени придонеси за кои се гласаше и закон во собрание!

И на крај, семејствата на 200 починати прилепчани и 4.027 заболени кои молат за лекарска помош, пиштат од мака и непружена лекарска помош, се молат за помош по фирми неможеј ќи да ги платат прескапите цени од 2 300€ за еден ден во приватните болници, за своите животи.
A вакцини нема!

Мицкоски и Заев се договорија: Попис во септември!

Пописот се одложува на барање на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е договорено на денешната средба меѓу Христијан Мицкоски и Зоран Заев.

По средбата, Мицкоски информираше дека е договорено пописот наместо во април да биде одложен за во месец септември годинава.

-Се договоривме пописот да биде одложен. Наместо сега, во месец април, како што е планиран, да се одложи за месец септември како можен период да биде од 5-ти до 30-ти септември, 25 дена. Апликацијата со која се евидентира дијаспората да остане активна до физичкото завршување на пописот, а локалните избори наместо во првата половина од октомври да бидат одложена за втората половина од октомври, истакна Мицкоски по средбата со Заев.

Откако 3aeв се пpoвoзи пpoпaднa мaшинa зa чиcтeњe нa Плoштaдoт Makeдoниja вo Cкoпje

Машина за чистење пропадна утрово на Плоштадот Македонија во Скопје. Како што кажуваат работниците за САКАМДАКАЖАМ.МК, машината одеднаш се превртела и огромна дупка се направила на плочникот. За среќа, нема повредени.

„Повикана е екипа на Министерството за внатрешни работи да изврши увид. Ова е резултат на неквалитетна изведба на плоштадот во времето на претходната власт во Градот. Не дај боже, може и граѓани да се повредат“, велат од Град Скопје.

Ова не е првпат возило да пропадне на Плоштадот. Во јуни 2017, пропадна камион додека се подготвуваше бината за пречек на ракометарите на Вардар по освоената титула европски прваци.

Премиерот Зоран Заев присуствуваше на промоцијата во фирмата „Брако“ во Велес и прв ја возеше хидрогенската метларка за чистење на улици и јавни површини.

– Да се знае премиер на која земја прв вози вакво возило, рече Заев и тргна со хидрогенското возило.

Тој го возеше возилото но заборави да ја пушти метлата. Во продолжение погледнете како изгледаше тоа:

Филипчe и Заeв сончевото време го искористија лабаво да cи возат мотори низ Cкопјe (Фото)

Зоран Заев и Венко Филипче денешното сончево време го искористија да возат мотор низ Македонија додека околу 40 семејства организираат погреби за своите најблиски кои починале од коронавирусот.

Фотографиите од моторџиите вртат низ социјалните мрежи:

Предност е што не стигнаа до сега вакцините, видовме дека се здрави

Премиерот Зоран Заев очекува вакцинацијата да биде масовно прифатена од граѓаните, бидејќи, како што рече, тоа е единствениот начин да се стави крај на пандемијата. Вакцините се безбедни, вели премиерот, а тоа се покажало од искуствата од досега спроведената имунизација во другите земји.

-Очекувам масовно прифаќање на вакцините во РС Македонија. Има една предност што сме, така да кажам земја со задоцнување со вакцинацијата. Земјите членки на ЕУ почнаа пред нас и можевме да согледаме предности и слабости, по што може да извлечеме единствена констатација дека вакцините се здрави и оти дека треба да ги користиме сите, рече премиерот.

Како што нагласи, ако се вакцинираме што побрзо, толку поскоро ќе ја победиме пандемијата што го смени животот во целиот свет и нашата земја.

-Информацијата дека во недела ќе пристигнат 24 илјади дози вакцини преку Ковакс системот ја знаевме уште пред два три дена, но, синоќа на министерот Филипче му беше потврдено и тој ја објави информацијата. Со оваа пратка може да почне првиот чекор на масовна имунизација на државата, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање по увидот на отпочнувањето на изградба на Градски пазар во Делчево.

Тој најави дека деновиве ќе стасаат и други колични вакцини по други механизми.

Жaлчe: Никoлoвcки paботел пo 16 чaca, имaл пpaво нa одмop

Николовски, кој денеска со премиерот Зоран Заев беше во посета на велешки „Брако“, рече дека гледано од оваа временска дистанца, направил грешка што го избрал Дубаи за одмор.

– Љупчо Николовски, како било кој друг граѓанин има право на одмор законски како што го следува и тоа што ми следува законски нема да дозволам никој да ми го попречи. Три дена одмор на 16 часа работа за граѓаните и за државата, чесно, искрено и одговорно, имам право да ги посветам на сопругата. Можеби контекстот, од оваа временска дистанца е направена грешка од наша страна што е избран Дубаи. Но, Љупчо Николовски ниту се вакцинирал, ниту правел бизнис, туку се бори против криминалот. Свесен сум дека вакви удари ќе има, но нема да ме поколебаат, кажа Николовски во Велес.

Николовски и сопругата беа во Дубаи предминатиот викенд.

Србија го сопре пописот ради ризик од вирусот, а Македонија ќе била во ризик ако немала попис!?

Ризикот од ширењето на корона вирусот и загрозувањето за здравјето на граѓаните и на попишувачите биле причината што Србија донесе одлуката за шест месеци да го одложи пописот. Оваа соседна земја, како што било соопштено, се водела и со препораката на Одделот за статистика на Обединетите нации и Фондот за население при ООН, кои издадоа пакет препораки, во кои како најразумно решение е одложување на пописот во овој период.

Дали ситуацијата е многу подобра во Македонија што овдешните власти не го одложуваат пописот? Владата упорно инсистира на негово одржување.

Премиерот Зоран Заев синоќа дури изјави дека одложувањето на пописот кај нас, ја става државата во ризик да не се случи попис и во наредните десеттина години.

-Секое одложување на пописот, ја става државата во ризик да нема попис и следните 10 години или следните години. Дваесет години ние немаме попис и сме една од единствените земји во светот, која што нема попис и затоа треба да го спроведеме. Никој не може да каже, какви ќе бидат состојбите, на есен, следната пролет или сл и оттука е дополнително чувството на одговорност да се спроведе пописот. Пописот дава доволно широчина, а тоа е во рамките на деновите, коишто се определени согласно законот, да се пролонгира согласно мерки за заштита. Но, верувам, дека не треба никако да дозволиме да се одложува пописот, заради тоа што, прво ја испраќа пораката на несериозност кон граѓаните, второ ја испраќа пораката на неодговорност, истакна Заев.

Тој го кажа ова во ситуација кога за денеска се очекува да биде донесена одлуката за продолжувањето на мерката полициски час и во наредните денови. Новиот бран на вирусот е силен и секојдневно имаме меѓу 500 и 1.300 заболени лица и повеќе од дваесетина починати пациенти. Во ковид-центрите има се помалку места за сместување на тешко болните и незивесно е каде тие ќе се сместуваат ако се случи зголемување со почетокот на пописот на 1 април.

Сето ова презивикува и загриженост кај граѓаните кои бараат пописот да се одложи.

-Нема да ги примам попишувачите и да дојдат со скафандери, со капи, ракавици. За секоја куќа или стан комисијата ке облекува нова униформа или со истата ке одат во 10 куки?  Пописот треба да се одложи и тоа за една година бидејќи вирусот зема голем замав и жртви. Се плашиме до продавница да одиме, а не некој дома да го примам, изјави граѓанката Вера Јаворац за „Скопско ехо“.

Дали Владата го разгледува се помасовното најавување на бојкот на пописот? Дали Владата можеби ќе се подзамисли сега откако и соседни земји го одложуваат попишувањето на населението поради пандемијата?

Скопско ехо