Connect with us

Uncategorized

„Со Жика во брак сме 30 години, направив лажен профил, а потоа го прашав дали има жена – еве што ми одговори“

Писателката Лела Милосавjeевиќ на смешен начин ја раскажа приказната за најголемото проклетство на брачните парови – социјалните мрежи. Што се случува кога ќе потонеме во брачна монотонија и ќе побараме забава на Интернет? Постојат многу можни сценарија, а едно од нив е на интернет да го пронајдеме она од што бегаме дома.

Токму тоа им се случи на јунаците во приказните на Лела, која ви ја пренесуваме во целост:

– Јас и мојот Жика сме во брак триесет години. Се сакавме и се почитувавме едни со други, гледавме и воспитувавме деца. Веќе имаме над педесет години, како и повеќето во брак, некогаш беше убаво, понекогаш мислевме дека може и подобро. Децата пораснаа, Жика остана без работа, имаше некаква апатија во нашата куќа и меѓу луѓето. Се помалку луѓе доаѓаат кај нас на кафе, а ние ретко одиме каде било. Децата тргнаа по свој пат, во потрага по работа и живот. Ние бевме осамени и молчевме.

Од скоро, Жика го отвори Фејсбук, најде пријатели од војска и некои наши стари пријатели кои заминаа низ светот, малку разменуваа пораки со нив и го пополнуваа сободното време. Значи, кога ќе се вратам од работа, готвам ручек и правам сè низ домот, таман малку да поразговарамесамо, но мојот Жика гледа во телефон и не зборува, исто како денешните деца.

Решив да ја следам ситуацијата, па затоа и самата креирав профил на Фејсбук. Ставив слика на убава жена, а потоа додадов уште неколку фотографии на трева, на плажа, фотографирани од подалеку, само за да се види фигурата. И давам име, пишувам дека живее во близина и му испраќам на Жики барање. Жика ме прифати како пријател, па како вистински господин ми испрати порака да ме поздрави. Рака на срце, Жика секогаш беше добар домаќин и ги сакаше гостите кои доаѓаа кај нас.

Тогаш за прв пат слушнав дека мојот Жика сака здрав живот, сериозна музика, и тој исто така рече дека сака книги, но не стига да ги чита. Можам да се заколнам дека Жика сака печење и сарма, дека се гади од фитнес и житарици, а за книги не сакам ниту да зборувам.
Но, ја прифатив играта и му дадов комплимент и споменав дека денес има помалку и помалку вистински господа. Потоа тој детално ми опиша колку е совршен.

По неколку дена, го прашав Жика дали неговата сопруга е воодушевена што има токму таков маж, а тој ми одговори дека нема сопруга, и дека го напуштила од овој свет пред 2 години.

Кога го прочитав тоа, сакав да одам во собата, каде што тој седеше и сакав само да му направам нешто лошо, но некако се воздржав. Кога ми кажа како се грижи за децата, како тој прави сè околу куќата,ќе ми паднеше жал, што го напуштив.

Бидејќи подолго време никој не го интересираше како сум и што правам сега решив детално да му напишам на Жика. Кога ќе ми дојде да се пожалам некому, одам во мојата соба, легнувам и му пишувам на сопругот кој се наоѓа во дневната соба. И имаше денови кога попладне седевме на двата краја од поставената гарнитура и се допишувавме. Јас и сопругот. Понекогаш толку многу ми се допаѓаше Жика, што заборавив дека живеам со него триесет години. Понекогашго прашував дали неговата сопруга беше убава.

Беше, болно пишуваше Жика.

Деновите минуваат, а јас чекам пораки од Жика и кога ќе пристигнат сум сресреќна. Почнавме да се криеме околу куќата и да се допишуваме. Мислам, кој е луд овде? И јас дури и не знам што да правам.

Треба ли да му пуштам класична музика и да му подготвам овесна каша за ручек, кога веќе му се допаѓа? Ако продолжиме вака, ќе закажеме состанок.

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг