Connect with us

Истражување

Проверете дали сте меѓу нив: Родените на овие датуми имаат посебна карма

Published

on

Нумерологијата како концепт е блиску до оној на астрологијата и други паранауки од антиката. Може да се користи за “предвидување на иднината преку изготвување на предвидувања врз основа на бројките”.

Во нумерологијата има теорија дека луѓето родени на 13-ти, 14-ти, 16-ти и 19-ти, без разлика од месецот и годината, имаат посебна карма. Прочитајте за што станува збор…

Луѓето родени на 13-ти

За овие луѓе се вели дека ќе го остварат секој сон и секоја цел, но мора да се научат да се справат со пречки. По секој неуспех тие се во колапс емоционално, престануваат да веруваат во себе, имаат чувство дека е крајот на светот, наместо да земат поука и да бидат благодарни што имаат таква можност. Секоја цел во животот тие ќе ја постигнуваат задолжително со една или две пречки. Но, тоа не треба да ги плаши, туку напротив, да ги мотивира!

Луѓето родени на 14-ти

Овие личности се склони кон фриволно однесување да изневеруваат, да не ги почитуваат другите, да си прават што сакаат. Доколку сте и вие од нив знајте дека вашата карма помалку паѓа во искушенијата и треба да си поставите цел, која ќе ја следите. Таа може да е поврзана со личен развој, развој на бизнисот, учење. Се проценува дека вие имате сила да го промените дури светот.

Луѓето родени на 16-ти

Штом сте родени на тој датум, тоа значи дека треба да дејствувате иновативно. Вие имате карма да иницирате и да ги водите останатите по себе. За целта се бара многу храброст и силна интуиција. Не грижете се, и двете ги имате во изобилство, само потребно е повеќе да поверувате во себе. Не смеете да сте иронични и цинични – тоа однесување ќе ви создаде негативна енергија, која ќе ве оддалечи од судбинскиот пат кој е потребно да се следи. Секој ден треба да давате почеток на нешто ново. И да го правите со сета своја љубов и желба. На пример да посадите дрвце, да заработите пријател, да му помогнете на некого, да направите креативна промена на работното место, да посетите ново место.

Луѓето родени на 19-ти

Вие сте луѓе кои изобилуваат со морална и емоционална поддршка за останатите. Склони сте кон затворање и да си седите главно дома. Тоа треба да се промени. Секој ден треба да разговарате со познати и непознати. Да давате совети, да ги сослушате, да помагате, да мотивирате. Благодарение на вас и вашите зборови, многу луѓе ќе ја откријат среќата, љубовта, а на некои дури и ќе го спасат животот! Вие сте амбасадорите на доброто, раздавачи на надежта, вие сте мудри советници – тоа е вашата судбина.

Истражување

Климата поради оваа грешка троши трипати повеќе струја – еве како да заштедите!

Published

on

Поевтините модели на клима уреди без инвертер можат да го загреваат просторот само кога надворешната температура е над 0°C. Клима уредите се омилен избор за брзо и практично загревање, но многумина ги користат само повремено за да заштедат електрична енергија. Ова, сепак, е заблуда – поекономично е да го оставите уредот вклучен цел ден отколку да го вклучувате на кратки интервали.

Со примена на неколку мали трикови, можете да ја оптимизирате работата на клима уредот и да ги намалите сметките за струја во грејната сезона.

Енергетска класа на уредот

Современите климатизери со инвертер компресор трошат помалку енергија, бидејќи не работат постојано со целосна моќност. На пример, клима уред со капацитет од 3,5 kW троши околу 1,2 kW на максимална моќност, додека за одржување на температурата троши помеѓу 200 и 500 W. Изборот на уред со повисока енергетска класа (А+++, А++, А+, А или B) може значително да го намали трошокот на долг рок.

Оптимално користење

Ако престојувате дома цел ден, препорачливо е уредот да го вклучите рано наутро, додека надворешната температура е пониска, и да го оставите вклучен. Кога просторот ќе ја достигне саканата температура, уредот ќе премине на намалена потрошувачка на енергија. Ако пак сте надвор цел ден, добро е да го вклучите уредот еден час пред да се вратите, доколку уредот поддржува WiFi контрола.

Инвертер технологија

Инвертер уредите можат да работат и на екстремно ниски температури до -25°C, што е предност за зимската сезона. Овие уреди трошат до 30% помалку енергија од стандардните модели и се поеколошки.

Некои модели имаат летви и сензори за топлина кои овозможуваат рамномерно распределување на топлиот воздух, а некои имаат и сензори за движење што ја насочуваат воздушната струја во спротивен правец од луѓето во собата.

Вентилатори и дополнителни совети

Употребата на вентилатори може да создаде чувство на свежина, иако не ја намалуваат температурата во просторијата. Важно е вентилаторот да биде исклучен кога нема никој во просторијата за да се избегне непотребна потрошувачка на енергија.

Со избор на соодветен уред и оптимално користење, можете значително да ја намалите потрошувачката на електрична енергија во вашиот дом и да постигнете поголеми заштеди на годишно ниво.

Continue Reading

Истражување

Анализите направени во повеќе училишта во земјава покажуваат дека загадувањето на воздухот е исто толку опасно и во затворените простории

Published

on

Анализите направени во повеќе училишта во земјава покажуваат дека загадувањето на воздухот е исто толку опасно и во затворените простории

Додека Скопје е рангирана меѓу градовите со најзагаден воздух во светот, големо присуство на отровни честички во воздухот е забележано во речиси сите градови во земјава. Ризикот од загадениот воздух е голем и во отворени и во затворени средини, изјави ректорот на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, Дејан Мираковски, презентирајќи ги резултатите од анализата за квалитетот на воздухот во затворените простории во училиштата и градинките.

Министерката за образование Весна Јаневска порача дека државата мора да направи се за да обезбедат подобри услови во училиштата за да се заштити здравјето на учениците и вработените во образованието.

Најголеми загадувачи во текот на зимата продолжуваат да биде согорувањето на дрва, отпад, како и согорувањето на нафта и мазут кој најмногу се користи за затоплување на јавните установи

Извор: Алсат.мк

Continue Reading

Истражување

Споредба на центие во Маркетите на Битолско Млеко

Published

on

Во текот на нашата анализа на цените на Битолско млеко (2.8% масленост) во повеќе маркети, ги посетивме Веро, Рамстор, Стокомак, Тинекс, Кипер, КАМ и Жито Маркет. Во секој маркет ја забележавме актуелната цена на производот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк