Пост на активиската Кристина Ампева, која во нашата јавност е препознатлива по борбата за правата на текстилните работници, со својата објава на Фејсбук предизвика лавина од реакции меѓу граѓаните.
– Дрвата во Германија. Криза а? Ние да сме имале поголем стандард од германците, дека 6000 денара е кубик – напиша Ампева на Фејсбук.
Нејзината објаваа предизвика лавина од реакции меѓу граѓаните кои се револтирани од владините одлуки, и од поскапувањето на сите производи во нашата земја.
На прашањето дали тоа мнозинство во Советот на Општина Битола е опозиција, советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски вели:
„Тоа мнозинство во моментот во Советот на Општина Битола е власт во Советот на Општина Битола, а опозиција е во делот на локалната самоуправа, бидејќи градоначалникот е од ВМРО ДПМНЕ и сите проекти кои што ќе се изгласаат тука во Советот, градоначалникот е должен да ги исполни, да ги реализира, како што се прави во изминатите три години“ вели Бојкоски.
Прашавме дали ја чувствуваат како лесна опозиција.
„Лесна опозиција, СДСМ за жал од една голема партија падна на едни ниски гранки тука во Битола, бидејќи е водена од една мала група на луѓе кои што се независни советници и мислам дека во моментот тие ги водат, односно тоа е една двојна игра каде што едните со другите си се користат, со цел некој да ќари некакви политички поени во моментот, меѓутоа кога ќе дојдат изборите, во месец октомври 2025 година, тогаш граѓаните ќе си направат еден пресек и ќе се кажи дали политиките кои што се воделе во изминатите четири години се добри или лоши. Тука граѓаните ќе гласаат за или против оваа локална власт“ рече Бојкоски.
На седница на Управниот одбор на АД МЕПСО, предводен од Генералниот директор Бурим Љатифи, едногласно била донесена одлука да се прекинат сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година.
Заеднички заклучок е дека трошоците и издатоците по оваа основа треба да се стопираат до следната 2025 година, кога овој процес ќе продолжи и понатаму да функционира, но на транспарентен начин и со детално почитување на критериумите предвидени за оваа намена“, соопштија од МЕПСО.
На ваков чекор Управниот Одбор се одлучил по анализа на долгата листа на донации и спонзорства и паричните средства кои биле доделени од почетокот на годината па се до доаѓање на новото раководство.
„Сеопфатниот преглед на нашите служби покажа дека во првите седум месеци од 2024 година претходното раководство на Друштвото, кое наводно делувало согласно Законот за донации и спонзорства во јавни дејности, ја пречекорило финансиската програма за оваа година за речиси 10 милиони денари.
За новиот менаџерски тим единствен приоритет останува вложувањето исклучиво во продуктивни инвестиции кои се во насока на градење и управување на стабилен и доверлив електропреносен систем на најтранспарентен начин и отчетно“, пишува во соопштението на МЕПСО.
Битола го менува својот изглед во модерен, топол, гостопримлив и развиен град, истакна градоначалникот Тони Коњановски по повод 80 години од ослободувањето на градот. Со нови инвестиции во патишта, училишта, детски градинки, енергетска ефикасност и културни проекти, Битола станува привлечна за инвестиции и нуди подобар квалитет на живот за своите граѓани.
Ја започнавме изградбата на влезот во Битола од Прилеп, со кој градот ќе добие влез каков што доликува
Изградивме нова улица кај новоотворениот трговски центар БЛИС
Изградбата на нова противпожарна зграда е во полн ек
Изградивме и реконструираме патна и подземна инфраструктура во должина од над 18 километри, со што ги подобруваме условите во урбаниот и руралниот дел на градот. Направивме нови паркинзи, хуманитарни паркинг простори, реконструирани се спортските игралишта во ОУ „Елпида Караманди“ и Брусничка населба и други инфраструктурни проекти за кои најмногу сакам да Ви се заблагодарам Вас почитувани граѓани за дадените предлози за време на буџетските форуми, но и за вашето трпение во оваа интензивна градежна офанзива на општината, во која работиме на многу локации, со цел колку е можно повеќе да ги подобриме условите во општината и да реализираме повеќе проекти. Се грижиме за обезбедување на доволно згрижувачки капацитети за најмладите преку:
Интензивираната изградба на новата детска градинка во АРМ во партнерство со Кромберг и Шуберт, која е во напредна фаза
адаптацијата на новата детска градинка во Домот за доенчиња и мали деца,
Продолжување на изградбата на новата детска градинка кај основното училиште „Свети Климент Охридски“ со поддршка од ресорното министерство. Рекреативниот и туристичкиот потенцијал на Битола, исто така мора да биде ставен во функција, затоа:
Започнавме со изградба на велосипедски патеки во должина над 5 километри со што конечно ја реализираме идејата „Битола вело град“
Со поддршка на ПСК Пелистер го возообновуваме опожарениот планинарски дом „Копанки“ и веќе со радост и гордост можеме да кажеме дека таму новиот објект е во напредна фаза и ќе се заложиме ова култно место за битолчани конечно повторно да ги отвори вратите за граѓаните
Уреден е Новиот парк во Нова Битола и поставена е урбана опрема и спортски реквизити
Изградена е пешачка патека на потегот Тумбе кафе – Смолево, омиленото место за рекреација на битолчани
По примерот на светските метрополи, осветлени се сите значајни архитектонски градби со што блесна најпознатата и најамбиентална улица во Битола, Широк Сокак, каде е поставена и нова урбана опрема. Ги решаваме проблемите и градиме спортска инфраструктура
Во соработка со ФФМ го подготвивме стадионот „Петар Милошевски“ за ноќни натпревари и таму се одигра првиот натпревар под рефлектори
Реализирани се и повеќе проекти за подобрување на условите во основните и средните училишта во градот, проекти за поддршка на младите, учениците, студентите. После многу напори и долги процедури, отворено е прифатилиштето за бездомни животни „Хачико“, како системски пристап во справувањето со проблемот со уличните кучиња.
Во делот на енергетската ефикасност, покрај спроведените субвенционирања, до крајот на годината, 10 училишта во Битола ќе добијат фотоволтаици, во процедура е подготвување на комплетна проектна документација за енергетска ефикасност на 3 училишта и една градинка, а преку 16-те проекти од Владата, основното училиште Стив Нумов, ќе добие нова енергетски ефикасна фасада.
Започнавме со засадување на 1500 различни видови садници, на 10 локации во градот, преку проектот EU4CleanAir. И од овој проект очекуваме дополнителни бенефити околку грејните инсталации на неколку јавни објекти.
Општина Битола е лидер во транспарентност и отвореност во државата според анализите на повеќе организации, за што континуирано сме насочени кон подобрување на услугите за граѓаните преку постепено воведување на електронски услуги и зголемување на ефективноста и ефикасноста на работата на локалната самоуправа. Ова се дел од проектите на кои работевме изминатата една година. За 16 нови проекти веќе добивме владина поддршка во висина од 230 000 000 денари, а подготвуваме и проектна документација за реконструкција на девет спортски игралишта и изградба на две спортски сали во општина Битола. Со голема посветеност најавуваме уште една интензивна градежна сезона идната година. На ваков начин, со достојна почит кон делото на нашите предци кои се бореле за слободна Битола, денес ја продолжуваме нашата интелектуална борба за поубава и уредена Битола во која преку соживот и соработка, ќе ја градиме иднината на младите генерации. Да останеме цврсти во нашата посветеност на принципите на слобода, правда за сите, почитување на човечкото достоинство и изградба на вистински вредности. Ви благодариме на сите Вас, што ни се придруживте денес додека го славиме нашето минато и активно работиме за светла иднина. Нека ни е честит големиот јубилеј – 80 години слободна Битола“, рече во своето обраќање градоначалникот Коњановски.