Connect with us

Инфо +

Во Куманово лекар иcтепал лекар, нападнатиот избегал низ прозорецот!

Published

on

Лекарите постојано се жалат дека се во опасност и се соочуваат со напади од пациентите и од членови на нивните семејства, тие веќе не се безбедни ниту од нивните колеги доктори. Еден таков случај имало утрово во кумановската болница, кога бил нападнат докторот Шукри Фазлиу. Фазлиу вели дека бил нападнат и навредува од неговиот колега Илбер Исуфи затоа што не одговорил на неговиот телефонски повик. Фазлиу тврди дека причина за нападот било тоа што не примил на лекарски преглед роднина на лекарот Исуфи.

Македонија

СЕСТРАТА НА ФРОСИНА СО АПЕЛ: Не го објавувајте видеото

Published

on

Сестрата на Фросина Кулакова, Росица, вечерва се огласи на социјалните мрежи со апел до медиумите, институциите и целата јавноста.

Росица во објавата вели дека семејството на Фросина добило дојава дека адвокатот на Васил Јованов, Сашо Дукоски утре на прес-конференција планира да прикаже видео на кое, како што пишува таа, Васо вришти над телото на нејзината почината сестра.

-Познавајќи го неговото минато и адвокатски стил, јасна е целта на Дукоски: да го очовечи убиецот на сестра ми. Да покаже како вришти затоа што му е жал за Фросина, а тој всушност вришти затоа што знае што следи и што го чека него! Вришти затоа што знае што го чека со оглед на неговото криминално минато. Испраќам апел до сите медиуми видеото да не биде објавено, прво од почит кон починатата а потоа и кон семејството како и кон целата јавност што е веќе доволно згрозена од оваа трагедија. Па не ли беше доволно хорор…, пишува Росица во апелот.

Continue Reading

Инфо +

Изет Меџити на Молитвениот појадок во Вашингтон: Зајакнување на партнерството со САД

Published

on

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денешниот ден во Вашингтон го започна со учество на традиционалниот „Молитвен појадок“. Овој значаен настан собира политички лидери и влијателни личности од целиот свет, создавајќи простор за размислување, дијалог и градење на меѓусебни односи.

„Ова беше посебна прилика за мене, особено во напорите за продлабочување на партнерството со САД, нашиот стратешки сојузник,“ истакна Меџити.

Во рамките на својата посета на Вашингтон, тој активно работи на зајакнување на врските на Северна Македонија со демократскиот свет. Според него, вербата, вредностите и пријателството меѓу народите претставуваат мостови што ги поврзуваат државите и врз кои треба да се гради иднината на инклузивност и соработка.

Посетата на Вашингтон е дел од пошироките напори на Владата на Северна Македонија за унапредување на меѓународната соработка и продлабочување на релациите со партнерите од САД.

Continue Reading

Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Силно партнерство со САД за развој на локалната самоуправа

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со шефот на политичкиот и економскиот оддел во Амбасадата на САД во Македонија, Дејвид Маерс, и политичкиот асистент, Митко Бурчевски. На средбата беше потенцирано значењето на соработката со САД во насока на развојот на општините, привлекување инвестиции и реализација на проекти од заеднички интерес.

Ѓорѓиевски ја истакна Општина Кисела Вода како пример за модерна и ефикасна локална самоуправа, која преку дигитализација, транспарентност и иновативни политики работи во интерес на граѓаните. Како претседател на ЗЕЛС, тој нагласи дека неговиот фокус останува на зајакнување на локалната самоуправа и создавање поволни услови за економски раст.

Во рамките на средбата, Ѓорѓиевски му ја честиташе победата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, со надеж за натамошно продлабочување на билатералните односи и партнерството меѓу двете земји.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк