Connect with us

Инфо +

Порака која учениците, родителите и наставниците си ја разменуваат: „Системот е паднат, не можеме да се логираме!“

Published

on

Од утрово единствената порака која учениците, родителите и наставниците си ја разменуваат е: Системот е паднат, не можеме да се логираме!

Од Министерството за образование и наука смируваат, односно велат дека тоа е дел од тестирањето и станува само за моментални проблеми со поврзувањето на платформата.

-Ова е очекувано, затоа служи тестирањето, тоа е поентата, да се види издржливоста на платформата – велат од МОН, додавајќи дека не станува збор за некаков проблем со платформата, објави „Слободен печат“.

Министерството за образование ги информираше родителите дека треба да се има интернет приклучок во домот на детето и дека неговиот компјутер (лаптоп) треба да биде минимум седма генерација i3 процесор, на минимум 1,6 GHz или еквивалетен AMD процесор, минимум 4 GB RAM меморија, хард дискот треба да има минимум 128 GB SSD, екранот да има минимум 1024 х 768 резолуција, минимум 128 MB графичка меморија, оперативниот систем да биде Windows 8.1 или Windows 10, уредот да има USB 2.0 видео камера или стандардна лаптоп камера, а исто така треба да има звучници и микрофон

Или во денари ова значи минимум 15.000 денари за настава без проблем за едно дете.

Скопје

Кисела Вода – Глобален лидер во борбата против родовото насилство

Published

on

Општина Кисела Вода доби големо признание од UN Woman, позиционирајќи се како еден од водечките глобални примери за добри практики во борбата против родовото насилство. Општината е истакната меѓу 16-те примери на глобално ниво, благодарение на својата посветеност кон заштитата на девојчињата и жените, како и промовирањето на родовата еднаквост.

Оваа есен, општината организираше обуки во двата дома на култура, каде воспитувачи и наставници добија практични знаења и алатки за препознавање и справување со семејното и родовото насилство. Програмата е дел од стратегијата за еднакви можности, а во неа активно учествуваа Претседателката на Советот на Општината Светлана Колариќ, претставници од Комисијата за еднакви можности и СВР Скопје, како и експерти од Министерството за социјална политика.

Клучниот фокус на иницијативата е развивање култура на почитување, толеранција и проактивно справување со насилството. Преку едукација, воспоставување институционални мрежи и зајакнување на локалната заедница, Кисела Вода поставува стандарди за безбедност и инклузија.

Во 2025 година, општината ќе ги прошири обуките, вклучувајќи ги и родителите, со цел зајакнување на мултисекторската соработка и создавање побезбедна заедница за сите.

Со ова признание, Кисела Вода не само што го докажува својот лидерски статус, туку и ја поттикнува глобалната заедница кон заедничка акција против родовото насилство.

Continue Reading

Македонија

Силен земјотрес ја погоди Турција, граѓаните известија дека бил добро почувствуван

Published

on

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 11 часот и 43 минути во близина на Истанбул.

Епицентарот на земјотресот бил на 90 километри јужно од Истанбул.

Граѓаните известуваат дека земјотресот бил добро почувствуван.

„Навистина добро се тресеше“, „Ги почувствувавме потресите“, „Беше кратко, но силно“, „Седевме во дневната соба, се чувствувавме како на 8-ми кат“, се само дел од коментарите.

Се уште нема извештаи за материјална штета или повредени.

Надлежните органи ја следат состојбата.

Continue Reading

Инфо +

ПОКАНА ЗА ЗАЕДНИЧКИ СОСТАНОК НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА СО МАКЕДОНСКИОТ ДРЖАВЕН ВРВ ВО КОРЧА!

Published

on

Единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција упати покана до македонскиот државен врв на состанок во Корча на 8 февруари 2025 година, сабота.
На состанокот се поканети, претседателот и премиерот на Републиката, министрите во Македонската Влада и пратеници на парламентарните партии. На состанокот ќе биде претставена долгорочната национална стратегија на Македонската алијанса за европска интеграција за унапредување на положбата и правата и слободите на Македонците во Албанија.

Како партија од центарот, главна мисија на Македонска алијанса за европска интеграција е заштита и промоција на македонскиот идентитет, култура, јазик и традиции. Ниту една друга партија во Албанија не се занимава со прашањата и предизвиците на Македонската заедница, што ги прави единствен и посветен застапник на нејзините положба, права и слободи. Поѓајќи од сложената положба на Македонците во Албанија како автохтоно население и соочувајќи се со предизвиците од агресивната бугарска политика за бугаризација и асимилација, како партија решивме да организираме средба во Корча, Република Албанија. Целта на оваа средба е да ги запознаеме македонските парламентарни политички партии, и од власта и од опозицијата во Република Македонија, со положбата, правата и слободите на Македонците во Албанија, кои се во крајно незавидна состојба. Особено внимание ќе посветиме на агресивната бугарска политика за асимилација која е директно помогната и од страна на Албанија. На средбата ќе ја претставиме подготвената долгорочна национална стратегија на Македонска алијанса за европска интеграција за унапредување на положбата, правата и слободите на Македонците во Албанија. Веруваме дека е од суштинска важност оваа стратегија да биде поддржана од сите македонски политички партии во Република Македонија, без оглед на сопствената политичка платформа. Македонија, како матична држава, има голема одговорност и можност да им помогне на Македонците во Албанија да ги зачуваат своите вековни огништа, да ги добијат универзалните права кои им припаѓаат како на малцинство, да го отфрлат влијанието на бугарската пропаганда и да ги зајакнат врските меѓу матичната држава и Македонската заедница во Албанија, – изјави претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција м-р Васил Стерјовски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк