Connect with us

Инфо +

Аризанов: Пандемијата ни покажа дека не се потребни школи, за да имаш добро образование

Published

on

ФБ статус на „Блаже Аризанов:

АМА БЛАГОЈЧО, ПРВО УЧИЛИШТА, ПОСЛЕ САТЕЛИТИНа една група Македонци, сателитите им стојат невозможни.На друга, нелогични. Во фазон – ние уште патишта и училишта немаме ко што треба, па сателити ќе сме правелеЕте да и покажам на втората група каде греши во размислувањето.Ги гледаме работите низ погрешна призма. Низ линеарност.На пример – навикнати сме дека едното доаѓа после другото.

Прво тоа, па тоа. Прво училишта, па сателити.Ова е бидејќи не разбираме што значи експоненцијална ера. Во експоненцијална ера, можеш небаре како во квантна равенка, да прескокнеш неколку чекори.Тоа го направи Естонија. Класичната теорија вели дека општествата традиционално се развиваа од аграрно, па индустриско па информатичко. До сега така беше.Епа Естонија, прескокна неколку чекори. Од аграрно општество отиде право во информатичко.Кога мозокот е соочен со нелинеарна ситуација, ситуација што не одговара на ортодоксниот модел, се збунува. Зошто велиш, прво школи? Оти образованието е битно, така?

Оти си навикнат да ги гледаш школите како физички зданија. Епидемијата ете ни покажа дека не се потребни школи, за да имаш образование. Интернетот ни го покажува истото веќе 20 години. Мисијата на вдаховување знаење повеќе не е условена од постоењето на физички зданија наречена училишта. А ова што значи? Дека училиштата повеќе не го обезбедуваат повратокот на инвестиции што го обезбедуваа порано. Денешниот модел на училиште е Британски индустриски изум. Првите училишта беа отворени од страна на мелниците за памук пред двесте години Зошто? За да продуцираат цивилизирана маса на луѓе што ќе бидат 1) послушни 2) точни и 3) трезни, и тоа во голема бројка, бидејќи индустријата во тоа време беше трудово-интензивна.Пази сега – уште навиваш за здание старо 200 години чијашто основна мисија е да продуцира послушни кадри во илјадници. Уште мешаш образование/education (цел) со школување/schooling (метод).

Од тогаш до пред 20 години училиштата имаа смисла. Но од тогаш наваму како концепт се излишни. За да развиеш една земја, треба да ги поттикнуваш оние дејности што се најмногу knowledge-based. Односно, оние дејности што продуцираат најголема маргинална корисност. Во моментот една таква дејност се да речеме сателитите. Училиштата се излишна ствар. Не можеш да поттикнеш иновација во изградба на училишта. Не можеш да привлечеш врвни мозоци и умови во изградба на училишта. Маргиналната корисност на плус уште едно училиште е речиси рамна на нула, односно ова значи, за џабе фрлање пари. Но маргинална корисност од изградба на првиот сателит? Е збори ми за ова. Умовите потребни за да продуцираат такво нешто би раздвижиле цели индустрии, цели сектори.Појасна е сега логиката на сателити, наспроти училишта?

Македонија

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

Published

on

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

–Светол патот, татко мој! – напиша таа на социјалните мрежи. 

Continue Reading

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк