Connect with us

Инфо +

Учебната година ќе трае до 31 август 2021 година

Published

on

Владата донесе одлука учебната година да трае до 31 август 2021 година, објави Нетпрес.

Одлуката е објавена во Службен весник на 27 септември.

„Учебната 2020/2021 година во основните училишта започнува на 1 октомври, а завршува на 31 август 2021 година“, пишува во Одлуката на Владата за увтрдување на започнувањето и завршувањето на учебната 2020/2021 година во основните училишта во услови на вонсредни околности.

Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои 19 илјади се првачиња – еден дел ќе бидат во клупите, а поголеми дел ќе учат онлајн од дома.

Учениците до трето одделение, освен оние чии родители не се согласиле, наставата ќе ја следат со физичко присуство.

Скопје

Драма во Чаир: Испукан куршум по расправија

Published

on

На 23 декември 2024 година, во 16:44 часот, во СВР Скопје бил пријавен инцидент во кој Е.З. (25) од Скопје известил дека во неговата работилница на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, Б.Р. (36) од Скопје испукал еден проектил од пиштол кон него, но не го погодил.

Надлежните служби веднаш преземаат мерки за расчистување на случајот. По целосно документирање на настанот, против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Лажен обвинител рекетирал пари

Published

on

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „измама“ во обид и против М.А.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „помагање“ во врска со „измама“ во обид.

-Првопријавениот, со помош на второпријавената, во периодот од 01. до 13.12.2024 телефонски контактирал неколку оштетени, претставувајќи се како јавен обвинител и ги доведувал во заблуда дека против нив е отворена истрага во Основното јавно обвинителство Скопје. Притоа, од нив барал да платат 600 евра за да не одат во притвор, информира МВР.

Continue Reading

Македонија

Нов ден нови закани од Ахмети, ЗБОРУВА ЗА НЕСАКАНИ ОПЦИИ, ЗА НЕВИДЕН ОТПОР

Published

on

Сме биле покрај Македонците во најразлични ситуации и ќе останеме, но не прифаќаме тие да бидат аги, а ние да бидеме слуги. Додека немаме вистински ветинг, додека имаме селективно судство што не врши функција според законите, туку нештата ги гледа од која етничка припадност доаѓаш, упатувам порака без оглед на политичката чистка и бурите што ги прават, дека ДУИ е ураган, изјави лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, на вечерашниот традиционален новогодишен прием.

Во обраќањето, Ахмети посочи дека меѓуетничките односи се клучот за иднината на земјава и дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба подеднакво да работат за граѓаните, бидејќи „оваа држава не е држава со Уставот од 1989-та година кога се отстранија албанската и турската заедница“.

– Охридскиот мировен договор е она што прекина трагедии и го отвори патот на дијалогот и мирот. И ние не сме пишман што го прифативме договорот и го потпишавме договорот без разлика што компромисот не ги задоволува сите страни, но гарант на овој договор се ЕУ и САД. Да го ризикуваш овој договор значи враќање назад. Претставниците на нашите граѓани, без разлика дали од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, исто како нас треба да работат за граѓаните, бидејќи оваа држава не е држава со Уставот од 1989-та година, кога се отстранија албанската и турската заедница. Овие пракси ниту биле, ниту се добри за мирот, стабилноста и безбедноста. Секое загрозување на Охридскиот договор е опасност, затоа што става во движење несакани опции за нас, ниту за мирот и стабилноста на регионот, рече Ахмети.

Според него, ќе биде пружен „невиден отпор“ со секој обид за промена на Законот за јазиците, истакнувајќи дека не сакаат конфликт, туку влез во Европската унија. Единственото решение за владеење на правдата е спроведување на ветинг, за кој Ахмети рече, го избегнуваат сите политички страни.

– Да користиш селективна правда со реторика „повторно Македонија на Македонците“, е колку неправедно, толку и опасно, затоа што очигледно во правосудниот систем се користи селективна правда, кадрите Албанци се омаловажуваат. Ова не е добро, ова предизвикува револт во големи размери кај Албанците, но и кај другите етнички заедници… Единственото решение за ние да имаме правда и праведно правосудство и држава каде што преовладува законот, што обезбедува баланс на власти е ние да направиме вистински ветинг. Не знам зошто страните го избегнуваат ветингот, да се направи избор на судии и обвинители од оние кои докажале дека го применуваат законот, рече Ахмети

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк