Connect with us

Инфо +

Снаа и свекрва од Тетовско со домашна храна создаваат супер бизнис

Published

on

Во тетовско Доброште Ирена Синадиновска со свекрвата, сопругот и синот минатата година произвеле над 1000 тегли ајвар, џемови, слатко како и друг вид домашна и традиционална храна која ја продавале на своите веќе постојани купувачи. Тие веќе петта година својата егзистенција ја имаат единствено преку овој начин-сите земјоделските култури што ги одгледуваат на своите ниви потоа ги преработуваат во традиционална домашно зготвена храна и ја продаваат.

– Целото семејство е вклучено сопругот, свекрвата, синот и јас. Посебно јас и свекрвата, без неа не би можела да фунцкионирам. Минатата година зготвивме над 1000 тегли, а побарувачката расте. Искрено, сакам да најдам некоја жена за помош, да биде платена за работа, ама не се нафаќа никој ова да го работи, па оттаму и објаснувањето зошто расте интересот да се купи домашна храна, вели Ирена Синадиновска.

Синадиновски имаат свои земјоделски површини на кои се огледуваат сите можни култури од кои се прави домашната храна и зимницата. Имаат и добиток-крави и телиња.

-Сега периодов сме сконцетрирани на правење домашна зимница бидејќи имаме наши пиперки, домати, лук, кромид и се што е потребно. Сметам дека се повеќе се купува домашната храна затоа што е поздрава за разлика од индустриската, објаснува Ирена.

Периодов, како што налага сезоната, Синадиновски се ангажирани со подготвување на домашна зиманица. Во текот на целата година имаат продажба на домашно бело сирење и кашкавал. Одгледуваат и продаваат грав, лешници, аронија и други видови овошја.

-Имаме наши крави од кои имаме млеко и кое го преработуваме па правиме домашно сирење, кашкавал со разни додатоци, со аронија пример, во маслиново масло и слично. Оваа работа ја правиме во текот на целата година бидејќи постојано има млеко од добитокот кои самите ги одгледуваме во нашиот двор, вели таа.

Домашно подготвената храна на село се повеќе се бара да се купи во градовите.

-Ние во тетовската околина имаме најмалку заинтересирани бидејќи сметам дека се уште во селата луѓето претежно самите си готват домашна храна и зимница. Од друга страна побарувачка имаме од луѓе во Скопје и другите градови низ Македонија. Ваквата храна ја испраќаме на печалбарите во Германија, Словенија, Англија, вели домаќинката од Доброште.

Ирена и семејството имаат регистрирано и фирма согласно новите правилници за индивидуалните земјоделци кои продаваат преработки од нивните производи (познати како правилници за продажба на земјоделски производи од „куќен праг“).

Извор: Скопјеинфо

Македонија

ВНИМАВАЈТЕ, УХМР ИЗДАДЕ АЛАРМ ЗА СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Следуваат студени утра, магла, мраз, дожд и снег

Published

on

До петок ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер, кој ќе надминува 60 километри на час.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремен локален снег во северните делови од земјата, а во југоисточните со повремен дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

УХМР  за денеска издаде аларм за силен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 киломтри на час.

Во Скопје, vремето ќе биде  облачно и студено, со повремени врнежи од дожд и снег, а во повисоките делови од котлината со повремен снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до минус 4 во Маврово, а максималната дневна ќе се искачи до 7 степени во Гевгелија.

Во Скопје минималната температура ќе изнесува 1 степен, а дневната ќе биде до 6 степени Целзиусови.

До петок ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер, кој ќе надминува 60 километри на час.

Од сабота следува период на стабилно време со ниски утрински температури, кои ќе се симнат до минус 9 степени. По одделни места ќе има појава на магла и пониски дневни температури.

Continue Reading

Македонија

Минчев за злоупотребата на балансерот: Агрон и Фатмир беа регистрирани како македонски имиња, Ангеле и Стојан како албански

Published

on

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на денешната собраниска седница за пратенички прашања му порача на пратеникот Блерим Беџети од ДУИ дека нема да дозволи политички притисоци да го прекршат законот и ја подвлече заложбата на Министерството за јавна администрација за спроведување на реформите базирани на законска основа и транспарентност.

„Господине Беџети, апсолутно Ве разбирам дека мора да отворате теми од етнички карактер, имајќи ја предвид состојбата на Вашата партија и коалиција. Разбирам дека ова е нужно во контекст на напуштањето на Вашите коалициски партнери од европскиот фронт, раслојувањето на членството на ДУИ во коалицијата ‘ВРЕДИ’, како и преминот на многу од нив во други политички структури. Исто така, ја разбирам потребата да отворате теми заради актуелните состојби со Вашите функционери кои се наоѓаат на црната листа на Стејт департментот.“ – изјави министерот Минчев.

Во однос на дигиталната алатка „Балансер“, Минчев појасни:

„Балансерот беше дигитална алатка воведена во 2015 година како дел од имплементацијата на Охридскиот рамковен договор. Сепак, со одлуката на Уставниот суд од 2024 година, оваа алатка е укината. Мојот став е дека Балансерот, кој требаше да овозможи правична застапеност, беше злоупотребуван за политички цели. Министерството под мое раководство направи корекции за да се врати правичната примена согласно Законот за вработени во јавниот сектор, кој строго предвидува почитување на етничката застапеност врз основа на последниот попис.“

Министерот Минчев потенцираше и примери за злоупотреби во именувањата на вработените:

„Агрон, Фатмир и Исмет беа регистрирани како македонски имиња, Ангеле и Стојан како албански, а Зоран како бошњачко име – што се само дел од еклатантните злоупотреби на Балансерот.“ – истакна тој, додавајќи дека министерството за јавна администрација останува посветено на обезбедувањето правична застапеност и професионализација на јавниот сектор, во корист на сите граѓани на Република Македонија.

Continue Reading

Македонија

Затворени се пет приватни научни институти

Published

on

Затворени се пет приватни научни институти, а кај 15-тина се утврдени неправилности кои имаат обврска да ги отстранат во соодветен рок. Ова е исходот од досега спроведените надзори на комисијата во Министерството за образование и наука формирана за оваа намена, за што, вечерва информираше министерката за образование и наука Весна Јаневска во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

„Дел од институтите се затворени заради неактивност, а дел бидејќи не ги исполнуваа законските услови за работа. Онаму каде констатиравме неправилности, даден е рок истите да ги отстранат за три месеци. Но, мислам дека бројот на затворени научни институти ќе биде поголем“, рече Јаневска, додавајќи дека само два института целосно ги исполнувале условите за работа.

Министерката информираше дека некои образовни установи не сакале да соработуваат при надзорите, а дел од нив, дури и упатувале закани кон вработените во министерството.

„Сé што правиме е за подобро образование, ниту една активност нема политичка заднина. Ова е прво предупредување да престанат со закани, а следно ќе биде да пријавиме и да постапат други надлежни институции по тој основ“, додаде министерката.

Осврнувајќи се на придобивките кои ќе ги обезбеди предложената нова законска регулатива во образованието, Јаневска рече наскоро по усвојувањето на неколку законски решенија во Собранието, ќе следи кадровско зајакнување на дел од институциите, меѓу кои и Државниот просветен инспекторат и Бирото за развој на образованието.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк