Connect with us

Инфо +

Денес ќе се знае: Владата ќе одлучува за патувања во регионов без ПЦР тест

Published

on

Владата денеска на седница треба да ги разгледува препораките од Комисијата за заразни болести и да донесе одлука за патувања во земјите од регионот, Србија, Црна Гора и Косово без ПЦР тестовите.

Како што информира Министерството за здравство, предлог одлуката за отворање на границите со посочените земји без ПЦР тестирање, Комисијата ја донела вчера на седница, врз основа на анализа според која, во моментов нема индикација, односно нема висок број на увезени случаи во земјава со Ковид-19 од овие неколку држави. Согласно со тоа, Комисијата констатирала дека нема ризик и е безбедно отворањето на границите. Воедно, се укажува дека во Европската Унија, сите граници на движење се без ПЦР тестирање.

Македонските граѓани во моментов од земјите во регионот можат да патуваат без ПЦР тест само во Албанија и Турција. Деновиве Грција ја продолжи одлуката до 12 октомври за копнените граници и за забраната за влез на државјани од трети земји.

Македонија

Да не се подлегнува на провокации, лажни вести и шпекулации – апелира Кривичен суд за случајот со Фросина Кулакова

Published

on

Во денешното соопштение до медиумите, судиите и Подружницата на Здружението на судии на Република Северна Македонија при Основен кривичен суд Скопје изразија длабоко жалење за загубениот млад живот на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа која ја потресе јавноста. Потоа, тие истакнаа дека, поттикнати од бурните реакции на јавноста, посебно по повод неправосилната пресуда за Васил Јованов за сосема различен случај, сметаат дека е неопходно да се обратат до јавноста во интерес на заштита на угледот на судиската функција, како и за демантирање на шпекулациите и лажните вести.

Во реакцијата на судиите се вели дека тие го поддржуваат барањето за системски промени кои се однесуваат на зголемување на безбедноста во сообраќајот. Овие промени се со цел за постигнување на безбедност на патиштата, што во извесна мера подразбира и измени на одредбите во Кривичниот законик, кои честопати „ограничуваат“ судиите во нивното постапување.

Судиите соопштија дека пресудата за Васил Јованов се однесува на кривичното дело за наркотици и дека таа пресуда се уште не е правосилна, туку е во фаза на одлучување пред Апелациониот суд Скопје. Притоа, судијата Даниела Алексовска-Стојановска ја донела пресудата согласно со Законските одредби, слободното судиско уверување и судската пракса.

Во Завршните зборови, јавниот обвинител ја предложил пресудата, нагласувајќи дека обвинетиот е млад, без претходни судски инциденти, па судот имал задача да избере најдобра санкција, што ќе има ефект на обвинетиот да разбере дека неговите дејствија биле противправни.

Судиите исто така ги демантираа шпекулациите дека обвинетиот имал претходни осуди, како и дека постоеле други кривични постапки против него. Во соопштението се додава дека не е јасно кои се тие „фамозни 10 пријави“ кои се поврзуваат со истата судија и обвинет.

Во соопштението беше истакнато прашањето дали доколку беше изречена казна затвор, мерката притвор ќе можела да опстои во повисоките судски инстанци. Истовремено, судиите повикаа надлежните институции да ги искористат механизмите за проверка на првостепената пресуда и да утврдат евентуални пропусти во постапката.

Судиите истакнаа дека неказнивоста не е само проблем на судската власт, туку и на сите три власти во државата. Тие посочија дека системот на амнестија, помилувања и измени на Кривичниот законик имал директно влијание на ослободените осуденици и на правото на казни за одредени кривични дела.

Конечно, судиите апелираа до јавноста да не подлегнува на провокации и лажни вести, и ја повикаа на рационален и објективен пристап при разгледување на сите пропусти што можат да бидат исправени. Судиите исто така изразија сочувство за сите жртви на сообраќајни несреќи и апелираа за создавање на побезбедно општество за сите граѓани.

Continue Reading

Македонија

Повторно воспоставена железничката линија Скопје – Куманово

Published

on

Почнувајќи од денес, 5 февруари 2025 година, повторно е воведена железничката линија Скопје – Куманово – Скопје, која беше укината. Возовите ќе сообраќаат двапати дневно во двата правци:

• Од Скопје за Куманово: во 04:57 и 16:37 часот.

• Од Куманово за Скопје: во 06:00 и 17:40 часот.

Оваа одлука доаѓа како резултат на зголемената побарувачка за железнички превоз и заложбите за подобра поврзаност меѓу двата града.

Continue Reading

Европа

ВИЛДЕРС ГО ПОДДРЖУВА ТРАМП: Нека се преселат Палестинците во Јордан и проблемот со Газа е решен

Published

on

Претседателот на холандската крајнодесничарска партија ПВВ, Герт Вилдерс денеска го поддржа планот на американскиот претседател Доналд Трамп за принудно раселување на Палестинците од Појасот Газа во Египет и Јордан.

„Многу точно, претседателе Трамп! Како што секогаш велев, Јордан и Палестина (се исто). Нека се преселат Палестинците во Јордан. Проблемот со Газа е решен!“, напиша Вилдерс на мрежата Икс.

Аман го критикуваше овој став на Вилдерс, а Велдкамп рече дека Холандија поддржува решение за две држави, Палестина и Израел.

Холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп, од партијата НСЦ, која е коалициски партнер на ПВВ, претходно изјави дека се противи на присилната депортација на Палестинците од Појасот Газа, пишува „НЛ Тајмс“.

Трамп повторно предложи Палестинците да бидат раселени од Појасот Газа во Египет и Јордан, што тие држави го отфрлија.

Тој додаде дека САД ќе го „преземат“ Појасот Газа, опишувајќи ја неговата визија за областа како нова „Ривиера на Блискиот Исток“.

„Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за окупација на Појасот Газа и раселување на неговото население е „незаконски и целосно апсурден“, изјави денеска специјалната известителката на ОН за палестинските територии Франческа Албанезе.

Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк