Connect with us

Инфо +

41-годишен адвокат ги тужи родителите зoшто не му давале доволно пари

Published

on

Човекот од Лондон чие име не е откриено, тврди дека неговите родители свесно ја негувале неговата зависност од нив во последните 20 години, за неодамна ‘значително да ја намалат’ нивната финансиска поддршка, откако ги расипале односите.

Тој сакал судијата да донесе одлука неговите родители да продолжат да го издржуваат, а неговите адвокати цитирале закони во врска со бракот и децата за време на виртуелното сослушување во семејниот суд.

Интересно е тоа што 41-годишниот невработен адвокат моментално живее во стан во центарот на Лондон, сопственост на неговите родители и не плаќа кирија. Покрај тоа, тие му ги платиле сите сметки за комунални услуги, но очигледно тоа не му било доволно, пренесува Одити Централ.

„Неговите родители го поддржуваа финансиски со текот на годините и, до одреден степен, сè уште го прават тоа“, рече судијата Џејмс Мунби во својата пресуда. „Тие му дозволија да живее во стан во центарот на Лондон, на кој се регистрирани сопственици и за кои до неодамна плаќале сметки за комунални услуги.”

Родителите на човекот, кои моментално живеат во Дубаи, побарале судот да го отфрли случајот на нивниот син, а токму тоа го сторил судијата Мунби, изјавувајќи дека нема основа за неговото тврдење. Во своето образложение, тој исто така посочил дека сите негови идни жалби треба да бидат одбиени по кратка постапка.

Македонија

Меџити: Али Ахмети не го исполни ветувањето за оставка, веќе е потрошен!

Published

on

Првиот вицепремиер на Северна Македонија, Изет Меџити, го критикуваше Али Ахмети за тоа што не го исполни ветувањето за повлекување од политиката по членството на земјата во НАТО.

Во интервју за емисијата „Само Интервју“ на Канал 5, Меџити потсети дека Ахмети во 2015 година изјавил дека ќе се повлече од политичката сцена по завршувањето на овој процес, за да им остави простор на младите генерации да го продолжат процесот на интеграција на земјата во Европската унија.

„Тој најави дека ќе се повлече по членството во НАТО, но не го направи тоа. Тој требаше да се повлече во тој момент, што ќе било ценето и од оние што го поддржувале, а и од оние што го критикувале. Ќе беше поставен нов стандард во политиката. Но, тој продолжи да се занимава со политика, потрошујќи се сè повеќе,“ рече Меџити.

Неговата изјава доаѓа во време кога дебатата за лидерството и промените во рамките на ДУИ станува се повеќе жестока, додека важни фигури во партијата започнуваат да бараат нов политички пристап.

Continue Reading

Македонија

Меџити: ВЛЕН со заеднички кандидати и листи на локалните избори

Published

on

Коалицијата ВЛЕН ќе учествува на следните избори со заеднички кандидати и листи, дополнително зајакнувајќи го своето политичко единство. Веста ја потврди првиот вицепремиер, Изет Меџити, во интервју за емисијата „Само Интервју“ на Канал 5.

„Ние, како ВЛЕН, добро функционираме во овој формат – било тоа во заедничката кампања, во изготвувањето на програмите или во постигнувањето на договор за заедничко владеење. Поради ова, и на следните избори ќе се натпреваруваме со заеднички кандидати и листи,“ изјави Меџити.

Тој нагласи дека овој пристап ќе продолжи и понатаму, а по локалните избори постои голема можност ВЛЕН да се трансформира во една единствена партија.

„Фактот што секоја партија ги формира своите партиски органи покажува дека со зајакнување на нашите редови, се зајакнува и ВЛЕН. Наш главен приоритет останува спроведувањето на владината програма,“ додаде Меџити.

Continue Reading

Македонија

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: Возачот кој ја усмрти 22 – годишната Фросина требало да биде во притвор!

Published

on

Срцето на 22-годишната амбициозна и креативна модна дизајнерка од Неготино, Фросина Кулакова синоќа престана да чука. Фросина на 15 минути пред полноќ прописно се движела по булеварот Партизански одреди, каде во близина на пекарата Силбо била прегазена од автомомобил кој се движел со над 130 километри на час. Автомобилот, без возачка дозвола, го управувал 20 годишниот Васил Јованов од Скопје кој е добро познат на органите на прогонот. Радио Лидер открива детали од истрагата, но и детали за тоа кој е Васил Јованов и каква е улогата на скопската јавно обвинителство, кое со години го штити? Не, ова не е ужасна несреќа! Ова е убиство овозможено од обвинителството!

Помеѓу неговата генерација во Карпош од каде што потекнува, 20 – годишниот Васил Јованов алиас Васо е познат како бесно и богато момче. Од неговите родители за својот 18 – ти роденден добил автомобил Пежо 207 кој веднаш почнал да го управува иако немал положено за возачка дозвола. За возачка дозвола никогаш не положил, ама затоа уште веднаш почнал да предизвикува невољи по скопските улици, невољи кои траат во последните две години и кои кулминираа со синоќешната прерана смрт на неготинчанката Фросина Кулакова.

Во 2023 година, скоро откако го добил автомобилот кој се води на име на неговиот татко, Васил предизвикал сообраќајка која резултирала со тешки телесни повреди на учесниците, дознава Радио Лидер од извори во МВР. Бил виновен за сообраќајката, немал возачка дозвола, добил и кривична пријава од МВР за серијата на кривични дела, но пријавата била одбиена од страна на Основното јавно обвинителство Скопје. Зошто? До овој момент немаме одговор. По вчерашниот настан на Гаврил Бубевски и на скопското обвинителство ќе им биде многу тешко да одговорат како ваков престапник со години оставиле на улица.

Ослободувањето од кривичен прогон го охрабрило младиот Васо да продолжи да вози брзо и бесно. Евиденцијата покажува дека во изминатите две години тој има добиено над 10 прекршочни пријави од сообраќајната полиција за управување без возачка дозвола, брзо возење и кршење на сообраќајни правила. Сепак, никој не му го одземал автомобилот, кој по секоја пријава тој и понатаму си го управувал уште побрзо и уште побесно.

Кривична пријава за недозволена трговија со дрога – притвор – излегување на слобода

Во неколку наврати во изминатите години од полицијата Васил Јованов Васо бил апсен со помала количина на дрога, но, затоа што количината била мала тој излегувал од полиција со образложение дека е зависник кој ја користи за сопствена употреба. Работите се смениле во Март 2024 година, кога по полициската рација во неговиот дом биле пронајдени над 80 паковки со амфетамин и за тоа добил кривична пријава за недозволена трговија со дрога. Станува збор за сериозна количина, за која затворската казна е висока.

Доказите биле јасни и несоборливи, па обвинителството му одредило притвор во траење од 3 месеци кои тој ги поминал во Шутка. Сепак, по само 3 месеци тој излегол од притвор, а обвинителството од тогаш па наваму цели 11 месеци не му поднело обвинение.

По скопските улици се шушка дека Васо месеците на слобода ги искористил повторно да го работи истиот бизнис за кој бил уапсен, недопирлив затоа што и покрај тоа што му заплениле 80 паковки со дрога тој на еден начин бил ослободен и до ден денес нема обвинение.

Какво е учеството на ОЈО Скопје во овој случај?

Редакциски коментар на Радио Лидер е дека обвинителството сноси огромна вина за смртта на 22-годишната Фросина Кулакова. Овој случај не може да биде третиран како несреќа, туку станува збор за очигледно сериско прогледување низ прсти на сериозен престапник од страна на обвинителите. Вината е очигледна, а доколку се погледнат имињата на обвинителите кои до сега ги работеле неговите случаи, кои не и се познати на редакцијата на Лидер, можеби јавноста ќе стигне и до одговорот – Зошто го штителе Васо и со тоа придонеле една 22-годишна девојка да го изгуби својот живот?

Полициските службеници со жалење констатираат дека со години го апсат Васил Јованов Васо, но на крај повторно го наоѓаат на улица како прави уште посериозни дела откако е ослободуван од ОЈО Скопје.

Разгалено детиште заштитено од системот, уби девојка која се борела за подобор живот. Фросина имала живот пред себе, креативната неготинчанка која дошла да студира во Скопје, можеше да биде гордост на Македонија. Наместо тоа, неа ја изгубивме поради корумпираниот судски систем. Сакаме да веруваме дека нејзината смрт не е залудна и дека ќе претставува инијална каписла за реформа на правосудните органи.

Прашање до обвинителите кои го ослободувале Васил Јованов, но и до оние кои кај нас обезбедувале врски: Уште колку деца треба да убиете, за вашите деца да ги направите среќни?

Извор: Lider.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк