Connect with us

Хуманост

Апел за помош за лекување на ракометарот Тони Шопов – Ова е неговиот најважен натпревар

Published

on

Тони боледува од „Descendenten colon“ (Adenocarcinoma colonis). Првата операција ја имаше во 2017год. на дел од дебелото црево пропратена со Илеус. По операцијата следеа осум циклуси на хемотерапија. Во 2019год. во втората операција Ретропиротонеална лимфаденектомија му беше отстранет левиот уретер и бубрег. По оперативниот зафат повторно беа потребни циклуси на хемотерапија.

По три месеци за понатамошно лекување е препратен во Турција на радиотерапија со специјални СБРТ зраци кое досега беше успешно, но дојдено е до рецидив на болеста поради што лекувањето мора да продолжи во Турција со 12 циклуси на хемотерапија во комбинација со СБРТ зраци. За жал ваква терапија не е достапна во нашата држава.

За досегашното лекување, оперативно и постоперативно, потрошени се 35.000 евра.

ИТНО е потребно да продолжи лекувањето во Турција кое чини 20.000€. Семејството не е во можност да ги покрие трошоците и потребна ни е вашата помош. (Линк од Фејсбук Fundraiser: https://www.facebook.com/donate/1275998199442497/
Линк од Go Fund me Fundraiser:  https://gf.me/u/y4cfjc)

Драги сограѓани, пријатели, познаници и добри луѓе… Апелираме да ја покажете вашата хуманост на дело, секогаше добро време да се направи добро дело, порачуваат од тимот за поддршка на Тони

Македонија

Сите сме потребни за ова мало ангелче: Двегодишниот Марко од Прилеп се бори со ретко заболување

Published

on

Maрко Мицески од Прилеп е двегодишно ангелче кое се бори со ретко заболување и поради кое и во моментов е во болница.

Неговото лекување е возможно во Турција, но за истото е потребни 19.000 евра – средства кои неговите родители не се во можност целосно да ги обезбедат.

-Ве молам помогнете им за да можам и јас да учам, да се развивам и играм, да се радувам на животот како сите мои врсници, стои во апелот за помош.

Во апелот има трансакциски сметки за донации за Македонија и Германија, па доколку сте во можност помогнете со ваш прилог за ова мало ангелче да добие шанса за здраво и безгрижно детство.

Continue Reading

Македонија

ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА АЛЕКСЕЈ!

Published

on

Алексеј има само 3 години и му е дијагностицирана хипоксична енцефалопатија, ретка болест која означува недостаток на кислород во мозокот, создавајќи ризик од сериозни последици и смрт.


Решението за оваа болест е пресадување на матични клетки, нешто што за жал не е возможно во нашите здравствени институции.


Поради тоа, неговото лечење мора да продолжи во болницата Лив Хоспитал Улус во Истанбул, но пресадувањето чини 19.000 евра, средства кои моментално семејството на Алексеј ги нема.


Затоа ве замолуваме токму вас, хумани луѓе кои ја поддржувате работата на нашата фондација, уште еднаш заедно да ја покажеме солидарноста на дело и да донираме за да го спасиме животот на нашиот Алексеј!


Донациите ќе се прибираат на сметката на фондацијата, а со собраниот износ ќе се платат сите трошоци кон болницата во Турција.

Линк за донирање: https://gofund.me/27ad16be

Continue Reading

Хуманост

(Фото) Да помогнеме да се пронајде млада девојка!

Published

on

Да помогнеме да се пронајде млада девојка!

Информациите подолу на фотографијата:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк