Connect with us

Инфо +

До 5 евра тегла домашен ајвар – Од зимница може добро да се заработи

Published

on

Септември и октомври се месеци кога секое семејство прави по нешто зимница и се подготвува за долгата зима. 

По социјалните мрежи токму овој период наидуваме на многу огласи каде што се продава домашна зимница. 

Колку тоа се исплати? Дали вреди трудот? 

Подготовката и продажбата на зимница стана профитабилна работа од која во просек може да се заработи една плата. Кој поседува сопствено овошје и зеленчук, заработката може да му биде уште повисока, а добрите години придонесуваат и за послабите години, како оваа година, кога зеленчукот е скап, многу домаќинки решаваат да не ја прават зимницата, туку да ја купат. 

Сепак, зимницита купена од маркет и зимницата подготвена дома, е далеку поразлична, па затоа многу домаќинки се одлучуваат да не ја прават, туку да купат од некој кој ќе ја подготви во домашни услови. 

Денес во Македонија не може да се најде тегла ајвар така лесно, без оглед на тоа колку некој е подготвен да плати. Купечкиот ајвар изложен во продавниците е скап и со поразличен вкус и квалитет од традиционалниот. Па многу луѓе одлучуваат да го купат од приватни лица кои го прават професионално.

– Да не е платено, не би го работел тоа. Ние произведуваме околу 1.300 тегли и шишиња од различна зимница, од сокови и слатки до производите од домат, краставица, зелка. Половина што ја продаваме е за време на правењето, а остатокот се нарачува цела година. Ние би можеле да продадеме и повеќе, но не можеме да произведеме, бидејќи само двајца сме, а тоа се само четири раце. Го правам ова кога ќе се вратам од работа од фабриката, каде што сум вработена како пакерка – вели домаќинка која се занимава со ова. 

Цените на зимниците се движат од 150 денари до 600 денари, а половина од таа сума е заработка. Во цената се вклучени суровини, кои најчесто ги произведуваме сами, а ја наплаќаме и работата и вештината.

– Јас не би го работел тоа ако немам сметка. Кога почнав да работам, не знаев дали тоа ќе биде профитабилна работа. Ако се произведува квалитетно и кој има време да се посвети на тоа може да заработи просечна плата.

Македонија

Ова е судијката која го ослободила од притвор Васил кој ја усмрти Фросина

Published

on

Васил Јанев кој завчера ја усмрти младата Фросина Кулакова возејќи со 130 километри на час на булеварот „ Партизански одреди“, лани за трговија со наркотици бил ослободен од притвор и иако бил полнолетен кога го сторил делото му било пресудено да оди во поправен дом за малолетници.

Судијката која ја донела пресудата е Даниела Алексовска Стојановска, која на 31 Јули 2024 пресудила воспитна мерка – упатување во воспитно поправен дом во согласност со Законот за правда на децата при што ја укинала притворската мерка и Јанев се нашол на слобода, објави Радио Лидер. Тоа е истата судијка која го пресуди „Талир2“.

„Обвинението од ОЈО било поднесено на 2 април, а МВР поднело кривична пријава само три дена претходно, откако во рација во неговиот дом пронашле над 80 паковки со амфетамин.

Сторителот во моментот на сторувањето на делото бил полнолетен, но затоа што станува збор за помлад полнолетник него му било пресудено да оди во поправен дом. Според адвокатската фела, многу е ретко ваква пресуда да се даде на некој што бил уапсен со толкава количина на дрога.

Тој без возачка дозвола, исто така пред две години предизвикал сообраќајка со повреди, но немало кривичен прогон.

-Против истото лице до обвинителството е поднесена само уште една пријава на 01.02.2023 година за кривично дело од член 297 за сообраќајна незгода случена на 04.11.2022 година во која едно лице се здобило со полесни повреди. Јавниот обвинител спровел постапка и со изјавена согласност на оштетената донел Решение со кое не се презема кривично гонење согласно чл.43 од ЗКП, а осомничениот се согласил да постапи по напатствијата на јавниот обвинител и да уплати паричен износ од 18.000 денари во корист на Буџетот на РСМ. Освен ова МВР повело и прекршочна постапка за возење без возачка дозвола. Други кривични пријави за лицето не се поднесени во јавното обвинителство – стои во соопштението на обвинителството.

Извор: netpress.mk

Continue Reading

Македонија

Се трага по 28годишно момче од Неготино

Published

on

Од вчера е исчезнат 28 годишниот Миле Тодоров од Неготино, а по него трага семејството и полицијата.

Исчезнувањето на Миле во полиција го пријавил неговиот татко.

-На 30.01.2025 во 18.00 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР за Курир.

Миле последен пат бил забележан во Марена, околу 10.30 часот. Облечен е во работничко одело, бело палто и црн елек.

Continue Reading

Македонија

Драма во Тетово: Бегство, судир со полиција и предупредувачки истрели

Published

on

policija

На 29.01.2025 во 22.05 часот на улица ,,Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.Р.(32) од Тетово. Тој, управувајќи патничкото возило „опел“ со скопски регистарски таблички, во кое имало уште три машки лица, на ул.„Тодор Циповски Меџан“ во Тетово не застанал на даден знак за запирање на полициски службеници. Возилото било запрено на улица ,,Радован Цониќ“, но Ш.Р. со вратата од возилото удрил полициски службеник и се дал во бегство. Тој бил следен, при што полициски службеник испукал два предупредувачки куршуми во воздух. Околу 22.05 часот, возилото е пронајдено, а Ш.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.  

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк