Connect with us

Инфо +

Возел со 2.43 пpомили, еве што точно се случило во Трубарево

Published

on

Триесет дена притвор му е одреден на 72-годишникот кој завчера во скопско Трубарево предизвика сообраќајна несреќа со смртни последици. Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за истражна постапка против осомничениот за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Осомничениот 72-годишник, како што соопшти државното Јавно обвинителство,  управувајќи патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички во село Трубарево, во насока од исток кон запад, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај.

-Тој постапил спротивно на член 228 став 1 и член 33 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, па возилото го управувал во алкохолизирана состојба со содржина на алкохол во крвта од 1,78 промили и содржина на алкохол во урина 2,43 промили. Автомобилот го управувал со брзина на движење која не била приспособена кон својствата и состојбата на патот, густината во сообраќајот и другите сообраќајни услови, поради што изгубил контрола над управувачот и со десните тркала излегол десно надвор од коловозот, се качил на тротоарот, а со предниот дел од возилото кое го управувал удрил во задното тркало од мопед „баутијан“, без регистарски таблички управуван од учесникот во сообраќајот оштетениот Идриз Ќеримовски, наведува Обвинителството.

Од ударот, оштетениот со мопедот паднал на коловозот, се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал на самото место и починал. Осомничениот продолжил со автомобилот да се движи во десно, излегувајќи надвор од коловозот и со возилото се качил на тротоарот и платото пред „Маркет бренд“, каде со предниот дел од возилото кое го управувал удрил во автобуското стојалиште на ЈСП Скопје и во телото на дете, родено во 2011 година, кое како пешак стоело на постојката.

Од ударот оштетеното дете добило тешки телесни повреди. Осомничениот и натаму со возилото продолжил да се движи по тротоарот каде  удрил и соборил дрвена бандера и сообраќаен знак, по што со возилото излегол лево надвор од коловозот каде што автомобилот запрел.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице поради опасност од бегство и околности кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да го повтори кривичното дело. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​ 

Македонија

Исплатени се субвенции за растително и за сточарско производство

Published

on

Денеска се исплатени средства за финансиска поддршка кон земјоделците за тековната 2024 година, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Извршена е вкупна исплата на износ од 264.241.663,00 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година кон 22.141 земјоделци. За мерката 1.8 Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади се исплатени 118.186.903,00 денари кон 8.729 корисници.

Исто така, денеска се исплатени и средства на износ од 146.054.760,00 денари кон 13.412 корисници за мерка 1.11 Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.

Како што стои во соопштението, дополнително е извршена исплата на директни плаќања за сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година.

„Се исплатија 416.722.200,00 денари субвенции за сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година кон 8.680 земјоделци и тоа за: мерка 2.1 Директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 4.000 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 201.532.000 денари кон 6.189 корисници. Мерка 2.8 Директни плаќања за обележани женски грла овци постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 600 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 182.692.200 денари кон 2.058 корисници. Мерка 2.10 Директни плаќања за обележани женски грла кози постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 2.000 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 32.498.000 денари кон 433 корисници“, се наведува во соопштението од МЗШВ.

Continue Reading

Македонија

НАСИЛНО ОТВОРИЛА „ЦИТРОЕН БЕРЛИНГО“ ГО СТАРТУВАЛА, ПА ГО ОСТАВИЛА Малолетничка крадела автомобили во Тетово

Published

on

Секторот за внатрешни работи од  Тетово поднесе кривична пријава против 16–годишна малолетничка од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „одземање на моторно возило“ и „тешка кражба во обид“.

Како што соопшти полицијата, таа на 07 ноември во Тетово, му го одзела патничко возило „рено“ на сопственост  А.С., а ден потоа  со употреба на сила, влегла во патничко возило „цитроен берлинго“, сопственост на Е.С., го стартувала, а по кратко време го оставила и заминала.

Continue Reading

Македонија

Ќе растат сите плати во Македонија, вели Мицкоски, а нема да растат функционерските плати

Published

on

Ќе растат сите плати во Македонија, ќе растат платите на сите вработени, а нема да растат платите на функционерите. Тоа го кажавме и тоа ги правиме, правиме измена на Законското решение со кое што нема да има покачување на функционерските платаи. Оваа законска измена наскоро ќе биде пред пратениците, најави премиерот Христијан Мицкоски.

-Ќе се бориме сите вработени во државата да добијат повисоки плати и ќе работиме на тоа, но тоа право нема да го имаат функционерите. Дали е тоа исправен чекор? Јас ценам дека е тоа исправен чекор иако постои дебата и така ќе продолжиме да работиме и во иднина, во интерес на граѓаните и на сите оние кои што не гласале и имаат доверба во нас како Влада.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк