Connect with us

Инфо +

Денеска е Свети маченици Сергиј и Вакх, Се верува дека на овој ден дивите ѕверови стануваат питоми и мирни

Published

on

Овие двајца беа видни луѓе на дворот на Максимијан. Но, штом Максимијан дозна дека се христијани, својата наклонетост ја претвори во гнев, па ги испрати во Азија кај својот намесник Антиох, откако претходно ги облече во женски алишта и им стави железни огламници на вратот па така ги водеше по улиците на Рим. Овој пак, Антиох, беше пријател на Сергиј и на Вакх, но откако не успеа да ги одврати од христијанството, ги стави на маки и најпосле ги уби, прво Вакха, а потоа и Сергија. Така, овие две свети души го дадоа на царот царевото, а на Бога божјото и се преселија во вечниот живот околу 303 година.

На овој празник земјоделците посебно треба да внимаваат да не излегуваат со волови на нива, зошто на тој ден не треба да се ора. Се верува дека на тој ден дивите ѕверови стануваат питоми и мирни.

Преданијата велат дека Свети Сергиј на овој ден ги посетува сите опинчари, чевлари и со нив прославува, односно празнува. 

Овој ден меѓу православниот свет се смета за природна граница меѓу есента и зимата.

Светиот маченик Полихрониј

Родум од Агатанидската епархија, од родители селани. Како млад аргатуваше на лозјето на некој цариграѓанин. Но како аргатин Полихрониј се предаваше на деноноќен подвиг на пост и молитва. Кога го виде неговиот живот, според чистотата и воздржливоста ангелски, газдата му даде многу повеќе пари одошто имаше заработено. А Св. Полихрониј ги зеде парите и изгради црква. Во времето на Никејскиот Собор Полихрониј беше чтец и во таа прилика покажа толкава ревност во застапувањето на Православието пред аријанците, што го посветија за свештеник. Подоцна овие злобни еретици за одмазда го нападнаа Св. Полихрониј во самата црква и го исекоа на парчиња. Така пострада овој голем бранител на Вистината и чистотата на Православието и прими венец на слава од својот Господ.

Инфо +

Дрин Мемети: ДОБИВМЕ ПАРИ ОД ФОНДОТ, ама не за иновации… Другото не ми е јасно

Published

on

Фирмите на Дрин Ахмети добиле два проекти од Фондот за иновации. Една од иновациите е печатач, објаснува Ахмети во интервјуто за „Република“ кое ќе го објавиме наскоро.

Каква иновација е печатач?

“Бидејќи грантот беше да се купи опрема, не беше за иновации, туку да се купи опрема покриена од грант. Не го разбирам тоа 100 проценти затоа што мојот тим ја водеше апликацијата и бевме прифатени. 

Компании, млади компании се финансираат од Фондотза иновации за набавка на опрема. Ние купивме компјутери, го претставивме бизнис планот за што ќе ги користиме компјутерите, што ќе правиме со нив и тој бизнис план беше одобрен. Од 10 апликации добивме две. И, колку што јас се разбирам, имаше странски одбор кој одлучи да ни ги доделат овие средства“ – вели Ахмети во интервјуто за „Република.

Continue Reading

Инфо +

Сиљановска-Давкова ќе присуствува на одбележувањето на 80. годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во посета на Република Полска, по повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен и логор за истребување Аушвиц-Биркенау, во предградието на Освиенцим, близу Краков.

На комеморацијата, што ќе се одржи во Меморијалниот центар и музеј „Аушвиц-Биркенау“ на 27-ми јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот најавено е присуството на педесетина државни делегации од целиот свет, предводени од шефови на држави и влади, високи владини претставници, како и претставници на меѓународни организации и преживеани лица од логорот.

Во рамките на комеморативниот настан се предвидени поздравни обраќања и сведоштва на преживеаните, по што ќе бидат прочитани молитви, запалени свеќи и оддадена почит на жртвите на холокаустот.

Во логорот Аушвиц, од страна на германските нацисти се убиени околу 1,1 милион луѓе, а во 1945 година од логорот се ослободени околу седум и пол илјади преживеани затвореници.

За време на престојот во Полска, претседателката ќе го посети Јагелонскиот универзитет во Краков и Лекторатот по македонски јазик при овој Универзитет, каде ќе оствари средба со полски македонисти и слависти.

Continue Reading

Скопје

Со мерцедес се забил во метална канделабра на Илинденска – двајца повредени

Published

on

На 25.01.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Илинден“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(25) од Скопје, удрило во метална канделабра.

Во несреќата, Ф.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатничката Л.Д.(34) од с.Радолишта, струшко, се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк