Connect with us

COVID 19

Алармантен број на новозаразени од коронавирус во Македонија – 21.10.2020

Published

on

Почитувани,

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, Тетово-25, Струга-5, Велес-10, Битола-14, Охрид-10, Кавадарци-25, Гостивар-11, Гевгелија-20, Струмица-24, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Кратово-3, Свети Николе-3, Кичево-18, Ресен-8, Неготино-7.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 233 оздравени пациенти од: Скопје-89, Куманово-6, Дебар-2, Штип-11, Прилеп-13, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-14, Кавадарци-4, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-18, Крива Паланка-4, Радовиш-8, Кочани-25, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-2, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2 и Неготино-1.

Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (52, 73 и 85г), еден од Куманово (59г), двајца пациенти од Прилеп (78 и 75г), двајца од Велес (61 и 62г), двајца пациенти од Гостивар (43 и 76г), еден од Струмица (66г) и еден пациент од Свети Николе (69г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24836, бројката на оздравени пациенти е 17905, на починати е 862, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6069. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 10493, активни 2983

• Куманово 2024, активни 252

• Дебар 310, активни 49

• Штип 1486, активни 172

• Прилеп 973, активни 237

• Тетово 1786, активни 314

• Струга 759, активни 78

• Велес 458, активни 113

• Битола 490, активни 152

• Охрид 543, активни 116

• Кавадарци 352, активни 102

• Гостивар 1053, активни 111

• Гевгелија 287, активни 150 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 44 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 630, активни 369

• Крива Паланка 193, активни 67

• Радовиш 184, активни 72

• Крушево 21, активни 1

• Кочани 583, активни 181

• Пробиштип 144, активни 16

• Демир Хисар 71, активни 10

• Македонски Брод 98, активни 4

• Пехчево 57, активни 11

• Берово 175, активни 46

• Валандово 86, активни 46

• Виница 154, активни 51

• Делчево 215, активни 118 (43 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 34, активни 8

• Свети Николе 430, активни 59

• Кичево 442, активни 96

• Ресен 210, активни 46

• Неготино 95, активни 39 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2688 теста се преку: ИЈЗ-693, ЦЈЗ Скопје-91, Авицена-702, Биотек-253, МАНУ -186, Жан Митрев (Филип Втори) -245, Систина со PCR метода -157, лабораторија Лаор –55, Судска медицина-32, ЦЈЗ Битола-161, Инфективна клиника-6, ГАК-11, Синлаб-96, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 226.612 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 108 пациенти. На кислородна поддршка се 80 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 214, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 134

• Гази Баба – 353

• Аеродром – 592

• Карпош – 479

• Центар – 476

• Кисела Вода – 332

• Ѓорче Петров – 240

• Бутел – 122

• Шуто Оризари – 17

• Студеничани – 6

• Сарај – 23

• Арачиново – 9

• Илинден – 49

• Сопиште – 25

• Чучер Сандево – 11

• Петровец –20

• Зелениково – 9

• Странец – 14

• Нераспределен- 72

Со почит,

Одделение за односи со јавноста

Министерство за здравство

Еве ги вчерашните бројки :

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-227, Куманово-12, Штип-15, Прилеп-4, Тетово-34, Струга-5, Велес-15, Битола-10, Охрид-23, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-4, Демир Хисар-4, Пехчево-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 280 оздравени пациенти од: Скопје-148, Куманово-3, Штип-17, Прилеп-16, Тетово-18, Струга-4, Велес-4, Битола-8, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-3, Гевгелија-9, Струмица-12, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-4, Берово-1, Валандово-2, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-4 и Неготино-1.

Починати се 4 лица, двајца пациенти од Скопје (64 и 77г), еден од Ресен (59г) и еден пациент од Битола (76г). Од нив еден пациент е починат вон болнички услови, останатите се починати во болница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24196, бројката на оздравени пациенти е 17672, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5674. \Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•Скопје 10169, активни 2751

•Куманово 1998, активни 234

•Дебар 309, активни 50

•Штип 1461, активни 157

•Прилеп 935, активни 214

•Тетово 1761, активни 304

•Струга 754, активни 76

•Велес 448, активни 108

•Битола 476, активни 152

•Охрид 533, активни 106

•Кавадарци 327, активни 81

•Гостивар 1042, активни 103

•Гевгелија 267, активни 132 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 40 на Богданци и 12 се странски државјани)

•Струмица 606, активни 364

•Крива Паланка 184, активни 62

•Радовиш 179, активни 75

•Крушево 20, активни 0

•Кочани 573, активни 196

•Пробиштип 141, активни 16

•Демир Хисар 69, активни 8

•Македонски Брод 98, активни 4

•Пехчево 55, активни 9

•Берово 172, активни 45

•Валандово 83, активни 45

•Виница 151, активни 50

•Делчево 213, активни 117 (41 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

•Кратово 31, активни 5

•Свети Николе 427, активни 59

•Кичево 424, активни 80

•Ресен 202, активни 38

•Неготино 88, активни 33 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2140 теста се преку: ИЈЗ-471, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена-436,  Биотек-340, МАНУ -239, Жан Митрев (Филип Втори) -277, Систина со PCR метода -185, лабораторија Лаор –36, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-39, Инфективна клиника-3, ГАК-10, Синлаб-52, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 223.922 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 67 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле нема хоспитализирани деца позитивни на Ковид-19. Хоспитализирани се 4 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 210, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

•Чаир – 123

•Гази Баба – 307

•Аеродром – 552

•Карпош – 446

•Центар – 454

•Кисела Вода – 310

•Ѓорче Петров – 220

•Бутел – 113

•Шуто Оризари – 16

•Студеничани – 5

•Сарај – 16

•Арачиново – 9

•Илинден – 44

•Сопиште – 22

•Чучер Сандево – 10

•Петровец –19

•Зелениково – 9

•Странец – 12

•Нераспределен- 64

COVID 19

ЈАС И ПРОФЕСОР ПАНОВСКИ, ТРИ ГОДИНИ ЏАБЕ ТРОШЕВМЕ ЗБОРОВИ И ВРЕМЕ: Никому ништо не му влегло во глава!

Published

on

Докторот Драган Даниловски, во гостувањето на ТВ Сител, се огласи по повод новиот ковид бран за кој што медиумите се повеќе пишуваат.

Линк до постот на професор доктор Даниловски:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3455421298043933&id=100007282895748&mibextid=Nif5oz

Continue Reading

COVID 19

Прва тужба во Германија поради последици од вакцината на Фајзер против ковид

Published

on

Фармацевтската компанија Бајонтек утре ќе се појави на суд во Хамбург по тужбата во која Германка бара отштета поради тешки последици од нивната вакцина против ковид-19. Ова е првата во низа можни тужби во Германија поради нуспојави од вакцината.

Жената го тужи германскиот произведувач за најмалку 150.000 евра за нанесување телесни повреди и надомест за неодредена материјална штета, се наведува во барањето за отштета кое го решава општинскиот суд во Хамбург.

Тужителката тврди дека поради вакцината имала болки во горниот дел од телото, отечени нозе и раце и нарушено спиење. Нејзиниот адвокат Тобијас Улбрих кажа дека планира да ја оспори проценката на германскиот регулатор и Европската агенција за лекови (ЕМА) дека вакцината на Бајонтек има позитивен сооднос на корист и штета.

Според германскиот закон, произведувачите на вакцини и лекови се подложни на тужби и отштетни барања ако „медицинската наука“ покаже дека нивните производи предизвикуваат несразмерна штета или ако упатствата за лекот се погрешни.

Бајонтек, кој вакцината ја разви во соработка со американски Фајзер, ја смета тужбата за неоснована. Таа вакцина, истакна компанијата, ја примиле 1,5 милијарди луѓе низ светот, вклучувајќи над 64 милиони Германци.

ЕМА тврди дека вакцината е безбедна и дека во првата година од пандемијата помогнала во светот да се спасат речиси 20 милиони животи. ЕМА, меѓутоа, признава дека по вакцинирањето постои мал ризик од развој на миокардитис и перикардитис, два вида на воспаленија на срцето и дека во голема мера ги погаѓаат младите мажи.

Агенцијата досега примила околу 1.7 милиони жалби за нуспојави кои се развиле по примањето вакцина против ковид-19. Станува збор за 0,2 случаи на 100 примени дози.

Во Европската економска зона (ЕЕА) се примени 768 милиони дози вакцини против ковид-19. Најчестите и вообичаени нуспојави се главоболка, треска, замор и болка во мускулите.

Continue Reading

COVID 19

СКАНДАЛОЗНО ТВРДЕЊЕ – Шефот на ФБИ вели дека коронавирусот веројатно потекнува од лабораторија во Вухан

Published

on

Во интервјуто за Фокс њуз, шефот на ФБИ, Кристофер Вреј, рече дека Кина „дава сè од себе за да се обиде да ги спречи и замати“ напорите за идентификување на изворот на глобалната пандемија. Како одговор на наодите на ФБИ, Пекинг го обвини Вашингтон за политичка манипулација.

Директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ), Кристофер Вреј, изјави дека бирото проценило оти ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија во Вухан – градот од каде што вирусот започна да се шири кон крајот на 2019 година, по што прерасна во глобална пандемија, јави Би-би-си.

„ФБИ веќе подолго време проценува дека потеклото на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент“,

изјави Вреј.

Во интервјуто за Фокс њуз шефот на ФБИ рече дека Кина „дава сè од себе за да се обиде да ги спречи и замати“ напорите за идентификување на изворот на глобалната пандемија.

Коментарите на Вреј доаѓаат еден ден откако американскиот амбасадор во Кина ја повика земјата да биде поискрена околу потеклото на коронавирусот.

Претходно и американското Министерство за енергетика изјави дека пандемијата на коронавирусот е предизвикана од кинеска лабораторија. Други американски владини агенции донесоа различни заклучоци со различен степен на доверба за наодите на ФБИ. Некои од нив со ниско ниво на сигурност рекоа дека вирусот не започнал во лабораторија, туку бил пренесен од животни на луѓе.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби во понеделникот рече дека американската влада не постигнала конечен заклучок и консензус за потеклото на пандемијата.

Како одговор на наодите на ФБИ, Пекинг го обвини Вашингтон за политичка манипулација.

„Кина остро се спротивставува на сите обиди за политичка манипулација под превезот на потрага по потеклото на коронавирусот. Бараме САД да ја почитуваат науката и фактите и да престанат да го политизираат прашањето за потеклото на коронавирусот“,

рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.

Тензиите во билатералните врски меѓу САД и Кина се зголемија по неодамнешната сага за кинескиот балон кој се појави над САД.

Покрај ова, Соединетите Американски Држави директно ја предупредија Кина дека ќе ги таргетираат и ќе воведат санкции за нејзините фирми или луѓе вклучени во какви било напори за испраќање воена помош за Русија, односно за руските војници кои се вклучени во инвазијата на Украина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк