Connect with us

Инфо +

Екскурзии оваа година нема да се организираат, учениците можат на прошетка до 5 километри

Published

on

„Учениците може да имаат прошетка, движење, заедно со наставниците до пет километри. Од друга страна она што се случува од минатата година, зошто агенциите не ги вратиле парите, сметам дека има уредби, а Министерството за економија имаше препораки да се дадат ваучери коишто ќе може да се користат во наредниот период, и тоа сигурно се случило. Јас ги повикувам директорите на училиштата кои се одговорни за екскурзиите ги викнат родителите и да најдат заеднички јазик на кој начин тие пари од лани ќе им бидат вратени. Годинава екскурзиите не се дозволени“, истакна Царовска.

На новинарско прашање околу бојкот на наставата кој го практикуваат неколку училишта, Царовска уште еднаш потенцираше дека со тоа само губат учениците и дека со бојкот ништо не се постигнува.


Скопје

Скопјанец приведен откако нападнал маж од Крива Паланка

Published

on

На 25.01.2025 во 11:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Р.(40) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10:00 часот на бул.„Киро Глигоров“ физички го нападнал Д.С.(50) од Крива Паланка.

По целосно документирање на случајот бил поднесен соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

Published

on

Националната установа Универзитетска библиотека „Свeти Климент Охридски“-Битола промовира изложба на книги посветена на 26 јануари, прогласен од Обединетите нации за Светски ден за едукација за заштита на животната средина.

Ние имаме само една планета и колку повеќе ќе ја чуваме толку повеќе оставаме за идните генерации. Денешниот ден, 26 јануари, е потсетник за тоа какви програми за едукација се потребни на глобално ниво, посочија од Библиотеката во Битола.

„Изложбата е дел од активностите кои ќе ги реализира нашата Библиотека за поддигнување на свеста и едукација за заштитата на животната средина. Изложбата е отворена секој ден и посетителите може да погледнат и изнајмат книги публикувани на македонски и англиски јазик, истакнаа од таа национална установа.

Во изложбениот салон на библиотеката изложени се книгите „Човекот, водата и животната средина“ на авторот Милош Змејковски, „Дипломатија на животната средина“ од Лоренс Е. Саскинд, „Геологија за инженери и стручњаци за животна средина“ од Аланд Кехју, „Заштита на животната средина“ од Милто Мулев, Зборник на трудови во издание на МАНУ, истражувачки центар за животна средина и материјали, детска илустрирана енциклопедија за екологија и други енциклопедии посветени на екологијата.

Continue Reading

Инфо +

Дрин Мемети: ДОБИВМЕ ПАРИ ОД ФОНДОТ, ама не за иновации… Другото не ми е јасно

Published

on

Фирмите на Дрин Ахмети добиле два проекти од Фондот за иновации. Една од иновациите е печатач, објаснува Ахмети во интервјуто за „Република“ кое ќе го објавиме наскоро.

Каква иновација е печатач?

“Бидејќи грантот беше да се купи опрема, не беше за иновации, туку да се купи опрема покриена од грант. Не го разбирам тоа 100 проценти затоа што мојот тим ја водеше апликацијата и бевме прифатени. 

Компании, млади компании се финансираат од Фондотза иновации за набавка на опрема. Ние купивме компјутери, го претставивме бизнис планот за што ќе ги користиме компјутерите, што ќе правиме со нив и тој бизнис план беше одобрен. Од 10 апликации добивме две. И, колку што јас се разбирам, имаше странски одбор кој одлучи да ни ги доделат овие средства“ – вели Ахмети во интервјуто за „Република.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк