Connect with us

Приказни

“Извинете драга, Вашата мајка го напушти овој свет”

Published

on

Докторот: Жалам, се обидовме, но не можевме да ја спасиме вашата мајка.

Ќерката: Не! Не! Не! Не е можно.

Докторот: Извинете драга, Вашата мајка го напушти овој свет.

Ќерката: Ама докторе, мајка ми е борец, како така лесно се предаде.

Докторот: Те молам душо, треба да ја однесеме во капелата.

Ќерката: Нееее! Мамо разбуди се! Ти си единствениот близок што го имам.

Докторот: Ве молам, треба да заминете, а ние да ја завршиме нашата работа.

Ќерката: Ве молам докторе, дајте ми барем пет минути, сакам да разговарам со неа за последен пат.

Докторот: Добро, за пет минути се враќам.

Ќерката ја затвора вратата, клекнува и почнува да го моли Бога да ја врати нејзината мајка. Таа е единствената личност што ја има. Наеднаш мајката ги отвора очите и почнува да кашла.

Ќерката возбудено: Мамо жива си!

Докторот: Ова е чудо! Во оваа професија сум 15 години и вакво нешто не сум видел..

Ќерката: Му благодарам на Бога.

Докторот: Навистина му служите!

Бог прави многу работи, нè чува од многу опасности, несреќи, болести и луѓе кои ни посакуваат штета.

Ако имаме здравје, тоа не е затоа што сте паметни или поради нашите пари.. Тоа е поради неговата милост затоа што те сака!

Бог те избавил од работи што дури и самиот не ги знаеш. Тој те штити од твоето раѓање.

Не игнорирајте!

Приказни

Годишнина од смртта на Петре Прличко, доајенот на македонското актерство

Published

on

На 16 ноември 1995 година замина Петре Прличко, легенда на македонскиот театар и филм. Со својот неповторлив талент и харизма, остави неизбришлива трага во културата, а публиката и денес го памети по многу незаборавни улоги. Неговата омилена улога, како што самиот изјави, остана ликот на Мандана.

Continue Reading

Приказни

Скопската поплава од 1962: Катастрофа што остави илјадници без домови

Published

on

На 16 ноември 1962 година се случила скопската поплава. Уништени биле над 1.000 куќи и 157 згради, 4.445 луѓе останале без кров на глава. Покрај Скопје, поплавени биле и Охрид, Струга, Кичево, Тетово, Велес, Битола и уште неколку градови низ Македонија.

Continue Reading

Приказни

Чичко Стоилко: Носталгија за времето на евтините задоволства

Published

on

Едно друго време, кога и најобичниот ручек беше момент на радост, а цените беа едноставно – неверојатни. Со чичко Стоилко застанавме пред киоскот на ќошот и брзо избравме:

– Хамбургер? 50 денари, не е лошо!

– Хот-дог? 25 денари, одлично!

– А тост? Само 30 денари, и пак си сит!

Носталгија ме обзема кога ќе се сетам на тие времиња – едноставно, без грижи и скапи цени, кога една ситница беше доволна да го направи денот посебен.

Чичко Стоилко е најстариот или еден од најстарите фаст-фуд ресторан на Балканот, создаден во 1975 година, кој повеќе децении беше белег на Скопје, како фаст-фуд во трафика и збирно место на младите на познатото зборно место кај чичко Стоилко или подоцна и кај Ванила пред скопскиот Градски трговски центар.

Тоа место е поврзано освен со вкусот на сендвичите и со вкусот на првите љубови на многу сега средовечни скопјани и скопјанки. Во минатиот век, кај Чичко Стоилко беше зборно место за младите и алтернатива за пропаднатото старо корзо во градот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк