Connect with us

Инфо +

Од понеделник ќе може да се тестирате со брз тест – Еве колку ќе чинат

Published

on

Здравствениот дом Скопје е прва здравствена организација што ќе почне со изработка на брзите тестови. Овие се квалитетни тестови од фирмата Abbott кои даваат 99,6 отсто точност на резултатот, соопшти вечерва д-р Виктор Исијановски, директор на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести.

Според него веќе од наредната недела, од понеделник, граѓаните ќе можат преку дадениот телефонски број во медиумите да закажуваат и да направат брзи тестови.

– Како тестови постапката се одвива 15 до 20 минути и ќе биде потребно време околу половина час во почетокот, меѓутоа како екипите ќе се уходуваат тој временски период ќе гледаме да го намалиме на 20 минути, посочи д-р Исијановски во Тема на денот на Сител.

Во однос на постапката за брисеви со овие тестови, тој појасни дека се зема брис назоферигијално, потоа се става во епрувета во која има течност, потребно е од 15 до 20 минути, на една плочка се капнува каде што веднаш се добива резултатот.

Доколку е лицето позитивно, додава тој, веднаш во текот на денот ќе биде известен од Институтот за јавно здравје кој понатаму ќе постапи со епидемиолошка анкета за лицето да биде ставено во изолација.

– Доколку тестот е негативен и нема симптоми нема потреба од ПЦР тест, меѓутоа доколку е потребно и е негативен тестот, а има лицето симптоми на новата болест тогаш е потребно да се направи ПЦР тест, рече Исијановски, додавајќи дека тестовите ќе чинат 1.000 денари.

Вакви тестови, како што појасни тој, досега во нашата држава не се применувани. Тестовите, вели, се одобрени од СЗО, конкретно од оваа фирма и се регистрирани во нашата држава.

– Сметаме дека овие тестови ќе помогнат, ќе го олеснат здравствениот систем колку толку. За граѓаните сметам дека се скапи ПЦР тестовите и ова ќе помогне малку во домашниот буџет на сите граѓани во оваа држава. Засега ќе одиме само со еден пункт, меѓутоа доколку се покаже дека работата врви добро се надеваме дека ќе отвориме и други пунктови, рече Исијановски.

Македонија

Касами почна со рушење на дивоградбите во Тетово

Published

on

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, најави засилени инспекциски активности за ослободување на узурпираните јавни простори. Тој нагласи дека Тетово не е приватна сопственост, туку заеднички дом за сите граѓани, повикувајќи на одговорност и грижа за редот и безбедноста во градот.

Видео: https://www.facebook.com/share/v/1BVFW1vbYp/?mibextid=wwXIfr

Continue Reading

Инфо +

Претседателката Сиљановска-Давкова со порака за европска иднина и регионална стабилност

Published

on

На традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор акредитирани во нашата држава, претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, упати силна порака за европската иднина на земјата и значењето на регионалната стабилност.

Таа им посака на дипломатите, нивните семејства, држави и нации, како и на Европската унија и нејзините граѓани, сè најдобро во 2025 година. Во својот говор, претседателката истакна дека 2025 година треба да биде година кога Македонија конечно ќе тргне кон својот „европски политички дом“, каде што географски, историски и културно припаѓа.

„Ако Западниот Балкан е ‘Ахилова пета’ за поетски настроените западни политичари, тогаш тие треба да се грижат да не биде погоден од било какво оружје,“ нагласи Сиљановска-Давкова, упатувајќи повик за зајакнување на безбедноста и стабилноста на регионот.

Таа ја потенцираше важноста на реформите, повикувајќи на европеизација на земјата според Копенхашките критериуми и истакнувајќи дека членството во ЕУ ќе биде моќен мотиватор за демократизација и трајна стабилизација на регионот.

Претседателката посочи и на клучната улога на дипломатијата во препознавањето и справувањето со негативните трендови што претставуваат сериозна закана за европскиот мир.

Со оваа порака, Сиљановска-Давкова уште еднаш го потврди силниот ангажман на Македонија за европска интеграција и придонес кон заедничка европска иднина.

Continue Reading

Македонија

Истрага за обид за разбојништво

Published

on

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1, сторено согласно член 19 (во обид), како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 72-годишник, на 15 јануари, влегол маскиран во канцеларија за кредитирање на улицата “Прилепска” во Битола и со употреба на сила се обидел да одземе парични средства со намера противправно да ги присвои. Со хебла во едната рака и огнено оружје – пиштол во другата, тој се заканил на вработената и побарал од неа да ги стави парите во торбичка што и ја подал. Таа одбила по што ја удрил неколку пати со хеблата по раката и телото. Оштетената избегала надвор од објектот, по што и осомничениот го напуштил местото.

Разбојништвото се обидел да го изврши со пиштол марка „Црвена застава“ што го држел неовластено.

При претрес во домот каде престојувал било пронајдено оружјето и осум куршуми.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк