Носењето на заштитни маски станува задолжително – Забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Носењето на лична заштита на лицето станува задолжително за граѓаните со новите измените на Законот за заштита на населението од заразни болест што Собраните вчера вечер ги усвои. Оваа мерка ќе важи за движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично. Граѓаните ќе треба да носат респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично.

Мерката нема да важи при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита, при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лица со кои заедно живее, при престојување во двор на семејна куќа или во угостителски објект со почитување на протоколите за заштита. Мерките за носење на маска не важат за лица помлади од шест годишна возраст и за лица со посебни потреби и пречки во развој.

Денеска е Светиот Лонгин: Сведок на Христовото воскресение

Светиот маченик Лонгин

Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и с ѐ друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина овој бил Син Божји“ (Матеј 27, 54). Тој стотник беше овој блажен Лонгин, којшто со уште двајца свои војници поверува во Христа. Тој беше старешина на војниците што присуствуваа на распнувањето на Господ на Голгота и старешина на стражата што го чуваше гробот. Кога еврејските старешини дознаа за Христовото воскресение, ги потплатуваа војниците да разгласуваат лажна вест дека божем Господ не воскреснал туку дека телото Го украле Неговите ученици. Евреите се обидоа да го потплатат и Лонгин, но тој не се даде. Тогаш Евреите прибегнаа кон својот вообичаен начин, т.е. решија да го убијат. Кога дозна за ова Лонгин го симна војничкиот појас, се крсти од апостолите заедно со оние двајца другари, и заедно тајно го напуштија Ерусалим, од каде што се преселија во Кападокија. Таму Св. Лонгин се предаде на пост и молитва и како жив сведок на Воскресението Христово со своето сведоштво обрати мнозина незнабожци во вистинската вера. Потоа се оддалечи в село на имотот на татко му. Сепак еврејската злоба ни таму не го остави мирен. Поради клевета од Евреите, Пилат испрати војници да го убијат Лонгин. Св. Лонгин го проѕре со духот приближувањето на своите џелати, па им излезе во пресрет и ги покани во својот дом не кажувајќи им кој е. Добро нагостени од него тие легнаа да спијат, а Св. Лонгин застана на молитва и цела ноќ се подготвуваше за смрт молејќи се. Во зората отиде и ги доведе оние свои двајца другари, се облече во бели погребни облеки и ги поучи домашните, а им покажа место на едно ритче за да го закопаат. Тогаш им се јави на војниците и им кажа дека тој е Лонгин когошто тие го бараат. Војниците се збунија и се засрамија и не ни мислеа да го убијат, но тој почна да ги присилува да ја извршат заповедта на својот старешина. И тогаш ги убија Лонгин и неговите двајца другари. Главата Лонгинова војниците му ја однесоа на Пилат, Пилат им ја предаде на Евреите, а тие ја забија во ѓубриштето надвор од градот.

Преподобен Лонгин Трудољубивиот

Киево-Печерски монах од 14 век. Беше вратар во манастирот и имаше толку чисто и облагодатено срце, што секогаш знаеше со какви мисли некој влегува во манастирот, а со какви мисли излегува. Неговите чудотворни мошти почиваат во Теодосиевите пештери.

Тропар
Мачеништвото, смртта и воскресението, ги посведочи, о Лонгине свети мачениче, а Христос, Кој слепилото твое го излекува, крилја на орел ти подари да ја откриеш лагата демонска, да ја посрамиш клетвата човечка, и нас да ни измолиш простување на гревовите, пред каменот што го отфрлија оние кои не поверуваа.

Северниот ветер ќе ја намали загаденоста на воздухот низ Македонија

Влеговме во период во кој загаденоста низ котлините забрзано расте, па така овие денови особено во Скопскиот регион е екстремно загадено. Загадено е и во други градови низ државава, освен на планините каде воздухот е значително почист и посвеж

Веќе во петок на повеќе места ќе дува засилен ветер од северен правец, токму ова добро ќе им дојде на котлините кои се со екстремна загаденост, однсоно ветерот очекуваме значително да го расчисти воздухот.

Најизразен ветер ќе има Долж Повардарието и во источните предели од државава.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

Нов рекорд : Денеска има 870 новозаболени – Неофицијално

Неофицијално дознаваме од извори во институтот за Јавно Здравје денешната бројка од новозаболени од Ковид 19 е 870 од кои 422 се само од Скопје очекуваме Министерството за Здравство да излезе со официјални податоци .


Еве ги вчерашните бројки

Почитувани,

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-353, Куманово-33, Штип-13, Прилеп-36, Тетово-33, Струга-11, Велес-34, Битола-28, Охрид-17, Кавадарци-7, Гостивар-7, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 531 оздравени пациенти од: Скопје-281, Куманово-18, Дебар-12, Штип-6, Прилеп-9, Тетово-31, Струга-4, Велес-9, Битола-15, Охрид-8, Кавадарци-9, Гостивар-11, Гевгелија-10, Струмица-14, Крива Паланка-12, Радовиш-3, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-2, Берово-9, Валандово-2, Виница-6, Делчево-31, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-7, Неготино-2.

Починати се 15 лица, седум пациенти од Скопје (76,63,84,82,75,80 и 85г), тројца пациенти од Велес (41, 86 и 57), двајца пациенти од Гевгелија (60 и 51г), еден од Ресен (70г), еден од Делчево (59г) и еден пациент од Охрид (87г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27827, бројката на оздравени пациенти е 19479, на починати е 949, а бројот на активни случаи изнесува 7399. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 11941, активни 3551
• Куманово 2161, активни 337
• Дебар 321, активни 44
• Штип 1574, активни 212
• Прилеп 1144, активни 349
• Тетово 1966, активни 409
• Струга 797, активни 90
• Велес 548, активни 177
• Битола 578, активни 200
• Охрид 632, активни 178
• Кавадарци 438, активни 170
• Гостивар 1122, активни 146
• Гевгелија 332, активни 160 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 45 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 762, активни 430
• Крива Паланка 213, активни 66
• Радовиш 206, активни 76
• Крушево 22, активни 2
• Кочани 647, активни 187
• Пробиштип 167, активни 34
• Демир Хисар 75, активни 13
• Македонски Брод 102, активни 6
• Пехчево 57, активни 7
• Берово 195, активни 47
• Валандово 92, активни 33
• Виница 164, активни 54
• Делчево 231, активни 100 (50 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 37, активни 10
• Свети Николе 458, активни 69
• Кичево 494, активни 124
• Ресен 228, активни 56
• Неготино 123, активни 62 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2236 теста се преку: ИЈЗ-404, ЦЈЗ Скопје-80, Авицена-398, Биотек-254, МАНУ -283, Жан Митрев (Филип Втори) -366, Систина со PCR метода -246 , лабораторија Лаор –68, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-58, Инфективна клиника-7, ГАК-0, Синлаб-61, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 238.011 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 152 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 10 позитивни мајки, 3 деца и 3 мајки суспектни на ковид-19

Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 304 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 169
• Гази Баба – 460
• Аеродром – 661
• Карпош – 541
• Центар – 508
• Кисела Вода – 432
• Ѓорче Петров – 299
• Бутел – 168
• Шуто Оризари – 29
• Студеничани – 8
• Сарај – 27
• Арачиново – 8
• Илинден – 61
• Сопиште – 31
• Чучер Сандево – 19
• Петровец –21
• Зелениково – 9
• Странец – 20
• Нераспределен- 80

Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство



Македонскиот Јутјубер врзал две девојки и ги шета како кучки

Е и ова го прават македонските Јутјубери, Ритко е познат по неговите лудории и дефинитивно понекогаш се претерано забегани, човекот снима за публика над 18+. И каде на друго место ако не го најдеме видеово на Тик Ток:

https://www.tiktok.com/@__kolevski/video/6888681458144218370

@__kolevski

Ne ide zivott idee gas bree hahahahhh 😂😂##foryou ##fyp ##foryoupage ##fyr ##kolevski

♬ original sound – kiko

Германија оди во карантин: Смее да се излегува од дома само со членовите од семејството

Германските сојузни и покраински влади денеска се согласија за делумно „затворање”, така што баровите и рестораните ќе бидат затворени од 2-ри до 30 ноември, пренесуваат странските агенции.

Врз основа на делумното „затворање”, продавниците ќе можат да останат отворени доколку ја почитуваат мерката за физичка дистанца, дозволувајќи простор од 10 квадратни метри по лице.

Претходно, германскиот весник „Билд” објави дека германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на федералните покраини договориле нови мерки во борбата против коронавирусот но дека сè уште не биле официјално објавени.

Караџовски: Ние сега сме во критична фаза, од која нема враќање – населението ме разочара

Епиде*илого д-р Жарко Караџовски гостувајќи на интервју на МРТ изјави дека моменталната ситуација со болеста тој ја најавил уште пред неколку месеци на прес конференција кога кажал дека таа се шири на јужната хемисфера, и дека иако новиот бран подранил, тој не ги фатил неподготвени во Комисијата.

„Факт е дека есенскиот бран со болеста подрани, но не е точно дека ние не бевме подготвени“, изјави епидемилого д-р Жарко Караџовски во интервју за МРТ.

Луѓето во август и септември започнаа да одат на одмор, започнаа да одат на журки, забави, одмори… Плажите во Охрид беа преполни“, вели Караџовски.

Тој потенцира дека Комисијата никогаш не дала дозвола да се организираат вакви настани.

„Моментално ни се случува непочитување на мерките, не се носи маска, не се почитува дистанцата за време на кафе-разговорите и на се тоа ќе додадеме свадбите и погребите“, дециден е Караџовски.

Во однос на свадбите и погребите вели дека доколку ние знаеме 1 или 2 на кои не се почитувале мерките, тој знаел 10 пати повеќе такви случаи.

„Ние се наоѓаме во критична фаза, од која не може да се вратиме назад, во време кога апелиравме да се почитуваат мерките“, изјачи Караџовски.

Носењето маска на отворено ќе биде задолжително со закон, и групирањата се ограничуваат

Повеќе од два и пол часа пратениците – членови на собраниската Комисија за здравство расправаа за само еден амандман поднесен на измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести. За овој Закон, што се носи по скратена постапка и чии измени се поврзани со мерките за справување со коронавирусот, пратениците од владејачкото мнозинство поднесоа пет амандмани, а амандмани имаат и Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Расправата на Комисијата, во која власта и опозицијата влегоа во дебата за справувањето со коронавирусот и причините за зголемување на бројот на починати и болни, се очекува да продолжи по получасовната пауза поради почитување на протоколите за превенција од Ковид-19.

Во првиот амандман, којшто беше прифатен од страна на министерот за здравство Венко Филипче, како времени мерки се предвидуваат носење лична заштита на лицето и тоа: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично, при излегување надвор од домот односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природна на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично.

Исто така како времена мерка се предвидува и задолжително самоизолација при тестирање за корона вирус Ковид 19, забрана за групирање по домови на семејни прослави, слави и други собири во групи во одредени периоди од деноноќието, забрана за групирање на јавен простор (паркови, јавни површини или која била површина на отворено во одредени периоди од деноноќието и други мерки утврдении со закон. Се предвидува овие времени мерки да траат додека постои опасност од ширење на епидемија, а за тоа кои мерки ќе се применат да одлучува Владата.

Амандманот предвидува насловот на Законот за заштита на населението од заразни болести да се смени и да гласи „изолација, здравствен надзор, карантин, превоз, задолжително лекување и времени мерки за спречување на внесување и ширење на заразни болести“. Исто така се предвидува лицата заболени од Ковид 19 задолжително да се лекуваат во јавните здравствени установи, а исклучок да биде по медицински индикации болните да можат да се лекуваат и изолираат и во приватни здравствени установи кои имаат дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија или во домашни услови, до колку за тоа постојат услови.

Државата ќе дели К-15 на вработените во државните органи

Од Владата соопштија дека е договорено во Буџетот за 2021 година за првпат да се предвиди и исплата на регрес за годишен одмор согласно потпишаниот Грански колективен договор, односно за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје, општините во Град Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Македонија.

„На средбата со претставниците на Синдикатот на УПОЗ е разговарано дека Владата на Република Северна Македонија ќе даде насока исплатата на регресот за годишен одмор да се одвива во месеците јули, август и септември 2021 година, односно веднаш по исполнувањето на условот вработениот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај работодавачот“, соопштија од Владата.