Connect with us

Инфо +

“1.071 каранфил за 1.071 починат од корона”

Published

on

Тие не се само бројка, туку луѓе, човечки судбини кои одат на нечистата совест на Зоран Заев и на најнеспобниот министер за здравство Венко Филипче. Бараме оставка од Венко Филипче веднаш и сега!

Зоран Заев и Венко Филипче се главните виновници затоа што сега пандемијата урива рекорди, затоа што сега болниците се полни, и затоа денес имаме 1.071 починат од корона. Филипче и Заев преставуваат закана за здравјето на граѓаните.

Тие 1.071 починат, не се само гола статистика, не се бројка, тие се 1.071 се семејства завиени во црно. 1.071 семејство завиено во црно. 1.071 судбина, тоа се нечии родители, деца, браќа и сестри. Тие се луѓе од кои голем број можеби денес ќе беа меѓу нас доколку Филипче не беше толку неспособен и ги послушаше советите на ВМРО-ДПМНЕ уште на почеток на пандемијата. Но наместо разум Филипче покажа ароганција и надменост, и сето тоа за жал на штета на граѓаните.

Системот е трул. За тестирање се чека и по неколку денови, а исто толку и за добивање на резултати. Додека пациентот да добие дијагноза тој веќе е во напредна фаза на болеста, а неговото здравје е сериозно загрозено.

Овие 1.071 починат се и заради пренатрупаното здравство и немањето место во болниците. Филипче имаше цело лето да ги опреми овие капацитети и да ги оспособи за да може денеска да бидат сместени луѓе, да не шетаат од болница во болница или да бидат оставани дома.

Сега имаме криза и хаос. А, жртва се граѓаните.

Ова е најголемата трагедија која и се случува на Македонија по Втората светска војна. Македонија немала толкав број на починати, од ниту една болест, од ниту од било каков друг единечен фактор од Втората светска војна се до денес.

Ова е трагедија на нашата генерација за која е виновен Венко Филипче и Зоран Заев.

Филипче, собери храброст и донеси вистинска одлука, направи го вистинскиот чекор. Имаш 1.071 причина да си поднесеш оставка. Направи го тоа сега. Спаси ја Македонија од нови жртви.

Свет

СЕ ВЕЖБАЛА РУТА ЗА ЕВЕНТУАЛЕН НАПАД НА САД Хеликоптерот што се урна во Вашингтон бил за безбедно евакуирање највисоки функционери

Published

on

Хеликоптерот Блек Хок, кој во средата се судри со патнички авион над Вашингтон, бил на вежба на главна рута планирана за евакуација на високи функционери во случај на напад врз САД, соопштија официјални лица.

Воената мисија, наречена „континуитет на владата“ има за цел да ја зачува способноста на американската влада да функционира во такви околности. Поголемиот дел од времето, екипажите како оној што загина во средата превезуваат високи функционери низ Вашингтон, каде што летаат многу хеликоптери.

Но, американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет ја откри поврзаноста на соборениот хеликоптер Блек Хок со мисијата на прес-конференција во Белата куќа во четвртокот, нагласувајќи дека тие биле „на рутинска, годишна вежба ноќен лет над стандарден коридор за континуитет на владината мисија“.

За такви мисии ретко се зборува во јавноста, јавија американските медиуми. Тројцата војници кои загинаа беа дел од 12-от авијациски баталјон од Форт Белвоар, Вирџинија, чии должности во националната криза вклучуваа евакуација на претставници на Пентагон.

Во патничкиот авион загинаа 64 лица.

Continue Reading

Македонија

Николоски: И во иднина ќе продолжиме со поддршката за ранливите категории на граѓани, во моментот се гради во три општини

Published

on

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска при доделувањето на социјални станови во општина Кочани истакна дека и во иднина ќе продолжи ваквата поддршка и дека во моментов се гради или се довршуваат ваков тип на градби кои ќе бидат наменети за социјално ранливи категории на граѓани.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска при доделувањето на социјални станови во општина Кочани истакна дека и во иднина ќе продолжи ваквата поддршка и дека во моментов се гради или се довршуваат ваков тип на градби кои ќе бидат наменети за социјално ранливи категории на граѓани.

-После неколку месечна успешна работа на новиот директор на ЈП како и на неговиот тим веќе ги гледаме првите резултати. Завршена е процедурата во соработка со министерството за транспорт за распределба на социјални станови за ранливи категории на граѓани и во Кочани и во Велес, изјави вицепремиерот Николоски.

-Се работи за категории на граѓани кои што навистина имаат потреба и се надевам дека ќе си најдат среќа и топол дом во истите, рече Николоски. 

Николоски на новите корисници на становите им посака среќа и убави моменти во новите домови.

-Би сакал на сите кои денеска ги добиваат да им посакам убави моменти во годините кои што се пред нив, секако дека ќе продолжиме да даваме ваква поддршка. Инвестицијата тука не е мала, се работи за инвестиција од 72 милиони денари, инвестиција која што оди дирекно од буџетот, а во моментот работиме уште во неколку општини на довршување или на исградба на социјални станови, тоа се општините Прилеп, општината Каменица, општина Бутел во Скопје, истакна вицепремиерот Николоски.

Continue Reading

Македонија

Повисоки казни во сообраќајот- најважно е да се промени јавната свест

Published

on

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во изјава за медиумите рече дека сериозно се размислува за законски измени во делот на казните за направени прекршоци во сообраќајот, но според него, важно е да се подигне и јавната свест.

– Се работи и во делот на законските измени каде сериозно се разгледува можноста за порестриктивни, повисоки казни, меѓутоа најважно е да ја промениме свеста. Не може ако знакот е 60, некој да вози 100, ако е знакот 100, некој да вози 200. Да ја подигнеме јавната свест и како родители не треба да им се овозможиме на децата кои се малолетни да имаат средство со кое ќе бидат учесници во сообраќајот. Пред се тука мислам на моторчиња или свесно да возат возила без возачка дозвола, рече Јанев.

Бирото за јавна безбедност во соработка со Министерството за внатрешни работи веќе ги детектирале и црните точки на сообраќајот низ целата држава и најавуваат акции за подобрување на сообраќајната култура.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во фејсбук статус објавен по сообраќајната несреќа на булеварот „Партизанска“ каде загина 22-годишната Фросина Кулакова, го отвори прашањето за законски измени и најави дека наскоро ќе биде ставен во функција системот „Безбеден град“.

– МВР во овој случај максимално брзо и ефикасно го процесираше сторителот, тој е приведен, направени се анализи на крв и урина, обезбедени се сите релевантни докази. Но тоа не ја враќа Фросина и не го менува фактот дека системот дозволил ваков рецидивизам.Ова е точката каде што мора да се преиспита дали постојните законски решенија се доволни? Дали воспитните мерки за сторители на сериозни дела носат резултати или само создаваат нови жртви? Дали висината на кривичните санкции за најтешките кривични дела во областа на сообраќајот е соодветна или е премногу блага за да има реален превентивен ефект?, напиша Тошковски.

Дваесет и двегодишната девојка пред три дена беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин.

На 20-годишниот скопјанец му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

Вчера, граѓани организирани преку социјалните мрежи одржаа мирен протест на местото каде загина Фросина барајќи одговорност од институциите за Фросина и за сите жртви во сообраќајни незгоди, а денеска на местото каде загина Фросина се уште има граѓани кои и оддават почит.

За утре во 17 часот повторно е закажан протестен марш под мотото „Кој е следен“. Целта на протестот, како што наведуваат организаторите, е да се адресираат трите главни проблеми и тоа нефункционалност на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот, недоволната безбедност во градовите и глорификација на девијантното однесување.

Освен Фросина, на истиот пешачки премин во слична сообраќајна несреќа на 3 април 2015 година почина студентската Фросина Цековска, а на 20 јануари 2022 година на пешачки премин кај крстосницата кај трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ беше прегазена студентката Викторија Николова.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк