Connect with us

Анализа

Целта на проблемот е Бугарија да го постигне истото што и Грција

Published

on

ФБ статус на Илија Димовски :

Бугарија е иста со Грција (во контекст Македонија)!
Бугарија се восхитува на Грција (во контекст Македонија)!
Бугарија зема пример од Грција (во контекст Македонија)!
Бугарија и помогна и ќе и помага на Грција (во контекст Македонија)!
Бугарија ја сака Преспа како пример за себе (во контекст Македонија)!
Бугарија е поголем пријател со Грција (во контекст Македонија)!

Да не се лажеме, да не се чудиме и да не паѓаме во безсознание. Пред нас имаме голем проблем, најмалку еднаков со проблемот што го имавме со Грција. Разликата е во тоа што проблемот со Грција на виделина беше за симболи и симболика, а внатрешно за суштината на (не)постоењето на македонската нација, а проблемот со Бугарија е од старт за суштината и (не)постоењето на македонската нација, а симболите и симболиката би биле и се само природна последица.

Целта на проблемот е Бугарија да го постигне истото што и Грција го постигна со член 7 (идентитетскиот член) и да дефинириа неколку за неа битни точки по примерот на Преспанскиот договор (другите барања се фолклор, димна завеса и преговарачка позиција), а тоа се:

  1. Македонци од оваа страна на границата и Македонци од другата страна на границата е различно. На оваа страна сме Македонци според нашето поимање и себечуство, а на таа се Македонци со вистински бугарски етно-национален корен (тоа го има во договорот од Преспа со дефинирање по други линии на антички хеленски Македонци од таа страна на границата и словенски понови Македонци од оваа страна на границата);
  2. Да се дефинира дека под терминот “Македонија”, “македонско”, “македонски” и слично ние разбираме едно, но прифаќаме дека Бугарија прифаќа и разбира друго, што би било веројатно единствено регионален географски и дијалектички контекст на тие термини во една општа целост Бугарија (регионот Македонија го има истиот статус во целокупноста на Грција, но и во етно-историските и културолошките признанија кои ние ги направивме со прифаќање на Преспанскиот договор);
  3. Постои историска временска отсечка каде што Бугарија би прифатила постоење на Македонци, но и тоа по нивната идеја за нас само како сегашна реалност, а не и историска вистина, а таа отсечка ќе е 1944 година па наваму (Грција таа отсечка ја нацрта по линија на теоријата за доаѓање на Словените на Балканот, но ја задржа формулацијата на своето разбирање, а ние ја прифативме, дека терминот Македонец за нас е дозволен само како синоним на Словен);
  4. Македонија ќе треба да изјави или прифати на било кој начин што подразбира под терминот “македонски јазик” (по примерот на Преспанскиот договор), а дека тоа е само сегашна реалност која нема свој историски и јазичен корен различен и одвоен од бугарскиот јазик (во случајот со Грција својата цел ја оствари со епитетот словенски, кој па да бидеме искрени во грчкото поимање на историјата на Балканот е синоним со вулгарски).
  5. Илинден е македонски (бугарски), АСНОМ е македонски (сегашна нужна реалност). Потсетете се кои беа тезите на грчката општествена и научна елита за неприфаќање на името “Илинденска Македонија” и кои одеа во насока на неговиот корен и географија.

Потребна е јасна државна позиција.

Пред 5 години Грција тврдеше дека Македонија е одговорна за стопирање на евро-атланските процеси заради нејзиниот однос кон историјата, спомениците, културното наследство на античка Македонија,…
Тогаш СДСМ го поддржа тој став на соседна Грција и настапуваше јавно со истите тези, дека антиквизацијата, спомениците, историографијата, енциклопедијата, песните се главен проблем и дека вината е во Владата на ВМРО-ДПМНЕ…

СДСМ ја наруши македонската позиција и државата заврши со договор кој, иако отвори пат кон членство во НАТО, во својата содржина нанесе длабоки рани на етно-историската и демографска патека на развој на македонската нација на Балканот.

Денес, Бугарија го има истото тврдење што Грција го имаше пред 5 години. Тврди дека Македонија крши меѓународен договор и стандарди, тврди дека историјата, спомениците, учебниците, културно-историското наследство од пред и пост-илинденскиот период, фолклорот, јазикот и многу други точки се причина за стопирање на македонската европска патека.

СДСМ сега е во позиција, иако има јасно изразена воља за почеток на преговорите со ЕУ, да е соочена како власт на одговорност да ја прифати логиката на Бугарија (која е многу слична по филозофска смисла и зададена цел со логиката на Грција до пред неколку години) или да постапи спротивно на своите тврдење од времето на бидување опозиција кога велеше дека единствена причина за застојот на македонските евро-атлански патеки е самата Македонија.

Овој проблем со соседна Бугарија не е една епизода, ниту почна сега, ниту ќе заврши сега. Каква и да е одлуката на ЕУ, макар и најдобрата за нас, овој проблем ќе го имаме најмалку уште на секое отварање и на секое затварање на било кое преговарачко поглавје за наше членство во ЕУ. Од тука, пристапот на државата Македонија не смее да биде епизоден и краткорочен.

За разлика од СДСМ тогаш, треба сега да разбереме дека проблемот на Македонија со Бугарија не е проблем на оваа Влада со Бугарија, ниту на оваа Влада со тамошната сегашна Влада, ниту на Македонија со сегашната Влада таму. Проблемот е суштински и темелен.

Затоа македонското Собрание треба да изгради заеднички став (национален, а не идеолошки) за ова прашање и да дефинира што се државните позиции на Република Македонија.

Анализа

“BMW M2” од кое тешко се бега

Published

on

Тјунерот “AC Schnitzer” ја поддржа кампањата на германското Министерство за транспорт и германската полиција наречена “TUNE IT! SAFE!” и создаде модифициран “BMW M2”. Целта на кампањата е да се промовираат можностите за тјунинг автомобили на начин кој ги исполнува прописите.

“М2” е обоен во сребрена, сина и жолта боја, а има и налепници „Polizei“. Автомобилот е опремен со сет од 20-инчни AC4 ковани бандажи со двојни краци, како и аеродинамичен пакет кој се состои од шест компоненти. Позади има карбонски спојлер за да му даде на “M2” поголем “downforce”.

Приспособливата RS суспензија го спушта автомобилот за 35 mm, додека твин-турбо моторот има нова обвивка со црвени детали и зголемена моќност. “AC Schnitzer” ја зголеми моќноста на 560 коњски сили и 674 Nm вртежен момент. Звукот на автомобилот е подобрен благодарение на новите карбонски издувни цевки.

Промените во внатрешноста се ограничени на алуминиумскиот потпирач за нозе, држачот за клучеви, воланот “iDrive” и педалите, пишува “Klix.ba”.

https://youtu.be/eFs3c6ovJak?si=PuXOU_B1tRWvIr2v

Continue Reading

Анализа

Кои производи најмногу ќе поскапат и ќе влијаат на инфлацијата?

Published

on

Храната и натаму ќе поскапува. Лебот, брашното, маслото за јадење, кондиторските производи ќе бидат први на удар, објави Сител. Растот на цената на електричната енергија и на горивата, ќе ја подгреат инфлацијата. Државата мора да најде начин да интервенира и да го заштити и онака кревкиот стандард на граѓаните, бараат синдикатите.

Од Синдикатот велат – ако сега потрошувачката кошница за едно 4 члено семејство тешко дека се задоволува, со зголемување на цената на основните производи, стандардот уште повеќе ќе им се намали. Барат зголемување на платите на сите работници, иако сметаат дека покачување на цените, на производите, до сега не е оправдано.

Состојбата се следи, но за сега не смееме да интервенираме, затоа што сме во избори, велат од Владата. Додаваат дека за сега се е под контрола и нема потреба од загриженoст.

Continue Reading

Анализа

Анализа: Дали конфликтот во Косово може да се пренесе во Македонија и регионот?

Published

on

Косовскиот премиер Албин Курти си игра со оган. Во анализа за Сител прфесорот Томе БАтковски од Факултетот за безбедност вели дека денешниот, но и неодамшнешниот инциден на Севереот на Косово се опасни за безбедносната состојба на целиот регион. Според него, во денешните случувања не се гледа дали КФОР интервенирал кога во состојба на мир се користи оружје, дали овие настани се со знаење на меѓународниот фактор и која е нивната цел.

Какво влијание може да имаат овие инциденти на Макеоднија: Батковски вели дека властите треба да бидат особено внимателни. Настаните на северот на Косово доаѓаат само една година откако во јавноста се појавија карти со прекроени граници. Тоа, според него не е случајно, туку претставува опопување на пулсот на јавноста.

Денешните инциденти на Косово започнаа со акцијата на косовските власти за спречување на шверц на стока во косовска Митровица. По ова следеа судири од локалното српско население. Има повредени и на две страни. Попладневно српскиот претседател Вучиќ се сретна со граѓаните на Северно Косово и вети дека Белград ќе биде постојано со нив.

Сител анализа

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк