Connect with us

Инфо +

“Едни родители денес се простија и од второто свое чедо во рок од само три дена”

Published

on

Двајца браќа од Кавадарци, на 26 и 21 година, починаа од последиците од ковид-19 едноподруго за три дена, потврди градоначалникот Митко Јанчев. И двете момчиња биле згрижени во Кавадаречката болница, од каде итно биле препратени во Скопје на Инфективната клиника, каде и починаа.

„Двете момчиња имаа хронична хематолошка болест и фамилијарно оптоварување со нарушен имунолошки одговор што ги вклучува во категорија на најризични пациенти со можност од фатален исход од ковид-19“, велат од Клиниката за хематологија чии специјалисти биле вклучени во конзилијарниот тим на Инфективната клиника. Тие примиле најсовремена терапија и нега но, за жал, ниту конзилијарните напори не можеле да им помогнат да ги санираат компликациите од болеста.

„Во услови кога уште не постои етиолошка терапија за ковид-19, главен фактор од кој зависи исходот на болеста е интегритетот на имунолошкиот систем на заболениот“, велат од Клиниката за хематологија.

Градоначалникот Јанчев кажа дека 21-годишното момче почина денеска напладне, а пред 3 дена почина брат му.

Едни родители денес се простија и од второто свое чедо во рок од само три дена. Денеска од Ковид-19 почина и 21-годишното момче Горан Ѓерѓев. Брат на Марјан Ѓерѓев, момчето кое почина пред само 3 дена. Кавадарци во црно, Македонија и понатаму обвиена у глупоќа.
Колективна свест, 0!!!!

Скопје

Се бара притвор за скопјанката која вчера прегази човек на пешачки

Published

on

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против една осомничена за кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот од член 297 став 1 и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената 42-годишна скопјанка на 31 јануари управувала со автомобил “Цитроен Ц1” со скопски ознаки по булеварот “Кузман Јосифовски – Питу”. Кога дошла до крстосницата со улицата “Бојмија” и пешачки премин, не ја прилагодила брзината доволно за да може да го запре возилото, да ги пропушти и да не ги загрози пешаците кои веќе поминувале на пешачкиот премин. Затоа со автомобилот осомничената удрила во телото на 38-годишен пешак, кој од ударот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар каде му била укажана помош, па бил пуштен на домашно лекување. Осомничената, по несреќата, веднаш го напуштила местото без да му укаже помош на повредениот што исто така е кривично дело кое и се става на товар.

Имајќи ги предвид сите околности, а пред се фактот што осомничената практично побегнала од местото на извршување на делото без да помогне на жртвата и подоцна не се пријавила сама, јавниот обвинител оцени дека е потврдена опасноста таа да се обидува да ја избегне постапката и кривичната одговорност, па на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерка притвор за нејзино обезбедување.

Continue Reading

Македонија

Васил Јованов завршил во самица откако му беше пронајден мобилниот телефон

Published

on

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, за „360 степени“информираше дека на 20-годишникот Васил Јованов му е одземен телефонот, а во затворот биле направени претреси.

-Направени се претреси во ќелиите, најдени се и други телефони, на Јованов телефонот му е одземен. Ќе биде спроведена истрага, од снимките ќе се обидеме да утврдиме кој е виновникот, кој му го дал телефонот и тој ќе биде избркан од работа. Јованов ќе биде преместен во самица – изјавил Пандов.

За телефонот на Јованов реагираше и СДСМ а од семејството на починатата Кулакова бараат секторот за внатрешна контрола во МВР да го пронајде одговорниот што го снабдил со мобилен телефон Јованов.

„Дали ќе се дозволи корупцијата што ја уби сестра ми и понатаму да владее, чие дете е следно?“ праша Росица Кулакова, сестра на трагично загинатата Фросина Кулакова.

Continue Reading

Македонија

Дурловски: Судот не смее да се спаси за скандалот со ослободениот возач убиец

Published

on

Оперскиот печај Игор Дурловскинкој и самиот беше жртва на судски прогон во крајно контроверзни околности бара судот не смее да се спаси за скандалот со ослободениот возач убиец Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова.

,,НЕ СМЕЕМЕ да дозволиме судот да остане недопрен, кривицата да се разлева низ соопштенијата на истиот, а суштината на протестот да исчезне зад крвавите раце што носат“знамиња”на туѓи борби.
НЕ МОЖЕ овој случај да биде само уште еден пасус во историјата на нашата колективна немоќ”, порачува Дурловски кој ги коментира обидите на Кривичниот суд во Скопје кој не сака да преземе одговорност што убиецот не бил осуден според законот и слободно дивеел низ Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк